[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    It's ok to be a gentleman, but some are too gentle to be a man.
     
  2. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    12.086
    На времето си мислев дека е невозможно да станам „кучка„... ама треба си понекогаш, си служи :D особено спрема некои кој ти се дојдени преку нос. Бидејки научив дека, ако ја асорбирам тишината секогаш не ме прави тоа добра туку... глупава!
    Затоа сега сите заслужни поред си ги „чешлам„ :D ,а не они мене.
     
    На Someonespecial, richgirl998, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.310
    Допаѓања:
    92.135
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е многу,несакам на тетка ми ништо да и се случи :( Само нека се заврши се побргу и нека си дојде дома здрава друго ништо не ми е важно... Тетичке не би можела без тебе да живеам ;(
    Чувај се ,те сакам најмногу знаеш :*
     
    На Lella и Thallia им се допаѓа ова.
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    сдк Неможам да се снајдам околу мене еден тон алишта има :( кога ке ги средам ? :( :( :(
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
    Никогаш повеќе нема да се надевам, затоа што секогаш се разочарувам ;(
    [​IMG]
     
    На dream.queen, richgirl998 и fatamorgana123 им се допаѓа ова.
  6. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Денес имам самоувереност за извоз! Можам да застанам на плоштад и да делам ливчиња со комплименти: Еј ти, имаш убава насмевка и прави бели заби! Девојката со црвениот капут...имаш прекрасна лелеава коса! Дечкото со наочарите, насмеани очи и добра кошула! И не, ова не е лажна самоувереност за да прикријам некои мои слаби страни: деновиве сум уверена дека сум прекрасна, и сите сме прекрасни на свој начин, и треба да се прифатиме себеси онакви какви што сме и да работиме со тоа што ни е дадено. Да соработуваме со самите себе :)

    Се чини дека во последно време бев премногу зафатена грижејќи се да не ги повредам чувствата на одредени личности (кхм, една личност особено), што тотално се запоставив себеси и своите желби! Ги заборавив своите пасии и малите работи што ме исполнуваа, заборавив дури и на некои блиски луѓе - и сето тоа поради една личност. Ако поради една личност запоставувате аспекти од вашиот живот што ве правеле среќни претходно, тука нешто не штима. Ако некој се грижи за вас, ќе се грижи и за работите кои вие ги сакате и ви се важни. Нема да ви ја ограничува среќата или слободата на било кој начин. Можно е и воопшто да не сте свесни дека ова ви се случува, затоа застанете и размислете дали има таква личност во вашиот живот. Можно е да сте заслепени и да не ја забележувате.

    Јас имав прекрасен ден денес. Растурив на презентацијата, изгледајќи доста сериозно со моето сако и професорска марама :D Зготвив ручек, пишувам домашно, а сега ќе одам во Capitol (сериозно сум возбудена за новиов трговски во моето маало :D). Викендот скоро е испланиран, учењето е под контрола, to-do листата за утре е напишана, а прешкртувам уште две подточки од денешната! Животот е убав :)
     
    На Buttterfly, Ketrin.Moon, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Hemera

    Hemera Нов член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Може некоја да ми пиле лп,за љубовен проблем?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Велите дека сум изгубена луталица. И сте биле на многу места,претпоставувам.
    Но сеуште не можам да видам дали навистина дивјакот сум јас.
    Како може да постои толку многу што не знаете? Не знаете...
    Мислите дека го поседувате секое место на кое сте стапнале. Земјата е само мртво место на кое живеете.
    Но јас го знам секој камен,секое дрво,секое суштество. Имаат живот,имаат душа,имаат име.
    Мислите дека само вие сте луѓе со чувства. Луѓе се оние кои гледаат како вас?
    Но ако одите по стапките на непознат,ќе научите нешта кои не сте ги знаеле.
    Сте го слушнале ли волкот како плаче на полна месечина?
    Можете ли да пеете со сите гласови на планините?
    Можете ли да цртате со боите на ветрот?
    Ајде трчајте низ шумите.
    Почувствувајте ги сончевите зраци.
    Тркалајте ги сите богатства околу себе и никогаш не се прашувајте колку вредат.
    Бурата шумата и дождот ми се пријатели.

    И сите сме поврзани меѓусебно.
    Во круг кој нема крај.

    Сеуште можеш да имаш се. Само уживај го она што го правиш.
    И најбитно од се,сакај го.
     
    На Ketrin.Moon, Anonymous996, Antoninaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Секогаш сум спремен и отворен за промени! Не се плашам дека ќе го загубам тоа што ми е познато. Бидејќи, промените многу наликуваат на некои луѓе што ги среќаваме во животот. На почетокот се тешки и вознемирувачки, но кога подлабоко ќе ги запознаеме стануваат попријателски и не толку непријатни.
     
    На Hipster, Thallia, Rubiii и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ги мразам оние работни прослави и собиранки, кои „не се задолжителни“, ама излегува дека сепак се. Значи, што ако на пример скршам нога на враќање од работа и не дојдам? Што? Светот ќе се преврти наопаку? :^) Побогу, нека оди оној на кој му е до јадење и пиење без усул. Мене не ми е. После претежок, ужасно напорен ден на работа најмалку што сакам е да одам на прослава, и тоа со луѓето кои ги гледам секој ден и кои веќе не можам и не сакам да ги гледам :D Ама па стварно па! И не кажувајте, ама измислив оправдување за да не одам :lol: Не лажам никогаш за ништо, најмалку на работа, ама па стварно не можам веќе да ги гледам, а не па да славам со нив. Па згора на тоа уште утре и на работа да одам, откако сум се вратила дома во 4 сабајле. Ноу веј :shake: Ако ме чита некој од работа и ме препознае, не сум таа што мислите :rofl:

    Го мразам овој предновогодишен период. Го мразам и од работна гледна точка, а и приватно. Работно е напорно, сега почнува најнапорниот, турбо работен период и нема одмор до лето. Приватно, периодов ме потсетува на лоши работи, ми буди лоши спомени на кои не сакам да се сеќавам. И не ме фаќа еуфорија, ама ич. Добро де, за Нова Година никогаш и не сум се потресувала после втора средно :rofl: Единствено периодов им се радувам на попустите, ништо друго :D

    И' купив подарок на мајка ми. Онака, без повод. Се прерадува жената, и солзичка пушти дури. Абе мајка, една е. И вредна. И единствена. Ми беше мака за неа, тежок период преживува, мојот најсакан дедо на свет, нејзиниот татко, не' напушти неодамна, па се обидов да ја расположам малку и за среќа, успеав :)

    Многу некако чудно се чувствувам и однесувам периодов, не знам како да опишам. Ги извршувам обврските механички, а паметот ми лета секаде, само не во тоа што го правам во моментот. Си замислувам неостварливи работи, си мечтаам за непосетени дестинации, си правам планови во глава за кои не постојат ама баш никакви теоретски шанси да ми се остварат... Ама па убаво ми е. Толку многу работам, а успевам за сето тоа време да го пуштам мозокот на пасење, и за чудо, успевам во сработеното. Изгледа ептен добро сум испраксирана во работата, што веќе ми е таква рутина за која не вреди да вложувам голем мозочен напор. А убаво е да можеш да работиш, а да не мора да вложуваш голем мозочен напор :rofl:

    Уствари, не знам баш дали доловив што сакам да кажам, ама небитно. Ви викам нешто чудна сум :D
     
    На crazylady, Hipster, Lella и 15 други им се допаѓа ова.
  11. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Малото девојче ми го разубави денот, ме потсети на случките кои мама со насмевка на лицето ми ги раскажува секоја година. Знаете кога сум била мала сум се плашела од Дедо Мраз. На сите слики наместо насмевка на лицето, мене уште малку солзи да ми потечат. :D Она малава денес иста како мене. Си се враќам јас денес од училиште, а кај нас на секој кош Дедо Мраз и сликарот до него. И ја местат малава да се слика, а јас во тој момент поминувам и ја гледам колку е уплашена. Родителите и велат ајде Ангела гледај тука сме ние ајде насмевни се, а таа наеднаш скокна од санката и рипна кај мене. Значи ми го стопли срцето, душичка мала. :inlove: Ја прегрнав силно, а потоа се сликавме заедно, но без Дедо Мраз. :D Значи обожавам мали деца, сеуште е рано за мене, ама кога ќе имам дете нема да го носам да се слика со Дедо Мраз ако несака. :D
     
    На Lella, QueenElena, LittlePinky и 6 други им се допаѓа ова.
  12. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Definitly.. |(
     

    Прикачени фајлови:

    На SparkyAngel, mims-89 и Dark-Lady им се допаѓа ова.
  13. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Животот минува... времето никогаш не се враќа...пропуштените шанси остануваат копнеж кој живее во нас...направените грешки менуваат некои работи...но сепак надежта која е во нас постојано ни вели 'ќе биде подобро'...јас верувам во тоа ВЕРУВАЈТЕ И ВИЕ ДРАЃИ ПРИЈАТЕЛИ! ♥♥♥♥♥
     
    На Ketrin.Moon, richgirl998, something.nice и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    328
    На денешен ден пред еден месец си замина.Баш ќе фалиш мило барем имав малку надеж сега ништо немам.Се надевам дека таму ти е поубаво и помирно од овде.Не ти беше лесно на оваа земја но многу рано ја напушти.Го имаше цел живот пред тебе.Беше сакан од секоја можна страна. Такви луѓе како тебе цел живот се бараат и тешко се најдуваат.Почивај во мир . Фалиш повеќе од можно. :( :*
     
    На EMoonlight, Nana19 и machhe им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.293
    Допаѓања:
    81.868
    Пол:
    Женски
    Мајка ми бре луѓе ... не можам дури ниту да се доискажам, уште сум под импресии од дваесетминутниот разговор од кој чинам ако не се прекинеше во скоро време ќе ми прокрвареа ушите и ќе ми срипаа стомачните од смеење. :rofl:
    Мајкичка е закон-женче, да ми е здрава и жива.
    Мислам дека кај и да е ќе магистрира во областа на здравата храна и дом & дизајн, зашто реално - уште тоа ѝ фали, во готвењето одамна има титула Д-р. :D
    Не знам дали како што минуваат годините ѝ доаѓа преку глава од сѐ и сака да си се расположи или годините си го носат своето или пак, може само ѝ недостигам зашто нема кој да ја замара и да ѝ наоѓа замерки и одржува лекции кога има вакви епик моменти.
    Брат ми прегеска ми рече дека навистина не можел баш да се замара со неа и со нејзините фикс-идеи, а татко ми уште од сега вели дека ќе си запишел некаде потсетник никогаш повеќе во животов (и во сите други наредни) ниту случајно да не планира нешто со правник, оти ете, наводно тоа била причината поради која косата пред време почнала да му опаѓа.

    А мајче нема време да ја тупи, директно си кажува тоа што ја мачи, не љуби да филува како некои, зашто од премногу јадење слатки знаете што се случува. :lol: - тоа ѝ е изговорот, кога од пушка вака ќе спука некоја зелена или нешто во тој слободен стил.
    И така мајчето дошло до заклучок, дека ѝ здосадиле тие лампиони и ме задолжи да ѝ барам нови. Кога ја прашав какви, ми рече само: „Црвени бре М, убави некои, си ја знаеш ти работата ај ...“
    Добро мајче, ама само затоа што секогаш си во улога на добар надзор и ми држиш лекции како да си ја работам идната работа, ќе ти купам на драга волја инаку нема шанси.
    Навистина, нема подобар коментатор од мајка ми додека цртам, постојано има замерка некоја и коментар за сѐ - зошто тука има тераса, па мала е, попушти ја малце раат да видат тие луѓе; aбе вакви скали се досадни, стави нешто поинтересно; ова собичево како за Барбика си го направила ...
    Бисер до бисер, на моменти мислам дека е бетер и од асистентите на факултет, попребирлива е и од нив.
    Тешко мене со правников, тешко мене! :D
     
    На Sexybaby86, teddybear, Hipster и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    236
    Сакам да кажам дека утре правам тест германскии и цел ден учам и неможам повеќееееееееее :@
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Им завидувам на мечките кои ќе го преспијат овој период... :angel:

    Не е некоја ладна, тмурна зима за да се жалам, но овој предновогодишен период секогаш ме прави да се чувствувам несреќно... :$
    Големи очекувања, притисоци, каде ќе се слави, која смена си на работа, имаш ли пари за подновување, влезници, гужви и турканици, лажни насмеани лица, растрчани луѓе по улиците и продавниците, спремање по дома... :^)
    Како да не може секој ден да ни е празник, туку баш сега мора душата да ја иставиме од нас.

    Се прашувам дали и други се чувствуваат вака, празно, нервозно, или само јас.
    Од една страна се радувам на атмосферата, а од друга одвај чекам да завршат празнициве. :(
     
    На sweet-cherry, tessie, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Е да си се пофалам денеска денов подобар не можеше да биде. :D
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Е мене денов и баш не ми е погоден :D
    Почнав да не учам, се опуштив. Оценките си ги распиав, но само две :!: Останатите мора да се задржат ]:)
    Време е да си ги фатам конците во раце околу учењето, пошто друг за мене нема да учи :lol:
    Одам јас да доучам француски :geek:
    Слатки сништа феминкии ! :hug:
     
  20. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Нз зашто но многу ми е криво бидејки раскинаа брат ми и женска му,што ли се случи толку добро одеше и јас многу убаво си живеев со девојчето.Муабетот ни одеше од рака со мајка ми беа како другарки ко ке седнеа немаше тема за која не зборуваа.Нз зашто мене толку тешко ми пага нивната разделба.Со сето срце сакам да се смират и да бидат среќни и весели.Денес ко ги гледав сликите на кои сме заедно ми навреа солзи во очите бидејки толку бев среќна оти тие се среќни.И баш сакам да ми биде снаа бидејки татко и е толку лош и пијаница и дужен насекаде а таа се срами и страда поради тоа,ни најмалку не е матријалистка тулку е добра и знае да ја цени парата.Сакам да се смират. :| :|
     
    На Mahidevranfan, Dvolicen, EMoonlight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.