[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Првите капки срамежливо се спуштаат од небото.

    Долга тивка ноќ предодредена за осамени прошетки на оние на кои душата им плаче или оние на кои телото и духот им се радува.

    Солзите кои се тркалаат по лицето се одмиваат со дождот а за постелнината помага и прашок.

    Секој со својот избор.
     
    На anuskaNESTLE, Markusa2, ana-girl и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.953
    Допаѓања:
    164.223
    Не тироида, не знам што ќе разболам со типичнава македонштина од бизниси.
    Па како некој вирус да ги прифатило и се странско така се однесува.
    До последен момент ќе висиш на чивило да видат дали од сабајле ќе им е на лево или десно!
    |(
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Женски ај кажете ми некое програмче што можам бесплатно да го симнам што има слични ефекти како на инстаграм,за слики за на компјутер ми треба? :)
     
  4. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Со ружа во рака, милна насмевка и бакнеж полн со љубов! Колку среќа може да донесе и најмало внимание, но иако мало полно со значење. Да љубиш и да си љубен, совршена хармонија.

    Инаку.. чувствувам дека се пронаоѓам себе си. Одлуки кои долго време ме мачеа испливуваат на површина, и делче по делче се поклопува во сложувалката. Но има уште толку многу.

    Милини ми е насекаде, предпразнично расположение и весело шаренило ^_^ Па така и јас.
    Му се радувам на временцево. Можеби е ладно надвор, но топличко ми е во душава.

    [​IMG]
     
    На ana-girl, Moonstone.17, duffi и 8 други им се допаѓа ова.
  5. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Понекогаш е доволен збор од некоја личност која ќе ти каже два збор Можеш ти, мора да си упорен/аза да ја добиеш потребната самодоверба, а пред се да се мотивираш за нештата кои следуваат!

    Убаво е чувството кога можеш да се ослониш на некој во било кое време, некој кој ќе те слуша, а за тоа да не бара никаков возврат!

    Убаво е да знаеш дека родителите се поносни на тебе и се трудиш во секој поглед да не ги разочараш!

    Ама боже мој, секое човечко суштество имам моменти на слабост и неоговорност-но, искрено да ви кажам заради сите овие работи што ви ги кажав едноставно треба да се бориш ти самиот, а не да чекаме некој друг да се бори за нас, сами ние треба да црпиме инспирација и да бидеме мотивирани..Пред се за нас самите, а после да другите! :)
     
    На SparkyAngel, Serafima, EMoonlight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.738
    Допаѓања:
    9.522
    Пол:
    Женски
    Eте уште еден декемврски ден помина,и тоа празник за Cтрумица,свети петнаесет маченици.Cи отидов на црква,убаво ми дојде на душата,само ми стана жал за еден бездомен човек.Cе прашав милион пати зошто одат луѓето на црква со крпи,алишта,дарови,зејтини и купишта пари,а попат несреќните ,бездомните луѓе ги одминуваат?Aма не е мое да кажам кој ,што ,како,само оставив парички колку имав од срце,и кутриот човек со каков тажен сјај во очите ме погледна :( .Tоа е лошо во животот,некому и светот да го има со сите благодети и луксузи,малку ќе му е...некому и парче леб му е доволно.
    Cега да се доискажам,луѓе не прави скромноста,оти тоа е доблест.A надворешна убавина,пари,луксузи се е тоа некој спореден фактор во животот :wasntme:
     
    На Lella, Kaley, Serafima и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Luciano

    Luciano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    223
    Дали некогаш можевте да почувствувате барем за момент како е да бидеш заљубен во некој кој не ве залужува? Некој кој се би дал да биде со вас но сепак е со друга? Некој со кој ги делевте најсреќните моменти заедно? Некој кој ве сака, но се убедува дека не сте за него и заминува со друга? Некој кој беше најсреќниот дечко кој имаше беспрекорна врска без караници и недоразбирања... Некој со кој се чувствувате како да е ваш животен сопатник.. И на крајот ве напушта и по 2 недели тој е во врска со друга... Како се осетив кога ми пиша порака дека ме чека долу на паркингот и дека сака да ме види?? Како всушност се чувствуваше тој? Зошто беше во врска со неа кога повторно и повторно ми се враќаше мене? Зошто последните 4 недели секој втор повик е негов? Зошто тој е сеуште со неа? Неможев да се помирам со тоа дека има друга, но и неможев да преречам на неговиот повик да се видиме... Толку слепо се заљубив што не знам зошто тој замина со друга и ми се враќа мене секој втор ден бидејки му недостасувам, а јас не го преболив и секој пат кога ќе го погледнам ме гледа толку невино.. Со тој негов единствен поглед со кој едноставно ме заведува.. Повторно и повторно...
    Толку многу прашања.. Без одговор..... :doh:
     
    На SparkyAngel, hermosa и Silver.E им се допаѓа ова.
  8. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Доживеј пораз-крени ја главата горе гордо,исправено!Оди напред,војувај,освојувај!

    Тие ружи.Таа зима.Тоа утро.Тој повик.Тоа писмо.
    Сеуште мириса на ти.
    Зошто постојано ми одѕунуваат во ушите?Зошто потсвеста свесно ми го наметнува тоа?
     
  9. Rosie.Alice

    Rosie.Alice Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    81
    Ми фалат некои стари пријателства, проклето ми фалат! Ама нели пријателките се познаваат кога ќе си фатат дечко...
    Од мали нозе неразделни, ама сега... сепак, ако требало да трае ќе потраело.
    И тој си најде нова љубов, нема мене да ме чека година дена, тоа сигурно. Доста е заљубенка, нека ги, нека си бидат среќни.
    Убав е животов, преубаво ми е. А овој продолжениов викенд колку добро ми дојде, абе мераци! И неделава така си продолжи, лежерно... убавини.
    И уште нешто. Колку и да ви е тешко, секогаш пробајте да гледате позитивно на работите. Имав едни познаници кои и од најцрните сцени знаат некоја анегдота да си направат. И помага, оти ако не можеме да ја промениме ситуацијата, со тоа што ќе се грижиме премногу можеме само да ги влошиме работите.
    А сега ќе одам да си легнам, утре треба одморена да бидам. Ве сакам :*
     
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.870
    Пол:
    Женски
    До кога и ќоро и сакато ке зема возачка во рака и ке вози ко рели по скопскиве улици без притоа да води сметка за пешаците до кога ?!? Покрај тестовите,полигонот и градската треба да воведат и тест за совеснот и свесност во сообраќајот а не само да ги штампаат и на тој што треба и на тој што не треба.

    Не знам кои возачи се полоши.Младите и неиспилени кои надвор се понашаат ко да возат need for speed или пензионерине кои прст пред око не гледаат ама битно седат зад волан.

    Денес на пешачки на седено место ме удри кола. Срека лесно поминав ама уште полесно можев да завршам со гипс на рака и изместен колк. А шоферот?!? Шоферот мака нема си седи удобно во џипот со кој ме удри без нималку совест и заинтересираност да излезе и да види што штета направил.

    Секој втор ден сообраќајки по градов.Сите се криви и држава и влас и премиер и градоначалник зошто улиците не чинеле а никој не ги гледа возачите.Они се највиновни од сите во сообраќајот. И јас сум возач ама плукам по нив. Гуската опнала наочара ,телефонот у рака муабети и вози со 200 на саат у сред центар пошо нели важна работа има,да побрза другарките да не ја чекаат по кафичите. А пешаците?!? Ма кој ги тркала,гази ги. Они се криви што одат пешки што не се возакаат во кола како нив. По можност на хауба качи ги и не им викај извини.

    Срамота!! Да му е страв на човек по леб и млеко да излезе од дома пошто пред зграда ке те прегазат и око нема да им трепне. Парични казни ?!? Се тоа за у самица у Идризово да не им текне пак да се понашаат како да го освоиле Скопје кога ке влезат во кола !
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    За прв пат ,оваа година окако почна оваа новогодишно-божиќна еуфорија , осетив некој празничен жар.
    Од премногуте обрвски ,секојдневието ...веќе се заборава она битното....време за себе , време за драги особи и време за убави моменти.
    Направив декорација за на маса, сијалици на прозор , lorraine pascale како тв придружба....со нејзините уникатни , и внимателно правени рецепти, топло какао и желба до ДЕДО МРАЗ :) .
     
    На Serafima и karenin им се допаѓа ова.
  12. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    Сдк.. се чувствувам изморено. Уште во 22h ми се спие.
    На школо од утре ми почнува бомбандирањето со тестови утре правам франуцки тест во петок историја. Понеделник македонски и право и така до петок.
    Главата ми пука од учење, предновогодишна еуфорија ме фаќа само си мислам како да наќитам дома и во дворот. :)
    отидов да спијам у 11 и нешто |-) |-) |-)
     
  13. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Како помала кога одев на гости ми велеа пази да не го изместиш миленцето,имаше во секој дом во секое време леблебија,кикирки или бонбони.Се слушаше детскиот вик,па понекогаш и родителски крик:Седи мирен/а...дојди тука ке ти кажам јас тебе,сега ке видиш...Луѓето почесто си одеа на гости,немаше толку омаловажување кој има пари а кој не.А денес...мислиме дека сме модерни...миленцето го заменивме со повеке прашина и створивме празнина во самите места,гоблените ги заменивме со ефтини слики.Ко отидеш некаде се случува да се нема ни кафе,не бидејки не сакаат да ти направат туку немаат.Детските игри се заменети со компјутери...сликовниците и боенките заменети со игри на комп...Еве се што сме имале..а сега дали сме модерни или сиромашни...Мислам дека повеке сме сиромашни од што модерни :|
     
    На Lella, l0vE...-love, Viktorijaaa5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Срце како градина ,со силно црвени цветови и нежно бели,убавина, но со ѕидови.
    Бесцлно е да се чуваш.Знаеш?
    Тоа е како темна шума со црвени цветови ,онаку каде мракот целосно никогаш не доаѓа.
    Мала мечтателка во голем свет.
    Мелодија во градите.
    Судири.
    Чувство на недостиг,недостиг за места на кои не сум била,потреба од мали промени во денот.
    Жед за моменти што досега не ги вкусив.
    Им се насмевнувам со блага насмевка,и животот боли.

    Ја сакав таа љубов,под оние светла во мракот.
    И тишната.Тишината помеѓу зборовите.

    Ми солзат очите.

    Од ветерот е велам...
     
    На crazylady, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Silver.E и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Леле луѓе не можам да се соземам од смеа, цел ден седам и се клештам. Значи знам дека сум голем талент за одредени настани, ама изгледа си најдов и дечко од таков калибар. Пишувам и се смеам.

    Влегуваме во еден наш трговски центар, со намера да отепаме некоја минута, да видиме што има по продавници, всушност, му реков Сникерс дека ќе го частам, и викаме ај прво во вц да одиме, па ќе шетаме. Се разделуваме, јас во женското, тој во машкото. Моево преполно, и си викам е ајде батали, кој ќе чека сега. И си стојам јас надвор, го чекам да испадне, гледам го нема. И само што ми падна една луда идеја на памет, си викај како не бе, нема шанси тоа да му се има случено :rofl: ... Ми стасува порака, Дузи те молам најди некоја чистачка, се заглавив во кабината.

    :rofl: :rofl: :rofl:

    Се послав значи. Прво се смеев две минути, не можев да се соземам, се смеев сама, и се смеев на глас. Потоа дојде чистачката и пробував да и објаснам, со неартикулисани звуци кои звучеа ... ПАХ АХАХАХ ДЕЧКО МИ ХААПАПАХАПА ЗАГЛАВЕН ПАХАХАХА ВЕЦЕ... Проба да отвори, не биваше. Потоа дојде обезбедување, проба и тој да отвори, и тој не можеше, рече ќе викнел некој од мајсторите. Мене во меѓувреме почнаа солзи да ми течат од смеење, сите мрсулчиња си ги подголтнав наназад, дечко ми сакал да почне да вика помош, ама му било срам. :rofl: Дојде и трет батка, и буткаа, јас стоев и верглав надвор како фиќо, како југо, како руска лада, фрчев со носот, ми идеше да легнам на земја и да мавам, такво смеење со години немам мавнато... и конечно отворија.

    Испадна јуначинава моја, здрав и прав, малку како потресен, ама среќно заврши сагава. Отсекогаш значи,сум знаела да се најдам со луѓето на иста бранова должина. :rofl:

    А да не ви раскажувам за тоа кога некна ми правеше јуфки за појадок, и немал во што да ги исцеди, па измил едно пластично, таква пластична кутија со дупки :tmi: .... во кое што стојат ножеви, лажици и друг прибор за јадење, па ги шлапнал јуфките внатре, ги миел, ги тресел со вода, ги мрдал лево-десно..... Станувам јас, наместил, декорирал, средил, и кисела краставичка дури исецкал. :inlove:

    Што да кажам, ќе ме женел, тешко на децата наши.
    :rofl:
     
    На sweet-star, Adi888, Elena69221 и 71 други им се допаѓа ова.
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755


    ахахаха
    ах дозии дози ме изнасмеја многу премногу хаха
    особено за оноа верглањето бидејки и јас верглам и ми падна смешно хаха
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    сдк Да се пофалам одкако се регистрирав на форумот пред година и нешто никогаш немам сменено аватар денеска за пев пат го сменив.
    Од сега понатаму редовно ке го менувам во одност на ситуациите, случувањата и сл .
    се надевам сликите ке бидар шарени , весели , насмеани фаци и сл
     
    На LittlePinky и duffi им се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Никогаш не ги заборавај ТИЕ што ти помогнале во тежок момент, ТИЕ кои те напуштиле во тежок момент и ТИЕ кои те довеле до тежок момент.
     
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.732
    Пол:
    Женски
    Не можам да разберам кога ќе видам мајка и ќерка заедно,било на свадба било на улица.Ќерката дотерана мислиш од модно списание излезена,а мајката сирота ,срамежливо оди по неа во стари алишта,неретко со побелена коса.Е па драга моја ќерко би можела да си скратиш една пудра во месецот и да и купиш фарба за коса на мајка ти.
    Себични и самобендисани кои мислат дека светот само околу нив се врти.
    И уште нешто.Да бидеш пристојно облечена,да знаеш да готвиш,да знаеш да склопиш повеќе од една реченица,да знаеш да размислуваш и да се однесуваш нормално како дама,навистина,ама навистина не е срамота.
     
    На Elennaa, NoellePage, sparklie и 43 други им се допаѓа ова.
  20. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Богат човек е оној кој неговите деца ќе се затрчаат во неговата прегратака дури и кога му се празни рацете . Кој како сака, нека го сфати.
    Поздрав lunicka :hai:
     
    На ilipili, lolyta777, anichka94 и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.