[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Кому му требаш... ќе те најде.
    Сѐ друго се само изговори.
     
    На Beauchamp, Thallia, Marossa и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Aман бе шо е ова, само петарди фрлаат луѓево, абе 21 век е, фрли си бомба ко човек :emo: 8)
     
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Утрово ми започна изненадувчки добро. Океј, од страна на социјален живот добро, за факултетот само уште еден од изговорите за одложување, а тие ги обожавам.
    Така, ме разбудија со планови, не верувам дека ќе се остварат, и тие како и сите планови, ама важно е да сонуваме нели. Мислам дека некогаш толку се внесувам во дејдримс што чувствувам вистинска еуфорија ко навистина да се случуваат. Ама, сепак стискам палци, не се знае.

    Друго, има некои песни, кога ќе ги чујам, абе струја ми минува низ срцево, тахикардија ме тресе. Некои соништа, ко реалност ги чувствувам и се колнам себеси зошто сум се разбудила, зошто не уште 5 минути, а знам колку се погрешни. Некои денови, имам храброст да поместам планина само за да направам нешто конкретно, а не ја искористувам бидејќи сеуште имам трошка свест. Е сега, сакам таа струја, тие соништа, таа енергија да ги пренасочам во една личност, друга нова личност, моја личност. Сакам така за промена, стршлени и скакулци да имам во стомак за некој, било кој, само да не е тој, и да си тапкам во место додека му се јавам или пишам, и да ми трепери гласот кога ќе го чујам, и да ми се пресечат колената кога ќе го видам, и да правам непромислени работи што се прават во 7мо одделение. И да си бидам глупава и заљубена.

    И така, некои глупави мисли ми се вртат. Со еден бивши сме останати во многу добри односи, редовно ми праќа подароци на фармвил, а и ми ја вади нивата :D. Некогаш си мислам да не го сфаќа погрешно сето тоа праќање подароци, некогаш си мислам јас да не сфаќам погрешно нечии други гестови.
     
    На bittersweet, Hipster, Sexybaby86 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    34.155
    Пол:
    Женски
    Животот е круг знај,
    животот се врти,
    некогаш сме последни
    некогаш сме први...
    Се’ е круг знај
    животот се врти
    денес имаш се’
    а утре ништо не....
     
    На sweet-star, Kaylie, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Талкач во овој сив свет.
    Талкач по изгубени работи,талкач по минатото,талкач кон неостварливи работи,талкач кој сеуште е упорен,талкач кој после борбата станува со исправена глава и продолжува напред,талкач кој после изгубена војна повторно се враќа на бојното поле,талкач кој знаејќи дека неможе е упорен.Талкач,случаен поминувач кој ги гледа лицата на луѓето обидувајќи да го пронајде човечното во нив,да извлече нешто од нив. Иако е голем светот тој е толку мал како топка снег кој постојано се топи,се топи. Топката може повторно да се направи,да се оформи но само доколку има снег.
    Талкач,лутина,бес,смиреност,депресивност,емотивност,исполнетост.Талкач кој е толку невпечатлив во овој свет,толку мал со толку големи амбиции. Талкач кој се плаши,талкач во смиреност,талкач во самотија.Талкач-зима,студено,магла,талкање,размислување,осаменост,улица.

    Едноставно...
    Талкач.
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Се уште. :e:
    Да се уште се пишуваат писма,знаете оние што мирисаат на детски копнеж соништа и симпатија,оние на кои се исцртани мали црвени срценца,разнобојни цветови и извезени искрени зборови.
    Прва љубов.
    Прва симпатија.
    Оваа традиција изгледа дека е така далеку,но во училиштето на сестра ми тие се уште се испраќаат со надеж за повратно писмо,за мали насмевки.Радости.Магија која патува.
    Детска чиста љубов.Барем така велам јас.
     
    На bittersweet, leighton23, Monna.Monna и 16 други им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.732
    Пол:
    Женски
    ’’И јас сакам да станам нешто-рекла точката,се надувала и станала обична нула.‘‘
    Е ,да [​IMG]
     
    На Trnche, Pirana, Jenniffer и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    „Порано, многу се вреднувала стоката. Затоа, и имало крaжби.
    Додека трговецот се враќал од пазар со јагне, го забележале 3ца разбојници. Првиот се упатил накај него и му кажал дека јагнето не е јагне, туку куче. Трговецот не поверувал, и затоа вториот разбојник дошол, и му кажал дека носи куче дома, не јагне.
    Трговецот почнал да им верува, но сепак, се убедил дека јагнето не е куче зошто има копита. Одел, одел, се сретнал со третиот разбојник. Третиот бил итар, и го прашал зошто го носи кучето преку рамо. Трговецот му го дал јагнето во раце, и трчал накај дома од срам!"
    Гледате колку прост и наивен народ сме? Со оваа приказна, би требало да научиме дека со запознавањето на околината, сме силни. А ако ја запознаеме околината, ќе се најдеме и запознаеме самите ние. Тогаш, ќе станеме семоќни.
     
  9. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Денес е еден од оние денови кога буквално ме мрзи да правам било што. Доволно ми е да седам до огнот, да се стоплам, без да размислувам на заостанатите обврски. Гледам, Градовите вешто се подготвуваат за дочекот на Новата година. Гледаш како целите светат, а секоја светулка Нова Надеж - наредната да биде подобра од претходната. А, мене, еуфорично ми е да го гледам Градот во сите бои. Но, кога ќе ги споредиш сите светулки и новогодишни реквизити, со зимскиот залез на сонцето, разбираш дека има посуштински работи кои знаат да измамат насмевка на твоето лице. Бројките и не ми значат многу, потврда повеќе за тоа е дека со недели после Новата, се' уште не можам да се навикнам да ја пишувам годината во датумот како што треба. И знам, барем месец од 2014 г., мене уште ќе ми биде 2013-та. Долго време бев 20, а пред да сфатам дека веќе сум 21, престанав да размислувам за тоа. И додека трепнам, годините минуваат и не ми е воопшто криво.

    На луѓето не им треба многу за да бидат Среќни.
     
  10. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Немам бивши со кој сум се разделила после голема караница. Со сите сум завршувала многу мирно и сум во добри односи, дури можам да речам и дека одржуваме некаков контакт. Не мразам никој од нив, никој не ми го загорчил животов, и иако тогаш сум била гневна, денес ги гледам како нешто позитивно, затоа што секој од нив своевремено ми значел, и подобрил некој аспект од мојот живот.

    Покрај смислата за хумор, што сите несомнено ја поседуваа(т), и и покрај сите насмевки што ми ги подариле, секој од нив ми подарил и уште нешто - музика. Неговата музика, парче од неговата душа. За тоа сум им многу благодарна, затоа што денес имам толку широко познавање од музика (не, не сакав да кажам дека сум имала многу дечковци :D), и знам толку многу артисти и бендови, и постојано откривам нови и нови, што понекогаш сум скептична дека нема да имам доволно време на светов за да ги слушнам сите кои сакам да ги слушнам. Дали налетувам на типци кои слушаат добра музика, или пак и мене почнува да ми се свиѓа нивната музика затоа што сум со нив и ја слушаме заедно - не знам, но и не е важно. Важно е да слушам нешто ново од слушалките секој ден, само тоа.

    Трендов започна уште од првата моја симпатија која ги слушаше Red Hot Chili Peppers. Подоцна првата моја голема љубов ме запозна со дабстепот и ДнБ-от, па имав еден рокер и еден рејвер. Мојот прв сериозен дечко слушаше пост-панк и прогресивен рок, следниот беше типичен инди рокер со кој како да бевме на натпревар - кој ќе открие понепознат бенд, потоа имав еден тежок металец, и последниов слушаше хип хоп, но заеднички јазик најдовме во трип хопот.

    Денес ги слушам сите овие жанрови и не ме потсетуваат на моите бивши дечковци. Не повеќе. Добар начин на проверка е всушност - ако слушаш песна што тој ти ја кажал или посветил и повеќе не те потсетува на него, си го преболила :) Да се разбереме, ова не е единствениот начин на кој откривам нова музика, но дефинитивно е најинтересниот.

    И, кој жанр ќе го истражувам следен? ^_^
     
    На sparklie, Sexybaby86, Peppermint и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Грдо ми е бе. Грдо, грдо, грдо.
    Се трудaм дa не мислaм, дa не земaм се при срце... И не ми оди, не.
    Искрено, во последно време ништо не ми оди од рaкa, што период ќе беше...
    Уште од сегa си јa знaм новогодишнaтa желбa. И силно јa посaкувaм. Сaмо aко не зaковa зaговор целaтa вселенa, ќе види убaво Коелјо. :doh:
     
    На Hipster, Nymeria, Dog-lover и 2 други им се допаѓа ова.
  12. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Значи стварно има ретарди на форумов.без навреда.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    Ако има некоја слободна феминка нека ми пише лп се работи за совет.
    Имајте убава саботна вечер :)
     
  14. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.304
    Допаѓања:
    92.104
    Пол:
    Женски
    Јас пак ќе кажам нешто што многу ме нервира ,што ни самите луѓе кои го прават оваа незнаат да си го објаснат оваа ...

    Значи се случува несреќа,сообраќајка...без разлика како и што настанува смртен случај,загинува млад човек...болно е да,жално ,грејно но зоштоо бе луѓево немаат граници :| :?:
    Само што ќе дознаат за лошата вест и по фб одма кружат оние исти реченици:-Почивај во мир,RIP ,ангелче,душичка ,споделуваат слики,објавуваат на фб на жртвата редат без врска текстови ....

    Значи ја разбирам болката и загубата не велам не ,тешко е многу да зигубиш некој што многу го сакаш но зоштоо бе луѓе објавувате и пишувате нешто што нема врска со фб, ???
    Пишуваш статус и што чекаш да те лајкнат ли,да те видат дека даваш сочуство,дека ти е жал дека си повреден-а ? Смешно е стварно уствари глупо е многу глупо се нервирам кога ќе видам такви објави |(
    Мислам дека во такви случаи треба одма да се деактивира таквиот профил и да не постои ...
     
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Вечерна прошетка низ накитениов ни главен град со внуците,јадење на американските крофнички и топли костени (заборавив на клубови,кафани,збиранки ... .едноставно се опуштив и уживав во нивниот свет).Му се израдуваа на електричниот Стуб (наречен елка :lol: ) ,се сликавме таму ваму се додека оние маскирни дедо мразовци не ни ја расипаа вечерта |( .НЕ ГИ МОЖАМ ! ама ич !Ако те видат со дете се пуштаат како пијан муж по к**ва и на секој можен начин има да го расплачат детето па ти справи се потоа :@ .До душа внук ми си имал од минатата год лошо искуство со некој таков ,кога му дал пакетче колку да се слика и потоа (НОРМАЛНО ) му го земал :!: .. било плачење на велико :sweat: и сега брзо некако се стабилизира од тој шок (смешно делува,но не се фер ..кој сака да се слика со нив сам ке си отиде таму а не да ставаат луѓе во непријатни ситуации на било кој начин )И што е нај интересно сите ми личеа овака [​IMG]
    Бабамразици невидов годинава особено ги има и нив :geek: :rofl: :rofl:
     
    На Pirana, Rubiii, Kaylie и 3 други им се допаѓа ова.
  16. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    сдк предосеќам дека некој ќе се маскира во Дедо Мраз за НГ :D Само глеј да не смрдиш на алкохол ко тие на плоштад :D
     
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    СДК дека преку глава ми е од константната недоверба од страна на родителите.Алооо,се ми е положено,не акам по улиците до никое време,ниту имам дечко,кај ќе најдете попримерна ќерка.
    20ка ќе полнам,а се понашаат со мене како со дете.Зрела и паметна сум кога треба да се сработи нешто,а за друго сум мала.Која логика ја прават,треба да се гордеете,не да мислите дека нон стоп нешто ве лажам :fubar:
    Можеби постов треба да биде во Испукајте се,ама ќе помине и тука...
     
    На Lella и richgirl998 им се допаѓа ова.
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    36.151
    Пол:
    Женски
    Селска учителка,па и швалерка на селанец (татко на 4 деца,од друга националност, од друга вера).
    Еј,алооооооооо
    Ти ќе ми го држиш,а јас ќе те поддржувам.
    Какво понижување!!!
    Каде ти е паметот девојко!
    Дали го рабираш поимот морал и достоинство или финансиите ти го заматиле интелектот: Ми се :puke: од помислата за твоите постапки.
    Патетично и бизарно!
    Што се прави за работно место во државна институција ]:)
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Ќе го задавам! Држете ме жени, ќе го задавам! :@

    Стигна сестра му порано на гости. Да не ја фати невремето што ни го предвидуваат. ОК е тоа, трпи ја некој ден повеќе, овоа не јадам тоа не јадам, повели невесто во кујнава и направи си што ти се јаде. Најмал проблем.
    Овој мојот, и ја даде неговата кола на располагање додека се тука. ОК и тоа, нека си става гориво и нека крши глава кај сака, барем не изигрувам такси. Проблемот, проблемот е, јас мојата му ја дадов на него денеска. Требаше да отиде до град да земе нешто. Будалава, застанува каде не треба, оти немало место на паркинг, а оној другиот голем паркинг на спратови му далеку, да не го наврне него од шеќер правен. За една минута ми вика ја оставил колата и гледа му пишуваат лепенка казна. Се качил во колата и одвозил пред да ја човекот залепи казната за шофершајбна, ама ми ја сликал веќе колата. Значи имаат доказ за неговото кршење на правила.

    Како да не го задавам? М? Кога веќе те фатиле, земи казната, ако ја платам за пет дена на пола цена е. Не, нека ми стигне во пошта после две недели и ќе платам дупло, на мое име оти регистрацијата е на мене, ама тебе големото машко его не ти дозволи да се соочиш со грешката, па види како те кошта тоа што си го нарекол него дркаџија додека си ја збришал од местото.
     
    На bittersweet, cecilia, NoellePage и 15 други им се допаѓа ова.
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    неможам да поверувам :| едноставно некои луге не заслужуват да бидат наречени родители :x
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.