[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    13.286
    Пол:
    Женски
    Дојде, подзастана троа и си отиде. Толку од фамозната вечер.
    Јас убаво си поминав, бев со моите најсакани.
    СРЕЌНА НОВА ГОДИНА девојчици. И умни да бидете за да не дојде крај на свет :)
     
    На martinuska и L-enna им се допаѓа ова.
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Kaј сте бе феминци?Од лани не сме се читнале :D ја арна а вие?хехехе да ви се врати дупло се што посакавте низ темите и со повеке памет годинава(знам дека повеке пати кажав али таа е)
    Комшиите се како мали дечиња со тие петарди а да ги видеш ке речеш колкави магариња се овие а со петарди си играат. :D
    Тој ми се јавиииииииииииииииии :$ а јас веке во полу сон едвај се разбрав со него.Посакувам да го искршам од гушкање.
    Почнаа да ми честитаат и пред полнок ама важен е гестот.
    Како започна годината така и јас започнувам да сфакам некои работи.
    И нека извинат оние на кои им немам честитано НГ немам кредит,финансиите ме убија, еле сакаме да славиме нова година со длабок џеб па за основни потреби не остануваат :D
    Љубовта ме опи синока,ме опи и пијалакот кој го имав во рака,убав коктел кој ме части згодниот келнер во една дискотека :D А за возврат си доби еден бакнеж во образ,повеке ништо нема да добие.Скромна сум знам.
    Јас се оставив зад себе и почнав нов живот како што си ветив.Оние кои ме повредија останаа во 2011 година.

    И шо да ви кажам друго.Срекна Нова Година,и многу здравје радост срека љубов и пари.Повелете на баклава,торта,костени,лешнници и алкохолни и безалкохолни пијалаци.
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Јас нова година си ја поминав на плоштад со моето срценце..Студеше но мене ми беше топло во неговата прегратка.Кога сите го гледаа огнометот во 00:00 ние си се бакнувавме,тој беше тој што ми ја честита прв нова година и пресреќна си сумм!После 00:00 си заминавме дома т.е кај него дома си поседавме со неговите и после ме однесе до дома и толку :)
    Среќна нова година феминки!Многу успеси,здравје,среќа и ЉУБОВ :) (оти тоа е најважно :!: )
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    Го имавв најубајооо помин ееверррррррр ин мај лајфф. :D
    Уште не можам да си ги излечам нозете, не си ги осеќам ич, се ме боли.
    Играње се до зоре :P . НЕЗАБОРАВНО.
    Падна и по некоја симпатија, уфф прејако беше :$ :P
    Бидете најсреќни феминки, нека новата 2012 ви донесе здравје пред се, среќа, љубов.
    Среќна нова година. :party:
     
  5. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Добар почеток на 2012.
    Едно станување ме чекаше пакетче под елката. Колкава сум толкава, јас се радувам ко мало дете. Ја љубам мајка ми што ми украде широка насмевка и една топла прегратка.

    Патем нека ви е среќна новата година. Ви посакувам се најубаво во неа. Многу љубов, здравје и среќа. И сето она што го немавте или неможевте да го постигнете во 2011 направете го во 2012. Не е крај на свет.
     
    На JuLleE, crazylady, anneyy и 3 други им се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    малку подоцна почна журката,бевме кај него, поседавме па повторно се вративме(подобра идеја отколку да се мрзнеме пред портата :) и супер беше, се изнаиграв, а тој беше до мене, онака заштитнички настроен,гушкања, мазење-пазење :angel: ко некој да ке ме грабне, мамичка му објасни и тој свати, а додека мајка му ме мереше од глава до пети, бре бре, леле каква си(мојата кроки идна-не дај боже) а кога тој ми спомна свекрвати мислев дека еден :punch: ке добие, ама ај нели нова Година па :)
    Феминки драги имајте срекна нова година, се најубаво, сите желби да ви се исполнат
    со нови сили за нови победи
    промените кон подобро се надевам може да започнат
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Среќна нова година феминки!!!! :clap:

    Надвор не знам зошто, ама нетипични за јануари, е прекрасен ден. Сонце, сино небо, боите некако оживеале... Како да решило времето да ни даде причина плус за уживање. :D Ако не ми паѓаа очите за спиење и не ме болеше главата од купот книги, би седнала некаде, во некој парк, завиткана со шалче и би уживала. Оноа, впивање на позитива. 8)

    Сега сармата дома не ми бега, ме чекаат сите за ручек, ме чекаат да ги видам баба и деде, а на крај, охохо, како ме чека креветот! :D

    Уживајте сите. :wasntme:
     
  8. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    И оваа година под елката ме чекаше едно пакетче од баба и дедо ^_^ .
    Дедо ми викал да ми дадат пари, баба ми викала дека и јас сум дете како и другите и дека треба и на мене да ми дадат пакетче :lol: .
    Сега го отворив го расчепкав и видов дури и честитка има внатре :lol:

    They made my day :rock:
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Почетокот на новава година не може да биде поубав!
    Утрово ме пречекаа еден куп пораки на мобилен, со искрени желби за успешна година исполнета со здравје, љубов и бериќет. Си се смешкав под јорганче додека ги читав и им посакав двојно поубава година од минатата.
    Понуда за брак на 01.01., нова снаа во нашата фамилија. :)
    А татко ми како најстар, по цел ден пречекува и испраќа гости.
    Најубави ми се овие моменти од годината. Голем фамилијарен ручек, смеење до солзи и добро расположение до небо и назад.
    Убаво започна оваа година, нека продолжи со такво темпо. :)
    [​IMG]
     
    На kate21, la-chicka, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  10. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.700
    Допаѓања:
    8.657
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам баш сега најде телефонов да ми снема кредит. :devil:
     
  11. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    помина и тоа чудо. мене ми беше убаво.
    посебно ме израдува повикот на една мила Феминка да ми честита. :)
    Среќна Нова Година! :party:



    [​IMG]
     
    На Magnolija и anneyy им се допаѓа ова.
  12. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    СДК се утепав од мрчорење за Нова Година, но сепак си поминав убаво. Благодарности до моите другарчиња :*
     
    На anneyy и starbucks им се допаѓа ова.
  13. Bunny05

    Bunny05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    124
    Немам сила а ни желба за славење на втора вечер. Вчера сум се изнаиграла ми се чини за цела година :rofl: Ептен весела вечер.Денес сакам само да лежам во топлото ми креветче и да пијам топло чајче од нане,тешко некој да ме примами да излезам. На вас феминки среќна нова година,нека ни донесе оваа година повеќе радости а помалку нервози :) И секако да ни се множат постовите на фемина.
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Глупо ми е да кажувам како се испијанив, и сл. Само ќе кажам дека си поминав преубаво, во домашна атмосфера, со другарчиња, со углавном српска музика, самошто цела енергија ја потрошивме од 8 до 1, и после во 2 саат, бевме папсани, битно убаво излезе. И тоа, се надевам и вие сте си поминале убаво, еве едно поздравче од мене. :)
    http://www.youtube.com/watch?v=guaocI2mgN4
     
  15. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Сакам да кажам, има party и after party :rofl:
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    СДвиК
    [​IMG][​IMG][​IMG]

    Потрудете се во новата година да бидете почовечни, посовесни, поодговорни, потолерантни, похумани, со еден збор- подобри.
    Смејте се кога има повод за тоа (а кога нема потрудете се да го свртите муабетот на смеа), помогнете кога можете, дадете без потоа да го спомнувате, дружете се без да очекувате корист од другиот, правете нешто што ќе направи да се чувствувате корисни, играјте си со децата, не ги повредувајте животните, трудете се да вежбате и прочитајте по некоја книга.
    Ви посакувам само убави моменти, ценете ги луѓето кои се тука за вас, кои ви даваат љубов и кога мислите дека ве мразат размислете два пати зошто така постапиле, покажувајте им на луѓето кои ги сакате дека ви се драги, и подарувајте без повод :)

    И полека со кифличките и новогодишното мезе, оти килограмите не прашуваат кога да дојдат :D
     
    На Theodora, BoaVista, kate21 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Како што е редот, да си кажам дека си поминав супер сношти :D Шуба бев :inlove: :rofl: И си го добив поклонот што си го сакав :sun:
    Ама денес кога станав усните ми беа лилави од тоа виното :x И мораше да кажам дека ми е од карминот демек тој толку јак кармин, никако не сум можела да го избришам :rofl: Среќа што навистина таков ми беше карминот кога тргнав, некоја таква боја маваше :D Едно време се изнервирав малку, ама не може пак без нервози се да помине, тоа би било многу неприродно нели? :D
    И да ви кажам ич не сте интересни денес, едвај 2 страни сте напишале :x Срам да ви е. Сега откако се испофалив, одам јас малку да прошетам низ форумот :smoke:
     
    На kate21, angel92, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Нова Година FTW! Пеење, џускање, смеење до солзи. :)
     
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    среќна нова година на сите феминки бидете среќни најсреќни оваа година и најуспешни...
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Вечер ко вечер, дали е прослава на нова година или обична саботна вечер исто ми се фаќа. Пак со истите луѓе, истата атмосфера, истите муабети, само местото е друго.

    За да не мрчам ќе речам дека убаво си поминав. Всушност навистина си поминав преубаво. Бев при себе, иако на моменти забегував и не знаев дали стојам или лежам. Пола вечер ја поминав во кревет, лежејќи, а ниту еднаш не станав да играм или да пеам. Некој ќе рече „ама супер си поминала, спиела цело време“, ама не беше така. Баш кога лежев се случија интересните работи, тогаш беше добриот муабет, тогаш имаше смеење до солзи, тогаш супер си поминав. На еден кревет петорица сме се наредиле ко сардини да не знаеш каде ти е главата а каде нозете. Помини-замини некој ќе дојде ќе те моли да станеш, а ти се правиш наудрен демек спиеше. Абе ајде, греота децата останаа без спиење.

    Ама како и друга вечер останав сама, единствено женско во големо машко друштво. Другарка ми пак ќе рече јас сум крива, јас сум ја шитнала пошто не сум сакала да станам, ама гајле ми е. Чим си дојдов дома жива и здрава ништо не жалам. :) П.с. Мило ми е што Леонче веќе не ме мрази, а ни јас него. :rofl:

    Епа ајде девојки уште еднаш нека ви е среќна новата година. И да, 2011 was so last year.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.