[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Јас денеска го полагав последниот колоквиум за овие 5 години студирање! 8) Очекувам реално добри резултати, сепак мотивацијата да учам беше гооолема! :D Пред некој ден ја положив и последната завршна вежба, па остана уште последниот испит во јануари. :party:
    Текстов погоре ме прави горда на себе, од една страна, а од друга страна си мислам низ колку нервози поминав за да стигнам до тука. Сега сфаќам дека не вредело, ама тогаш во тие моменти не ми беше сеедно.
    Сфаќам т.е. станувам сигурна во тоа дека здравјето е најбитното нешто, покрај се' друго.
    Полагам последни завршни, колоквиуми, испити, ама кнедлата во грлото стои. Сега се опуштам и се' се одразува. Имунитет = 0, нерви = -10, желудник = гнил... Не вреди, не вреди и точка . Ама сега сфатив! Како било, ќе средам се'... Реков, сега е време да се посветам на себе. Селекција, како на персони, кои ги имам во животов да ми пишам само кога ќе ме видат побледена и ненаспана или кога ќе наслушнат дека нешто не е во ред кај мене, така и на работи за кои треба односно не треба да се нервирам...
    Доста ми е од душкала, дволични кретени, кои едвај воздухов го дишат!

    ****
    И да, битен момент, моментално, е тоа што конечно со мојот А. од утре ќе се гледаме мноооогу почесто се' до средината на јануари. Првично, овие две недели само за викенд, а од Нова Година и секој ден!
    Среќна сум и заслужувам! Себична сум и заслужено сум! Позитивна сум многу, пак, како некогаш! ^_^
     
    На Adi888, The.Crab, bittersweet и 35 други им се допаѓа ова.
  2. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    2.095
    Светот не се врти само околу вашите пропаднати љубови, ми се смачи да ги тешам сите.. како се ќе се среди и ќе биде во ред, како ќе си најдат некој подобар и такви ствари.
    Не сте само вие несреќни, знам тешко ви е.. ама сте се зе запрашале колку ми е тешко мене? Ќе ми речите блазеси ти секогаш си насмеана, лесно ти е тебе.
    Лесно ми е да... ми ја лепите таа етикета без да ме прашате дали е така, без да ме прашате како ми е.
    Не знаејќи дека можеби мене баш ми е најтешко ама за разлика од вас не ви се јавувам нон стоп и ве гњавам колку ми е тешко. Не знаете ниту за една моја солза, си викате сигурно не ни плачи.. а не знаете дека не ни паметам кога последен пат сум заспала со насмевка на лицето. Запрашајте се малце.. сетете се дека другарството не е само еднострано, туку обострано. Да мои најдобри другарки и јас патам.. и тоа патам дупло повеќе од вас, ама вие не го забележувате тоа.. Зарем мојата љубов е бесмислица, а само вашите се битни? Немам ли јас чувства, немам ли јас срце?
    Е не доволно беше... ако мислите дека ми е се совршено тогаш од сега и навашите проблеми јас ќе бидам радосна, да .. токму така како што мислите вие, дека сум среќна. Оти да знаете баш на оној што молчи и секој ден упорно се смее, баш на тој што не признава, е него му е најтешко..
    Можеби тогаш ќе ви текни да прашате како ми е, а верувајте вас не ви е ни пола од ова моето.
    ;(
     
    На Lella, Umbrella22, tirkenbal и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Таман почнав да го отпуштам минатото, ама онака, во вистинска смисла на зборот, повторно наоѓа начини да се врати назад. Во рок од една недела, ги видов и едниот и другиот.

    Знаете, далеку од тоа дека уште ми значат и ми се важни. Не ми се. Напротив, толку ми се избледени во мозокот и во меморијата, што не се ни изненадувам ни па возбудувам нешто посебно ако ги сретнам, ги доживувам како обични луѓе, а не луѓе со кои сум делела минато. Девојките во животот обично имаат така, одредени фацки, еден или двајца, можеби и тројца, од порано, кои на еден начин ги промениле и ги созреале, и за нив можат многу да ви кажат.

    Едниот ме измалтретира на секој можен начин, а другиот ме стави на второ место. Искрено, не знам кое беше полошо и кое повеќе ме повреди. Јас не сакам да ме малтретираат и да ме ставаат на второ место. Едниот ќе го бркам со нож да ме остават во иста соба, со другиот сме ѓоамити дугарчиња. Двајцата имаат повеќе заеднички работи - ме натераа да сфатам колку вредам, што барам во еден дечко, каков дечко сакам да имам (а веќе и имам таков :!: ), и најново, и двајцата ме гледаа со воодушевување кога ме видоа.

    Дали мислеа дека вечно, како нив, ќе останам на истото место, со истите луѓе, ќе ги носам истите алишта, ќе ги имам истите мисли, дека уште ќе ги гледам како што сум ги гледала порано? Сега ги гледам реално и сфаќам колку сум била премија и за двајцата. Џек пот, милион долари. Мене ми треба маж, ми треба карактер, ми треба однесување, не ми треба простак и не ми треба слабак.

    Денес, и двајцата би биле пресреќни да ме имаат. Ги знам, им го видов тоа во очите. Очајни обиди да се допре до мене - навистина, ама навистина мислите дека ќе го оставам НЕГО, за кој било од вас двајца? Пак ќе повторам, тоа време помина, заврши, и никогаш веќе нема да се повтори.

    За среќа, денес ме има тој. Не е совршен, не сум ни јас, ама е совршен за мене. Знае што сака, зошто сака, кога сака. Ме смее кога можам со поглед да го збунам во истата секунда, ме смее со неговите идеи и снаоѓања и згоди и незгоди. Не ме испушти ни во најтешките и најпеколните мигови кои ги доживеа со мене, поради глупавото црнило во мене. А имаше избор, му оставив. Само ми рече да не се глупирам и да не бидам будала, тој е тука.

    Тој е мој, а јас сум негова, веќе точно 10 месеци.
    Е така да знаете.
    :!:
     
    На bittersweet, Annath, la-chicka и 27 други им се допаѓа ова.
  4. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Луѓе во очи ме гледа и ме лаже!
    Ама е грдо чувствово, никакво. :x И што мисли дека со тие ,,муабети'' што ми ги кажа дека ќе ме повреди, а наводно ми зборувала за мое добро. :!:
    За кое добро бе златна, прво почни од тебе, кажи си каква си, знаеме која си и што си.
    Како изреагирав? |( И се изнасмејав в лице. И реков што сака нека збори, не и верувам. :)

    Се лажат ваквите како оваа, не сум уште онаа 15 годишната која веруваше баш се' и на секого.
    Празни муабети ништо не ми значат, само ете завидливи луѓе или не знам што да мислам. :?:

    Туку сега друг филм со мене ќе гледаат, да им попуштам шанса нема.
    Ехх, туку да бев некоја идиотка, да имав таква душа па да газев се пред мене без ни малку грижа на совест, ама не сум. :worried:

    Се дури гледам дека некој сака да ми наштети ќе знам дека сум поуспешна од него и чекор пред таквата личност.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Цени ги луѓето според карактерот,а не според изгледот
     
    На l-a-d-y-di му/ѝ се допаѓа ова.
  6. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Еве, сега не се 666. ;)
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Нека ти е среќен роденденот! :)
    [​IMG]
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Добро утро на сите феминки :) Денес сум специјално расположена иако не постои специјална причина за моето специјално расположение. Инаку ми се расипа специјалната машина за перење специјални алишта, па затоа денес нема перење на овој специјален ден :D :D
    Бидете ми вие весели и расположени :hai:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против Нес,Мес,Стронг,Макијато ама за прво утринско ова е незаменливо :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На Umbrella22, Ketrin.Moon и Dvolicen им се допаѓа ова.
  10. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сдк тргна ловџијава мој на лов ^_^ среќен де.
    Ама пусто од кај да знам дека не се викало ај со среќа :lol:
    Ништо од ловот :D и кучето се врати пред ловџиите :D
    Е не, ќе ака по планините.
    Ќе ме убијат кога ќе се вратат.
    Баксуз невиџен :D
     
    На vinozito1, Gordana10 и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  11. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Денот преубаво ми почна :$
    Прво, со другарките одиме накај играорна, и сега во двокатен седиме долу, влезе една постара жена, немаше место кај да седне, и ние со другаркава станавме и и отстапивме место, жената ни се заблагодари и ни кажа да сме живи и здрави. Ме обзема една радост и среќа која неможам да ја опишам :!: На играорна си поминав преубаво, цело време со насмевка на лицето :D
    И сега, ќе одиме во град со другарките :lol:
    Одам јас да се спремам, бај бај ! :hug:
     
    На Lella и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
  13. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Иде внук ми сношти целиот затрчан, задишан и ми вика : „Го видов тетин
    Ме зачуди детето, го прашав каде го видел. Ме одвлечка на балкон, и покажа со раката кон една звезда. „Ене го! Го гледаш ?“ Ми рече. Тоа е тетин.
    Да, тетин е. Ајде мафни му. Кажи му дека ти недостига. Дека го сакаш. Му реков.
    А тоа милото, почна да мафта и да вика дека му недостига. Никако не сакаше да влезе внатре. Цела ноќ остана гледајќи во звездата. Се додека не заспа.
    Неговиот 6ти роденден внук ми го прослави на гробот од неговиот тетин. Заедно со мене.
    Цело време разговараше со тетин му. Му се обраќаше на гробот.
    Рече дека кога ќе пораснел, на своите деца ќе им раскажувал за него бидејќи тој бил најдобриот тетин на светов. Рече дека нема да го заборави.
    Ми се обрати и мене. Ми рече и јас на своите деца да им раскажувам за него.
    Ох, мило. Јас нема да имам деца.
    Тетин беше единствен. Тета можеше само со него да има деца. Со друг не.

    Внимателно ме слушаше, а најпосле ме прегрна. Плачејќи.
    И останавме цел ден на клупата крај гробот. Се сеќававме на нашиот тетин.

    Жал ми е. Толку мали деца. Веќе ги потрошија сите нивни солзи за нивниот тетин.
    Спијат во неговите дресови. Под перниците ги чуваат нивните заеднички слики.
    Разговараат со звездата што најсилно свети. Тоа е звездата Дејан.
    Ни за момент не ме оставаат сама. Никако не смеам да заплачам.
    Бидејќи тетин ме гледал. Ако јас плачам, и тој ќе бил тажен.
    На секој можен начин се обидуваат да го пополнат неговото место.
    Душички мали. Се само за да не бидам тажна.

    Нешто не ми е јасно.
    Зошто ? Зошто толку рано ? Зошто кога никој не очекуваше ?
    Кога сите доктори тврдеа дека си победил во битката со срцето ?


    Ме остави сосем сама. Да се сеќавам.
    На твојата душа. Твоите очи, коса. Твојата насмевка.
    Ме остави затворена меѓу 4 ѕида. Во темница.
    Ништо не може да ја намали мојата тага.
    Ниту еден збор. Ниту еден човек.
    Ме остави толку лесно. Несакајќи.

    Каде сега да лутам. Сама.
    Дали во планините ? Во тунелите ?
    Да одам ли низ реки ? Езера ? Мориња?
    Сама ?

    Да се дружам ли со облаците ? Со грмежите ? Дождот ?

    Моето срце е скршено огледало. Не може да се состави.
    Кажи ми сега што ќе правам ?

    Знам.
    Ќе пијам апчиња за смирување. Додека не се предозирам.
    Ќе ги гледам нашите слики.
    И ќе се сеќавам.
     
    На Dust, Abeja, wtff и 46 други им се допаѓа ова.
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Убавината не е само да се има убаво лице..Туку да се има убав ум,убаво срце и убава душа.
     
    На Silver.E и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.141
    Допаѓања:
    43.713
    Пол:
    Женски
    :nod: ...Саботно утро ,сите наспани решивме да излеземе и да појадуваме некаде надвор...
    Во 10ч половина час после отварање на трговскиот , влегуваме ние и одиме да најдеме место во некој рестооран да седнеме ...
    Кое бреее ... полно до последно место :^) све пензионери испоседнати (не дека сум против нив )
    ама ...они беа најбројни . Ја незнам како им се станува на ладново и им се иде надвор .

    Плус у продавнициве неможеш да се разминеш ко човек , со кеси те буткааат немаат осет нит за дете нит за нишо :|

    Го купивме и последниот поклон кој ни фалеше и крај веќе до 24дек, не планирам да шетам вака .
    Фино лепо што ми треба си порачувам од Нет. плус сега ии се попусти иима :)
    Ке трупам што треба и што не треба


    Друго јас незнам која е границата за возење автомобил во Мк сигурно постои , ама овде Граница НЕМА
    дур си жив можеш да возиш .
    Многу погрешно... ја да сум нешто овде одма би сменила ...
    После навршена 60та година , обавезен Очен преглед, Тест за проверка на знаење на знаци во собраќајот и сл. И да знаете нема да има толку сообраќајки , не дека само од старите лица се предизивкувани ама .... во моја околина само од нив ги има :|
    Неможе некоја сенилна тетка од 70 год. да ги има истите рефлекси како некоја 30 годишна. Не и не
    Не бива :x


    ..... Убав ден
     
    На SparkyAngel и Dvolicen им се допаѓа ова.
  16. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Подобро да се биде лав еден ден отколку овца целиот свој живот...
     
    На something.nice, love93 и Handy им се допаѓа ова.
  17. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Не знаам точно пред колку време напишав дека бившиот ќе ме побара. Го знаев тоа уште од моментот кога ме остави за друга.
    После толку курви, манекенки и спонзоруши, сношти се најде на колена пред мене...
    Плачев цела вечер, пред него, а и откако го избркав. Ми се чинеше ко крај на светот да дошол, ко утробата да ми се превртува. Го гледам, ме гледа, плачи, плачам со него.
    Ама затоа пак утрово, си запалив една цигара, виното пред мене, му мафтам на животов, си се смешкам. Му вратив, не онака како што сакав, ама сега сме 1-1 ;)
     
    На LittlePinky, MorbGoth.666, Butterfly-Girl и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Некогаш се чувствувам како да сум единствена, ладна, недруштвена... другаркиве од школо мора да имаат по некоја симпатија, а јас у себе сум си симпатизирана.. (се шалам не сум до толку голем нарцис) :D
    Да, има и некои што ме симпатизираат, но јас сепак другиве си ги сметам за познаници, другари...
    Глупо е кога некој те сака, а ти сакаш друг така? Незнаеш што да му правиш... како интернет експлорер е! :@ Затоа, јас сум далеку од заљубена и ќе останам додека не си го најдам оној кој најмногу го сакам и ме сака се разбира. :lol:

    Тапа сум во љубовта, не замерувајте ве молам! :tmi:
     
  19. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Во која љубов жити се :D Со цели 13 години да не сакаш дечко да имаш :D
    А јас, голема џенцка, со цели 13 ипол години веќе имам симпатија и ќе му се закачам како пијавица и ќе му ја цицам крвта ако не ме сака :D
    Уствари, може и да нема крв, може да му се вратам на плишаното зајаче :inlove:

    Папи, оди учи и за едно 2-3 години да не знаеш што е тоа љубов :geek:
    Одам и јас да учам, ма каква симпатија, имам 6 оценки за поправање ;(
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Блу, и јас истото сакав да го кажам, ме претрка :D
    На 13 години да кажуваш дека не ти одело во љубовта? Мислам хелоу, свести се :D
    Јас не можам новите пижами да си ги најдам, таа за љубов ми зборува :sweat:
     
    На AquaBlue му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.