[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SwiFtiE-7330

    SwiFtiE-7330 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Велат, понекогаш потребно е да се оддалечиш за да видиш дали ќе му недостигаш на некој. Тоа и го направив. Се оддалечив. Но, резултатот беше: не им недостигав. Знаев, на некој начин сепак. Не сум изненадена, го очекував ова. Единствено жал ми е за залудно изгубеното време со луѓето кои требало да се наречат мои „пријатели“. Но, живот е тоа. Мора да се оди понатаму. Добрите нешта се случуваат како награда, а лошите како лекција. Лекција беше тоа што многу подобро е да си сам отколку со лажни пријатели кои само те бараат кога им треба помош. Кои им е сеедно дали ќе заминеш или не. Ова ми беше како тест. Тест чии резултати не ме изненадија. Сепак, редно беше, после се она што ми сторија. Искреноста секогаш треба да биде пред лицемерието. На крај, секој ќе ја симни маската и ќе си го покажи своето вистинско лице. До вчера најдобрите пријатели денес можат да се вбројат во листата на непријатели. Како што кажав, живот. Затоа, најубаво е умно да бирате со оние со кои ќе се дружите, затоа што се може да се очекува од секого. :)
     
    На SparkyAngel, leighton23, zhap4e и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Брат како тебе е само мал дел од моето детство и моите спомени.
    Спомени кои никогаш нема да ги заборавам. Сешто сум научила во овој живот, е токму од тебе.
    Затоа, на денес сакам да ти посакам ден полн со среќа, уживање и радост.
    Затоа што јас веќе неможам да бидам посреќна. Бидејќи, имам брат како тебе :l:
    Среќен роденден душо :hug: ..
     
    На Dog-lover, Libera, Elennaa и 11 други им се допаѓа ова.
  3. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Знаеш ли колку време те чекам? Дојди веќе еднаш, аман. Те чекам со толкава надеж колку што немав додека траеше врската со него. Те чекам залудно надевајќи се дека ќе избришеш се од мене. Секое чувство, болка, солза, тежина. Знам, виновна сум. Еве сега и тој ме казнува за се што направив. Нели сфаќа дека самиот живот доволно ме казни со тоа што ме натера неговата силуета да биде муза на секоја моја мисла? Нели му е јасно колку многу ме повредува со секоја негова незаинтересираност? Погледни до кај ме доведе. Егоистичен кретен кој мисли само за себе. Се прашувам само до каде со таа става? Глупак! Глупак!!! Не е свесен до каде ме носи ова. Пат без крај. Каде си веќе? Те очекувам, те барам. Како капка вода во пустина, како грам кокаин наркоман и бетер. Осаменоста ќе ме полуди доколку не те најдам. Те молам, слушни ме и смилувај се барем ти, бидејќи он не го прави тоа. Не дека заслужив.. Ама заврши го овој пат на пекол и те молам дојди. Крај како крај, каков и да си, дојди. Можеби не си крај со име “Живееа среќно до крајот на животот”, но си крај кој ќе го продолжи животот, каков и да е.
     
    На Adi888 и XstrongerX им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Абе да знаат се што знам тие што најмногу ми газат на нерви намерно... би се преиспитале два пати.
    А мислат дека знаат се и јасно им е се. Ги збори народ и ги знае добро што мустри се. Многу ми е смешно како мислат дека нивните муабет и упикавања дека изгледаат сосема природно. Море мрш!
    Уште не расчистив што е со пикањето носеви секаде. На пример летото од една личност 10 дознаа каде го поминувам летниот одмор. Просто прекрасно е како на ситници ќе им ја видиш довербата. Море мрш!

    А не знаат кој ја чува лепотицата. :wasntme:
    Ме храни, ме чува, ме гледа, еве прасе се направив. А јас го шетам и му зборувам убаво!
    Тој што те сака со 5 кг вишок, е тој да го чуваш бе лепотице!!!

    Убаво ми е! УБАВО!
     
    На Trnche, Neytiri, Trendafilka и 7 други им се допаѓа ова.
  5. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Знаете она кога сите светла ќе се изгаснат и мракот настапува на сцена...
    Сите светла се изгасени,само тој е до мене. Блеска повеќе од секоја од нив.
    Ме полни со љубов и среќа.

    Не гледам излез,но не се ни трудам. Го гледам само како ми се смее.
    Неопишливо.
    Не постојат зборови за оваа љубов знаете?

    Бесцелно ќе опишувам.
    Нема да почувствувате.
    Никој не знае што имаме ние.

    Повеќе од љубов.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Ketrin.Moon и XstrongerX им се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    И кога ти е најтешко не покажувај слабост. Има лоши луѓе кои од рушевините на твојата среќа ќе изградат споменик на нивната победа....
     
    На stetoskop, SwiFtiE-7330, XstrongerX и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Нека ми е честита и за многу години св.Ѓорѓија :D
    Среќна слава на сите оние кои слават св.Ѓорѓија :)
    -Имајте убав ден ! :hug:
     
    На I.want.to.sleep му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.862
    Допаѓања:
    142.582
    Обожавам да му готвам. Оти секогаш вика дека е превкусно. И да не е, пак вика дека е наубавото јадење кое го пробал.
    Обожавам да си ги средувам алиштата еднаш месечно. Секогаш си наоѓам парталче кое сум го заборавила.
    Обожавам да слушам музика кога нема никој дома за да си пеам и да не сметам на никој.
    Обожавам да ве читам со позитивни мислења.Затоа отварам во бремености и ја читам темата каде што кажувате дека сте забремениле. Се радувам со вас.
    Обожавам да јадам многу. И да дремам после тоа.
    Се обожавам денеска.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Добар ден феминки! 8)

    Долго ме немаше, без зафатена, многу, немав време за ништо, сепак, редовно ве читкав, станавте дел од мене.
    Со добра вест ви доаѓам! :!:

    Променив работно место, подобро, за мене. Уживам во тоа што го работам. Почнувам одпочеток да работам, но ме исполнува и не се покајав, знам и дека нема да се покајам, пред да превземам чекор добро размислив. На предходната работа бев одлично платена, но.. не ме исполнуваше доволно.

    Ги тргнав паричките на страна и решив да напуштам. Од почеток, знам дека ке изградам подобра кариера, ке бидам унапредена и одлична платичка. После Нова Година имам можност да одам во Странство на усовршување... имам желба, воља. Што друго? Знам и кога ке се вратам ке бидам унапредена, вложувам во работата, со труд, своја пот ке добијам се!.

    Бев малку осудувана од народот као еј оваа што сака повеке бе, крај не и се знае. АМА јас си го знам својот крај и тоа ми е доволно. Доволно ми е и тоа што имам подршка од тој што го сакам.
    И секогаш, сите, правете го она што вас ве прати среќни и исполнува. :!:
     
    На Trnche, vinozito1 и Lella им се допаѓа ова.
  10. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Она кога ќе го изненадиш родителот,али изненадувањето е стварно патетично(обична тортица и свеќичка за хепи брдеј)а,тоа да предизвика малечки солзи кај него/неа.
    Хепи брдеј тато!
    Се надевам нема да има немири и кавги меѓу нас,и дека ќе ме сфатиш како ми е.
    :hug:
     
    На Libera и LittlePinky им се допаѓа ова.
  11. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    612
    Пол:
    Женски
    Понеделник а се чувствува како да е недела...
    Сите се по дома,по пижами,кој со кафето во рака,кој со јаболкото,кој на компјутер...
    За мене и за многу други сигурно уште еден во низата НЕ(В)РАБОТЕНИ денови :D
    Ама не се жалам,кај сте виделе да се жали некој кога секој ден му е викенд...
    Сеа овој период се користи за шетање на местата на кои отсекогаш сум сакала да отидам,за читање на сите книги кои не сум ги прочитала,за довршување на недовршени нешта и започнување на нови интересни искуства...
    Сепак,времето е време и брзо минува,мора да се искористи продуктивно,бар кај мене! ;)
    Ви посакувам убава сончева зимска идилична недела! ;)
     
    На Barca-Gril, Dvolicen и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  12. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.093
    Пол:
    Женски
    Денес задлабочена во размислување за малку ќе се умислев дека давам интервју за Теа Модерна. Да бе.

    Сакам за старт да разјанснам некои работи. Дека нарцисоидноста кај мене не е популарна појава. Дека мојата појава воопшто не е театрална како што многу ја замислуваат. Скромноста изненадува. Ништо не треба да се препушти на случајноста освен средбата со мене. Поголем дел од популацијата која ме чита овде, ете да речеме дека стекнала импресии и под дифолт јас треба да исполнам нивни очекувања.
    Ако, некогаш ве поканам на кафе, прифатете ако ви се сака и на закажаното место бидете точни и не барајте лилјаци.
    Очекувајте ја хипик Хајди во помрачно издание. Мила топла, порцеланска појава со меки црти на лицето пријатна и расположена за ширење познанства.
    Немам склоност кон создавање алтер ега, па она што сум тука, тоа сум и таму некаде реално. Таква сум. Со разлика на тоа што тука се е анонимно па ја земам истата слобода да ви раскажам за нешто што единствено би го разговарала со добар пријател. Ептен добар.

    ********************
    Тука малку подолу настрана од тоа горе напишаното ќе бидам гуру во откачување на непожелни. Лесно е , тоа е моќта на НЕ :devil: Со секое прашање одговорете со не. Релативно веројатно е дека ќе ве поканат на средба.
    Моментално сум црн појас во откачување. Оти успешно образложувам на барање нивно оти велам НЕ. А тоа е зависно од нивото на социјална комуникација со која непосредно сум стапила со персоната. Им персирам дури. На пример и персирав на една "познаничка" вчера. После низа лицемерни испади од нејзина страна и велев не за излегување и ме праша зошто. Културно и префинето извадив едно персирачко... За да ви пукнат :)

    Верувајте животот е полесен. Сивите личности ја матат розовата слика. Избркајте ги без пардон.
     
    На Trnche, Shelea, anuskaNESTLE и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Andemona

    Andemona Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    2.500
    Пол:
    Женски
    Секое чувство се препознава во погледот. Телото знае да одглуми, ама очите никогаш.
     
    На lana.del-rey, Dvolicen и Lella им се допаѓа ова.
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Никогаш нема да дозволам луѓето да ми се мешаат во мојот живот, затоа што луѓето секогаш сметаат дека знаат како да го живеат твојот живот, а немаат ни најмала идеја како да го живеат својот.
     
    На lana.del-rey и machhe им се допаѓа ова.
  15. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Добрите луѓе секогаш страдаат бидејќи тие секогаш се обидуваат да им удодат на друѓите..а најчесто забораваат да си угодат себеси...
     
    На Someonespecial, Gordana10, Handy и 6 други им се допаѓа ова.
  16. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    38.749
    Пол:
    Женски
    Времево надвор е недајБожедатисепримочадодекалежишукревет!
     
  17. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    превземена статија што ме остави без зборови

    Скопје – градот на уплашените фраери и уфилманите џет-сетерки. Во последно време ако ме прашаш како би го дефинирал градот наш убав, само ова би ми паднало на памет. Зошто? Зошто само тоа гледам. Да, можеби и мене перспективата ми е веќе искривена, можеби само такви луѓе орбитираат околу епицентарот на моите збиднувања, а можеби и се’ е отидено у курац, па не сум далеку од вистината. Како и да е, едно е сигурно – нешто тука е многу „модерно“
    Скопје во последно време има две екстреми. Едната ги тангира луѓето на возраст некаде од 30 до кај 35-6 години или според мене, „збунетата“ генерација. Генерација која потенцијално и видела подобри времиња, фатила нешто од претходниот систем што наликувало на некакви си вредности и потоа со огромна сила била втурната во вортексот наречен агресивен капитализам. Ни ваму, ни таму.

    Голем дел од луѓето кои ги знам од оваа карниворска група се’ уште се сингл. Девојките се’ уште мислат дека е крајот на деведесеттите, дека се во екот на шемата и дека можат да палат-гасат низ градов како некогаш, дека брак и сериозни врски се простата раја. Нјуз флеш – стареете, ви чука биолошкиот часовник, ви паѓа вредноста, кај и да е никој нема да ве рецка два посто, олабавете со препичот.

    Мажите пак, живеат во филм дека истите финти од пред 10 години уште палат и се тешат дека тие може стареат, ама средношколките остануваат исто годиште. Мда... не. Веќе не проаѓате кај малите со шема сепаре и флаша. Денешниве деца се растени во време на аздис каде што имаат се’ што ќе посакаат. Сакате мини спонзоруши – ќе треба ќесето малку повеќе да го одврзете во денешно време; ако воопшто имате толку внатре.

    Тука спаѓаат и оние мажи и жени кои иако во некој момент се скрасиле – сега се „среќно разведени“, бидејќи они не можат да бидат со некој кој им се кара и не е спремен да им трча по гзот. „Она мене ќе ме испрашуе, кај сум, што сум и што праам секоја ноќ? Па кој ја ебе бе, брат, не ми треба таква; па не ми е мајка да и’ рапортирам на секои пет минути!“ Кој ја ебе? Па очигледно ти не, пошто си зафатен да и’ рапортираш на мајка ти. „Он мене ќе ме тера да му готвам и да му перам алишта? Па не сум ја чистачка и готвачка, бе! Ако сака таква, нека си плати слугинка!“ Па сестро, ако веќе плаќа, најверојатно нема да биде слугинка и сто посто нема да биде за готвење и чистење.

    Другата екстрема, пак, тангира млади од 20 до 24-5 години кои набрзинка се мажат/женат преку ноќ. Тука веќе правилата исто така се целосно изместени. Не се знае кој пие, ни кој плаќа. Едната логика зад ова е дека денешниве генерации почнале многу порано да прават се’, па веќе до 24-5 се изживеани, па решаваат да се спарат со време додека воопшто имаат избор; гледајќи го примерот на нивните постари колеги и колешки кои на 34-5 се уште си играат „Сексот и градот“, а на кои само градот им останал. Сексот одамна не ги дружи у град.

    Другата логика е во последно време некако многу лесно почна да фаќа семево македонско, па затруднувањето крши рекорди. Дали кампањиве за наталитет вродиле со плод, и тоа буквално, не знам, ама знам дека еден тон млади преку ноќ станаа родители. Немојте да ме сфатите погрешно, тоа воопшто не е лоша работа; се додека сте спремни за таква голема одговорност.
    Откако ги елиминиравме двете екстреми ни остана она од почетокот – средината, или она што остана по градов. Уплашените фраери се голем процент од машката популација што хара по градов. Тоа се у принцип дечки со изработена шема на дејствување. Научиле пет финти и само ги ротираат. Аудио-визуелна превара на преувеличување на тоа што го имаат на лагер со цел да ќарат нешто појако. Проблемот е што и кога ќе ќарат нешто што вреди, не знаат што да праат. Експресно ги фаќа паника од типот – и сега што? – и пак се враќаат на закрепостените селанки кои се зависни од трошката внимание кои ја добиваат од „кремот“ на градот.

    И уфилманите џет-сетерки не се ништо подобри. Девојки кои добро изгледаат, имаат по нешто во глава, викаат дека сакаат прав маж, а се моткаат само со метро мажулиња, чичиња во најава, спортисти и останати безбедни комбинации. Викаат дека сакаат сериозна врска, ама кога ќе сфатат дека сериозна врска значи посветување на нешто побитно од нови штикли, фустанчиња и накит, проводи по дискотеки и остали суштинско небитни срања се упрпуваат максимално. Подобро вака, на сигурно. Лагер од сто мужи, сериозно со никој, внимание на претек.

    Скопје – градот на уплашените. Сексот стана мисловна именка, частенките поскапеа, парите се намалија, кичот и турбофолкот ги убија урбаните журки, дискотеките ги скратија подиумите, акнаа централен шанк и додадоа уште сепариња. Фејсбук шема – нема акција, само воајеризам, ама од високо. Скопје, знам дека немаш доволно секс и затоа ти порачувам од срце; време ти е; оди еби се! Кис4е.
     
    На Rubiii, Hipster, Tori1 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    824
    Денес правев макарунс колачи, рецептот го најдов во Убавина и здравје и да ви кажам да не ми изгореа многу убави ќе беа. Филот и тестото супер ми испаднаа, ама рерната многу јако ми пече :lol:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Очигледно јас во мојот дом не постојам,невидлива сум,не живеам,нит некој ме прашува нешто,нит се грижи,нит ме споменува.. не постојам.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Дволичен апсолутно со све се сложувам,браво за статијата,секоја чест тој што ја напишал.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.