[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Дали луѓето би можеле да бидат подобри? Би можеле, но никој не сака прв да почне. Сите имаат лошо искуство.
     
  2. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.635
    Денот го почнувам со Amy Winehouse. Нема шанса да ми тргне наопаку. 8)
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    добро утро феминки и феминци :)
    за мене денес е посебен ден и мило ми е што го споделувам со вас, наполнив 17 годинии хехех :lol:
    Ви благодарам на сите кои ми го честитале и на сите кои ќе ми го честитаат :rofl:
    се чувтвувам убаво, расположена за многу изненадувања во текот на денов :inlove:
    среќнааа сум и Ве бакнувам ситеее :* :*
     
    На Barbie20, Elennaa, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. la-nina

    la-nina Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    27
    СДК дека на школо идам со автобус, и целиот месец ќе сум прва смена. И знаете што е ново, денеска е единствениот ден кој не сум трчала по автобусот. П.С. не сум трчала толку по момчиња како што сум трчала по автобус :$
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Има така некои жгуљави денови, пример како вчерашниот, не дека понеделник, али тиња ден беше у секоја смисла, кога наеднаш стануваш од кревет, и со самото подигнување автоматски се трансформираш у движечка несреќа. Кај и да отидеш, жариш и палиш, не као срцекршачка, него у буквална смисла...

    Приказната започнува со тоа што требаше да отидам до книжара да исфотокопирам некои материјали, и се`се одвиваше делумно добро, се додека не почна да се шири низ просторијата мириз на изгорено, запалено, чад, да станува топло... А тоа пустото, 2х2 метра, нема каде да се мрднеш. Почна човекот што работи да крева паника, готово ќе сме се запалеле, у воздух ќе се дигнела цела книжара, јас и останативе што бевме внатре стоиме како неартикулисани, нема каде да се мрднеме, отворија врата излегоа некои, мене ми се брза веќе каснам во школо, а имам за фотокопирање цела книга... Кога наеднаш, чекајте пријатели ситуација беше, осеќам нешто убер топло на ногата, почна да ми замирисува на запалено ептен околу мене, се вртам кога гледам гледам чизмата ми гори, се стопила позади цела, па и јас сум се залепила за калориферот што дувал. Верувале или не, не ни го приметив у просторијата, од што беше мал. :sweat:

    [​IMG]

    ...Ете така си останав без десна чизма на еден несреќен начин, значи наравоучение, гледајте до што стоите коа ќе влезете у тесна книжара, а особено ако сте поголем човек, па и со триста кеси, ташни на тебе - се јавува и друг проблем, боље не ни влегувајте...

    Вруќ ден прилично, а денеска предосеќам пост-понеделнички ќе биде, што значи излегувам надвор со скафандер.
     
    На Mermaid, bittersweet, Trnche и 22 други им се допаѓа ова.
  6. Hemera

    Hemera Нов член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Како можам сосила да се разболам?
     
  7. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, crazylady, Barbie20 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.869
    Пол:
    Женски
    Моментот кога во 4 часот наутро се вракаш дома со такси и при таа поспаност на радио ја слушаш Во светот на бајките. Во таа микро секунда ти се наврака во глава цело детство и возбудата кога со душа си чекал на телевизија да започне емисијата само затоа што си бил заљубен во единствениот принц за мене покојниот Игор Маџиров.

    Никогаш нема да заборавам како дете еднаш кога во лифт се возев со него. Пред мене како да стоеше Бред Пит ,е така се осекав. Понекогаш многу ми недостигаат таквите наивни и детски заљубувања и симпатии. Кога со чисто срце и душа очите ни светнуваа при погледот упатен према симпатијата. Кога се беше едноставно како 2+2 во љубовта. Кога верувавме во принцови и принцези и кога владеевме со нашите кралства...

    Како стареам сфакам колку се менувам.Колку секојдневието ни ја менува душата ,среката и радоста. Понекогаш се би дала барем на еден ден да сум дете.....

    http://www.youtube.com/watch?v=jrfiwOVAwGI
     
    На Monna.Monna, ludoto19, tigerlady и 24 други им се допаѓа ова.
  9. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    32.483
    Пол:
    Женски
    Чувството кога стануваш од спиење, односно те разбудило смеењето на брат ти и изгледаш како торнадо да те исфрлило. Во последно време ич неможам да се наспијам, се повеќе ми е потребен сон. Не за џабе рекле колку повеќе спиеш, повеќе ти се спие :)
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Никој друг неможеш да направиш толку голема будала,како што можеш самиот себе!!!
     
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Падна и кај мене првата петка за на полугодие, француски au revoir до второ полугодие, ајдеее... :rock:

    Значи стварно ако треба со еден збор да ја опишам неделава, тоа би било: хаос. :tmi:
    Права турлитава бе, од сите предмети по нешто. Верувале или не, мислам дека ќе почнат на тест по математика да ми текнуваат поими од биологија на пример. Море уште некој предмет ако почнам да учам, главата ќе почнам да си ја барам дали ми е на место. :D
    Сум го пополнила тоа календарчето за задачи на мобилниот со датуми за тестови и рокови за проекти, чиниш професионална агенда на некоја бизнисменка у фирма гледаш. :D

    А во вакви стресни периоди + прва смена сум жив доказ за оние смешките околу afternoon nap. :D
    Пред некој ден баш се треснувам у кревет директива после школо и ме барала една другарка, и сум ѝ викала дека баш сега сум се разбудила и се спремам за во школо, јаооо... :tmi:

    И после ќе ми викаат, абе по втора година боза е, зафрканција, даааа бе, сигурно. :nod:
    Причам ти причу за малу децу, што би рекла мајка ми. :rofl:
    Идам јас да си ја фатам дремката, ама обавезно исклучувам телефони да не се избрукам пак. :D
    Ај ариведерчи. :*
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, ludoto19, Antoninaaa и 12 други им се допаѓа ова.
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Додека бев пискул си замислував дека љубовта си тече онака како што е претставена во a lot like love.

    Тој да љуби повеќе, тој да љуби прв, тој да прави се, жртвува се, се дава себе си.
    Таа да е несвесно без чувства, таа несвесно да се занесува, таа да сака него да го научи да пие, таа да бега од него и од животната среќа.

    И заедно да се глупираат и глупираат до бескрај, како овие двајца тука:.
    И одеднаш од некаде ќе почне да ме жеже во градите. Токму кога ќе ми текне за судбината на неколку деца кои беа дел од приближно мојата генерација. И си приспомнувам за нив за кои што сеуште ми се тресе срцето. И сфаќам дека љубовта паѓа во вода кога живеам во немоќ и неправда која ја диктираат трети лица.

    Би било лудо да барам од нив да се смеат. Би сакала само да бидат силни.
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      15,5 KB
      Прегледи:
      582
    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      19,6 KB
      Прегледи:
      582
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Браковите засновани само на љубов никогаш не опстануваат.
    Клуб на чокохоличарки.
     
    На LittlePinky и XstrongerX им се допаѓа ова.
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Веќе не ги обвинувам луѓето кои ме разочаруваат,сега се обвинувам себеси што премногу очекував.
    Да драги мои јас сум сум будала :fubar:
    Доволно е само да ги набљудувам. Однесувањето на луѓето открива се за нив. Па, обично во големите работи луѓето се покажуваат онакви какви што би сакале да бидат. Во малите, тие се онакви какви што навистина се.
     
    На Thallia, stetoskop, LittlePinky и 3 други им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Пред извесно време, една од полиците во домашнава библиотека попушти и падна. За среќа бев во близина кога се случи тоа, па истрчав за да ги придржам стаклените вратнички, инаку ќе се испокршеа. Додека со татко ми ги вадевме книгите дел по дел, искоментирав дека не е ни чудо што паднала полицата, бидејќи книгите беа претешки. А татко ми: Ех, ќерко моја... Науката е тешка.

    Денес ја местевме полицата (откако најдовме поцврсти држачи), па татко ми ми вика: А што мислиш да ги ставиме украсниве кригли до книгите? И онака писателството отсекогаш било рака под рака со алкохолот. Или што би рекол Хемигвеј: “Write drunk; edit sober.”
    - Тато бе, па и јас пишувам, ама не пијам :wasntme:

    Туку, не знам дали постои покафеџиска нација од нашава!
    Ама не, не... ние не сме љубители на мирисот и вкусот на кафето, туку на она бадијалџење и неколкучасовно лигавење со шолјата во рака. Кога и да поминам на улица Македонија сред бел ден, кафичите се преполни. Па си викам: Добро бе, овие луѓе работат ли нешто? :^)
    Да викнеш некого за работа ќе те откачи, ама викни го на кафе и одма ќе дојде.
    А како што се погоди денов убав и сончев, ќе се испотепаат сите за видно место.
    Само стави наочарите и ич уво да не те боли! 8)
     
    На ilipili, bittersweet, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 22 други им се допаѓа ова.
  16. DelRey

    DelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    Господ нека ми е на помош овие две недели :x Писмени, испрашувања, тестовии..... :sweat: спобудалевме бре осет малце, како што велат кога еден професор неможе да предава повеќе предмети зошто нас не терате да учиме по 65456454 предмети на ден :doh:

    [​IMG]
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.732
    Пол:
    Женски
    Јадев...неколку денови само јадев .Го глодав фрижидерот,бравите од вратите ,наслоњачите на столиците...се изглодав.И еве сега не можам да јадам,ништо не ми се јаде.Се роди и еден таков ден и некоја нирвана,мозокот замолчува а плачењето без причина продолжува.Манијакалното расположение ме тресе ,како оние жени што плачат на гробишта сум.Плачам над сопствената судбина,па требало- не требало,па забегувам и свашта измислувам.Па почнуваат необјасниви бубулици да ми излегуваат,па прободувања по телото и натекувања.
    Некого го дрма предновогодишна еуфорија а мене само пмс-от ме дрма.[​IMG]
    *********************************************************************************
    Зимава оваа година нешто изгуби здив.За моиве вечно студени нозе и за сметката за струја ,благата зима е вистински дар.Ама не сум мирна.Се грижам за неа.Зошто се промени.Кај се оние снегови да не можеш да излезеш од врата,да го газиш под нозете да крца,правењето на снешко белчо да има смисла,да не им зарѓавуваат санките на децата.Како ќе има вода во лето и свежина ако сега нема снег.Зимата се променила?Решила да биде поинаква.Потонала во некое свое сивило па нема воља да ги покаже белите заби.Или остарела...изгубила сила...којзнае...и не е студено.Моите ледни коцки се постудени од неа.
    **********************************************************************************
    Знете што значи полна куќа со девојки?Од 14-22 години?И тоа 5 комада.Лудница луѓе лудница.Викендов бев ставена на тест може ли мојата климактерична маленкост да се избори со нивниот ентузијазам.А не,не се изборив.Културно се тргнав на страна.Времето си го поминав во кујна готвејки и миејки садови.Ама ако.Важно е дека на нив и беше убаво.Сакам да се сеќаваат на мене со насмевка,да знаат дека уживав во нивното друштво.Тоа ми е најважно.
     
    На ilipili, bittersweet, imelda и 10 други им се допаѓа ова.
  18. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Неверојатно е колку луѓето можат да бидат плитки и лесно читливи. Не заборавајте дека ги издавате вашите мислења за некого, додека зборувате за случајните минувачи на улица.
    Како најлесно да дознаеш што размислува другиот за тебе.. :)
    И преку глава од коментари за изгледот на некого. Таа сака да изгледа така? Тој, сака да носи скината јакна? Виновен е некој за брчките што ги накрцал на челото? :envy:
    Ах лицемерие...
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... тој дојде и сонце огреа, целиот свет мислам дека менува лик и боја, затоа што е толку добар и секогаш подготвен да ми помогне. Никогаш не ми се налутил и апсолутно секогаш е тука за мене, СЕ-КО-ГАШ.

    И по ладново и никакво време со тон други обврски дојде во оваа бетонска и гнасна џунгла да ми помогне, зашто буквално и по телефон чувствува колку сум преморена, измрцварена и нервозна, на раб на хистерија.

    И секогаш има решение и начин за сите проблеми. И никогаш не ме оставил на цедило.
    НИ-КО-ГАШ.

    Преку глава ми е да им појаснувам на луѓето како така и толку се дружиме и разбираме, кога тој ми е бивш дечко. Не го чувствувам така, пред се` тој е мој најдобар другар.

    И бескрајно благодарна сум што имам некого како Хуго, кој ја сфаќа мојата потреба од другар ми и начинот на кој функционирам со него.

    Мислам дека животот не можеше да биде пофер кон мене, што се однесува кон ова прашање.
    Среќна сум.
    :)
     
    На ilipili, Neytiri, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    СДК еве како изгледаат моите комшии ако го повишам тонот за што и да е, и да сум среќна и да сум тажна, тие се вакви! :fubar:
     

    Прикачени фајлови:

    • blackkitty.jpg
      blackkitty.jpg
      Големина на фајлот:
      4,1 KB
      Прегледи:
      403
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.