[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Се' што вас ве прави среќни.
    :!:

    Омилена реченица ми е во последно време, кажано иронична, со цинизам, боцливо и навредливо, ми ги пара мене усните кога ја кажувам, веројатно и ушите на оној што слуша. Мразам да бидам саркастична и да бидам злобна, ама некогаш, секој сам си го бара. Е, па, извинете ама преку таквоето ми е више.

    Да биде уште повесело и позабавно, онака да ги зачиниме работите, и сам си го наоѓа. А ако не може да си го најде, радо би му помогнала во процесот.

    Ако ве усреќува да работите за ништожни пари и да трпите, со изговор дека работите се такви и не се менуваат, океј. Ако ве усреќува тоа дека има и полошо, не викам дека не, во ред е, ваше си е. Не трошете пари, не знам, ете, не испаѓајте, не купувајте јадење, не правете ништо, тапкајте си ги под перница. Дечко, женска, нешто ау уау, не мора некој КОЈЗНАЕ каков, ајде, ќе помине и овој или оваа, не е битно, да се има некој. Нека ве лажат, та и они, та и другарчињата и нека ве викаат само кога треба да се пополни место на маса или кога им треба да изебат некој во петок вечер. Среќни само да сте, тоа да е болката во животот. Не барајте повеќе, не барајте подобро, трпете, нервирајте се, издржувајте све и свашта, пцујте ги тие што не се такви, ви викам, се' e во ред. Не се бунете, не правете ништо, вегетирајте, амебирајте, на крај земете и обесете се од среќа, тоа е тоа.

    Само вие не се нервирајте, само вие бидете среќни, задоволни, само вие легнете си навечер и не можете да заспиете од среќата што блика за вас.
    |(

    Е, тоа да, само немојте, ама немојте никако, да ми кажувате дека ние ,,несреќниве,, не сме во право, и не знаеме што правиме, и дека не треба тоа така. Не сум се родила ни да трпам, ни да црнчам, ни да ме лажат, ни да ми прават лице, можда сум направена по грешка, ама за никојси таков во-курац живот не сум створена. Си имам глас, став, имам приоритети и имам цели, можда сум изгубена на моменти, ама во главата моја и во плановите мои дефинитивно не сум цело време изгубена, јас не одам на варијанта можеби или што дал Господ... Јас сама си ги поставувам и сама си ги правам работите, и никој, ама баш никој нема да ме запре или поколеба. Некако многу си потќутувам да не се навредил овој или оној или вака или така, ама ти пазиш да не ги навредиш и на крај се повредуваш самата и на крај јас си ја чукам главата... Епа нема веќе, олкави стоки сите, или нека сменат нешто како што јас менувам иако свесно ги знам последиците, или нека си ќутат цело време и нека тонат во мизеријата. Од мене толку, е во овој случај, од дедо Боже повеќе.
     
    На bittersweet, Serafima, Divinebutterfly и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.303
    Допаѓања:
    92.094
    Пол:
    Женски
    Искрено да ви кажам среќна сум што не сум од Скопје и тоа баш во овие моменти !
    Луѓее бе тоа е нешто што неможе да се опише со зборови целиот гради ми е претворен како онаа местото од филмот Silent Hill ако сте го гледале ...
    Магли,тежок воздух, прст пред око не се гледа,сонце нема ,се е побелено од слана овенато како се де од пепел ... Повеќето луѓе ми се како роботи наоблечени замотани убаво во топла облека и само брзат некаде ,чекорат како да нема никој околу нив ,не видов ни едно насмеано лице ...
    Навистина е страшна глетката и се осетив многу неубаво деновиве ,жал ми е искрено што градот е претворен во таква состојба во овие предновогодишни денови што маглата не ве напушта ...
    Иако е зима се надевам дека сите наскоро ќе се радувате на сонцето !
     
    На Serafima, Lella, leighton23 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Кога некој човек кој неизмерно го сакате, му верувате и сте целосно приврзани за него, ќе ви згреши, и тоа добро ќе ви згреши и ќе ве направи подолу од го*но, ќе ве понижи и ќе стави пред вас луѓе кои штотуку ги запознал, а вас кој ве знае 100 години ве остава во заден план и не го боли к*р за вас, сета таа љубов што сте ја чувствувале кон него се претвара во омраза и гадење при самата помисла на него.

    Дури сега ги сфаќам грешките кои сум ги правела сево ова време.
    Наивноста и претераното верување во луѓето си го прават своето.
    А, во денешно време тешко е да најдеш човек кој е достоен да му веруваш и на кој ќе можеш да му се довериш во било кое време и за било каква работа.
    Какво време дојде, од најблиските да се плашиш, не од други.
    А најчесто, ќе те разочараат оние во кои најмногу си верувал, оние за кои си имал најдобро мислење и за кои си мислел дека никогаш ништо лошо не би ти направиле.

    Јас веќе одамна сум спремна на се` и сешто, и од секој очекувам кога тогаш да ми згреши и целото добро мислење за таа личност да ми пропадне во вода.
    Впрочем, како и секогаш.
    Од претераното верување во секој, на крај само јас бев несреќна и разочарана, додека другите си тераа по свое и ич око не им трепнуваше за мене.
    Досега не сум сретнала личност која не ме разочарала. На било каков начин и за било што.
    Секогаш има некој кој ќе те разочара, па дури и не намерно.
     
    На Serafima, leighton23, fatamorgana123 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Деновиве се осеќам како да сум на крстопат, треба да донесам одлука. Should I Stay, or Should I go? Дали да се потрудам да сменам нешто за да бидам среќна, или да си останам во мојата комфорна зона. Иако несакам да си признаам ама мислам дека веќе го знам одговорот. Ехх животот се случува додека јас сум зафатена правејќи си планови. :!:
    [​IMG]
     
    На bittersweet, sweet-cherry, anggell и 7 други им се допаѓа ова.
  5. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Сите се радуваат на оваа празнична еуфорија, го украсиле градов, конечно бил во ново руво на светулки и елки накитени безвеза амаа ептеннн, па ајде сега ваѓаат некои страници како демек '' Струга-најубаво украсен град'' хахахаха ма како не..Што ако сум од Струга коа не ми се бендисува... Без навреда ако е некој од околинава ама мене ептен начичкано ми е, сијаличка до сијаличка, место да се радувам ко видов Завчера останав занемена, возбудата што ја осеќав и помислата ''Леле којзнае какво е средено '' веднаш ги снема! Го преплавиле Фејсбукот со слики од чаршија, маршија, кеј , меј , незнам ти што.. До кога бе луѓе? Аман!!
    Лека ноќ!
     
  6. an4ii

    an4ii Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Можеби не сте богати, но вредите. .. Можеби не се гордеете со некои нешта што сте ги направиле во минатото, но гордејте се со тоа што сте денес. Можеби не сте совршени, а и немате потреба да бидете... Нека ве прифатат и ценат такви какви што сте или нека гледаат како заминувате... Ценете се себеси и имајте достоинство. Можеби мислите дека за некого сте безвредни, но запомнете дека секогаш постои некој за кого сте бесценети.. ;)
     
    На Serafima, Lella, london-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.950
    Допаѓања:
    164.176
    Престанав да слушам луѓе, повеќе им се смеам, искрено, на неслушнато.
    А бога ми и фемина ми е учителка како луѓето те градат и како луѓето те рушат. Како луѓето се бесконечно лажни. И цело време го знаеш и се смееш. Како сите чекаат да те начекаат во некој агол и да те покажат со прст, мислејќи за себе си дека се големи. ГОЛЕМИ колку една мравка. Видете, големината е субјективна, во однос на што?
    Си мислите дека никој нема да дознае, и од овде од онде ќе се појави некој лик и ќе ти каже кој друг лик му кажал кој си и што си. Од ваму од онаму ќе се појави по некој друг лик кој ќе посака да ти брцне во личниот живот. И тоа е пресмешно оти не е прв пат, а уште посмешно е што во други услови истите тие ќе ти глумат запрепастени ако некој друг го прави тоа.
    Престанав да верувам секому. И добро е.
    Некаде по патот сфаќам дека не сакам да сум ниту една друга, туку онаа која сум. Ех...колку се смеам периодов, како на лицемерие, така на злоба, така на пресмешни луѓе кои ти изобличуваат муабети. Гниди кои ќе те прераскажат наопачки за да тие се почувствуваат посебни, поразлични. Еми ако...
    Не знам вам како ви е, мене ми е сосема добро онаму каде што сум. Знам дека секого кого што гушнав деновиве имаше што да ми даде и што да му дадам. Искрено се изгушкавме со затворени очи.
    Знам дека кога ќе си легнам, чувствувам доволно мир за да го започнам утре денот во зен. Никому не сум му направила зло.
    Благодарна сум за сите луѓе кои ми дојдоа и си отидоа, благодарна сум за сите оние кои сум поделила збор, тајна, смеа и солза, а најмногу до оние со кои од тага или од убост сум ја спуштила главата на перница и сме споделиле искрен поглед кој значел доверба, смирување, разделба или што и да е. Сме се менувале едни со други и кој знае, можеби поразлични сме од она кое што сме се знаеле, целосни странци со погрешни впечатоци од детство, ама знам дека засекогаш ќе сме си важни и никој нема да го промени тоа колку и да сака, затоа што имало и ќе има љубов каков облик и да земала.

    http://www.youtube.com/watch?v=NNHpuel-aak

    Научив дека никого по патов не сретнувам случајно. Сега дали овие камчиња што ги шуткам ќе ми ги скинат чевлите или ќе се наведнам да ги земам и да ги чувам во џебот за да ги стискам секогаш кога ми е тешко, не знам. Битно ги имам. Се топам кога ги затворам очите и чувствувам очи кои ме гледаат, пред мене или зад мене. И кога случајно ќе ме допре една рака макар на разминување, случајна случајност или кој знае... Не знам, не можам ни самата на себе си да си објаснам колку се е подредено во една бескрајна убавина која во целост ми одговара онаква каква што е макар што е тешка, мачна, провоцирачка, како после три вкусни баклави, а се мислиш за четврта, ете исто.

    http://www.youtube.com/watch?v=5qwzvhiHJ7s

    Ова песниве за да добијам на патетика,инаку во суштина вечерва си поминав јако. Се препивме и не не фати, оти многу љубов во сите и се смеевме со полни гради,а тоа бара многу енергија! Некој го нема ниту тоа, па мора да се меша во туѓа среќа за да си направи парче среќа во својот патетичен живот.

    Ах... и не е сеедна секоја разделба. Рационализираш, голташ кнедли и се подготвуваш за прекрасната идна средба...некогаш. И си среќен зошто чувствуваш толку бурно и во бои, макар што магла не угуши.

    P.S. Толку одолевам да не напишам коментар на некои слики од елки - грда ти е елката, ама ствар укуса, не? Ама сериозно па... :D
     
    На bittersweet, mamma-mia, Hipster и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.857
    Допаѓања:
    142.525
    Се додека на се гледате со потценување, омраза, барате маана наместо убаво, душата горчини ќе ви се полни.
    Кога ке го гледате убавото кај другите, и тие ќе го бараат во вас и душата со убавини ке ви се наполни.
    Сами си бираме што ке глеаме. Сами бираме дали ке зачиниме нешто со љубов или со омраза. И сами ке си го дочекаме резултатот.
     
    На SparkyAngel, julie77, Silver.E и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Утрово станав рано, и сега да го земам телефонот за да видам колку е саат, и кога се уклучуваше беше со црна позадина :tmi: Одам во дневна да видам колку е саат, 7:12 и се прашувам зошто мама сеуште не е тргната на работа, ај си се вратив во соба да видам што се дешава со телефонот. За тоа време биднало 7:30, тргнав во спална за да ја разбудам мама. Кога и кажав дека е 7 ипол, веднаш стана од креветот. Додека мама се спремаше, на тато колата не му палеше, бидејќи тато беше покасно на работа, а мама каснеше, па тато да ја однесе на работа :D Ај, некако му запали колата и ја однесе мама. Бато стана и му го дадов телефонот да види што е со него, бидејќи јас неможев да му ја најдам маката :lol: Кликна што кликна, телефонот ми го уклучи :D
    Се вели по утрото се познава денот, а мене како ми почнал денот, крајот кој знае каков ќе биде :D
    -Одам јас на школо, имајте убав ден ! :hai: :hug:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.303
    Допаѓања:
    92.094
    Пол:
    Женски
    Човечката убавина трае онолку колку што човекот умее да ужива во неа.

    Ах мојата убавина сигурно вечно ќе трае :D
     
    На Someonespecial, Barbie20, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Не знам еве, али таква глупа карма иам, Калимеро ми е испод ниво...
    Прееска таман си купив нов парфем, од 2004 собирав пари - уште Тоше коа не претставуваше на Евровизија, го платив, го ставив во ташна, и сва сречна, радосна и пуна љубави, плус дека и понеделник знаете, си излегов. И шетам сеа јас потресена низ други продавнички, осеќам ми мириса на парфемот, си викам у себе види ти, надалеко мириса овој, преку 7 планини и 7 мориња, ќе го биде значи. :D

    ... И сеа доаѓам дома, отварам ташната во придружба со некој хепи блек гето грл денс, за да го извадам парфемот и го сместам на тронот од рафтовите со парфеми, таа утоп, парфемот се истурил, едно 95% од него немаше, мене ми помина целиот мој живот низ глава, сите парфеми, дезодоранси и разни други хемии...

    Тоа е тоа драги гледачи, еве мајка ми влегува у соба и се расправа со мене да не сум се шприцала веќе со парфемот внатре, а тоа ташната корне... :sweat:
     
    На bittersweet, prettyliar, ilipili и 39 други им се допаѓа ова.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Кога при крајот на ноември се шетав по кратки ракави, без јакна. Кога по дома си седев по кратки ракави, без чорапчиња, јадев сладолед и слично... ништо не ми беше!
    Сега почнав да носам капут, со долги ракави да одам. Да си седам до печката, да се покривам со јорганче и со ќебенце... грлово душата ми ја извади!
    Пу бе, никако не си. :D

    Ај, уште оваа школска недела некако да ја истуркам и после се` ќе биде во ред. :D
     
    На Serafima, LittlePinky, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Кога мислам на деновите од годинава која чекори кон крајот од својот пат,мислам дека низ неа ми се развлече класика,дека во неа влегов со убави мисли заглавени во позадината на умот а продолжив да чекорам плашливо,во книгата наречена '13 запишав многу желби а остварив малку,можеби јас сум виновна можеби времето мисли поинаку.Никој не рече дека е лесно.Но,научив да ги ценам оние ситни мали нешта кои умешно умеат да ти се провлечат низ прсти.Сфатив дека без нив никогаш не би била целосна,сфатив дека ги сочинуваат големите.Ги чинат огромните.

    Мислам дека се заљубив во градови во кои никогаш не бев.Барем не се уште.Научив дека тагата доаѓа непоканета,често љуби да останува,дека тишината има безброј облици и дека рамнодушноста и огорченоста се лоши појави за срцето и умот.Научив дека среќата некогаш не доаѓа иако е повиката,ти се чини дека на црна хартија си и извезела мали сребрени букви,чиниш покана а таа сепак доцни.Кога гледам зад мене не знам што направив со своето време.Животот те пушта низ лавиринити и често ја гаси светлината,треба да умееш да се бориш,покрај патот ти остава личности кои ги препознаваш по себе кои умеат да ти ја водат душата кога тебе ти тежат мислите и животот.Научив дека секој има темна страна на срцето,дека соништата не се продаваат туку делат.Дека често се губиме во сопствениот мрак.

    Денес се уште мислам дека во темнината има мали светулки,а ние ја бараме нашата.Неуморно се додека нејзиниот одсјај не ни блесне во зениците.Ова беше година во која сфатив дека добриот збор е мелем за душата,и кога животот ме фрли на колена,сфатив дека некогаш сите го допираме дното.Сфатив дека мразам поздравувања на долго време.Дека домот е онаму каде што ти е срцето.

    Празнината се полни со соништа.
    Еден сонувач во толпата.
    Тајна,но сакам совршено несворшен живот.
     
    На bittersweet, ilipili, Serafima и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Секој пат кога ќе донесам погрешна одлука или кога нешто не ми оди во животов па се нервирам и праќам се кај што треба или не треба, си замислувам вц-школка и синџирче кое го повлекувам и ги испраќам сите тие пропуштени прилики, погрешни одлуки и слично, и зависно од одлуката или моментот, тажно ги гледам или садистички им се смеам. И Бацила је све низ рjеку песната.
    Сликовит ми е многу животот, пејсажи.
    Моментално го повлекувам сиџирчето за уште една личност, и за милионите погрешни одлуки.

    Си го трошам времето на многу некултурни и празни личности. Драга моја, што ќе ти се сите тие фејсбук постови кога си празна во душата, во животот. Ниту еден од нив нема да биде тука кога ќе плачеш, пред да легнеш, сама со своите лаги, без својата совест. Кога ниту тие што требаше да ти бидат најблиски не се тука ниту за момент, си смислуваат лажни изговори. Лажни пријателства за лажен живот. А очајно сакаше да бидеш спектакуларна.
    Ама така е, кога се трудиш повеќе околу впечатокот отколку да го оствариш нештото, не уживаш навистина, и затоа и не го оставаш посакуваниот впечаток. Жално е што направија социјалниве мрежи од некои луѓе, очајно сакаат да бидат видени.
     
    На sweet-cherry, crazylady, Elennaa и 14 други им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.731
    Пол:
    Женски
    Каков ден е понеделник?За многумина почеток на нов начин на живот,ден за почеток на диета,ден во кој оние што одат на работа не можат да се освестат,некои го мразат од дното на душата.За мене е убав ,најубав.По некоја моја лична статистика понеделник ми е мирен и стабилен.Викендов ми беше стресен,имав гости премногу,автобуска станица не беше рамна,куп садови ручек ,доручек...учење со ќерка ми,маж ми замислете пак успеа да ме изнервира .Како е само надарен за тоа.Единствен талент во животот му е тоа.Ама денес не се давам.Не дозволувам срцево да ми прескокнува без потреба.Дојдов до степен ,кога си ја земав перницата в раце и отидов во друга соба на спиење.Јас,која бев убедена дека никогаш нема да ја напуштам брачната постела,ете и тоа се случи.Се менуваат луѓето се менувам и јас.
    Се прашувам дали е ова некој знак дека меѓу нас не штимаат некои работи. :|
    Или ќе помине.Како и да ја вртиш сликата секако поминува.Живот е ова !
    Затоа од денес,понеделник,свечено си ветувам нема нервоза повеќе.Не сакам да мислам што било и што ќе биде.Моментот сега е важен се друго е илузија и минато.
    Ме чекаат алиштата,пеглањето,ручекот да го довршам,да си ги налакирам ноктите со новиот лак,друго се средив а и онака никој не обрнува внимание на тоа.Едноставни работи.А кога е едноставно тогаш е добро.Едноставни чувства,едноставна гардероба,едноставни луѓе,едноставна храна се е тоа пожелно.И не бркајте ги компликациите.Верувајте ми на збор.
     
    На bittersweet, Moira, Serafima и 17 други им се допаѓа ова.
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Оној момент кога во Стокхолм е +5, а во Скопје -5степени |(
    Не се јадело без зачин, немало живот без глобус, а тоалетната хартија секогаш прва треба да ја спакуваш за на пат. И уште некои такви “правила“ што сами си ги измислуваме. Спиев неполни 4 часа, главата ме боли од сите можни страни, си го притискам стравот, си ги притискам сите идни недостигања што пружаат раце да ме фатат за гуша уште од сега, среќна сум, и среќата гледам да не ја гребам со овие мисли, ама...

    Ах луѓенца, летна авионот конечно. Нека му е со среќа само.

    Имајте убав ден, овде... ете баш во моментов, излегоа неколку зраци сонце. Знак? Нека е знак за добро :)
     
    На bittersweet, Moira, Serafima и 19 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.274
    Допаѓања:
    67.881
    Пол:
    Женски
    Градов никогаш не бил толку грд. Одвратен, гаден, не се гледа, не се дише. А ко ништо да не се случува.
    Сакам да си ги спакувам куферите, да отидам на некоја планина, да си седнам до камин во кој си пуцка огнот, со книга во рака. И да си дишам воздух. Ми треба воздух страшно.

    Уште еднаш се потврдува она, кај што има сила нема правдина. Ете така. Па добро, не можам и баш да се пожалам, колку, три-четири месеци траеше периодот? Не е лошо воопшто. За мене барем.
    Ама тоа не е ни толку важно. Она што е најважно е поддршката. Што не паѓам главечки, имам на кого да се потпрам. Некој кој ме пречекува секогаш со раширени раце.
    Му викам, можеби зашто во љубовта секогаш имам среќа, па во ништо друго не ми иде.
    Па нели, не може никогаш се да биде како што треба. Мора нешто да те јаде одвнатре, да те копка и да ти го расипува раатот.

    Се тешам дека и ова е само период. Па мора наскоро пак да се свртат работите. Овој пат не се предавам на депресијата, на црните мисли...
    Зашто секогаш има некој кој ќе ме фати. И сум страшно благодарна за тоа.
     
    На sweet-cherry, Moira, Divinebutterfly и 18 други им се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Секоја година околу Божиќниве празници е иста приказна...
    Добивам еден куп зачудувачки пораки во кои содржината е иста: Ама, кој слави Божиќ на 7ми јануари? Како е можно тоа?
    Па им објаснувам дека сум Православна Христијанка и дека Православието се води според друг календар. За на крајот да завршам со држење часови по историја на луѓе од различни делови од светов кои никогаш не слушнале за Јулијанскиот календар.

    Една од предностите на интернетот е тоа што на дофат имате секакви информации.
    Моите покојни баби и дедовци не можеле да знаат многу работи за овој свет, ама јас денес со еден клик имам можност да дојдам до секакви податоци. Комуницирам со луѓе од различни делови од светот, истражувам за нивната култура, јазик, традиција, начин на живеење... Затоа што можам, ама и затоа што сакам.
    BBC изработува неверојатни документарци, испраќа екипи на опасни предели, чекаат со години за да го доловат бараниот момент, ви ги подаруваат на дланка најнедофатливите предели кои најверојатно никогаш во животот нема ги видите пред себе, а вие од фесбук и инстаграм подалеку не гледате. Да посветите барем една шестина од времето поминато пред интернет за да истражувате, ќе дознаете многу неверојатни работи за овој чудесен свет.
     
    На Elena69221, bittersweet, sweet-cherry и 31 други им се допаѓа ова.
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.869
    Пол:
    Женски
    Дека не е доволно што Скопјенцево ми сакано е обвиткано у магла од која прст пред око не гледам и едвај дишам кога ке отворам прозор ,па мораше и настинка со затнат нос да ме фати у очи Нова Година за да ме дотепа. Уште малце како рибине ке почнам на шкрги да дишам и главава у аквириумон у дневна шо ми квачи со една риба у него да ја бутнам за грам кислород да добијам. :@ :@
    Е тоа е малер ! Златно моренце,не планина,не снег не романтики МОРЕ сакам !!!

    У име муабетов. Добро познативе бомбони супер би ми се нашле во моментов. :D :D

    Uzmite Bronhi, lakse se dise :)

    [​IMG]
     
    На SparkyAngel, kravce, karenin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Морам да си одам, морам... Но, по не знам кој милионити пат се фаќам дека ја немам храброста да си ги спакувам куферите.
    Ма можда и не е толку тешко да се спакуваат куферите колку што е тешко по кој пат да се оди и како понатака.
    Порано не можев да ги сфатам луѓето кои заминуваат од својот дом и се одлучуваат сами да живеат, па и како по ѓаволите се снаоѓаат...
    А сега? Сега им завидувам на храброста и на способноста сами да гураат.

    Тоа сакам во 2014та, да пронајдам храброст!
     
    На bittersweet, Moira, Serafima и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.