[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Victory15

    Victory15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    161
    Еве ме мене. Наместо да започнам со новогодишните подготовки, јас спремав стенд ап шоу. Сакам да биде преубаво и запаметено. Толку цврсто стремам кон совршенството и не можев да го напишам проклетиот текст. Немам спиено повеќе од 5 часа претходнава недела. Загубив претстава за време. Дури трепнав дојде и католичкиот Божиќ, а мојата елка е сеуште неукрасена :( :tmi:
    Сега конечно можам да здивнам и да ве проверам. :wasntme: Гледам дека сите сте еуфорично расположени и многу ми е мило. Останете ми такви засекогаш!!
    Нема да зборувам со оние фразиве „Нова година, нов живот, нова јас!“... Нее... Воопшто не сакам да го мењам стариот начин на живот во 2013. Така да, повели 2014, јас те чекам подготвена!!
    Старата Година ќе ја запаметам по многу нешта... Во оваа 2013 се придружив на ова наше големо ФЕМИНА семејство. Во 2013 живеев онака како што јас сакав. 2013 ќе ја паметам по многу драги личности кои дојдоа во мојот живот.. На 2013 ќе се сеќавам со насмевка..2013 ќе ја паметам по многу доживеани авантури и случки...но пред се, ќе ја паметам по љубовта!
    Среќна Нова, најмили :l:
     
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    36.150
    Пол:
    Женски
    Цел ден имам главоболка.
    Ми пулсира слепоочницата.Слично како мојот нов часовник.А за среќа не сум нервозна.
    Можеби маглата и загадениот воздух се причина.
    Па,побарав утеха во мојот утрински ритуал,вода со парче лимон и дружење со вас овде на Фемина. :)
     
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.196
    Пол:
    Женски
    Едит: Се што било поминало, се што ќе биде ќе помине... - смислата на животот :!:

    Знаете што? Не? Епа ќе ви кажам.
    Сакам сега да се телепортирам во Скопје, да видам како ви е, а после пак назад. Овде нема толку магла. Во животов не сум видела магла како што ја опишувате. :!: А сакам да видам, сакам да се ориентирам со допирање, онака авантуричка малку. :rofl:

    Е ако ви е, да ви кажам. Се’ ви е на дланка, малце и вие помачете се :devil: :lol:

    Инаку ќе ме извините, не можам да ве читам, знаете.. јас жалопојката, тестови, ова она... :worried:
    Инаку го проследив примерот на Someonespecial, и јас си направив список на тестови, од кои 3 се веќе поминати. Го закачив на шкафот. И сега со задоволство ќе си шкрткам.

    Ви спомнав со писмената по германски. Па, добро, веќе си открив една грешка, нова наставничка, нов стил, многу нови работи. Ќе видиме што ќе е. Се надевам дека ќе е петка. А ако на полугодие поради писменава ми стави 4, е тогаш веќе нема да е фер. Мислам, цело полугодие сум активна германски, втор омилен предмет ми е... ај да си ќутам поарно.

    Математика полугодишниот тест ќе е сугурно петче. Не ми е омилен предмет ама го владеам.
    Добро, многу зборувам. Треба да учам историја, утре е. И да, секако, да не заборавам да пишам зошто многу ве интересира. |( Во петок ќе правам и биологија тест. :D

    Ај, поздрав, јас одам да се подружам со царовите, племињата, па кнезот Пребонд, па цар Самоил, Словените итн.

    [​IMG]
     
    На leighton23, lana.del-rey, richgirl998 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Кога сосема случајно ќе се најдеш во ситуација да си присутна во бутик и разгледуваш нешто натенане, а некоја во моментот пробува нешто, нормално само по себе ти доаѓа да ја измеркаш или што би рекле охриѓани "да и фрлиш опул" :lol:
    Девојкава се фрцка пред огледалото во присуство на претпоставувам дечкото, а вработената упорно и дели комплименти како да се бесплатни пакетчиња за Нова година :D
    Мене секогаш ме нервирале такви коментари од типот "леле колку убаво ти стои", "па ова како за тебе да е шиено", а уствари во корсетон изгледа ко виршла обарена а претходно не излупена :D :D па уште и на дечково му дава ишарети демек да потврди дека совршено и стои, а он сирот само трепка со очињата и размислува што да каже :?: зошто што и да каже ќе згреши :lol: :lol:
    Што направија не знам, јас си видов тоа што ме интересираше и фино лепо си излегов,а и вработената беше преокупирана со нив па мене многу многу не ме изрегистрира :D :D
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.302
    Допаѓања:
    92.070
    Пол:
    Женски
    :tmi:
    [​IMG]
     
    На Dog-lover и Lella им се допаѓа ова.
  6. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Сакавте да фаќате магла од тука,а?
    Епа дечки,јебига,тоа е,Господ има чудна смисла за хумор.
     
  7. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Си го сакаааам турчетоооо :lol: :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Позади некој аватари тука се прикриваат генијални-идеални личности, ама вие веројатно тоа нема никад да го приметите затоа што сте опседнати со бројки. :emo:
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Ќумрам.
    Си се подновив со нови чизми,и од пуста радост шетав по дома со нив цел ден.После ми текна ај ке си земам да јадам и идам до кујна,земам бурекот и јогуртот и така like a boss со послужавникот и новите чизми идам во дневна и наеднаш ТРАС!
    Да да,се сопнав од врвките и се оклештив колку сум долга и широка,а јогуртот заврши така убаво пљуснат на тепихот.
    :@
     
    На lana.del-rey и richgirl998 им се допаѓа ова.
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    A... што кога не знаеш што сакаш!? :?:
     
    На Barbie20, crazylady, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
    А чизмите? Се надевам дека ништо не им е? :o :lol:
     
  12. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Искрено, со душа чекам да дојде таа ,,фамозна и најлуда ноќ'' и да помине најбрзо што може, зошто веќе преку глава ми дојде од припремите и огромната возбуденост на луѓето околу мене. Најактуелно прашање последниов месец е: ,,Каде за нова година?'' Зошто луѓето и даваат толкаво значење? Не можам да разберам. Па, така некои поединци ќе полетаат во облаци поради Нова Година и нормално прават фризури, вештачки нокти, купуваат фустани, штикли и не знам какви други дрангулии. Секако, ова се случува само во нашата чудесна земја :clap: :^) Јас воопшто не сум радосна, ниту пак расположена. Тоа е обичен ден, односно најобична вечер. Периодов ми е катaстрофален и општо оваа година многу лошо ми помина, поголемиот дел ми беше депресивен, но имаше и моменти на радост, но како рекле ,,Се што е убаво, кратко трае''. И, покрај сите случувања на крај остана мојата самодоверба и надеж, зошто нели веќе не ми остана ништо друго, после сите случувања во оваа година. Искрено, сакам да започне 2014 сепак е нов почеток. За Нова Година ќе бидам на прилично здодевно место, навистина немам никаква желба да отидам, но зарем дома да седам? Сигурна сум дека нема да биде ништо посебно, бидејќи друштвото не ми одговара. Не се чувствувам како ,,падобранец", но немам желба за прославување, едноставно негативен тип сум и се ми е меланхолично. И, да нема полошо од тоа да не си со тој што го сакаш таа вечер. Гледам утеха во тоа што се работи за неколку часови и знам дека што и да е, ќе помине. Гардероба и јас спремив денес, нема да бидам накитена како новогодишна елка, но нема ни секојдневно. Едноставно модерно, како што ми одговара мене :D Оценките ми се како што треба и како што очекував, многу сум задоволна, но се поддразбираше дека ќе има добри резултати покрај толкав труд. Немам сон како што треба веќе долго време, но ќе издржам уште овие два дена. За распустот се ми е резервирано. Добри книги, филмови, буквално релаксирање, па нели после толку напор ми е потребно сето тоа 8) Вечерва продолжувам со образување, веќе немам сили, но ќе пробам некако :yawn:
    Имајте убава вечер :inlove:
     
    На Izaabella, Barbie20, anggell и 3 други им се допаѓа ова.
  13. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Почнувам да пишувам своја книга :hug:
    Инспирација ми беше наставничката по Македонски јазик. Сум пишувала многу убави состави, а сигурна била дека ќе можам да напишам една цела книга. :) Ќе го пуштам мозокот да ме води, па може ќе напишам нешто асално :wasntme: Не ми текнува наслов и вовед, половина час размислувам за што би пишувало, ама не бре не ми текнува |( Ќе пишувам за се, за среќата, за тагата, добрите и лоши страни на животот прикажани во случки, ма се се..

    П.С

    Дедо Мраз т.е. Тато Мраз ми ја исполни новогодишната желба. Ми донесе златна рибааааааааа :party:
    Ја крстив Ариел :) Сакав да ја крстам Ким, ама братучедка ми така си ја крсти нејзината риба, па ајде да не ни се исти.. Сега ни фалат уште 2 риби за да ги крстиме РеинБоу и Гордана, таман сите да ги носат имињата на нашите модераторки :D

    Убава вечер :* :hug:
     
    На Hipster, Serafima, LittlePinky и 9 други им се допаѓа ова.
  14. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Почна сезоната на горење од печката... :lol:
    Барем за мене...Ако, нека ми е! Кога се лепам до печката. :@
     
  15. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Често размислувам за неа, чисто онака но баш често.Последниве ноќи и ја сонувам, понекогаш толку силно што ја чувствувам во мојот дом.Станувам одам до бањата се погледнувам во огледалото, малку се гледам себе, малку е и таа таму.Ја има и во маргаринот што го мачкам на лебче изутрина кога појадувам, и во утринското чајче што несмасно го истурам секое утро, ја има и помеѓу редовите на весниците кои по навика понекогаш ги читам сакајќи да се направам паметен.
    Еден стар пријател знаеше да ми каже: "Чукни си ја главата, не играј си со љубовта бидејќи таа не знае да игра" .Си реков каква љубов што зборува, е таква шарена една и единствена.Сега кога ќе размислам, премногу добро ме познавал пријателот, подобро од моето само спознавање, знаеше дека ќе си ја прокоцкам среќата.Останаа толку многу работи недоправени, зборови недовршени, љубов неискажана, што секогаш ги планирав, ги оставав за подоцна, додека „подоцна“ не се претвори во „предоцна“ и ми зема се.И не е крива таа што ја нема.Крив сум јас што ја немам, а совеста – курва си игра мајтап со мене.
     
    На Barbie20, SparkyAngel и jasBia им се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.400
    Допаѓања:
    17.626
    Пол:
    Женски
    Утепа ли се батo...

    Истече му уље... :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=bpba7_GEjNE

    p.s. со врвки ти се чизмите, мартинс да не си купи?
     
    На ilipili, Dennings, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Има нешто, има некоја магија на овој проклет остров што ме привлекува и прави зависна од начинот на живот на кој навикнав, исполнет, а толку празен...
    Чувствувам дека само тука, можам да го пушам лулето на мирот, да уживам во тишината, да бидам исполнета од празниот простор...
    Оваа вечер, Небото е премногу возбудено од допирот на земјата.

    Сибир, Сибир, ледениот и прекрасен Сибир, Сибир, Сибир,... светот ке биде твој!

    ...Немирна, чудна, опасна, разбушавена, насмеана, мистериозна, осамена... Прекрасна ?!

    Ноќта беше предолга во срцето на младиот 'човек' во мене, а колибата беше претесна за да го собере мојот залуден здив. Од небото пак паѓаше она белото...
    Се сеќавам на Денот.
    Денот можеби не беше толку светол колку што сакав, можеби она најцрвеното го затворив во Сибир, но Денот сепак беше ден, голем Нов ден.
    Денот кога мајмунот стана човек.
    А од друга страна, Ден кога се изгуби и она малку 'човечко' што го имав во себе!

    Постојат два вида убијци. Едните завршуват на бесилка, а другите во историските читанки. Има уште една поделба. Едните убиваат со цел, за големи идеали, а другите, едноставно убиваат. Сите убијци се убијци.

    ...Да, играта сепак беше премногу опасна.

    Сибир, Сибир, ледениот и прекрасен Сибир, Сибир, Сибир... како гадно ме излажаа тогаш!
     
    На Trnche и QueenElena им се допаѓа ова.
  18. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Тогаш чорба Македонче.
    :lol:
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... внук ми е како варен зајак во очите. ^_^ Ококорен, нема белки, само шареници кои трепкаат како фарови. :sun:
    Мило убаво злато. Мене ми го опишаа како плачко и лутко, а мирно си седевме 35 минути. Не пушта насмевки скржле е, ама барем не приплака солзички.
    Сака да пика се` и сешто во уста, го чешкаат непцата, ќе му излегуваат запчиња.
    Абе сонце. Милина е да си играш со бебиња, што само се џарат и ѕверат во сенешто, целиот свет им е нов, неизвалкан, чудесен и убав.
    Што ќе му објаснувам јас за воздухот, маглата, две паралелни прослави и мерење тулиња или минусот на кредитната. Он си има дедо мразовци - еден чоколаден и еден керамички лампион и се` ми е пуно-рамно.
    Злато.

    Шок-терапија ми се мали бебиња. Им завидувам што не сфаќаат ништо од светот и најголема мака им е какана пелена и млекце.
     
    На bittersweet, Neytiri, NoellePage и 11 други им се допаѓа ова.
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.566
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека единствена вистинска љубов и пријателство, без да постои некоја маска можеме да добиеме само од животните, додека од луѓето можеме само да добиеме омраза, љубомора, завист. :!:

    И сакам да кажам дека ми е многу жал за оние животни кои се малтретирани од страна на луѓето, бидејќи никое животно во своето срце и душа неможе да има некоја омраза кон луѓето, туку напротив срцето на животните е преполно со љубов кон луѓето. :!:

    Зарем овие животни освен љубов во срцето, би имале и нешто друго (омраза, љубомора, завист), затоа сите оние кои малтретираат животни треба малце да се подзамислат дали едни невини животинчиња го заслужуваат тоа што им го прават. И како би им било да се на нивно место. :!:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На xsweetx и EMoonlight им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.