[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Маалски мангупи, улични мангупи, мангупи во кафичот, мангупи од тоа село...
    Мангупи...ги има на секој ќош...

    Дома живеат во поприличен хаос, немаат некое образование, немаат работа, или трчаат по некои невладини, пијат протеини и билдаат мускули, носат маици како за петтоодделенци, не се сложуваат со домашните...
    Немаат некој речник...знаат да пцујат...
    Тргаат на цигарето со сласт...
    Ако се пијани знаат да кажат нешто плус...
    Секогаш имаат најнов мобилен...
    И немаат ништо друго...

    Освен! Еден куп женски околу нив. Најособени ми се тие навечер по дискотеките и кафичите.
    Уживаат да бидат во нивно друштво, обожаваат ако се поздрават, охохоо ако се сликаат...а, десетка е ако се тагираат.
    Па знаете вие која чест е да сте во близина на мангупот !!!???

    И се чудам...се чудам на тие умови, на тие девојки (посебно на оние за кои сум мислела дека се нормални и дека им работи мозокот) што толку паѓаат и се притресуваат околу овие мангупи ???

    Но, потоа кога некоја завршува со некој таков, и бидува малтретирана, изневерувама, и сл., тогаш веќе не се чудам. Никој не им е крив.
     
    На Hipica, Barbie20 и poenta им се допаѓа ова.
  2. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Не знам за што повеќе се радувам. За тоа што си купив нов мобилен (без да чекам попусти и истек на договор блааа блааа блааа) или пак затоа што можам да си приуштам задоволство и да не чекам од НИКОГО ништо ... :) :) :)
     
  3. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Tи благодарам, те чекам на слатки :*
     
  4. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    Пипл ми треба итно некој што се разбира во македонски јазик поточно во версификација,ритмичка стапка и тако тоа, т.е. ми треба некој од прва година да ме потсети

    Ако се појави таков јунак на мајка во ЛП одма нека ми пише

    Незнаев кај да го сместам мислењево па таа задача ќе ја имаат модераторите
     
  5. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Денес ни е куќна слава,меѓу четири ѕидови домашно приготвени јадења,колачиња,чај, вино,најблиските роднини и пријатели го сакам овој ден.Ги сакам топлите прегратки и насмевки на луѓето.
    Среќна слава.И именден.

    Јас сум тука.Но никогаш целосно, секогаш еден дел од мене е оттргнат.Фали.И не сакам да се врати го подарив.Во облик на мала црна кутија во која си сместив сите ѕвезди од моето срце,безброј измешани бои,кога во мракот би ја отворила чудесно би светеле.Како безброј авиони кои го бојат небеото,пркосејќи им на тмурните облаци.

    Кога животот ќе те пушти во лавиринт во кој владее мракот,го допираш дното.Некоја невидлива бездна во која тонеш,ти се чини дека крајот не доаѓа,а повикан е.Бараш светлина во мракот.Пробуваш да направиш дом од своето тело.Го криеш погледот ги негуваш сонишита.Лоша среќа.Јас ја нарекувам темнина.Можеби тажните ги сака среќата.Можеби...Сигурна сум среќата ја носи некој спор поштар.

    Љубовта и среќата треба да си го најдат патот кон дома.Да не се загубат,некаде попат.Во маглата.
    Ми треба чудо.
    И надеж .
    Ми треба полна дланка убавини.
    Ми требаат соништа да си ги будам деновите и заспивам ноќите.
     
    На ilipili, machhe, kala21 и 24 други им се допаѓа ова.
  6. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе,волку магла,смог прв пат во мојот живот гледам. :x
    Се вратив од школо пред 1 саат и стварно прст пред око не се гледаше,ама во буквална смисла.
    Освен тоа,не е можно нормално да дишиш и искрено гас маска ќе си купам. :D
    Страшно е тоа што се случува,поточно тоа што ние го правиме. :x
     
    На Lella и Dog-lover им се допаѓа ова.
  7. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
    Нека ни е вечна славата, исто и на тие што чекаат слава и име.
    Исто така нека му е и вечно името на братми. Да е жив и здрав! :inlove: :*
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Нека ни е Среќен празникот,славата на сите што слават и именденот. :)

    Многу е ладно,многу ми е ладно,не можам да се стоплам... не можам да се помрднам.Вчера си бев на слава,денес не отидов,одмарам од јадење :) :lol:
    Имајте убава вечер :*
     
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Извинете на израз ,ама преку ... ми е од работава.

    Стрес , стрес и онли стрес.И лајно колешка :puke: , простете на израз.
    А јас сонувам некоја отмена бања, сауна и така некое поинтимно базенче, па да си се спружам на тоа лежалките колку што си сум долга и широка.Нек пукну душмани.....
    Слушалки во уво , INXS, MB BOX 20 DEPECHE MODE и некое книжуле од скромнава библиотека и на се да кажам ХАСТА ЛА ВИСТА барем на некој ден.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Среќна слава...именден.За многу години нека им е на сите што слават. :clap:
    Инаку надвор е премногу студено никаде не се оди.Ќе ја пропуштам славата вечерва,бидејки навистина од дома не ми се мрда. |-)
     
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    :!:
     

    Прикачени фајлови:

    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Колку е убаво чувството кога ќе се разбудиш од дневна дремка и ќе се најадеш и седнеш на фемина, немаш ништо за учење, си пуштеш некоја добра песнаа и уживаш.

    Заслужено, морам да кажам. :)

    Добар ден денеска, освен фактот дека утре треба да одам на болница за да ми проверат крв (од вена), добро утре нека е лош ден. Денес е најдобар... :rofl:
     
    На Ketrin.Moon, Hipica, lana.del-rey и 3 други им се допаѓа ова.
  13. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Колку добро бев расположена...И за момент, пуф! Ништо. Нула. :@
     
  14. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Што се нервозираш сега Еленче? :D

    речник: нервозираш=нервираш :wasntme:
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Колку е само се променето.Светот е променет.Никако не можам да го разберам моето друштво.Со сите се дружам, ама не можам да поверувам во едно нешто.Денес поважно е со кого ќе излезеш во сабота,дали е тој познат или не,дали ќе се сликаш со него и дали сликата ќе оди на фб,колку лајкови ќе имаш... :@ Како може тоа да ги интересира,м?? Никогаш нема да слушнеш како разговараат за некоја книга,за некој подобар филм... На 3/4 од децата што ги знам последна книга им е Зоки Поки. Нека земат да се убијат.Ако кажеш дека ги имаш прочитано соте лектири за распустот и плус уште некоја книга на англиски тогаш те прават будала.Ти си мрднат,ненормален,будала |( Јас сум најсреќна што не сум таква.Имам предобри родители кои ме воспитале на најдобар можен начин како што можам да видам. Сакам само истите овие кога ќе пораснат да видам што ќе прават.Тогаш нема да им бараат колку лајкови на фб имаат.Нема да знаат работи од општа култура.Нема да можат две реченици да поврзат.Не ми се верува кој ќе биде нашата иднина...
     
    На Hipica и LittlePinky им се допаѓа ова.
  16. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Како е светов одвратен станат. Сите се променети, не почитуваат правила, се понашаат како сељаци...
    Се возам денес во автобус и влезе млада бремена девојка и праша една помлада (а морам да напоменам дека вторава седеше на седиштето за стари луѓе, бремени жени и сл.) дали може таму да седне. Еве го разговорот:
    Бремената жена: Се извинувам, може да седнам?
    Таа што седи: Не, уште долго ќе се возам, а и плус јас прва си седнав тука.
    Кога и пуштив еден остар поглед на таа што седи. Така некако ме изнервира во моментот. Јас требаше да искочам на следната станица и еве го разговорот помеѓу мене и бремената жена:
    Јас: Еве повелете седнете, јас и онака треба да се симнам сега.
    Трудницата: Ти благодарам многу, многу. Жената и ме гушна дури. :hug:
    Се свртев спрема таа безобразната и вака и кажав:
    Не е во ред тоа што го направи, зошто и тебе еден ден така ќе ти се врати, па ќе видиш како е кога никој ќе не сака да ти стане.
    И тука безобразнава се подзамисли, а јас среќна си искочив од автобусот, зошто направив добро дело. ^_^
     
    На cresa-jagoda, sweet-cherry, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера вечерта мислам дека бев дел од филм :D :D
    со сопартијката ај да се видиме-да прошетаме малку одамна не сме се виделе и ме сретна еден од тие прокоментира нешто ама јас не слушам не гледам и по обичај не зборувам-да вратам
    леле кога почнаа да зиркаат машки глави од долу а ние бевме горе на кат седнати да јадеме после тоа на патот за накај дома групи почнаа да се појавуваат-по 3ца 4 ца дечки и така цел пат а нај интересно беше делчето јас и она цел пат се смееме поминуваме во магла-пошто се беше толку замаглено во еден од премините прст пред око не се гледаше и јас со сиот памет почнав да си пеам-ама од каде да знам дека и таму ке дојдат :fubar: :fubar: и мислам дека беше духче што помина со својот автомобил-да ме види и да го нема-требаше да сликам и да снимам :D ненормални луге тоа се вика :x
     
  19. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Уф, оваа магла низ Скопјево, прст пред око не се гледа. Ама ќе си замине и таа брзо, како што брзо си минат деновиве :D
    Утре е петок, кој брзо ќе си замине, викеднот ќе трае помалку од секудна, а пак следната недела нема ни да ја осетиме, така да кога гледаш утре нова година :wasntme:
    -Туку, среќна слава и именден на сите оние кои слават :)
    Ајде и едно уф за учењево :lol: Ќе истрпиме уште една недела поолна со тестови и испрашувања, ама затоа после ќе следи одмор, па да здивнеме малку 8)
    Деновиве многу се изнарвирав за класот. Само издаваат за нешто, и после не бев јас бе :fubar: Еве денеска, англиски читавме некој текст, и сега се засмеавме за една смешка, и една другарка многу се смееше и наставничката ја скорна пред табла. Наставничката си прашува, другаркава си одговара, и фино лепо и јас сум се смеела со неа. Добро признавам дека се смеев, али не цело време, малку се насмеав за смешката и потоа си внимавав, а таа уште си продолжи. И после ја прашувам зошто така рече и ми вика па само ли јас да настрадам ? Добро сега во право е, али нека внимава на последиците кои можат да се случат, не е мало дете па да и излета од устата туту така тоа. Веќе осум години сме заедно и уште не се научивме на ред дека не треба да си се издаваме едни за други, туту дека треба да си помагаме :|
    Има и уште многу вакви примери, ама ако сите ги пишувам, времето ќе си летне брзо, а јас немам толку време на располагање засега, следен пат и тоа ќе ви кажам :$
    Махидевранка бјежи, оди да си повтори француски :hai:
    Добра ви ноќ ! :hug:
     
    На Someonespecial, Golden, Papillon.Papi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    СДК прва ноќ со моето прво кутре! :inlove: Пресрќна сууууууууууууууууууумммммммммммммм!!!!!! :rock: :rock: :rock: :inlove: :inlove: :inlove: :rofl:
    [​IMG]
    Феликс ве поздравува ситееее! :hai:
     
    На Divinebutterfly, Golden, Moonstone.17 и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.