[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.906
    Допаѓања:
    24.182
    Пол:
    Женски
    Преморена, измрзната или само од нервозата ми е, па се жалам... Што би рекол дечко ми, како нема да ти е ладно по гаќи зимно време дома се шеташ... :lol:
    Со друга намера е тоа, бре. :!: :rofl:

    Завршив со превод од македонски на англиски, 27 страни А4 формат за 12 дена, а болна бев во меѓувреме и ова излезе со големи паузи.
    Дечко ми се жали нешто спора сум била (за него беше наменет). :o
    Фино лепо му прибрав информации за колку дена се преведува ова и колку кошта, и нешто ми кажува оти ќе имам екстра средства за предновогодишни и новогодишни шопинзи. :rofl:

    Само сакам да се наспијам убаво, ох колку ми фали тоа, а имам обврски еден куп. :|
    Преводи, домашни, испит во понеделник. :drunk:

    Ако има една работа шо ме нервира со празнициве, тоа е фактот шо дури дипломирам нема да можам да им се радувам максимално, сесијава на факултетов мој е таква - сите празнуваат, јас учам. :x

    Ми се шета, ми се мрзне по Скопјево, ми се трошат пари :lol: , ми се пие газирано (ко за инат), ми се јаде руска салата, кифлички, тортички-мортички.

    Ах, празници. 8)
     
    На bittersweet, Mama25, Hipster и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Пак несоница пак нешто ме мачи, во градите ме стега , неколку солзи ете така ми се слеаа низ образите и се потешко дишам. ПОзнато е ТУГИНО ТУГИНО. Одкако сум со дечкоми секогаш е така но никогаш не ми е било вака тешко овие два дена сум премногу натажена и се нешто успее да ме расплаче. Утре ке идам на ручек со неговите а само него ке го нема тоа ме убива. Без него легнувам без него станувам. Не барам совет ниту се жалам само сакам да си го кажам она тешкото што ми ја мачи душата. Знам дека нему таму му е потешко но тоа е што да се прави. Како ќа инает баш тогаш на тв или радио ке слушнам некоја печалбарска песна која што и оној малку воздух што го имам во мене ми го зема. Верувајте дека многу е тешко. Многу е но што да се прави кога оваа наша држава не е способа да обезбеди работа на секој. Парите од државата се потребни за попаметни работи а тоа се вика СПОМЕНИК ДО СПОМЕНИК.Осеќам гнев кон оваа држава колку семејства раздели само за печалба. Но тоа е нема што да се прави. Си го чекам денот само здравје кога и моето либе ке си дојде дома. Љубовта се издржува па така и ова тага ке помине едеб ден. Нека наскоро оваа тага и далечина ја засенат и прекријат убави и среќни моменти.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Мразам девојки лигли кои се упикуваат со нивната лажна добрина,лелее Вито колку си супер,ако може да ми завршиш една работа ај срцка си ми,море марш таму,што е најтрагично другиот ден не те познава како ништо да не било,лигушки кои имаат лажен морал,манипулаторки со зборови,мед и млеко им тече од устата мислиш ти мислат се најдобро во животот,и не само тоа па уште се интересираат све за тебе и за твојот живот како живееш,сакаат све да дознаат за на крај да те повредат кога најмалку очекуваш,ке ти забодат нож во грб. :fubar: :fubar:
     
    На AquaBlue, LittlePinky, richgirl998 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.732
    Пол:
    Женски
    Искрено се плашам од денешниов шопинг.А се трудам ,се уверувам да си седам мирна,ама ме јадат прстиве ,ме јаде новчаникот.Признавам дека ништо конкретно не ми треба,ама не ме држи место.Сакам и јас да бидам како жените од запад кои си даваат команда слободно за време на божични и новогодишни празници.Би накупувала се и сешто и би изнакупувала се што можам да си дозволам би собирала како вереверица за црни денови кои можеби никогаш нема да дојдат.На пример чорапи во сите бои и дебелини,и гаќи нели,ништо без нив и многу лампиони.И некој памучен џемпер ако успеам да најдам да го вовлечам телово,мислам да не ме стега кај градите или да не ми го оцртува стомакот.Диета што беше тоа?
    И така да се изнакупувам глупости ,а утре ако почне војна ,јас сум мирна, можам да се најадам од чорапите и гаќите,да ги грицкам лампионите, додека ја преколнувам ситуацијата.
    Па што? За време на кризата 2001 година,лудиот комшија испратен од сопругата да накупи животно-потребни продукти,си изнакупувал освежувачи за простории.Па,човекот сака да ужива во случај да му ја погодат куќата со проктил,да си прска со мириси на воден крин или лаванда.

    Кај отидов со муабетов ,што сакав да кажам?
    Се ближи роденденот на ќерка ми,ја тресе и самата помисла на тоа.Каде да се слави?Па пола таму пола онаму?Па што да носи?Не се секирај ќерко,мама ќе го преживее и овој твој роденден![​IMG].И ќе ви биде на услуга,секако Ваше Величество![​IMG]
    А елката се уште не ми е накитена .Им спомнав синоќа на децава да ја накитат,ме погледнаа како од Бардовци да сум излегла.По се изгледа тоа ќе си биде моја задача.И тоа денес ,зашто купувањето на лампиони не би имало смисла.Како поминуваат годините гледам дека тие се повеќе остаруваат а јас се подмладувам.И ќе си го чувам тоа внатрешно дете,зашто низ годините многумина го губат,го оставаат некаде да самува.А верувајте средбата со него е неопислива.Ви помага да сфатите дека некогаш спрема самите себе се однесувате како робовладетел а не како пријател.Престанав да си ги кажувам работите кои порано често имав навика да си ги кажувам,грда си,глупа си ,несреќна си.И твојата мајка што те родила не те сакала,те оставила како да си и вишок...за промена почнав да си го негувам своето внатрешно дете и знам дека кога му зборувам ,ме слуша.Изгледа комплицирано нели.Ама вистина е.И китењето на елката ќе биде нешто со што ќе го израдувам.
    Ова го ставив во спојлер зашто е по малку депримирачко,а не сакав да звучам така ,чесен збор.[​IMG]
     
    На bittersweet, ilipili, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Rosie.Alice

    Rosie.Alice Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    81
    Наместо да си уживам во празниците, зимата, снегчето, јас треба да учам! Ете така, оти наставниците се како збудалени, ја претераа, ова е премногу! За три дена имам 3 теста и едно 5-6 испрашувања. Сега нема да видам ни В од викенд. А и овој Спиро нека се е*е. Мораме ли полуматурантите да полагаме екстерно во јануари? А едвај го чекав распустот, оти ми треба, проклето ми треба одмор! Е сега одмор нема! Ќе се учи цел распуст, 6000 прашања ќе треба да се поминат. Ова е претерано... Ќе пукнам како балон некој ден и :@
    Морав негде да се исфрлам, не е на арно.
     
  6. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Искрено ....
    [​IMG]
     
  7. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Знаете што велат... Пубертет е кога женскиот глас мутира од НЕ во ДА :D
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    ..а сум успешен затоа што уште не сум успеал, не сакам да успеам пошто може да се успијам..
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    397
    Kada biraš momka, prvo pitaj drugaricu za
    savjet, jer će to ipak biti i njen momak poslije.
     
    На la-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    Полседниот месец ми беше многу напорен немав време за ништо.
    Ниту да изгледам серија ниту да прочитам една добра книга. Оваа недела пукнав имав многу стресни моменти но добро е што сега се е добро и смирено.
    На училиште веќе немам тестови и следнава недела ќе си уживаме.
    Синоќа кога си дојдов од училиште прво се наспав едно убаво а подоцна изгледав неколку епизоди од серијата и се почувствував убаво, конечно слободна без обавези и стресови ... се почувствував среќно.
    Исто така ми фалеа и моментите кога остаував до 2/3 часот после полноќ да прочитам книга. Синоќа конечно имав време и тоа ме направи многу среќна.
    За мене среќа е кога читам добра книга, среќа е кога си ја гледам мојата најомилена серија.
    Сепак малите работи можат да не направат среќни. :)
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    Абе шо е ова? Сите изнервирани нешто ова она, мразат тоа мразат ова.. А што викате за предлогот од ‘Сакам да кажам‘ да се преименува во ‘Допукајте се, доколку не сте се иснапукале во др група‘ :^)

    Мн негативна енергија има овде, не е како порано.. Или само мене така ми се чини?
    ОК. Ми се чини изгледа.. Важно Кученце ви боледува.. И ми се појавија веке 3 како акни и малце ги стиснам пукаат и рана ми се прави..Да не сипаница? НЕ! Да не си подречувам.. А после идам у болница, па шо сака нека е!

    Иначе денеска да ти било 21, првиот ден на зимата |(
    `Наздравите другови, самном и са тугом!`

    И да, сакав да прокоментирам за онаа тема што ја направија за тинејџерки.. И ако има направено, некој упорно и пуорно клава слики во др. Абе до толку ли не гледате дека таму ке ве коментирам, искрено ми се чини од инат го прајте и мислете дека ако сте таму повозрасни сте или ние незнаеме да дадеме коментар таму.. Што е рабората? :?:

    Ај батали, важно од брат ми подосаден човек АМАН!
     
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    36.151
    Пол:
    Женски
    Ќе мора да почекам уште еден ден.
    Е,ништо страшно,де.
    Па, како би се восхитувала кога пријателите ми велат дека не познаваат толку цврста и силна девојка како мене.А,бе јас сум девојка со машки карактер.И се гордеам на тоа.
    Солзииииииииии????? Што е тоа :wasntme:
     
  13. Ajlinn7410

    Ajlinn7410 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    8
    Здравоо...Јас сум нова се надевам дека ке се дружиме :D
     
  14. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    21.159
    Во прилог на сите погоре негативни расположенија, односно нерасположенија, а во контекст на мојата позитивна енергија,
    Драги Феминки
    Во пресрет на Новата Година, а во залезот на старата, мораме да си ветиме нешто. Не едно, повеќе нешта се :lol:
    Да ветиме
    - на странава на фемина да пишуваме исклучиво кирилица, литературно и со што помалку англицизми, односно сленгови од соседни и други земји (ВТФ, ану уан, но веј, рандом , мууд, ....) оти јазикот наш ни е богатство
    - да си подариме насмевка на лицето. Не да глумиме ретардација со окезаност, туку баш онака пријатна, расположена, среќна и блажена насмевка (можете слободно да си ставите џиш црвен кармин за појак ефект во расположението и естетиката на насмевката)
    - Таа насмевка да биде производ од исклучиво убави моменти, настани, луѓе, опкружувања
    - Песимизмот и негативната енергија, мрчењето, сомневањата, грабнете ги во раката, и фрлете ги преку левото рамо наназад
    - Избегнувајте ги луѓето од кои ве боли главата после средбата со нив
    - Заљубете се, љубете таму каде Ве заслужуваат
    - Ако ви е во план ( па и ако не ви е... :lol: )станете за прв пат мајка, и за втор и за трет пат станете мајка, омажете се, вработете се- на кој што му е потребно ;)
    - Ќе внимаваме на линијата, не толку за убавина, ами за здравје
    - И земете ја својата судбината свои раце, не оставајте другите да управуваат со неа.
    Поздрав Феминки
    јас ветувам (а што ќе направам, ќе ви расакажам подоцна :lol: :lol: )
     
    На bittersweet, slavica999, ilipili и 18 други им се допаѓа ова.
  15. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Се разболев баш за викенд :puke: Но сепак ке одвојам малку време и за форумов ми здосади да легам ...
    Ве сакам :*
     
  16. Florenca

    Florenca Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    :clap: Конечно сонцееее :clap:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. la-nina

    la-nina Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    27
    дека денот ми започна прекрасно со свеж сок од лимон, исто така ме радува што денот е сончев .. и да ви кажам дека денеска му купив подарок на мојот сакан за неговиот родендн
     
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    32.483
    Пол:
    Женски
    После толку време решив да дојдам кај баба ми на гости. Порано нон-стоп бев тука, а сега се поретко и поретко. Си велам да ја израдувам ке останам на спиење кај неа. Си земав лап топ, нема интернет , ама велам ај ке си изгледам некоја епизода од серијата или некој филм. Кога дојдов, по долго пробување успеав да се пробијам на интернетот кај комшијата :rock: И таква цела радосна, што попрво да правам, дал на фемина, дал емаил да си проверам...си поседов и само го снема интернетот :| Си велам, што ли е работата ајде ќе дојде кај и да е .... а тоа комшијата си легнал да спие и си го исклучил интернетот да не му се троши нели напразно :x И пак цела вечер си гледав филмови :D Патешествија :D :D
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Недостига rici.aaaaa... :( со нејзината ведрина, виртуелните поклончиња во СП, хороскопите и по некој домаќински муабет. Кај и да си, се надевам дека си добро. :hug:
     
    На ilipili, Dog-lover, Kaylie и 7 други им се допаѓа ова.
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Она кога страшнот период тропа на порти.......... :D Чим почне да смрди на лук и да се тресе пача, веќе е јасно дека и НИЕ МОМИТЕ па и МОМЦИТЕ ќе се затресеме со нејзе во овој зимски период.
    Руски, торти, месо и колачи- Елегантно пополнетото девојче Падна во несвест кога на вага се качи :D
    Не верувам дека има некоја мома што не се секира бе за тоа. :^) Евентуално само тие што сакаат некое килце да си турат, а тие што се тамански па и плус, Се потат :D
    Ама ајде бе, одолеј да те видам, не си мцкај баклава, немој да ја набуташ кифлата у тон руска...
    Не прави печење, ами како ?
    Па кога ќе ми каже некој, ма не бре јас не сум гурман, или не немам апетит, или па не прибирам, немам некое омилено јадење?
    Штооооо???? :D Тоа мачињата и кучињата си бираат, се не јадат, па не јас? :!:

    Разликата меѓу банана и торта со банана е голема :D .
    Стрии, целулит,сало, зејтин, чварки... Добре дојдовте пак. Ајде де зима е, нек се угоде нек се угое, после празници среќни весели растрчкани, со селскиот образ на нас ќе потиме газови.
    Храната е моето второ јас. Првото сум јас, второто е храна. Лудо Храна :)
     
    На bittersweet, Hipster, Monna.Monna и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.