[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Денеска имав слободен ден и сакав да го искористам времево на убав начин.
    Ама ништо од тоа не излезе како што замислував.

    Одутро ми се најави школска другарка, дома на кафе, но не дојде. А, се изначекав. Ни леб не купив зошто ја чекав.
    Потоа со друга другарка требаше да одиме на кафе муабет низ град. Прво бевме до еден бутик, заглавивме внатре, си купи нешто новогодишно и си замина. Ништо од кафето. Како да и требаше само друштво за шопинг.
    Оттука се договорив со трета другарка за шетање и на крај 5 до 12 ми откажа. Ќе и идало некое внуче на гости дома.
    Веќе сум дома и сега се јави првата другарка која не дојде утрото. Сакала сега да дојди. И реков дојди, ако ме најдиш дома, ако не фатам кривини негде.

    Кога се договарам со другарите ми е многу полесно. И ретко извисуваат. Ова со женскиве е да ти се одмили. Никогаш ништо не е на сигурно. 20 пати ми се јавува другарка пред да излезиме, каде ќе одиме, што ќе облекуваш, во кој кафиќ, а на штикли или на рамни, а ќе јадиме негде или јадена си...за на крај да ти откажи.
    А, на истите личности ако им откажам јас, тешко мене. Ќе дојдат од дома да ме земат.

    Јас не сакам да ветувам и да не остварам. Или да си играм со туѓото време. Зошто во моментот ми текнало нешто друго на ум. Не е фер. Некој да ме мисли, да се спрема, организира распоред, за јас да ја откачам зошто ми излегла поубава прилика или ми станало мака...не можам така.
    Ама не сакам ни друг да си игра со моето време...
     
    На Daydream, anggell, SparkyAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Најубавите врски започнуваат со:"Нема шанси да сме заедно"..
     
    На Daydream, SparkyAngel, Rubiii и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Викеееенд! Конечно :)
    Оваа недела ми беше пренапорна,премногу обврски,проекти,тестови,испрашувања. Некои оценки расипани,некои поправени :?: И малку среќа ,а повеќе разочарување. Не сум воопшто задоволна и мислам дека можам повеќе !
    Денес имам една причина за славење,а тоа е роденденот на мајка ми :) 13ти и тоа петоок :D Прееска направивме торта и купивме преубав подарок и ја развеселивме.Ми беше мило дека и го направивме денот посебен! Најсреќен мамичке,секогаш да ми бидеш среќна,без непотребни нервози :D :party:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Колку може животот да биде ироничен, таман ќе помислам дека можам да имам доверба во некого, во истиот момент дознавам дека тоа е невозможно, ама барем драго ми е што навреме дознавам.А воопшто не ми е криво, баш напротив, та некогаш и не мора да се мачам да увидам зошто, се само по себе се открива, џабе не рекле, секое зошто, има затоа :geek:
     
    На Antoninaaa, iloveyou29, ozbilnazena и 9 други им се допаѓа ова.
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Понекогаш забораваме дека има толку прекрасни работи во кои што можеме да уживаме..
    Денес,после некое време отидов да пијам кафе со тетка ми,видно возудена и среќна што најдовме време (бидејќи никако да ни се погоди поради нејзините ептен напорни смени на работа),жената ми го извади омилениот колач кој што знае да го подготви најубаво.Сто пати сум го пробала,го прави и мајка ми,но тетка ми просто е експерт за колачот.
    Зборувавме,се смеевме,душава ми е преполна..

    Има луѓе во животот кои се вреди да ги чуваш,кои се вистински скапоцен камен да ги имаш во своја близина.Имам таква личност која што ми е колешка на факултет.По реално девојче,по искрено девојче,по воспитано девојче не сум сретнала во животот.
    Секогаш после секое заедничко кафе учам нешто од неа.

    Декември ми е зелен,декември ми е виолетов,декември ми е темно црвена нијанса.Месец во кој што барам внимание како мало дете,месец во кој што сум желна за љубов и внимание.
    Од љубовта си побарав новогодишна честитка која што ќе ми значи многу повеќе од било каков подарок.
    Му купив три новогодишни свеќи во голема чинија,од страните ставив мали камчиња и светки,беше пресреќен.
    На помалиот брат му ветив новогодишно пакетче кое што ќе му го ставам под елката,кое што ќе му го донесе Дедо Мраз (бидејќи знам како ми беше кога ме лажеа како мала да го чекам Дедо Мраз а тој проклетник никогаш не се појави и ронев солзи заради него).

    А животот ми е случување..
    Само да е за добро.
     
    На Elena69221, ilipili, SparkyAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  6. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    ... Ах овие симптоми на ПМС, кои физички, кои емоционални, кои недефинирани |( :?: :lol:

    Некои имаат потреба од одредена храна, а јас? Јас не можам да се одлучам што попрво да јадам, дали солено дали благо, море ми се јаде се или па некој чуден микс што само сега ми паѓа на памет :D
    Ајде манџичке биди готова,ќе земам пред време ќе ти ставам запршка од што не ми се чека :lol:
    И ко за беља баш сега слушнам една песна на радио и старт 3,2,1 распекмезувањето може да започне :tmi: абе така ме погоди песнава само не знам дали во срце или во гладново меше :lol:

    Еве линк од песничето и поздрав до сите ПМС-овци :* :*
    http://www.youtube.com/watch?v=450p7goxZqg
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Значи ако останев уште само 5 мин на работа-мислам ке испоцркав. Ги мразам петоциве исто колку што им се радувам. Па уште кога ке дојде некоја будала од надвор па ке фати да се дере ко у планина да е, што очекуваш од човек со осмо одд. Затоа реков-со странки НИКАД нема да работам. Фала Богу што барем тоа ми се погоди,не морам да трпам секој исфрустриран или секоја што е у пмс или фригидна да ми се дере. Случајно се убацив кога ДОТИЧНИОТ СТРАНЕЦ се дереше и ...нормално, отворам ли ја уста смее ли после мене некој да зине. Ок, тој не заќуте зошто ме разбра што зборам туку баш дека не ме разбра. па извини господине, си дошол во институција каде што нашето знаење и образование е немогуче со твоето. Ајт помина тоа, си свратив до Тинекс, и земав на внука ми киндер и правец дома. Детево толку се радува на колички што баш ја жалам мајка ми зошто ни ќерките а ни внука и не е ПРИНЦЕЗА ко таа што сакаше. :D Анд фајнали, јассс. У кревет. Толку сум гладна но ме мрзи и да јадам од умор.Си ставив сок си запалив цигара и сега..да видам кој до кај е со денов.
     
  8. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Добрите девојки секогаш се заљубуваат во лошите момци...и обратно добрите момци се заљубуваат во лошите девојки...па затоа најчесто многу од нив остануваат разочарани...
     
    На something.nice, love93, Handy и 3 други им се допаѓа ова.
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    ..знаете често се прашувам што е тоа што ги храни злобните луѓе, и што добиваат со тоа што мислат и прават лошо....или пак треба да има и такви за да имаме еден баланс во животот, и да правиме разлика меѓу добро и лошо. :?:

    Саkам Виена да ја посетам, и тоа точно за овој период ,пред Божиќ и Нова г
    Прекрасна стара архитектура, некој водич кој би ми ја наполнил глават со корисни и убави информации, билдерецов под рака и друштво.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Прво морате да ги научите правилата на играта. Потоа треба да играте подобро од сите...
     
    На something.nice, love93, Handy и 2 други им се допаѓа ова.
  11. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Луѓето седат до тебе се додека имаат што да земат...после тоа си одат!!! ;(
     
    На anggell, Silver.E, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.310
    Допаѓања:
    92.135
    Пол:
    Женски
    Значи се ежаам се заљубив во рекламаваа :inlove: Колку е само полна со емоции,убавина,слики од секојдневие :lol: Морав да ја споделам со вас,ако сеуште не сте ја виделе :)
    Ќе уживатее додека ја гледате и не верувам дека некој нема да се разнежни и наежи од неа :lol:

    https://www.youtube.com/watch?v=4sNlcwAh83Y
     
    На Lella, Butterfly14 и SEKERLEMA им се допаѓа ова.
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека помина година откако ви напишав искрени желби и честитки за новата година и заминав да славам. Не ми се верува дека сум тука од својата 19та година, а веќе имам 22 години. Не ми се верува дека за недела-две повтроно ќе пишувам поздрави и честитки за новата година. Не ми се верува дека стареам луѓе.. Летна, летна и време и се!

    Make memories! Брзо ќе помине и нашево...
     
    На crazylady, Divinebutterfly, ludoto19 и 17 други им се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера со еден дедо од медитација-на час за компјутери-ај им помагав и на него и на другите двајца соученици негови, премногу лесно беше и така дознав за една НГО-невладина организација Вистина-во Петок имаат прослава па ај да видиме што ке биде па ако ми изгледа ок ке се вклучам :)
    кога доагав накај дома бев :$ а пред да заспијам бев ;( некако се ми се собра и плачев ко мало дете не можев да се смирам ни мајка ми ни татко ми не ни ме гушнаа да ме прашаат што ми е -тоа ти биле родители :swear: причина: се што се случува околу мене и народски кажано ми пукна филот
    се сетип што ми кажуваше тетка ми кога беше тука последен пат-навечер плачи ако сакаш ама преку ден биди весела и смеј се и кога се рабудив бев |( левото око со гурелки едвај гледав немам поим што ми се случува со очиве и цел ден трчи навака натака-и сватив дека да болно ми е што тој што ми се допагаше е со друга, ама што да правам-да го сменам тоа неможам,и да го видам да ме пецне мислам дека еден :punch: богами ке ми олесни :D :wasntme: се со текот на времето се прифака па и ова
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  15. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    На srcekrsacka и Marjan007 им се допаѓа ова.
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Никако да се ослободам од таа гадна навика... се` да решавам во последна секунда.

    По цели денови ќе се шуткам натака-навака, а потоа во 2 вечерта ќе ми текне дека треба да правам семинарска работа. :D Во 3 ќе ми текне дека треба да уклучам греалка, за да се избањам. :D Во 4 ќе ми текне дека уствари имам лектира за пишување и правам тест. :D А кога ќе го видам алармот, ми текнува дека утредента треба да станам во 5:54. :D In the end, ќе ми светне дека гадно сум се зезнала. :D Ама не е ниту прв, ниту последен пат.

    Друго... сакам да кажам дека метеоролошка станица не ми е равна. :D Така што, според моево колено, деновиве понесете си чадор или пак припремете се за сонце. :D

    Трето... јас не гледам серии на македонскиве телевизии. Ама случајно, вчера додека учев, на телевизија фатив Бурни времиња. :D Де бре, еднаш ќе фатам во месецот, и ќе се истурам од плачење. Цело време само нешто ги снаоѓа луѓето, па греота се. :D Јас погледни во телевизорот, заплачи... погледни во книгата, пак заплачи. :D
     
    На Lella, sweet-cherry, Daydream и 9 други им се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ма... делата се важни.
    На зборови сите се јаки. :!:
     
    На crazylady, Anouk, richgirl998 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    ќути Витомир, не ме потсеќај |(
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    ..ме иритираат луѓе кои се китат со туѓи перја (по правило птици, не може да бидат луѓе :lol:). Едноставно не може ли самите да смислат нешто нивно туку мора на готово да им се даде ?! Пример во школо, писмена по македонски, добил/а петка на писмената и уште се радува, а всушност мајка му дома му/го ја напишала составот, а некој што се трудел и сам напишал добил на пр. четворка. Па не е фер! :| Не знам дали таквите некогаш ќе сфатат дека не треба така да прават, дека и самите можат да направат нешто без ничија помош. Туку мрзата проработела во нив или што, не знам. Ама ај..
    И нешто добро денес што ми се случи на петоков 13-ти (скоро сите го зборите баксуз ова-баксуз она, врска нема :D ) добив петка математика! Е, сама учев, вежбав! :muscle: Вредеше за тоа што се потрудив.. :D
    Одам јас, имајте убав викенд :hai: :hug:
     
    На Lella, Someonespecial, Dog-lover и 3 други им се допаѓа ова.
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Ако му кажев што искрено мислам само ќе му помогнев, а во случајов неќам! Значи од такт ме вади неговата дволичност, до вчера толку блиски другари сеа наеднаш буквално ми боде у очи тоа како ми глуми добар хуман човек а ни во најмала рака не е тоа.Посебно тоа што го стори за неговиот роденден ме извади од кожа.Ете,затоа не сакам многу пријатели да имам. Затоа што преку цеф ми е некој лице да ми прави. Само ми се упропасти вечерта со тоа што ми пиша :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.