1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    СДК Потребен ми е сон. :yawn:
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Топло чоколадо,па чај, па филм. МОЖЕ !!!!
     
  3. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Номинирав мои три омилени форумџивки..............па со среќа и на другите, мада не ми се верува дека ќе ги победите моиве омилени :lol: ...........шала на страна со среќа на сите кои ќе се најдат во потесен круг ;)
     
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Од елката моја ќутук само ќе остане до новата |( Барем да имав отворен камин, да се згрееме со неа, еден аир. Уште немам правосмукалка, чекам попусти. Позајмив една, мислам дека е таа првата измислена, нели вентилатор со перница, епа баш толку и собира. :D

    Еуфорија нема нешто. Освен што не плашат дека некоја бура ќе не фатила баш за празниците наредната недела. Како за прошлата бура, ааа ууу узбуна, не излегувајте од дома човеци ќе ве однесе ветер, е таа прошлата фати по Ла Манш и одвеја накај франција повеќе, за оваа ќе видиме. Шутарите ми се налегнати со цигли од прошлиот пат, добро што ме мрзеше да тргам циглите па сум ги оставила така. Јадење има, вино има, свеќи има...и долен веш :D . Спремна! За бурата де. Hit me with your best shot!
    Маж ми се туфка уште сега па он. Ако затворат аеродроми, ако паднале дрвја и затвориле пруги и патишта, што ако сестра му не ни стигне на гости за Божик? :o
    Туго туго, па кучево е поголемо од мене, ќе има мисирка за вечера една недела да јаде, сите божици во еден ќе му стигнат :wasntme:
     
    На Doozy, Moira, slavica999 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    44.398
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека овие испрашувањава и тестовиве ме убија -.- Значи деновиве се немам ич наспано,од 8часот станувам наутро за да учам упм :@ :@ :@ Наместо да бидеме 1ва смена кога имаме тестови,баш тогаш се паѓа 2ра смена и кога ќе начукаат 3тестови на ден?! Па кој бре се ќе научи за толку малку време...Некој ќе учи,очи ќе му излезат од читање,некој цела година ќе дреме и пак после иста оценка со некој/а неписмен/а смрдле/смрдла ќе има......ненормални,ме умреа веќе,се оболев од ова училиште-место да помага,ми одмага. -.-
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ако го погрешиш патот, можеш да се вратиш... Ако погрешиш со зборовите, не можеш...
     
    На Barbie20, Mama25 и Thallia им се допаѓа ова.
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Се вртам во некои глупави парадоксални кругови, понекогаш си мислам дека сум единствената на која ништо не и се сменило од лани ова време, а сепак сум чекор назад. Како е можно тоа не знам, најверојатно стоењето во едно место се смета за уназадување...oh wait, па тоа и е.
    Ама не е тоа тоа што ме плаши, туку фактот што се чувствувам дека лани сум била милион пати посреќна а не сум знаела, онака сум си кукала најверојатно како и сега, а догодина можно е да се повторувам. Да, од денешна гледна точка, огромен чекор назад сум направила и тоа за мене биле среќни времиња, а разликата е скоро минимална. И како да сум пуштила корени тука, на ова место, без мрдање.
    До времето ли е, ко божем лечи се, или натрупува обврски со кои забораваш што те мачи, ти накалемува проблеми поголеми од тогашните па си ги бараш назад очајно старите, или до животот е, што те дозакопува секој пат кога мислиш дека си на дното. Еднаш сакам времето да ме излечи со нешто поубаво од раната, а не да ме научи на лекција дека можело и полошо. Научив веќе, аман!
    Што сака нека биде, во новата сакам да не гледам назад со тага и носталгија, туку да ми биде мило што нешто се променило. И да престанат да ми се вртат во круг некои работи, не сакам веќе кругови, не сакам минати работи, сакам се ново. Рутините се резервирани за вработени луѓе и мајки, не за луѓе како мене, не сакам такви работи да ми станат рутински.
     
    На bittersweet, Barbie20, sparklie и 7 други им се допаѓа ова.
  8. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Дојдов до степен да немам време ни за себе а па тек да помислам некаде да одам да се релаксирам малку.Вчера во најбрз можен рок се потрудив да стигнам на закажано за нокти,па добро е што една другарка беше во близина и дојде да ми прави друштво.Ако не се видиме така незнам веќе како.
    Ова работава навистина напорна...и со него почнав ретко да се глед/ам па само се буни.
    А не сфаќа дека сум уморна,психички,физички.И последно нешто на што помислувам е да се моткам кај него и да се досадувам мазејќи се.
    Повеќе би сакала дома да одморам.и онака еве кај сме има кога да се видиме...
    А,и си ги повлекувам сите зборови кажани од типот...Јас кога ќе се вработам ќе биде вака или онака...
    Ништо не е како што сум планирала...пари до 15 а после свиркај си...И на работа се сменија многу работи,веќе ништо не е исто.
    Криво ми е за времето кое можев да го поминувам со другарките,шетакќи и пиејќи кафенце.Ми фали тоа...многу...
    Пред некој ден спиев во друг град...во непознато место за мене.
    Причина...за мене позната за сите други не. :D :wasntme:
    Целиот ден можам да го сведам само во еден збор...совршено...
    Ден за паметење.Никогаш не го заборавам...
     
    На Adi888, Barbie20, Mama25 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Новогодишно расположение-до максимум. :D
    Во желба што поскоро да се ослободам од чик литературава,и да прочитам нешто асално за распустов што следи,се заташкав со чокохоличарката баш кога се спрема за нејзиниот јаден чоколаден Божиќ,и Нова Година нели.
    Музиче,on.Негативци-off.
    И така,си ја чекам елката нова да ми стигне,да се израдувам и јас ко човек.
    И да видам дали има доволно лампиончиња. :?:
     
    На Lella и LittlePinky им се допаѓа ова.
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    36.152
    Пол:
    Женски
    Не е битно кој седи до вас,туку кој ќе застане до вас во животот :)
     
    На Barbie20 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  11. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Сакам да сум добро, онака како што се претставувам пред другите.
    Периодов се повеќе тонам во сопствените грижи, проблеми им нема крај. Преку глава ми е од работиве што ми се испослучуваа последниов месец дена. А немам со кој да направам искраен муабет. Каков крај на фамозната 2013! Кога мислам дека се се средило оп Марфи ќе дојде да ме потсети, и да ги пререди коцките. :tmi:
    Него друго ми беше муабетот деновиве незнам што ми стана дали пмс синдром, незнаете колку ми се пријаде ма криза ме фати за Штипска пастрамајлија. И никаде низ Скопјево неможев да најдам да си купам. Се замислив и си викам: "Како тоа во Скопје има Лесковачка скара а нема Штипска Пастрамајлија!?" Срамота!

    Леле, и да што е со аутфитов на Ивона? Неможев а да не приметам додека вртев по програмите :lol:
    [​IMG]
     
    На Barbie20, leighton23, anggell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Фала Богу и се гледа крајот на годината која беше полоша дури и од 2010та.

    Секој еден ден. Секој ден од оваа година беше скапан. Немаше еден ден да беше среќен.
    Цела година беше една огромна бедотија. Ништо убаво не се случи.
    Еве си го враќам филмот. Да, ништо не се деси. Доволно беа само јануари, март, јуни, август, септември и декември. А за другите месеци, па да не праам муабет.

    Имам неколку одлуки кои ги донесов, свевремено мислев дека си стојам цврсто зад нив. Ама тоа се додека немав неколку промили коњак во мене.
    Ај, тие ќе ги решиме. Него со овие големите одлуки шо прајме?
    Тежок живот девојки. Годинава го направи уште потежок.
    Многу гомнарии се ова. Многу сум млада за вакви гомнарии. А осум години не се престанати гомнариите.
    До кога ќе се тера вака јас не знам.
     
    На Oxymoron, Barbie20, sweet-cherry и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Како јас да сум го напишала.Ајде ќе влеземе во 2014 со поголема надеж,ќе тргне некогаш,секако неможе да тонеш бесконечно.
    Don't give up :)
     
    На LittlePinky и QueenElena им се допаѓа ова.
  14. didicool

    didicool Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    85
    Замрзнав додека си дојдов дома, не си ги чувствував рацете, лицето и останатите делови на телото и комшијата ми ја затвори врата од лифтот пред нос (морав да мрзнам уште толку)... се надевам дека набрзо и јас ќе му вратам исто, ако не и полошо, скапано стариште!
     
  15. girlonfire

    girlonfire Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    62
    Колку повеќе читаш , сфакаш дека се помалку знаеш за светот.
    Колку повеќе животни приказни осознаваш , толку повеќе сфачаш дека имаш нешто повеќе од некого што нема ништо
    Една тажна или пак среќна нечија приказна те учи во животот што треба да вреднуваш. И токму денес кога прочитав една премногу тажна приказна на интернет , сфатив многу работи , во животот има некој што нема ни трошка од она што го имам јас. Што станувам и легнувам во топол кревет е една голема причина зошто имам барем малку повеќе од некого што го нема и тоа. Не дека од порано не сум го знаела тоа , но ете денес му дадов едно посебно значење на таа вредност.
    Никогаш не треба во животот да се жалиш и како кукавицада кикаш над некого да велиш “Несреќна сум , немам ништо!“ Е пред да ја кажеш оваа реченица потсети се дка имаш некој на кого можеш да ми кажеш се , да му кажеш дека си несреќна во случајот , дека некој цел живот не знаат што е другарство , потсети се дека имаш двајца родители и дека живееш пот кров на главата , а не шеташ по улуците како питачка и се молиш за корка леб , биди среќен што дома ја имаш таа корка. И најважно од се кога ќе седнеш да учиш и ќе кажеш “Не учам!“ , е тогаш потсети се дека имаж родиели кои можат да ти овозможат да се школуваш , а некој кој сака тоа не му е пружено.
    Е тоа е животот , за некого е мајка , за некој маќеа!
    Но животот е борба и во секој момент ти поставува пречки кои треба да ги совладаш , зошто ако не се соочиш со пречникот , никогаш нема да научиш како се живее. Само ќе стоиш во место и ќе велеш “неможам“ , а времето ќе тече , ти ќе стоиш и кога ќе дојде крајото , зошто крајот го краси делото , ти најпрво ќе немаш спомени а во едно и ќе немаш живот, зошто не си се борел со него.
    И сега кога доаѓа крајот секој стимулира што направил таа година , какви спомени му оставила , но сака да направи уште нешто за оваа година , си вели “Доаѓа крај јас сакам да направам уште нешто но немам време!
    Луѓе , не заборавајте ова не е вистински крај , оваа е еден крај на една година , а истовремено и почеток на друга. Затоа имате го почеток пред себе и размислејте како ќе се борите во животот за нештата кои ги сакате. Сега на крајото можете да поужвате во оваа убава еуфорија , можеби и така нешто ќе добиете уживајќи , сепак се борите за да бидете среќни и тоа е нешто.
    Сега сме на врвотот на елкаљта , брзо ќе се спуштете од неа , но размислувајте со какви лампиони ќе ја накитете другата година , дали ќе остане само едно обично зелено дрво иле ќе биде со разнобојни лампиони. Трудете се да биде накитена со црвени повеќе , црвеното е симбол на љубовта , а тоа е најважно.
    И за крај најдобро е да го послушам советот што го давам на друг и јас да почнам да работам.
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    СДК „Експлодирав“ од нервоза, може да се каже дека имав нервен слом. :rofl: Но, сега се чувствувам одлично.
     
  17. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Најголемите задоволства во животот ни доаѓаат како на тацна во форма на ситни и едноставни задоволства, но ние сме во луда трка во потрага по нешто непознато големо, така што комплетно забораваме на едноставните, а сепак најпријатните моменти во животот.
     
    На Barbie20, AnaKarenina и DigY им се допаѓа ова.
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Уште еден колоквиум остана :devil:
     
  19. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    Незнам каде да го поставам прашањево па затоа овде ајде кратко е мислам дека нема да направи проблем дали ,,Завет,, од гане Тодоровски, ,,жетварите од Венко Марковси и ,,Везилка,, од Блаже Конески спаѓаат во современа македонска поезија? :) Ви благодарам однапред
     
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Денес смрзнав, значи поштено ИЗ-МРЗ-НАВ! Олку ладно не ми било не памтам од кога. Таман се порадував дека нема да видиме вистинска зима годинава, ме дочекаа -3489754 степени утрово. Мислам дека во пингвин се претворив стругајќи го ледот на колата во 7 сабајле едно добри 15 минути.

    Мразам луѓе што се жалат, а уште повеќе мразам јас да се жалам, ама морам. Периодов ми е напорен, пренапорен. Глава не можам да дигнам од работа, окапувам до 6-7 секој ден, затрупана сум и со работа што не е моја, а морам да ја вршам, зошто колешката ми е на породилно и веќе стварно немам ниту сила, ниту нерви, ниту ништо. Ми требаат добри 4-5 дена на планина да се оправам, да се регенерирам, да се реставрирам :D Утре и задутре ме чекаат слави на кои не можам да не одам, а како да им објаснам дека едноставно сила немам и дека по цел ден сонувам само да дојдам дома, да се избањам во топла бања, да стоплам коски, да облечам пижами и да се бутнам во кревет? Како?

    Значи, работата е следна. Се трудиш, го даваш максимумот од тебе, значи врвот што ниту сам не си бил свесен дека можеш да го постигнеш. И бидејќи си го постигнал врвот, си го дал максимумот, следно од тебе се очекува уште повеќе. Повеќе и повеќе и само повеќе.

    Некогаш си замислувам како ги фрлам во воздух сите листови, документи и фајли во воздух, онака филмски, и излегувам од канцеларија без да се свртам назад. И никогаш веќе не се враќам. Ама претходно да сум фатила лото, за да имам од што да живеам :rofl: Жими се', некогаш ми иде се' да фрлам, се' да баталам и да не се свртам веќе назад. Ама пуст живот, пусти пари, пуста живеачка, мора да се трпи.

    Обично не се жалам од работата, стварно си ја сакам, ама што е многу - многу е. Не знам за вас, ама Секси ќе одмара и во петок и во понеделник, зошто во спротивно, можно е душа да испушти кај и да е :D Ма од кревет нема да станам бре! Ајде, само уште утре, само уште утре...
     
    На bittersweet, tinkerbelll, anuskaNESTLE и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.