[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.948
    Допаѓања:
    164.157
    Имаме дрво во двор.
    Тоа чудото што беше слепено за се живо деновиве денес се стопи.
    Тоа што останало на плочките има боја на тиња. Како 100 цигари да биле изгасени во 250 мл вода. Ете толку е одвратно, а за воља на вистината не се ни одмива, останаа флеки.
    Цел ден си се прашувам што ли имаме сега во белите дробови. :?:
     
    На Annath, ilipili, cigarce и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да се распуштиме... па да си отидам кај баба ми на село, конечно на чист воздух... :)
    Многу е убаво таму, особено за Водици, доаѓаат сите луѓе што се иселени од селото, па дури и од странство, се собираат сите да се видат, па си кажуваат што има ново-старо... :D Годинава чичко ми е кум на славата.. ќе биде весело.. :geek: :D и така ви викам.... :D
    Па збирам пари да му направам пакетче на брат ми, иако е голем.. :D моиве мене не ми купија пакетче годинава, :D па се изнервирав сама си купив, сама си го изедов.. 8) :rofl:
     
    На iloveyou29, Moonstone.17, anichka94 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    СДК
    MaCa-Swiss ме кршиш на парчиња кога те читам..
    Сфаќам каква трагедија живееш моментално..
    Сакам само да ти кажам дека кога-тогаш, животот ќе почне пак да ти се "случува" и без твоја волја.. На тебе останува дали ќе го гледаш од публика, или ќе се одлучиш да го живееш..
    Безвезе ми е да ти држам говори, а сакам многу работи да ти кажам.
    Клише или не ќе ти речам -Дај му време на времето, пробај да си јака.
    Баба ми, лесна и земја, не можеше да ме гледа како вегетирам во кревет по цели денови, еднаш ми рече: "не можеме во гроб со умрените, ама и не треба да сме умрени меѓу живите, пробај да живееш поради најблиските.."
    Силно те бакнува една форумска дадичка, за и ти да бидеш силна :*
     
    На MaCa-Swiss, Annath, anuskaNESTLE и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.401
    Пол:
    Женски
    Маглата си отиде само штетниот воздух и штетните луѓе останаа да прават штета. :geek: :D
    Тука биле тука и ќе останат се навикнавме веќе.
    Живот шта чеш.

    Оваа година т.е 2013 ми беше година со подеми и падови година во која се ми се случија доста работи и промени на добро и на лошо.
    Една од добрите работи е моето зачленување на фемина.Место полно со жени(со неколку машки) собрани на едно место дискутирајќи за се и сешто на разни теми,области,подрачја.
    Случајно ми текна дека на 24 јуни се зачленив значи вчера направив 6 месеци од моео зачленување.
    Пред 6 месеци станав дел од овој форум каде што сите сме фамилија.
    Знам дека не згрешив што се зачленив знам.
    Друга промена која што сметам дека беше на добро е што се променив навистина не со зборови туку и со дела.
    Почнав да созревам,сфатив дека не е добро секогаш се мене да не ми е погодено,да се жалам,а на другите да им е ОК.
    Другарка ми ми викаше некогаш Калимеро нема правда,дека за се се бунев. :lol:

    Незнам дали ве интересира сепак ќе си кажам завршив со тестови и ќе поминам само со една 4ка за полугодие.
    Поправив оценки од тромесечјето почнав повеќе да учам ете се освестив ми текна дека не е на добро тоа што добивав 2ки по тестови.
    Среќа на време ми текна иначе којзнае можеби и 3ки ќе имав сега,било поминало. :)

    Како и да е пројде и оваа година се надевам следната ќе биде исполнета со уште посреќни работи.
    Само здравје и се е можно.

    И ете ги празниците кои најмногу ги сакам се ближат.
    Почнав планови со другарка ми и братучетка ми за Коледе,паричка некоја да соберам и толку више голема сум другата година којзнае дали ќе коледарам срам ќе ми е. :$ :sweat: :D

    И тоа од мене феминки.
    За оваа година се изнапишав од следната продолжуваме со дружба на фемина. :D
    2014 убаво звучи. 8) :D
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.722
    Допаѓања:
    24.310
    Пол:
    Женски
    Жениии бидна и тоа, дипломирав денес официјално :) Веднаш после мене бранеше и дечко ми, си отидовме на семеен ручек потоа, и така фино си прославивме најблиските. Се радувам, повеќе за него отколку за мене :D Си добив и прекрасни подароци, уште поубави цвеќиња, многу желби за успех!

    И така сега да ве почaстам како шо е редот :) Повелете!
     

    Прикачени фајлови:

    • Povelete! (2).jpg
      Povelete! (2).jpg
      Големина на фајлот:
      6,8 KB
      Прегледи:
      590
    • Povelete!.jpg
      Povelete!.jpg
      Големина на фајлот:
      126,7 KB
      Прегледи:
      590
    На bittersweet, Buttterfly, Annath и 39 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Сум приметила во последно време дека во вакви busy периоди, во целата расеаност имам една лоша навика - одложно одговарам на пораки. :tmi: Фино лепо ќе си ја прочитам пораката, па ќе се зафатам со нешто друго... и така може да испадне наредниот ден да ми текне да вратам. Така една другарка синоќа ме праша нешто на фејсбук, и јас пошто онака на 5 минути само седнувам на пауза, си викам ај ќе доучам па ќе ѝ објаснам асално. И бидејќи нели тоа пустото одма се регистрира што е видено, што не е, девојчето за малце ќе ми се налутеше што ме чека да ѝ одговорам. :lol: Е да знаете, мене тоа seen не ми смета зашто не можеш некого да игнорираш или слични работи, туку заради вакви ситуации. :D

    Друго што сакав да кажам... навистина ептен ме развеселуваат онакви мали културни дечиња...
    Имаме едни пријатели со такво детуле, ај што е такво мило и слатко, па уште и итро и воспитано... ми иде да им речам да ми го позајмат еден ден да го изгњавам. :D Дошла кај мене во соба и ме гледа со учебниците, ми вика, дадо ај ќе те молам прочитај ми нешто од книгиве... Абе најслатки ми се такви љубопитни што сакаат да учат. :D

    Иначе и времево ми го подигна расположението, абе јас штом видам сонце низ прозор, одма се развеселувам на некој начин. Денеска сум баш така позитивна и исполнета... абе се е подруго кога обврските ќе поминат и трудот ќе вложи со плод.
    А и плус дознав дека братучетка ми ќе се вери... што може повеќе да го разубави денот од телефонски повик со такви убави вести? :sun:

    Сега планирам да си одвојам конечно време за себе, баш ми е потребна релаксација.
    Си најдов една урнебес комедија за со другарка, сега ако слушнете од некаде кикотење изгледа јас сум ви комшика. :D
    Море, сум имала доста работи за пишување изгледа. :wasntme:
    Ај уште и да ве поздравам со една убава песничка и да им идам на пуканките. :D

    http://www.youtube.com/watch?v=3lbdM5RaON8
     
    На bittersweet, ilipili, sweet-cherry и 10 други им се допаѓа ова.
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.776
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се чувствував празнично, со оглед на тоа што имам колоквиуми секој ден, веќе не ни ги бројам... и во обид да се расположам и да ме фати малце еуфорија, зедов сама да виткам поклони, иако имам две леви раце. Пуштив сијалички, запалив свеќи, ко да се работи за некој ритуал... и, ми успеа, бар така мислам.
    Собава ми е лом, има светки насекаде, ама конечно се расположив.
    И тврдам дека - единствена поубава активност од купување поклони е виткање на истите.

    :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    • 2.jpg
      2.jpg
      Големина на фајлот:
      101,8 KB
      Прегледи:
      550
    • 1.jpg
      1.jpg
      Големина на фајлот:
      87,9 KB
      Прегледи:
      550
    На bittersweet, LittlePinky, Buttterfly и 26 други им се допаѓа ова.
  8. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    Во животот треба да бидеме подготвени и на она што никогаш ни на сон не би помислиле дека би ни се случило.Токму тоа јас го доживеав.Самата си го уништив животот.Свесно или несвесно не знам,а и така тоа веќе не е важно.Не ми се верува дека токму тоа мене ми се случи.Не можам и не сакам.Се беше прекрасно до пред еден момент.Се се сруши.Ах да можев да го вратам времето..Касно е веке...Касно.Зошто мене? Зошто баш јас? Зошто? Скршена сум на парчиња..Изгубив се што имав,се изгубив себеси,моите дома,дечко ми,баба ми.Немам повеке никогоСама сум.Се изгубив...Зошто? Колку бев среќна..Сега се тоа е минато.Колки се каам..Што ке правам сега сама? Што ке правам без мајка ми,баба ми,дечко ми,брат ми? Како?
     
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    10.472
    Она чувство кога после тотално глуп и напорен ден конечно ќе се укотвиш во кревет пред компјутер и ќе ти текне дека мора да одиш до продавница затоа што си изгубен случај и не ти текнало пред 10 минути кога со летање си се враќал дома :fubar:
    Понекогаш ми е многу срам кога ќе ми текне ко каква поплава тркнувам до маалскиот маркет, ама па кога ќе ми текне каде се не бев во последниве 12 часа и како поштено измрзнав, мислам дека последното нешто што ми паѓа на памет е да вложам било каков напор за да се средам и да изгледам попристојно, или во случајов да се замарам за дупката на тренерката :|

    Меѓу другото, диетата неславно ја прекршив и од моментот кога го сфатив тоа се насукав во фрижидер ко некоја прегладнета прасица. И знам дека нема враќање назад барем до средина на јануари, секоја година е иста приказна. Тоа е, повеќе среќа и карактер во 2014.

    Кога сум веќе кај среќата, бев и на разговор за работа којшто помина одлично, ама сепак не сакам да се радувам пред време кога и онака треба да почекам некој период пред да ми соопштат. Од друга страна па ми треба нешто вакво позитивно, па на моменти се фаќам како потајно си замислувам и летам со паметот за тоа како би било кога би било. Ама ако, не е лошо да посонуваш од време на време :) Лошо е кога ќе се разбудиш препотен и со нозете откриени, ама ако, ни прв ни последен пат :D
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... Ви имам кажано дека паричката од Василица годинава беше во мои раце?? :^) Правев ревизија тивко на цела година ... Ми текна дека магијата од паричката можно да си го одработила своето. :)
    Годинава ми се срушија куп убости. :o Неочекувани моменти за паметење, за цел живот. Радости, убави вибрации, нови и убави луѓе во мојот живот, нови простори рај за душа ...
    Не знам, се нанижаа само бисери. Помали лоши моменти, но минорни во однос на 90% убавини што ги доживеав и доживувам.
    А ви кажав ли дека посебно месецов Декември некако ми сруши над глава љубов и само љубов?? :angel: Не знам ни сама ... Како ми почна годинава смирено, така ќе ми заврши доста интересно и богато турбулентно. :wasntme:
    Се надевам и вие ќе имате таква среќа следнава година да имате позитивно турбулентна година, како јас оваа :) ... Сакам следнава да ми е уште по позитивна и исполнета со секакви убави моменти.
     
    На bittersweet, Buttterfly, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  11. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    34.151
    Пол:
    Женски
    „Човек мора секогаш да биде внимателен со книгите“, рече Теса, „и со она што се наоѓа внатре во нив, затоа што зборовите имаат моќ да нè променат.“
    -Касандра Клер
     
  12. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Си го сменив аватарот и потписот....што мислите? :rofl:
     
    На Femina777 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    644
    Change your words,change your life!
     

    Прикачени фајлови:

    • l.jpg
      l.jpg
      Големина на фајлот:
      118 KB
      Прегледи:
      338
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Кери Бредшо ја користеше релната за складирање списанија, ние по дома фрижидерот за чување кармини.
    Да да кармини, отварам фрижидер, наоѓам 3-4 кармини наредени кај што обично стојат чоколадите.
    Нема чоколадо, јади кармин работава, нешто сака да ми каже мајка ми, или? :^)
    Периодов ми е најнапнат убедливо во изминативе 3-4 месеци, спијам малку, јадам лошо и нередовно, пушам како тучин и само куцкам семинарски у слободно време.
    Секој ден полагам по нешто, ем на работа преку ден, срам ми е да барам ден за полагање, зашто сум глупава и смотаната и дома капната си доаѓам и не желна за ништо.
    Имаше некој убаво напишано пред некое време, што се жалите невработените дека немате време, ќе дојде време на една смотана работа да идеш а да немаш време да се избањаш ко што треба.
    15 минути и тоа пред спиење, толку. Дошла маца на вратанца, ветувам дека кога нема да имам обрски следен пат нема да се жалам ни да наоѓам изговори.
    Ај една работа фина барем, се снајдовме за смештај за у Словенија, треба да идам да купам карат утре, уште 5000 денари имам, ги чувам за карта да купам и ќе си го видам одново она чаробното на вашата сметка имате 0 денари. Хелоу олд френд, ве мит сунер дет експетет.
    Среќа не можам у минус да одам, инаку одамна ќе прелетнав на таа страна.
    Ми треба одмор, ама дефинитивно заслужен одмор.
    Недела дена горе на северот на Екс-Ју добро ќе ми дојдат. И мене да ми се посреќи во животот еднаш да се макнам од новогодишната треска во нашава мила држава. И ко за беља луѓе, за прв пат има асален анстан за нова година, Летечки пекенизери свират во сити хол, за не многу висока сума. Марфи, ај ноу ју бастерд.
    Да се пофалам дека макнав една голема мака од терет, барем делумно, избрав теза за магистрска, се смееме со професорот дека сум си ја букирала, ми дава гаранција 3 месеци бесплатно дека ќе ми ја чува :D Во 2014 ме чека борбата со бирократијата задња рунда, последни предавања, последни испити, факултет ауфдерзен. Не дека светот надовор од факултетските клупи е совршен, но оваа бирократска агонија и тортура не ја можам веќе. I surrender.
    2014 со душа те чекам за прв пат, да се ослободам од сиот товар кој го носам во мене емоционален, зашто ќе си пукнам наскоро мислам.
     
    На bittersweet, Buttterfly, Annath и 23 други им се допаѓа ова.
  15. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Конечно ја сфатив математикава, конечно! :clap:
     
  16. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Е, сега се уверив! Новите ученици (од оваа година) на татко ми се уште поретардирани од старите. :lol:
    Новозможно... Татко ми влегува во училницата, а еден доаѓа и скокајќи му вели „двојка, двојка“. Тоа веројатно значи дека сака двојка...? :^)
    Се убив од смеење...Еден доби единица за полугодие, па почна да треска по ѕидовите, да се дере и да го колне татко ми...Секако, сето тоа проследено со: „Ееее, заради тебе нема да ја поминам годината...па ајде, 11 единици имам. Лани не поминав, не сакам и оваа година да е така“.
    Еден пак, се уби вадејќи „руда“ од носот... Друг скрши клупа...
    Овие се посебен вид...Нема ниту еден со здрав разум.
    Разбирам зошто татко ми избегнуваше да бидам на радиус од нив... Невозможни се. Не знам од каде ги пронашле вакви.
    Па кога раскажуваат само мавтаат со рацете и се обидуваат да најдат зборови...иако на крај излегува дека ништо од тоа што се обидувале да го кажат не е точно. :lol: |(
    Интересно искуство... :D
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  17. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    ам хепиии :D :* 8)
     
  18. girlonfire

    girlonfire Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    62
    Празници се ближат ..маки се нижат!
    До кога вака се прашувам само ? До кога ?
    - Дали толку сум заслужила во животот и тогаш кога целиот свет е среќен јас да сум тажна. Не , не , морам да напоменам дека некој е толку тажен што незнае дека се ближи нова година.
    Никогаш не кажувам дека сум сосема најнесреќната личност на оваа чудесна планета , зошто има некој кој нема ни трошка јас тоа што го имам , но ете и јас сум родена како што се вели под некоја несреќна звезда.
    И додека сите ја очекуваат што побрго да дојде , јас потајно во себе си велам:
    - Те молам , одложи се уште некој ден и дојди тогаж кога ќе се смири состојбата , кога и ние ќе бидеме ПОВТОРНО среќни како што си ти , те молам.
    Но ете деновите минуваат , како што кажав маките се ближат и не ме оставаат.
    Понекогаш сакам да се вратам и да бидам повторно толку силна како што бев кога беше уште потешко , но не бива , веќе сум како што се вели “отрпната“ од оваа состојба. Изморена сижум толку многу од темните мисли кои хаотично и неприкинато се движат во мојот ум што веќе мислам дека не се чуствувам дека сум на оваа планета.
    Ме стега главата , но никако не пука да излезат овие маки , да излезат и да не се вратат , а јас малку да поживеам повторно како тој месец можам да кажам.
    Моето тело веќе се предава , но ви ветив самата себе си дека јас никогаш нема да се предадам.
    Зошто живеам за денот кога моите деца ќе имаат толку многу спротивен живот од мене како што се спротивни небото и земјата , е за тој ден живеам и се борам , за некој да биде толку среќен колку јас што сум несреќна. Како што се вели ете затоа живеам и творам.
    Ако е речено вака да ја живеам младоста , нека е само ќе се трудам малку да отстапувам од редот.
    Но сигурно на наредната страница од мојот живот ќе има сосема нова приказна , за која јас самата ќе се трудам да биде напишана и остварена , ако некој друг не успеал сега јас да сум среќна , самата ќе се направам среќна. Ако сега плачам тажно зошто ја раскажувам мојата тажна приказна , е тогаш ќе плачам пак , но ќе плачам од среќа и од успеч затоа што среќата ќе биде толку голема што ќе неможе да помине само во смеа туку ќе се претворе во солзи-радосници.
    Знам дека ќе се исполни ова што го зборувам , затоа што сигурна сум дека ќе успеам да имам подобар живот во иднина
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.611
    Пол:
    Женски
    Еднаш се живее - реченица која ја користиме кога планираме да направиме некоја глупост !
     
  20. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Денеска цел ден го поминав на нозе и не стигнав да јадам.
    Бев од еден до друг крај и пак назад. Уморна сум ептен.
    Не стасав едно кафе да се напијам.
    Ајде битно помина и овој ден.

    Пред 1 час добив прекрасна вест што дефинитивно ме израдува премногу. :D
    Сега можам на раат да го пијам кафето и со мирна душа и со добра мисла дека утре немам никакви обврски.
    :)
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.