[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Не помнам од кога не сум излезена во дискотека.
    Остарев?
    Очигледно подобро се вклопувам и поубаво ми е во друштво собрани во стан, музика, винце и интересни муабети за душа.
    Како ми ја снема таа желба за забава ни самата не знам. :?:
    Сакам романтични концерти како оној на Оливер Драгојевиќ, сакам кино, но повеќе театар и едвај чекам да одам во новиот.
    Сакам и кога е топло дома и целосна тишина, а јас непланирано да ја земам книгата и да си учам.
    Сакам да одам на шопинг сама, никако со другарки или дечко. Сакам да јадам мрсна храна и уживам во тоа.
    Сакам тивка музика, никако гласна по живци ми оди. :!:

    Но, најмногу од се' сакам да сум со него. Е тогаш имам целосен мир, најисполнета сум. Тогаш сите оние мали нешта кои ми сметаат јас ги заборавам.
    Само ние двајцата и да си се разгалуваме еден со друг. :inlove:
     
    На Lella, richgirl998, Libera и 3 други им се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.747
    Пол:
    Женски
    Ако утре прочитате во весници или на нет дека жената си го убила мажот ,да знаете дека сум ЈАС.
    Цел ден се млатам низ куќа,(доручек,садови,алишта,тркнав до продавница,а блиската ми е како за Скопје да одам,бришев прашина,чисти компири ( :sweat: ),и уз пат му велам на машкиов примерок,погледни ја славината во купатилото тече.Оди горе на спрат вика не тече.Му велам тече долу-Па што не кажеш одма дека тече долу. [​IMG] Па кај тече точно,бла,бла,бла (оди па види мајку му)...и цело време бла,бла,бла...И се враќа мртов ладен -го затворил вентилот.Машала.Сега не капе,ама не ни тече...[​IMG]Па јас утре да одам да купам тоа и тоа...МОлам!!!!!!!!!!!!!!!!
    И да се вратам на почетокот на постот.Ако слушнете дека некоја си ги убила мажот со секирче-тоа сум јас.А вие ќе ми дадете алиби дека во тоа време сум била со вас на Фемина. :*[​IMG]
     
    На Lov3, Trnche, Neytiri и 27 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Под убав зимски ден подразбирам надишување на ладен и чист воздух, уморни нозе, премрзнатљ, дома, до камин, ручек, чај и дремка. Па филм, гушкања, другарувања... и така. Така би требало да изгледа животот. Отприлика.
    Со топлина на дом и топли луѓе од кои не се плашиш што си мислат зад стаклените очиња што те гледаат чудно како да ќе те голтнат.

    Како растам се повеќе со резерва ги сфаќам луѓето чии сите можни пријателства се најдобри и најблиски и најинтензивни во последниве 2-3 години. Нешто постаро и повредно немаат. Со сите се најдобри, најфини. Очај. Ма да ги сфаќам. Мора да им е тешко, најсериозно.
     
    На Monna.Monna, bittersweet, ilipili и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Ах, Луничке, судбина наша женска...И јас му се спремам на маж ми, еве гледам ID, и се мислам како... ;)

    Мојов уште во саботата замина за преспанско кај пријател , на колење свиња :| . Од еден ден се сторија три дена.
    За тоа време ми влезе дома жаба, па ја бркав два саати, болјерот кој требаше да е на соларна, нешто не функционира, па три дена се бањам со ладна вода. Ме зафркава и машината за садови. Цела куќа ја превртев од чистење, готвев за до среда....
    А тој-Многу било убаво таму :x
    Ах, кога ќе ми дојдеее,
    Ама ќе ме поткупи со чварки, знам...
     
    На Neytiri, bittersweet, Moira и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Сакате корисен совет да носите чаша без да ги користите рацете

    Земете ја чашата што најчесто пиете и ставите ја на надворешниот дел од вашата уста > вшмукајте го како правосмукалка воздухот и чашата автоматски се залепува за вашата уста ... така рацете ви се слободни за било што друго


    Еден ден ќе ми се заблагодарите :call:
     
    На Lella, LittlePinky, Dog-lover и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
    Мене почна ладното да ме совладува... :doh:
     
  7. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    Само што си ја накитив елката си ја дотерав и онака горди на големата полна елка со таткоми си ја ставивем во двор...
    Таман влегов на топло онака измрзната местејќи елка,се вклучив на фемина и со едно око од прозр си ја гледам елката налетав на:
    Го прочитав еднаш ја погледнав елката, го прочитав уште еднаш погледнав уште еднаш во елката па кога почнав да се смеам
    [​IMG]
    [​IMG]

    Сега одам да си ја прекитам елката чисто да не бидам патриот :!: :tmi: иако посиромашна барем не ќе е македонска ]:)
     
    На Veki4kaa, Lella, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  8. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Пак почна да ме наболува главата, што ми стана, никогаш порано сум немала главоболки.... :|
     
  10. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    34.159
    Пол:
    Женски
    Мона Лиза немала веѓи.Ве лажат бре,пред Леонардо да ја слика таа си ги искубила веѓите! :fubar:
     
  11. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Си го завршив и последното есејче и сега лакше се дише :whew:
    Денеска се чувствувам како вандер воман, истовремено чистев по дома, правев штрудла со јаболки(ја обожавам значи :lol: ), симнував информации за есејот и што уште не. Еве сега конечно завршувам со псоледната активност и време е да си седнам и да си изем едно парче од штрудлава ко чоек, со една чаша чај и без да брзам нигде.
    Ах милина...
     
    На leighton23, LittlePinky, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ги почитувам луѓето кои наоѓаат време за мене иако не сум планиран во нивниот роковник.
    Но, ги сакам само луѓето кои, кога ќе ме сретнат, воопшто не погледнуваат во нивниот роковник.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Не си ја продавајте душата за пари,зошто на крај само таа ви останува.
    Баш затоа и вреди, зошто нема пари кои би ја купиле.
     
    На Ketrin.Moon, MeSofija, lana.del-rey и 2 други им се допаѓа ова.
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Љубовта е вечна додека трае!

    Не верувајте никому кој се колне на вечна љубов.А и вие не се колнете! :D
     
  15. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Можеби е подобро да запознаеш еден куп погрешни луѓе пред да го сретнеш вистинскиот...
    Но најголемата способност се состои во тоа - кога ќе го сретнеш вистинскиот да умееш да го препознаеш во таа толпа на “погрешни“... и да успееш да го задржиш покрај себе...
     
    На leighton23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. girlonfire

    girlonfire Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    62
    Сакам да кажам , повторно ќе започнам , премногу се жалам .
    Но морам да напоменам , ако во животот нешто сакам или премногу го сакам или воопшо не помислувам на него. И сега ќе кажам на него мислам тогаш и кога мислам дека не мислам. Е оваа цело време ми створува забуни во животот. Понекогаш си велам во себе : “Еј се чуствуваш ли колку си заљубена , се чуствуваш ли дека бладаш без престан во еден правец ? Една страна од срцето ми вели готово веќе престани , не мисли на тоа , но дали ова ми го вели срцето е "знак прашалник" , а она другата половина ми вели : "Чувај си ја мислата и замислата во срцето може ќе бидеш нов случај на судбина "
    И сега што да одберам и двете половии се мои , кој да послушам , а кај ќе стигне мојата послушност. Нема каде да отиде пак ќе се врати во моето срце , оф љубов , љубов , ме натера во животот да се жалам премногу ме смени. Порано бев силна како карпа , но карпата се срони од другите случи во животот.

    Ништо не е трајно и вечно еден ден се се уништува , па маката ме натера да станам тотално плашлива личност. Премногу е чудно , но веќе станав толку плашлива што дувам и на јогурт.
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... си ги наполнив батериите и душата, после тие ужасни 3 дена на работа минатата недела.
    Во трка со времето и обврските, ме совлада и умор и стрес, мислев ќе збудалам. :(
    Штотуку бев подготвена да кренам бело знаменце во знак на пораз и да се стркалам под покривачот со сериите и многу чоколади цел продолжен викенд, во последен миг испадна дека сепак - одиме за Берово ^_^ и спакував најнеопходни работи, ниту грам шминки и глупави коректори, ниту лаптопи, ништо.
    Само топла облека и многу храна. :D

    Таму љубезно ми го понудија пасвордот за wi-fi, веднаш ОДБИВ, :D ќе го исклучев и телефонот, зашто буквално ми е смачено од повици и зборување на телефон и интернет и проверување мејлови, да не беа моите со кои се слушнав дури двапати, од што морав, инаку и нив ќе ги испратев каде што не треба. Навистина светот ми стежи... се стана толку заплеткано и напорно.

    И така во мирот шетавме на снегче, зјапав во пејзажи и уживав во тишина, тишина, ТИШИНА.
    Рај за сетилата.
    Се каам што не понесовме повеќе вино, :D како убаво лизга таму од ручекот па се` до легнување, покрај свеќи, милина.

    Се пронајдовме повторно и повторно се вљубив во дечко ми. Си ги кажавме сите работи и најстрашни тајни и маки, за кои тука како да снемува време или место за споделување (или не сакаме да се загрижуваме еден со друг дополнително, па ги премолчуваме).
    Се доближивме еден до друг и повеќе од порано, толку ми требаше вакви денови и ваков одмор, не можам да опишам. Се стиснавме еден до друг и не се одделивме цели 3 дена.

    Не ми се ни враќаше дома, да ме остават таму 2 недели нема да протестирам воопшто.
    Целата хаотична гужва тука почнува да ми пречи, да ме совладува и поразува, а не сакам воопшто да се депримирам.

    Таму е убаво да се гледа и Рудолф по цел ден, и шашави НБА утакмици и оние од Премиер, таму не ми пречат ниту садови, не ме мрзи апсолутно ништо, таму се дочитуваат книги начнати и запоставени, се пие чај со литри, се ужива во тишина и убава храна, го сфаќаш повторно значењето на зборот ние и Љубов. Таму навечер заспиваш со ѕвезди над небото.
     
    На Mermaid, ludoto19, Monna.Monna и 45 други им се допаѓа ова.
  18. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    1.361
    Ужасно се нервирам кога ќе видам дека семафорите се преплавени со мали циганчиња кои секојдневно просат.
    Да,од една страна жал ми е.Облечени во некоја проѕирна облека,боси,гладни,замрзнати,нечисти.
    Но,од друга страна,со првите пари кои ќе ги собере во денот,првото нешто што ќе го купи се цигарите.
    Многу,ама многу пати ми се случило да бидам сведок на тоа.
    И дали нашата хуманост ќе биде исто толку вредна кога знаеме дека нашите донации не одат за тоа што они прават да мислиме дека им треба.
    Па подобро собери од дома облека што не ти е потребна и дај им ја,одколку 10-20 ден за да се труе после.
    А да,и да не ги заборавам нивните родители кои се надзорници на целиот овој процес.
    Незнаеш дали да ги жалиш или не.
     
    На Papillon.Papi и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  19. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Од што ни е преполн фрижидерот, почнавме балконот како втор фрижидер да го користиме.
     
  20. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.