[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Ми недостасува времето,кога станував наутро во 7 часот за да гледам Македонски народни приказни...
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, Elennaa, LittlePinky и 7 други им се допаѓа ова.
  2. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    34.155
    Пол:
    Женски
    Добро ме познаваш,знаеш дека исрено те сакам
    Добро ме познаваш,знаеш дека не те лажам
    А сега најмногу ми требаш....
    Повторно се врти сега се во еден круг
    јас те сакам тебе
    ти си вљубен во друга...
    Срцето мое ти го остави да пати
    немам сила не,премногу боли!
    Ова мое срце знае се,не можам ни ден јас без тебе...
    Има еден дечко,плави очи има,не знам дали ме сака,но ме гледа со нив,косата му е плава,има прекрасен став,поглед му е благ-мене премногу драг...Пеперутките летаат во стомакот мој,го сакам јас тој сладок бомбон....Небо ќе заплаче кога ти ќе заминеш од мене :inlove:
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Читам нешто на интернет и „рецка“ како во „не рецка“ си го прочитав „грицка“. Ме "грицна" ладново мене, ај лека ноќ.
     
    На Hipster и sweet-star им се допаѓа ова.
  4. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Дали кога човек мисли дека е на врвот на успехот, всушност стои на границата на својата пропаст!?

    ...Можам да ја осетам храброста за да продолжам, и таа проклета гордост... Гордост што не ми дозволува да признаам дека таа празнина што ја носам во себе ќе остане засекогаш....

    Дали ке продолжам да ја гасам жедта и да ги задоволувам своите апетити со отровниот вкус на успехот?
    Или го најдов лекот за да ја избегнам својата пропаст?
    Сега знам.
    Знам дека разликата помеѓу отровот и лекот е во дозата.
    Знам дека цената е висока.

    И можеби сеуште не знам што сакам, но сигурна сум дека знам што не сакам во својот живот.
     
    На Trnche, SparkyAngel и Dvolicen им се допаѓа ова.
  5. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Ден поминат со двајца први братучеди и нивните деца, смеење, муабетење, заеднички ручек.. одамна не сум се забавувала вака.. :D после долго време сите бевме на куп :)

    Се радував затоа што внучиња беа околу мене, поголемиот кажуваше дека имал симпатија, со долга црна коса и убав поглед :lol:, помалото ги кажуваше песничките од градинка а најмалото си гугаше мирно во креветчето и се смешкаше :inlove:..

    Си добив две папагалчиња од братучед ми.. преубави се едното зелено а другото сино :).. уште да им смислам имиња и супер ќе биде ;)
     
    На Dog-lover, Ketrin.Moon и Kaylie им се допаѓа ова.
  6. stoilovat

    stoilovat Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    9
    Ќе имали таква ноќ, кога јас ќе заспијам брзгижно без ниеден проблем.? :(
     
  7. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    236
    Многу сум изморена |-) добра ноќ девојки се читаме утре :*
     
  8. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Хмм...што да ви кажувам.Подобро ќе биде да молчам и да ве читкам само,пошто..незнам од каде да почнам :lol:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  9. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    2.476
    Среќна сум. Најсреќна !
     
    На LittlePinky и Dog-lover им се допаѓа ова.
  10. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. girlx3

    girlx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    142
    Ме боли,многу ме боли,ме гуши,ме убива и секој ден е се потешко и потешко.Секој ден се повеќе и повеќе се чуствува твоето отсуство,а јас незнам и несакам да научам да живеам без тебе.Да можев барем некако да ти помогнам..знам дека тебе ти е сега добро ама мене не ми е,толку многу ми фалиш што веќе немам ни воља за живот,не чуствувам ништо,толку многу сум уништена.И кога и да видам некој сличен на тебе ги затварам очите и со последните сили се воздржувам да не заплачам,и секаде има нешто или некој кој потсеќа на тебе.И го презирам секој нареден ден што доаѓа,а морам да го поминам без тебе.Знам дека понекогаш се каравме,се лутевме,ме нервираше ама те сакав дури и тогаш те сакав.

    Кога те нема
    наокулу те барам
    во туѓата си сенка
    во сечии си очи
    кога те нема
    кога те нема
    најприсутна си тогаш
    и те нема
    и секаде те има
    неизбежно те има
    во себе си те носам.

    http://www.youtube.com/watch?v=wk8-nKDRtGY
     
    На Nana19, francais, Thallia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    зини земјо голти ме, никој да не ме гледа, а и никого да не гледам...
    не се издржува повеќе ни со општеството, ни државата ни ништо...
     
    На Forever18 и Dark-Lady им се допаѓа ова.
  13. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Има нешто што потсвесно ме измачува подолго време .. едноставно сакав а незнаев како да си го решам тој проблем ( таканаречен ) Никако не научив како да ја извадам целосната напнатост од мене . Сите поминуваме низ такви периоди или едноставно се првикнуваме на тоа а ни смета мн (што почнуваме да не забележуваме реално .. ) Јас знам да ја контролирам,пренасочам ,смирам , и да го истолерирам бесот и напнатоста ....но НИКАКО не успеав да најдам начин да го извадам тоа од мене .Несакам да се одразува на други работи околу мене па .. Се некаде ја затурувам ,или пак подзаборавам ..Познавајќи се себеси :$ како перфекционист (една голема човекова мана ) и човек што сака се да биде подредено по некој план ,редослед,норми,итн... (јарец јбг ) случајно најдов нешто во што се пронајдов и ме исполни ..
    Нема да се жалам и до сега туку сакав да кажам дека најдов некое решение ....Нема нешто што смирува и релаксира до тој степен од некое креативно хоби :$ .Бев кај еден пријател што полупрофесионално се занимава со резба ..и 1то прашање ми беше како постигнува да прави до толку проф уметнички дела а да не му пречи бидејки доаѓа (убиен) од раб обврски ... (имаме слична професија ).Одговорот беше дека тие 1-2 ч дневно го релаксираат (слушајки музика .. а и мотивира сепак заработува :!: ) едноставно сета онаа негативна енергија ја вади низ дрвото а испаѓаат инзвонредни дела .Ја имав честа да допрам до она што мене не ми е познато,не го разбирав и гледав на тоа како на глупа рутинска работа ...
    Ми се роди една желба потоа :$ .Не дека е некоја невозможна но ете доволно е што ме копка да ја простудирам да видам колку е возможна и реална за мене , а потоа да се фрлам на остварување ...
    После средбата со резбите и човек што ми е морална подршка ( и секаква кога станува збор за вистински пријател) му кажав дека би сакал да ме подоучи за изработка на бродчиња :$ (да, беше изненаден баш поради тоа што не е класична резба.... ).Изработката на бродчињата бара внимание ,посветеност,толеранција мир и спокој во изработката.Не толерира грешки па ни ситни (она јас каков што сум по карактер :$ ).Доволно се креативно ги има во разни форми ,големини ..Има можност за напредок на подобро и поголемо ... нешто што и сам ке го осмислиш да се реализира .Не видов цинична насмевка но беше изненаден пријатно .Неможам да ви објаснам какво е чувството кога си исполнет и (горд :tmi: ) на она што (можеш да ) го направиш со свои раце :emo: .Тука е желбата ке одиме чекор по чекор :$ .....
    http://www.youtube.com/watch?v=caQo-xKdWIQ
     
    На bittersweet, Someonespecial, Pirana и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Шетам низ Скопјево вчера, како да шетам низ нечии соништа. Ама не низ оние добрите.
    Како да шетам низ некои скоро заборавени сеќавања. Од маглата не гледам ништо, само некои неодредени светилки во далечината кои можеби се ламби, можеби новогодишни сијалички, можеби автомобили.

    Слушам разговор од единствените двајца минувачи кои ги сретнав: „Леле брат, што беше тоа сабајле, како слана!“ „Ќути брат, за никаде е времево, во Карпош снег врнело.“ Во Карпош снег врнело бе, тука не, ех бе Скопје, метрополо! :D
    Разговор без смисол, би рекле Архангел. А во истата песна рекле и дека Скопје е само начин на кој ќе умреме. Вдишувам длабоко, ме боли душникот. Но вдишувам длабоко, морам.

    Во позадина ми свири чил музиче од еден нов бенд кој го најдов пред некој ден, Milky Chance. Цел албум им се состои од небаре исти бавни песнички, совршени да одат во позадина на вакви сцени. Како саундтрак на животот. Многу сум среќна кога наоѓам нови бендови, душава ми се храни со нова музика. Музиката ми ја храни, а Скопје ми ја грицка. Делче по делче, сигурно.

    Порано секогаш имав нешто на што му се радував, со нетрпение го очекував. Не бев секогаш најдобро расположена, ама си имав нешто кое го очекував; некој семинар, концерт, пијанка, шопинг во Солун, некоја средба барем. И сега ме очекуваат истиве работи, ме очекуваат и уште поголеми, ама ништо. Ништо, zero, null, само една голема рамнодушност.

    Така е, тоа е најстарата приказна на светот. Еден ден имаш 17 и ги планираш работите што ќе ти се случат некој ден, и потоа тивко, без да забележиш, тој некој ден е денес, и потоа тој некој ден е вчера, и така животот ти минува пред сопствените очи. Тивко, без да забележиш.
     
    На ilipili, Dog-lover, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    1.361
    :o:
    Денес времево ми летна читајќи ја темата Направи сам украси(украси за ѕид и друго)
    Добив еден куп инспирации за идеи кои сакам да ги остварам.
    Желба за мое семејно катче,простор во кој ќе можам да експериментирам секојдневно.
    Јас,тој и некое детенце кое се врти околу нас.Сите заедно.

    Сепак :!:
    Доста си правам филмови,креветот ми се смешка :geek: :hai:
     
  16. la-nina

    la-nina Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    27
    девојки размислете добро на кого сакате да му бидете убава и на кого ги трошите скапите парфеми..
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Не е можно тоа колку е awkward ситуацијата... Хмм.. :angel:
     
  18. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Зошто ли девојките помеѓу себе се нарекуваат: срце, срц, злато, итн...!? :^) Не сфаќам едноставно. И не, не сакам и мене да ме нарекувате така, си знам сама дека сум срцка :devil:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Абе викаат ако неможеш да спиеш ноќе значи дека некој те сонува.
    Епа ако е така тогаш будалата што ме сонува нека престане да ме сонува, сабајле во 7 треба да станам. |(
     
    На LittlePinky и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Афтер ворк слава. И уморен и гладен и после 2 чаши те мава.И само Господ те враќа дома на маглава и мавнат у глава. Ќе биде смешно у понеделник.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.