[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    34.157
    Пол:
    Женски
    Сакам кажам-не знам речам.
    :P
     
    На Mahidevranfan, hermosa, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    испадна дека на еден од колегите на духче сум му се допагала
    кога го чув поранешниот соученик и сегашен сопартиец кај мене вчера :rofl: морална поддршка :lol:
    и уште му вели-уште ли ништо не направи :lol: абе П за што ме сметаш ти мене бе муфљуз еден :swear:
    јас реков дека НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ никој да ми се доближи никој од тие луге и така и ке биде :!:
     
  3. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    32.483
    Пол:
    Женски
    Ако некогаш видете некоја девојка да го шета своето куче и наеднаш да го пушти синџирот и да почне да бега од него да знаете дека сум јас :D
    Бидејќи братчето мое сака многу животни, решивме да купиме куче. Јас секогаш сум ги сакала животните и многу ми е криво доколку видам некој да ги малтретира ама од кучиња душа немам од страв. А ова нашето куче за 5-6 месеци изгледа многу големо, ама бело е и многу убаво. И така јас велам ај да го прошетам, малку можеби ке ми исчезне стравот :lol: Само што го земав синџирот, тој почна да рипа накај мене, ваљда сакаше да си игра, јас го пуштив синџирот и почнав да бегам и викам на цел глас и си влегов во една продавница и го оставив надвор :D
    Моментот беше како на некоја скриена камера, ама сепак беше е интересно.

    Како што кучето ми го дига адреналинот, никој друг :D
     
    На julie77, Ketrin.Moon, Nymeria и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Денес машала многу сум вредна.. :D се сум исчистила.. сеа конечно да здивнам :whew:
    Убав ден.. :dance: Ќе беше уште поубав да не дознаев дека другарка ми му рекла на нејзиниот симпатија ( кој е најдбар другар со мојот симпатија :rofl: ) да му каже дека сум го свиѓала... јаооооо :rofl: :|
    И така... :D
    Имајте убав,весел ден.. исполнет со многу љубов и убави моменти.. :hug: :sun:
    Ојдее Дог да учи сега... :l:
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    На eliesaab, cheetah.girl, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Она кога китиш елка и ставаш неверојатно ружни, веќе избелени лампиони па можеби и малку изгребани само затоа што те потсетуваат на детството и твојата елка не би била твоја без нив. Ние имаме 10-тина такви....

    Да се пофалам дека елката ни блика, треба само уште гранчиња да земам за аранжмани и венец кој бестрашно сакам да го ставам на врата и да се надевам дека никој нема да ни го украде,

    И од сите кристмасни и новогодишни песни, оваа ми е фаворит од првиот момент кога ја слушнав. Ах Луи, Луи...

    http://www.youtube.com/watch?v=oxTSxQcCWLI
     
    На bittersweet, ludoto19, Buttterfly и 8 други им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Кога насекое напоменуваш дека не се замараш шо мислат другите за тебе уствари премногу се замараш шо мислат другите за тебе.
    Посветено :!:
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    prison orange it's not your color |(
     
  9. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Беше викенд на променливо расположение.Час се смеев , пеев , играв, бев позитивна, а другите 5 минути бев тажна, негативна, се карав , нервирав..Бев променлива баш како времето.
    Синоќа излегов како да ми е мака од животот, а се вратив полна позитивна енергија, и зарипнат глас. :lol:

    И повторно Недела. Дур да се свртам дојде 15. Половина месец летна. Што убави , што не баш убави денови.
    И денес денов никаков. Типично неделно попладне, пресно исчистена куќа, мајками сеуште се занимава со домашни обрвски, јас малку по малку учам, читам , запишувам, таткоми си кулира пред телевизор, сестрами со дечкото и кученцето на неделна прошетка и така изминува денот. Еве веќе мрак се спушта, а тек е 17 часот.
    Следува една напорна недела , многу тестови, испрашувања..Ми е мака некако од се и сешто психофизички сум опадната, омалаксана. Незнам зошто. Не е пмс. :^)

    Имајте убав ден. :*
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    најдов еден сајт потпишувам.орг за заштита на правата на жените и апликација на неколку јазици мегу кои и Македонскиот :) :)
    и треба сите ние припадничките на понежниот пол да се потпишеме :!:
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. girlonfire

    girlonfire Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    62
    Ќе раскажам една приказна која доста ме погоди и охрабри : Еднаш еден човек си велел Сакам да го промена светот , но е му успеало потоа велел сакам да ги сменам луѓето за да ме сакаат и на крајот решил да се смени самиот и така почнале да го сакат.
    Убави се позитивните промени за да бидеш и да се чуствуваш убаво не треба светот да го менуваш туку да се промениш на лесен начин самиот себе си и така само ќе го промениш светот.
    Вчера , денес се чуствувам прекрасно решив со мојот нов изглед да се сменам целосно и како личност да почнам да бидам позитивна и малку повеќе да ја пополнам самодовербата.
    Сега сфатв нешто во животот , дека кога се промениш на подобро и светот ти изгледа малку подобро.
    Убава еуфорија за нова година со мали пробелеми , но нема врска тоа , за кратко време ќе се надминат и тие и така нова година ќе дојде , а дедо мраз сеуште незнам дали ќе ми донесе некој подарок , останува само позитивно да чекам , а и не толку оптеретено само лагано и нормално да чекам и надевам.
     
    На plavusaaaaa, naughtygirl, vinozito1 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.196
    Пол:
    Женски
    Имам многу за читање во темава. :worried:

    Сепак, задоволна сум од себе, оздравев јеје! 8) Најбрзо до сега. Во петок се разболев, денес сум тип топ. :muscle:

    Ме питате што има ново? Направив куќичка! :wasntme: Конечно... куќичка на мачињата. :D Цел ден тоа правам. Од пладне најдов кутија, добро еве, со татко ми најдовме. :D Па ја лепевме, ја сечевме, ја кроевме и добивме убава колипка со покрив и вратиче, за мерак. Потоа дојде мојот ред, направив перниче од ткаенина, памук и ножнички - ништо повеќе 8) Ја наместив и ја изнесов надвор, а на покривот ставив уште едно ќебенце, за кога не им е ладно таму да се пружат. :lol: И сега се сите внатре и на топло, а јас сум ептен среќна и задоволна.

    Ми се пријаде колач. Има дома пита од јаболка, ама ете јас најпознатиот прибирливко од земјава и пошироко не јадам пита со јаболка. Не знам, сум спомнувала, не сакам никакво овојшје и зеленчук ако не е свежо, а она блуук, стопена јаболка, уфф, бљак!! :puke:
    Обично мајка ми одделува еден дел без јаболка само за мене, ама тој го изедов. :(

    Ете сега денес недела ко недела, сите комшивки доаѓаат дома и мајка ми или баба ми ќе речат:
    - Ее, ****** зема награда, ее чекај да видиш. ******!!!! Донеси дипломата!

    Ајде фрр, трчај горе-доле да носиш диплома, па награда па ова, па она.. [​IMG]

    Е, тоа е кај мене. Сега елката ќе ја редиме. [​IMG] Убавини!

    [​IMG]
     
    На LittlePinky и hermosa им се допаѓа ова.
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.309
    Допаѓања:
    92.128
    Пол:
    Женски
    Многу ми е криво кога мајка ми е нервозна и нерасположена заради други (блиски роднини).Ме ужасува тоа што ги делат работите.Па мајка ми и татко ми се едно што има да ги делите бе глупи луѓе.Тетка ми е болна и сестрите на тато го бараат само тато пред мама ништо не зборуваат .
    :fubar: Алоо мајками на за туѓинец ли ја сметате ??? Па на вашиот брат му е жена не има нас(мене и сестра ми) со него вашите внуки...
    Мајка ми е жена што никогаш никого не навредила ни па оговарала некој и затоа и е тешко се чуствува неубаво бидејќи не кажуваат што се случува пред неа ... Као демек тетка ми на неа не и е ништо па затоа не и е галје какво и е моменталното здравје . Абе ајдее бее глупости. :|
    Ако ми се тетки (најблиски роднини но таквите луѓе не ги сакам )
    Мајка ми додека ме има мене ветувам дека нема да дозволам да и потече ниедна солза за луѓе што невредат и луѓе што не ја ценат нејзината добрина !!!
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ако на некој му треба љубов, не треба да се затрча во првата прегратка на која ќе налета, макар била и погрешна...

    А, луѓето тоа постојано го прават. Им треба љубов, се залетуваат со некој под секоја цена и потоа патат и пропаѓаат.
    Секој ден гледам несреќни, незадоволни лица.
    Лица полни со грижи и јадови.

    Љубовта е многу повеќе од тоа. Ако сакаш да бидеш сакан - сакај. Не чекја другите да те сакаат.

    Ако сакаш љубов, имај ја. Имај љубов кон се околу тебе. Родителите, браќата, природата, домашните миленичиња, ѕвездите, дрвјата, облаците, луѓето...
    Шири ја љубовната енергија околу тебе, живеј во љубов, давај во љубов.
    Љубовта е чувство. Имај го во себе и шири го. Што повеќе ја пружаш, повеќе се зголемува. Не се намалува.
     
    На SparkyAngel, Ketrin.Moon, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  15. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    272
    Не си еднинствена,верувај.. Од вакви ситуации може да се извлече само едно:
     

    Прикачени фајлови:

    На LittlePinky, Viktorijaaa5, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ако си различен од сите останати околу тебе . Остани таков . Никогаш немој да се менуваш ! Колку и да се обидува некој да те убеди во спротивното.
     
  17. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Недела ко недела.
    Избањата,цела мирисам на ванила(God bless пилингот + кремата за тело од Авон),седнав да учам информатика,и нормално,си пуштив музиче. :wasntme:

    Следната недела цеееела со тестови и испрашувања,I'm gonna have to give the best of me...

    Хмм..информатика со Металика.

    Ај да идам да доучам :lol:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  18. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.093
    Пол:
    Женски
    Тој ден нејзиното безживотно тело се беше разубавило како цветна градина во пролет. Тој ден ни една ружа не и овена.
    Блескавата насмевка зрачеше самоувереност, задоволство.
    Таа беше со нејзинот, тој беше сам.
    Нејзинот се наведна приближувајќи и се , сосема незабележително и ја тргна косата зад увото и тивко и шепна да го покани господинот да танцуваат.
    Немаше храброст да зборува со непознатиот , се додека не почувствува блискост засега непозната за неа, чудна и необична. Пријатно и ласкаше секој негов гест.
    Тогаш за прв пат и ја стисна раката под сатенскиот чаршаф. Тогаш прв пат почувствува различна вознемиреност и треперење во градите, непријатен грч во стомакот штом нежно ја бакна за зборум на рамото, тајно од сите.
    На скалите така зачудена седеше извесно време, додека ненадејно не ја сепна буката од гужвата. Луѓето кои разговараа критички настроени излегуваа од салата.
    За момент се загледа во своите црвени потпетици. Високи, сексапилни и елегантни. Лакирани и затворени. Им се восхитуваше се додека до нив не се најде еден пар од класични црни, ретко облечени машки чевли.
    Тој со раката посегна кон нејзината, давајќи и до знаење дека е време да си одат. За последен пат се сврти со поглед барајќи го непознатиот. Тој за неа беше најпријатната глетка тој ден.



    Бескорисно е да глумиме ликови, да се преправаме дека ова е уште една драма од моето секојдневие.
    Тој е тој, јас сум јас, а ти си ти. А тој ден е денот кој цел живот ќе копнеам да го заборавам. Не е сеќавање кое ме радува.
    Најдобрите работи во животот се забранети, со причина.
    Неможам да те заборавам, сакам ама не можам.
     
    На EMoonlight и MacenceEna им се допаѓа ова.
  19. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Замислете дека постои банка која секое утро ја полни Вашата сметка со 86.400 евра.Ова се пари кое не се заржуваат до утре, можете слободно да ги трошите, а она што ќе остане, пропаѓа.Наредниот ден се случува истото.Штo би правеле во ваква ситоација? Се разбира, би ги користеле парите до последниот цент секој ден, зар не ?

    Добрата вест е дека секој од нас има ваква банка.Таа се нарекува – време.Секое утро ни дава 86.400 секунди живот во овој ден.Секоја вечер секундите кои не сме ги искористиле добро, се неповратно изгубени.Времето не дозволува пречекорување.Ако не успеете да го користите даденото време ја губите Вашата сметка.И нема враќање назад, нема планови за иднината...Научете да живеете секој момент, секој ден.Инвестирајте во денот така што ви се посветиле најмногу на здравје, среќа, успех, љубов!Часовникот отчукува.Извлечете најмногу од денот.

    Не ја знаете вредноста на времето?За да ја сфатите цената на една година, прашајте што мисли студент кој не успеал да дипломира.За да ја сфатите цената на еден месец, прашајте мајка која се бори за животот на предвреме роденото дете.За да ја сфатите цената на една недела, обратете се до уредникот на некој неделен весник.За да ја сфатите цената на еден час, прашајте двајца вљубени кои чекаат да се видат.За да ја сфатите цената на една минута, прашајте некој кој го испуштил возот.За да ја сфатите цената на една секунда, контактирајте со некој кој штотуку избегнал ужасна несреќа. Негувајте го го секој момент кој ви е даден.Споделете го со вашите најмили и не заборавајте – времето не чека никого!
     
    На machhe, bittersweet, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 16 други им се допаѓа ова.
  20. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    ЗА ЕДЕН МАЖ НАЈТЕШКИ СЕ ПРВИТЕ 40 ГОД ОД ДЕТСТВОТО !
    доволно .
     
    На XstrongerX, cheetah.girl и Dennings им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.