1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Ви ја кажувам желбата,зад прозорци што се движат,автобус кој води некаде,некаде во некој град кој излегува на море,со голем плоштад а на нему цветови навидум безброј,нијанси и бои мириси и сеќавања,онаму каде што би изнајмила мала соба со прозорец кон небото ,онаму каде што ниту јас ќе ги разбирам нив а ниту тие мене.Само површни погледи,за да не дојдат до слоевите на душата и таму да го видат оној бескраен сон кој би го преточила во зборови на некоја бледа хартија со избледено сиво пенкало напишана во девет часот наутро хартија која мириса на минато, цреши и цимет, а која пред да заминам би ја оставила на некоја случајна купа на која некогаш седеле оние кои се препознале по себе сонцето да ја избледи ветерот да ја однесе.Попладнињата би ги минувала јадејќи лиснато со сирење и ми се чини бескрајно долго би гледала во морската шир,би тонела длабоко,додека не го допрам она дно.
    Од локалниот пазар би си купила обетки со црвена боја и три прстени.
     
    На Mama25, Daydream, Monna.Monna и 12 други им се допаѓа ова.
  2. la-nina

    la-nina Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    27
    јади жив компир и ке качиш температура 8)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Срцево ми е скршено на 1000 парчиња. Кој влегол во мојот живот скршил еден дел од него.
    Се сомневам и дека останал некој дел со кој ќе можам да живеам и да сакам.
    Доста беше од луѓе кои на секој можен начин ме повредуваат.
    Редно е да сретнам некој кој барем малку ќе успее да ги залепи тие скршени парчиња и да ми ги излечи раните. Иако никогаш повторно нема да биде исто...
     
    На bittersweet, Primavera, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.198
    Кога ќе видам вог тава на обичен шпорет и сета таа нашетана аристократија која љуби индиска и тајландска кујна ми оди смеја така што сапуница почнува да ми излегува од нос.
    Веќе кога глумите дораспрашајте се како оди таа работа навистина...
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Денови, денови за мене и моите потреби!
    Дечко ми пишти преку мобилен се заборави во родниот крај, толку ли нема на кој да му се вратиш тука...
    Па види вака мили мој. - Преку глава ми дојде од миење садови по 3 пати на ден, од готвење, од факултет, од глупи муабети кои не ми се слушаат - а мораш, пошто е пауза и само шмркаш кафе, дишеш и ги пцуеш во себе и се прашуваш како воопшто се трпат самите себеси. :^) Небитно значи, не хејтам, рамнодушна сум бре, од толку флегма шо станав и восочна фигура, се чувствувам како светот да замрел, да застанал, а јас седам со топло кафе у рака и ги посматрам минувачите низ него. Главата како тарабука ми станува од се едни исти муабети и тие исти досадни личности, па мил мој не, не ми се иде таму, убаво ми е тука!
    Мајче топол ручек точо во 3 на маса, тарам, појадок лимонада цедена и свежо овошје во рака, вечера ракијче и винце со татко, мезе и филозофски муабети после неколку чашки, тоа ако не ме мрзе, а ако не, јас и винцето со сериите во топлото креветче со омиленото ми пит булче, кое веќе личи на право магаренце, кога ли само порасна толку, времето лета, како вчера да беше малото лигавко кое брадутката си ја капеше кога ќе скокаше од една скала.
    Абе уживам жими се, уживам, го живеам животот и сум радосна, правам работи кои мене ме прават радосна и ми цртаат искрена насмевка на лицето. :mm: Се будам наспана и спремна за нов ден. Си правам кафе - му се радувам. Надвор минус степени јас сум радосна оти ќе си го шетам кучето пошто знам како од радост ќе потскокнува и ќе му е убаво. Се радувам кога гледам серија пошто ниту еден проблем не ми е на ум, потполно им се препуштам. Му се радувам на чоколадото иако бутот скока до Драчево, ама му се радувам! Му се радувам и на пијаницава од комшија кој секој ден ми носе коски и џигер за кучето и мачето. Му се радувам и на неговата ќерка кога ќе дојде оти знае да ме насмее со нејзните детски глупости и пола саат да ме масира со масажерот. :lol: А сега посебно му се радувам на креветот и на дечко ми кој изгледа така безгрижно додека спие.
    .... е не се радувам шо мора у 7 да станам, е за тоа не се радувам.... :shake:
     
    На bittersweet, teddybear, mimiiiii и 20 други им се допаѓа ова.
  6. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.769
    Она кога се прибираш дома по цел ден натака-навака, конечно си сама со себе и можеш да ја тргнеш онаа лажна насмевка од лице и да престанеш да глумиш совршено среќна девојка, можеш слободно да ги пуштиш солзите да течат и на срцево да му олесни од цел ден притискање.
    Си влегуваш во соба, легнуваш во кревет кој е толку празен без него... Исто како и животов!
    И наместо да се обидеш одма да потонеш во сон и да не мислиш на ништо, мирно да си заспиеш... Пушташ песни, песни кои те потсеќаат на него, на вас и на се она кое сте го имале, на се она низ кое сте поминале... И уште толку се бедираш... И уште побетер ти е од претходно.
    Барем признаваш пред себе веќе кога несакаш или гордоста не ти дозволува да признаеш пред него. Си признаваш дека и покрај сите обиди неможеш да живееш без него, без неговата насмевка... Си признаваш дека единственото нешто кое ужасно ти е потребно е само ОН!
    И си викаш НЕКА ИДЕ СВЕ И СИТЕ У КУРАЦ, МИ ФАЛИИИИ!!!!!!!!!!!!!!! ... и солзите течат како река.

    А боли, проклето боли. Болат солзиве шо ми капат по лицево, али уште повеќе ме болат сите спомени, сите сеќавања и моменти шо моментално ми поминуваат низ глава.
    Сите тие мигови на невидена радост, насмевки на нашите лица, гушнати и среќни заедно...
    Уште повеќе ме боли тоа што за мене си незаменлив, единствен за кој што и да направам вреди!!!
    Боли тоа што со кого и да пробам да те споредам, испаѓаш подобар. Во СЕ!

    Аирлија нека ми е пола година без тебе!
    Само јас знам како издржав, како издржувам... Не постојат зборови со кои можам да опишам колку ми фалиш, колку само ми требаш... и што се би дала за пак да те гушнам, пак да те имам покрај себе!

    И оваа вечер солзите зборуваат.................................... !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
    На Izaabella и Barbie20 им се допаѓа ова.
  7. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    657
    Оргазам, чоколадо и топол туш на сабајле ... Тоа се тие три работи од кои ми причинуваат најголемо уживање... Има уште многу да не набројувам, Али деновиве сакам да си разгалам самата себе стварно ми треба иако е тешко изводливо со толку гужва околу мене а тек почнуваат празници, гости, иди ми дојди ми... Не ги сакам гужвите деновиве , Јас си сакам да се изгубам некаде со мм заедно сами да си поуживаме ко што треба :inlove:
     
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    36.152
    Пол:
    Женски
    Честита и вечна слава Св.Никола на сите православни христијани
     
    На Mama25, Moonstone.17, Izaabella и 7 други им се допаѓа ова.
  9. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Полека, полека, си одам нагоре по скалилата на животот и гледам некоја скала да не се скрши, зошто, некако многу ми изгледаат лабаво. Под мене гледам, цели 13 години! :o Ајде, во 7 јули, 14. :clap:
    Ехе, за мене сега 13 се многу! :?: Но, ќе видам, ќе одам, ќе се искачувам! Не ме плашат тие застарени и мувлосани скали! Ако животот е лабав, тогаш, јас ќе бидам силна,ќе ги победам другите и самата себе! Ќе ги осознаам!
    Несакам да бидам самосожалувачка, но навистина тешки моменти сум поминувала, а нема миг кога некое ѓубре ќе ми излезе пред мене и врз сeто тоа, уште тој ми фали! Да го скокнам, ќе се појави пак, па ајде, ќе го издржувам... а, да го залепам во минатото? Хмм... добра идеја... Епа, од сега натаму, ѓубрињата ги оставам во канта. :D
    [​IMG]
     
    На LittlePinky и Barbie20 им се допаѓа ова.
  11. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    сдк конечно онака целосно го запазив текстот на Горила од Бруно Марс и се запрепастив :D
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.196
    Пол:
    Женски
    Колку сум среќна кога ќе направам некој цртеж убав. 8) А потоа погледнувам околу мене и му се смешкам на хаосот. И тој ми се смешка. Не ми се смешка туку ми се кикоти. Ми вика:
    - Ај сега кога конечно заврши и сакаш да гледаш ТВ, среди ме!

    Велат дека вистинскиот сликар не се грижи ако се извалка со бои.
    Епа јас се грижам, не сум вистински сликар. :lol:
    О, не! Тоа е мојата омилена блуза. Како ќе ја исчистам дамката? :rofl: Не само мене, туку и масата и ѕидот ги извалкав. :D

    Ај доста со вакви работи. Чао! :hai:
    [​IMG]
     
    На Someonespecial и ana-girl им се допаѓа ова.
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... мене крајот во овој живот ќе ми го приредат луѓе со немање минимално чувство и осет за организација и логистика.

    Значи стварно. И нема да ми е гајле ако ручекот по дома си го прават лагано, со брзина на желка или летаргично местат кревет или се вртат збунети во круг околу најобично облекување на капут и ставање клучеви в џеб.
    Не ми е гајле какви им се навиките за сркање кафе или подгревање супа и дали се агилни во сексот, мислам се` што се однесува на приватноста и сопствениот живот, навистина не треба да не` тангира нивната брзина на спроведување на нештата.

    Ама ме тангира кога е во прашање работата која ја работиме. И кога зависиш од таков влечко, кого мува не го лази. Целите такви хаотични, изгубени и врв на се` - незаинтересирани. Абе уво не ги боли, ти моли се, викај до утре сабајле, они мислат дека чекорат по вода - „еве бе, сега бе, добро де, иде де“.

    Ниту е сега, ниту е добро, ниту иде, значи луѓево толку да се мрцини и желки, без чувства за другите, без осет, без грижа на совест, без осет за организација (ја немаат или се прават дека ја немаат, зашто така им одговара, тоа уште не сум открила)... па не е ни чудо што тонеме.

    Ете од такви, лагани легачи.

    Гнаси, мрцина, СТОКА народ!
     
    На bittersweet, Doozy, teddybear и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.439
    Пол:
    Женски
    Годинава не одам никаде.
    Ќе седам сама дома, замотана во 100 ќебиња и ќе чекам да ми дојде дремка за да заспијам и прескокнам делот околу честитањето зошто знам дека на него нема да му текне на мене и ќе заспијам со солзи..
    Лани ова време беше најсреќниот период во мојот живот. Си купувавме поклончиња, правевме планови, се боревме за да нашето остане секогаш посебно и неискварено, ама ете.. сега сме странци, сега се мразиме, сега можеме еден без друг... уствари тој без мене, зошто јас сум како детенце што трча трча и се сопнува на првата пречка. Мислев сум го заборавила, стварно мислев и искрено се надевав, ама срцево ми памти, не заборава кога чукало посилно и му доаѓало да излета од градиве од среќа, ете... не можеш да му наредиш.

    Многу ме боли и секој ден ми е буквално преживување, ама што е - тука е, зар не.. надеж немам, немам ни сила, стварно немам, немам ни љубов за некој друг, сите ми се некако одвратни и знам дека лажат, шансите се потрошија, едноставно не остана ништо.
    Силна сум пред другите како и да е, покажувам само рамнодушност, ама ѕидовиве во собава ми знаат колку болни крици слушнале, колку молитви за да биде подобро, колку разговори кои ги водам сама со себе во 3, 4 наутро.. кога не можам да заспијам и се сеќавам. Пола година помина, не можам да се оправам.. не знам ни дали има крај на ова.

    Со факсот гурам некако, редовноста како и секогаш најслаба страна, а и семинарскиве ми се проблем плус, ми тежат на грбов, ама и тоа ќе помине.

    Моиве дома се како штотуку заљубени, обожавам да ги гледам, обожавам и да им готвам на сите што ги сакам, ете тоа ми е новата љубов, почнав и да си ги искажувам мислите на парчиња хартија, некогаш олеснува.. мора да се преживее. Некако. Како и да е.

    Бидете ми сите добри, среќни, заљубени. Чувајте го тоа што го имате и сакајте го најдобро што можете.. За мене еднаш кажете им на вашите дечковци дека ги сакате, зошто јас кога го имав мојот не знаев да му кажам убаво. Никогаш. А, сега го немам, а така ми иде да му кажам дека сеуште го са... нема врска.

    :hug:
     
    На Trnche, L-enna, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Да би можел мирно да живеaм, морам да се навикнам на две работи:
    на лошото време и на човечката неправда.
    Ама не ми оди некако :!:
     
    На Mama25 и Hipster им се допаѓа ова.
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Ако не ги обереш праските... некој друг ќе ти ги обере. [​IMG]
    Исто како што мене вчера ми ги обраа праските.

    Собирам пари, од мојот роденден. Од 7ми септември. Поради одредени причини, 1.500 денари, ги понесов со мене во школо. И како да Ви кажам... на враќање во автобусот ми ги обраа праските. [​IMG] Некој ќе си се почасти за Нова година.

    Добра работа... слободната ми ја оставиле. [​IMG] Фала им, стварно. [​IMG] Стварно не очекував. Фала им, нема да треба да вадам нова слободна. [​IMG]

    А ги собирав од септември. Во школо ништо не си купував, за да соберам. Сакав да симнам некое килце, па да си купев фармерки, сакав да и` направам пакетче на сестра ми, за нели... и она да ми направи. Без разлика што јас имам 17 години, а она е 6 години постара. Ние уште сме дечиња-мечиња, што се радуваат на пакетче. [​IMG] Сакав... сакав многу работи.

    Уште една добра работа... со парите од роденденот, си купив само еден чешел за фенирање, од авон. Сестра ми ми вика: - Е сега, можеш слободно да се чешлаш. [​IMG] И уште една добра работа: од сабајлето си купив мастики, така што тој што ми ги обрал праските, е минус 25 денари. [​IMG]

    Татко ми ми рече дека парите не биле за во новчаник. [​IMG] Се чувале во џеб. [​IMG] А јас како што сум изветреана, уште секое сабјле да барам, во кои фармерки сум ги оставила. [​IMG] После ми рече дека сум требала да ставам шпенагли во новчаникот. Да бе, после јас да се избоцкам. [​IMG] Барем цела стапица за глувци да ставам подобро. [​IMG]

    Уште се сеќавам, како вчера да беше... кога баба ми се врати дома со рачка од ташна. [​IMG] Цела ташна и` ја откинале, само рачките и ги оставиле. Во автобус.

    А порано си викав... - Како е можно да не се примети кога некој ќе се обиде да те ограби?
    Еее.... можно е! [​IMG]

    И сега сум.... Паја остаде без јаја... [​IMG] Дај Боже тие што си се почастиле со „јајата“ за Нова година, да им дојде трипати повисока сметка за струја, месецов. [​IMG]

    Наравоучение: Парите се за трошење! Не се за чување. Оти може некој друг да ти здипли...

    Завчера добив една бандера без струја. Ама за среќа, за стара слава, не се спроведе струјата во дневникот. [​IMG] Вчера ме ограбија. Денес што треба да очекувам? [​IMG]
     
    На Lella, Doozy, sweet-cherry и 19 други им се допаѓа ова.
  17. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    Кога се бањаш пената од шампонот е бела, освен во Скопје, тука е кафеава.

    Ми се згади бе.
     
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.539
    Допаѓања:
    184.404
    Пол:
    Женски
    ..после него секој празник ми е помен... дел скршена душа оставам на тие денови...
    Мислев дека за Нова Година сакам да бидам дома... како лани, да плачам на секој телефонски повик зошто тој повеќе не се јавува прв... а сега веќе и воопшто...
    Не сакам да бидам дома... сакам луѓе и сакам насмевки... не пластични, не згужвани..туку од оние искрено-невини насмевки кои ти ја греат душата во овие ладни денови..
     
    На bittersweet, Barbie20 и Izaabella им се допаѓа ова.
  19. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.740
    Пол:
    Женски
    ...не можам да сфатам како може некои луѓе да те осудуваа? значи цело време си молчам, не сакам никого да повредам ама мислам дека се претерува.Не поминале низ истото за да ме осудуваат или исмејуваат.Па треба и осет да се има малку :!: Со такви зборови не се свесни колку можат да го повредат човека.Постојано омаложување,исмејување...а и непревземање ништо од страна на професорите :^) Морам постојано самата да се заштитувам,зашто најнормално сите те напаѓаат.И што треба јас да направам?Да почнувам да им кажувам се‘ до детали?Имаат семејство најважно е што ја имаат грижата од страна на нивните мајки, а јас што да им објаснувам?Како останав без мајка!? па до толку ... наместо да одам на школо,барем малку мислите да ми се оттргнат, тие ќе почнат да ме малтретираат :fubar: Но, најмногу нив ги жалам, зашто еден ден ќе осетат како е ...Се смеат на деца со Даунов синдром, :swear: добро свесни ли се дека еден ден може ќе им се врати?Криви им биле очите и ред такви коментари.Абе тоа дете не треба да се дели од другите деца, да се исмејува незнам зошто тоа не го разбираат |(

    Стварно треба да се превзема нешто од страна на училиштата,а најмногу сум револтирана од тоа што професорите се‘ ама баш се слушаат и ги гледат како се однесуваат децата на час и молчат.
    За жал така и ќе остане тоа во оваа наша милна македонија.


    Толку :|
     
    На Someonespecial, LittlePinky, anggell и 5 други им се допаѓа ова.
  20. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    32.483
    Пол:
    Женски
    Почнав да размислувам за глумењето...Во животот сите имаме моменти кога глумиме нешто,заради некој или заради ситуацијата...Но што е со врските дали ни е дозволено и таму да глумиме?Ако порано или подоцна на крај секогаш се откриваат сите мани и нашето вистинско јас,дали воопшто и треба да се трудиме да бидеме нешто што не сме?Дали за да не останеме сами навистина вреди таа жртва,да глумиш да бидеш личноста која тој сака да бидеш?

    I don't think so !
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.