[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Здравије изгледа јас во петок ќе ја видам Скопската магла.И ако веќе четири години го немам посетено немам некоја голема желба да го видам плоштадот , воинот на коњ.Едноставно за овој град ме врзуваат болни спомени.Само клиники, лекари , неизвесности...Не верувам дека ќе ми се допадне и ако е пред празниците.Кога би можела да бирам никогаш повеќе не би стапнала во Скопје. :(
    Простете ми Скопјани..не сте вие виновни.
     
  2. misperfekt

    misperfekt Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    31
    СДК дека не ми е мака шо не одам на нова година бидејќи сум имала сипаници. За жал морам да глумам бидејќи ќе го има она абе ти нормална си, дома со старите ќе седела. Епа знаете шо, поарно дома со мајка ќе праам муабет за политика отколку да бидам со пијани тинејџери облечени како евтини дрољи. А незнам што ми е, порано би скокала на самата помиса за нова година. И кога бев помала, не дека сум многу голема со годините, сакав да се облекувам и да се дотерувам. А сега, сега со задоволство би седела и би ја дискутирала последната прочитана книга отколку да спасувам пијани тинејџери, меѓу кои би требало да бидам и јас, и да ги терам да повраќаат. А згора на се никој не разбира дека оваа нова година че ми биде најубава. Зошто?- Книга, нескафе и тоа во што поголеми количини и морничава тишина. А потоа следува пишување на некој бесконечно долг расказ инспириран од мојот страв од иднината. Откако тоа ќе заврши ќе продолжам да се прашувам дали и оваа година некој ќе оплакувам, и дали и оваа година целата ќе бидам во црно. А за крај, ќе заспиам додека сопствените крикови ќе ми бидат песна а солзита ќебе.
     
  3. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    сдк ВРЕДИ ДА СЕ ПРОЧИТА

    ТРГОВЕЦОТ И НЕГОВИТЕ ЧЕТИРИ ЖЕНИ

    ЧЕТВРТАТА ЖЕНА ја сакаше најмногу. Ја обожаваше, ја даруваше со скапоцени поклони, се грижеше за неа најмногу и ѝ даруваше само најдобро.

    Многу ја сакаше и ТРЕТАТА ЖЕНА. Беше горд на неа и често ја покажуваше на своите пријатели. Но, секогаш се плашеше да не го остави и да замине со друг.

    Секако дека ја сакаше и својата ВТОРА ЖЕНА. Таа беше многу внимателна, стрплива и во неа имаше голема доверба. Секогаш кога ќе наидеше на некој проблем, трчаше кај неа и таа секогаш му помагаше да ги совлада прапреките полесно.

    А ПРВАТА ЖЕНА му беше многу приврзан партнер. Му помагаше во работата и во одржувањето на целото богатство. Но, неа и не ја сакаше многу, но таа за возврат го сакаше неизмерно.

    . . .

    Еден ден трговецот се разболе. Чувствуваше дека му се ближи времето и дека за кратко ќе умре. Помисли на својот богат живот па рече: „Имам четири жени, но кога ќе умрам ќе бидам сам, многу осамен...“

    Тогаш ја запраша ЧЕТВРТАТА ЖЕНА: „Те сакав најмногу, ти купував најубави нешта. Те опсипав со внимание. Сега кога умирам, ќе дојдеш ли со мене да ми правиш друштво?“ „Никако“ одговори четвртата жена без ниеден друг звор.

    Тогаш трговецот ја запраша ТРЕТАТА ЖЕНА: „Те сакав цел живот. Сега кога умирам, ќе дојдеш ли со мене да ми правиш друштво?“ „Не!“ одговори третата жена. „Животот на земјата е премногу добар, ќе се премажам после твојата смрт.“ Срцето на трговецот се смрзна од ладниот одговор.

    Тогаш ја запраша ВТОРАТА ЖЕНА: „Секогаш бев кај тебе кога ми требаше помош. И сега барам од тебе помош. Сега кога умирам, ќе дојдеш ли со мене да ми правиш друштво?“ „Жал ми е, овојпат не можам да ти помогнам.“ одговори втората жена. „Најмногу што можам е да те закопам.“ Одговорот го покоси како гром.

    Тогаш се слушна глас: „Јас идам со тебе, каде и да одиш.“ Трговецот се сврте и ја виде својата ПРВА ЖЕНА. Беше така слаба и превиткана како да е изгладнета. Заблагодарувајќи се жално, трговецот рече: „Требаше за тебе да се грижам повеќе додеја сеуште можев.“

    ______________________________________

    Всушност, сите ние имаме четири жени во својот живот...

    ЧЕТВРТАТА ЖЕНА Е НАШЕТО ТЕЛО... Без оглед колку го негуваме и му посветуваме внимание, ќе не напушти кога ќе умреме.

    ТРЕТАТА ЖЕНА Е НАШАТА ЛАКОМОСТ, СТАТУС И БОГАТСТВО... Кога ќе умреме, сѐ ќе замине кај други.

    ВТОРАТА ЖЕНА Е СЕМЕЈСТВОТО И НАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ... Без оглед колку ни биле блиски за време на животот, не може да дојдат со нас во гробот.

    ПРВАТА ЖЕНА Е НЕШТО ШТО НЕ МОЖЕШ ДА ГО ВИДИШ - ТВОЈАТА ДУША. Често е потисната и не се гледа од материјалните богатства кои нѐ опкружуваат. Но, единствено таа нѐ прати секогаш.

    Можеби е добро да се погрижиме за неа СЕГА наместо да плачеме на смртната постела.
     
    На keti.kety, SuperGirl24, sofijanoka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Цело сабајле бев сама дома. Болен Дојчин, дека...
    Си лежев во дневна. Влегува дома сестра ми, со дечко и`... После 10тина минути, влегува во детска и почнува да вика:
    - Леле Елена, аман. Само по тебе ли да одам? Што е ова расфрално? Па смачено ми е, само по тебе одам, цело време! Ај дојди во детска, да раскренеш тоа што си растурила. :!:

    Јас онака бледо ја гледам. :?: Поима немам за што збори. Немам влезено во детска...

    Влегувам во детска, со намера да расчистам и..... пакетче!
    Јејејеје. :rofl:

    Сега како јас да не и` направам на неа? :wasntme:
    А што немам пари, што ми ги здиплија, тоа е друго... :D
     
    На Lella, Buttterfly, ilipili и 16 други им се допаѓа ова.
  5. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Сите го знаете филмот Чоколадо, и неговите ефекти врз нашиот нервен систем :D.
    Е тој филм, цел живот го гледам на А1 како го даваат, и цел живот умирам по малку во себе на сцените кога се топи чоколадото, а ниту еднаш немав до мене чоколадо да си каснам.
    Еден вид на животна желба ми беше да го гледам филмот и да јадам чоколадо во моментот, за целосно доживување нели.
    И денеска конечно, после толку време, универзумот, ѕвездите, коцките, вишите сили, џуџињата од Снежана и се друго што може да биде, се здружиле и го наредиле патот, и конечно јас го гледав филмот и имав чоколадо при себе. Нормално можеше да си го спуштам филмот и да си купам чоколадо, ама не е тоа-тоа, друго е кога ќе го начекаш на телевизија, сакав вака да се погоди судбоносно :lol:.
    Штета што воопшто не бев расположена за чоколадо и ми се јадеше солено во моментот, но добро, мал пенал, I'll allow it, за инат го тискав чоколадово, колку да ми биде магичен денов :D.
     
    На Buttterfly, ilipili, kala21 и 15 други им се допаѓа ова.
  6. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Во моментов сум во состојба да убијам некој,да запалам нешто или цела куќа да ја превртам.
    Да ја исфлам сета негативна енергија!
    А причината за нејзе е секако школото!
    Аман веќе преку глава ми е, наставнициве за две недели милион тестови и испрашувања ни дадоа,плус стрес во пакет!
    За мене нема време!

    Едвај чекам да дојде Нова година,да си поминам супер и да го заборавам учењето!
    А потоа,потоа да си отидам во село кај што имам викендичка, да се одморам.
    Да побегнам од секојдневниот метеж во селото каде што има едвај 20 луѓе и да гo оставам лаптопот неколку дена.
    Да видам ден без магла!
    Да падне снег и да правам што сакам со него скриена од љубопитните очи на народот!
    Доволни ми се само неколку дена,доволно за да се вратам свежа!


    ***
    Сдк дека имам супер другарки со кои можам нонстоп да се смеам!Тенк ју!!!
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    помина ПАП тестот-малку болеше ама сестрата ми помогна ме држење за рака (Господ да ја благослови)
    помина и дејството на виното
    сега срце е :$ си игра и си пее и се смее :)
     
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Тешко е да се поверува, но вистина е. Еден човек се сетил на мене. За ништо посебно, за никаква корист, едноставно да ме слушне, од срце.
     
    На Barca-Gril му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Се чувствува новогодишната еуфорија. На големо. Низ град сијалички и ламиони на секој чекор. Турканици низ бутиците. Сите насмеани. Сите среќни. Се кројат планови каде за најлудата ноќ. Кај и да одам, сегде тоа прашање прво долетува. „Каде за Нова година?“ И секако, следи она моето, рамнодушно: „Дома.“ „Лелеее, зошто така?“ Ќе одмавнам со раката, ќе се насмевнам, ќе кажам дека едноставно никаде не ми се оди. Ќе си помислат дека лажам. Што сакаат нека си помислат, ама навистина само тоа сакам - да си седам дома. Такви се околностите. Немам желба за веселење, за јадење, за пиење...
    Лоша година ми беше оваа 2013-та. Ради тринаесетката изгледа. А баш не верував во малери и баксузи... Се осеќам изморена и изнемоштена, ко некоја старица. Како да заборавив да се радувам оваа година, заборавив да живеам...
    Се надевам на подобро. Се надевам дека оваа година беше дното, дека работите ќе тргнат во нагорна линија. Се надевам... се надевам и дека ќе расчистам сама со себе, дека најпосле ќе се променам. Се надевам дека 2014-та ќе биде добра година. И, да, се надевам дека во Новата веќе нема да ја тупам со песимистички постови овде, на фемина. :)

    2013-та... ЧЕКАМ ДА СИ ОДИШ!
     
    На Barbie20 и Izaabella им се допаѓа ова.
  10. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Абе насекаде читам за маглава во Скопје. Па не е фер бе, нека падне и ваму магла па да може и ние грдиве да пошетаме....
     
  11. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Дојди во Скопје еден ден и пресреќна ќе бидеш кога ќе се вратиш во родниот град, верувај. :lol: Мада денес нема баш, фала богу редно беше. :clap: :D

    Инаку СДК дека денес ми е убав и позитивен ден, иако пак не сум доволно наспана. :D Ах, уживам да ги правам среќни луѓето околу мене. :inlove:
     
    На SnowWhite8 и sweet-star им се допаѓа ова.
  12. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК Среќен Божиќ на сите што го празнуваат денес :)
     
  13. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Денес излегов да ја испратам другарка ми и ми дојде пред врата кученце слабо,прегладнето,толку ми беше жал.Единственото нешто што можев да го направам е да му дадам малку да касне нешто,му дадов и толку благодарно ме гледаше,легна да го погалам.Не можам да ви опишам каков поглед беше тоа,никогаш нема да го заборавам и ми го разубави денот 100%.Ах,колку малку е потребно за сите да бидеме среќни,многу ме прави среќна тоа,да помагам.На крај,како награда добив чоко локум кој го посакував одамна и сега си седам среќна. :D :) :D :D :D :D :D :)
     
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Во ист ден со сестра ми дознаваме дека видео спотовите во кои бевме главна ролја веќе се готови и се промовираат.

    Љубов, констелација, сестринска врска, незаменливо и единствено суштество ми е, колку и да не се разбираме, си кенкаме и смееме ко улави, тоа е незаменливо. Договоривме вечер коктел забава со друштво, претходно сме на промоција кај Ивана и ќе бидеме како на времето, другарки со иста крв, а различен темперамент.
    Едвај го чекам видеото на Марџ, кај што сме со либето. Денес баш кога појадувавме се јави и ни распара срце од убавини. Ќе не’ покани и постновогодишно на промоција. Едвај чекам. Мачоров мој прави фаца ко Бапчо и вика - еееј, па не мора да ме има, јас ќе си се скријам. Сонце и Месечина во едно небо. Колку што јас сакам сцена, тој сака да е позади сцена и да чепка по тоа техниките. И да си цуга пиво. Разлики а зближености. Цел ден чистевме и местевме гарнитура, прередувавме плакари и чувството на наше дома е засилено. Се’ до повторниот миг на разделување. Му се втурнав во прегратки со налутен глас дека сакам да е тука. Му се лутам, пргаво и истовремено себично. Пораснувам ко елка две три педи кога сме заедно, вака. Првиот миг после маглиштава кога јасно се видовме, тој со вцрвенети образи и капа ко Дедо Мраз, а јас со шапката од Париз и чевлињата со кренат нос, сфативме дека овие денови додека сме заедно треба да си ги посветиме најумно и најљубовно. Ко што треба. И со закачки, радости. Им купивме микро пакетчиња за Новава на сите. Од негова и моја страна. Вчера му денсав на цел лајв албум од Молоко. Тие мигови се незаборавни. Делевме розе вино и цигарче, правевме заедничка вечера. Го обожавам кога се труди да биде готвач, а не му успева. Па вариме карфиол и паста во истата вода, ама јадењето има убав вкус, зошто така едноставно треба да биде.
    Годинава што доаѓа, да ја пречекам и во пижами, ми е гајле.
    Порано, чекањето на Новата година, беше радост. Светлуцава, топла, чекачка атмосфера, некако завиена во други мисли. Скромни, а така убави, топли. Како зачувани од надворешниот свет.
    Дали на тато ќе му дадат пакетче од Металски Завод? Ќе дојде ли замотан со црвеното ќебе и ќе ни донесе мене и на сестра ми пакетче? Ќе има... Ќе има. Мама ќе донесе ли блокче број 5 (што поголемо, за да цртаме) или енциклопедија од работа, за да читам? Те молам, те молам, си велам, да донесе!
    Секогаш имало, за нас. За соништата да ни бидат во боја.
    Да се остварат, пред да остарат.
    Руска, се правело како за војска. Сите ангажирани. Се печеле колачи, костени. Мирисало на ново. На квалитетни лампиони. На квалитетни сеќавања. Се испраќале честитки. Евоцирам вака, и сфаќам. Сентимент, ко седимент. Се лепи за душа - и стануваш буден.
    Луѓето ги раѓаат сништата, но и неостварените сништа, ги убиваат луѓето.
    Годинава што помина, остави траги, остави магла. Остави запишана книга, загубени идеали, задржа убави луѓе, оствари многу контакти и освестувања.

    Но, оваа што доаѓа сакам само здравје и правда.
    Љубовта, ја носам во себе како награда.
     
    На L-enna, ilipili, lunicka и 8 други им се допаѓа ова.
  15. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Минуваат часови, денови, недели, месеци...
    Ништо не се смени. Треската сеуште го тресе моето срце.

    Животот оди понатаму.
    Која е смислата на оваа реченица ?
    Што било поминало, ќе има подобри времиња, ќе бидеш среќна.
    Среќна ?
    Треба ли да бараме утеха во овие реченици ?
    Не.
    Воопшто не треба да бараме утеха. Во ништо.
    Тоа е така, не може да се промени.

    Ќе бидам ли јас навистина среќна ? Ќе продолжам ли да живеам како ништо да не се случи ?
    Нема. Ниту јас, ниту било кој.

    Не сакам да бидам среќна. Не сакам да заборавам.
    Сакам само едно
    Да го гушнам уште еднаш, и да му кажам дека го сакам. Само тоа.
    Затоа што имам потреба од прегратка. Од разговор. Ми недостасува насмевката.

    Живот.
     
    На Mama25, Elennaa, LittlePinky и 12 други им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Од аспект на телевизиската понуда, католичкиов Божиќ ми е многу поубав ден за седнување пред телевизор, отколку нашиот. Задолжително пуштаат барем еден божиќен филм, а на некои канали прават филмски маратон и по цел ден пуштаат такви филмови. Кој од кој поубав.
    А на 7ми јануари, на нашиве телевизии има сé друго освен божиќни филмови.
    Кога ќе видам дека пуштаат Сé или нешто, Прељубници, Фарма или некакви турски и индиски серии, ми доаѓа да ги пукам со пушка. Еве ваква!
    [​IMG]

    Патем, среќен Божиќ до сите кои го прославуваат денес :)
     
    На bittersweet, ilipili, Lemonade и 25 други им се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629

    Прикачени фајлови:

    • Божиќ.jpg
      Божиќ.jpg
      Големина на фајлот:
      84,1 KB
      Прегледи:
      489
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Па не е само у скопје магла иовде у куманово мучимо се како грешни ѓаволи прс не се види пред очи :rofl:
     
  19. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Лелел луѓе уште 3 дена и се распуштамее :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Си доаѓам од школо вака нервозна, фрлам ташната и се уклучувам одма на фемина да напишам нешто овде, да ми олесни душава. ]:)

    Многу сум изреволтирана од овие денешни пријателства, сите ти прават лице. Само се тука кога имаат корист од тебе, во моменти кога си никој и ништо и кога ти се потребни тие "пријатели" нив ги нема никаде. Само знаат да зборуваат зад грб, да те исмеваат и провоцираат. Вадат муабети, без разлика колку е точно тоа нешто вејќе пола град те знае тебе. Е така е кај нас... На фејсбук па со тие статуси кога им ги читаш, си мислиш "еј овие мноогу паметни" е не е така. Џабе ти се лајкови на статусот на фејсбук, кога ти самата си се опишала во него, кога ти самата си кажуваш дека се мразиш. Некој се толку многу тврдоглави што со една даска да ги удриш по глава ништо не им е. :rofl: Е од такви се пазам, ама џабе е... многубројни се тие таквите.
    Свака част на некој што си има вистински пријатели. До душа и јас си имам две ама не се од мојот град или пак држава, жално е тоа. Некој на кој му веруваш во се, некој кој е секогаш тука за тебе ама преку интернет (бидејќи онака не можете да се видете во живо) е тие пријатели се чуваат.

    П.С- Читам, читам и сега сватив што глупости сум напишала ама не е битно. Лесно ми е на душава, иако имам малку поголема рана на срцево. :x

    ...Инаку онака, убав ден беше, само лош крај.
     
    На LittlePinky, Someonespecial и Dog-lover им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.