[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Чаоооо на расцветаните врвовииииии утре ќе ве немаааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа :devil: :devil: :devil: :devil:
     
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Нана19 СЕ ЧУВСТВУВА СРЕЌНО ЗАЉУБЕНО ИСПОЛНЕТО САКАНО и незнам уште како не но се во позитивна смисла. Огинче полно со дрва надвор ветерот не да боботи.Навистина осетив некоја еуфорија благодарејки на мојот медењак....
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.948
    Допаѓања:
    164.154
    Ова новогодишниве одлуки... ме сведоа само на една што не ми се допаѓа - Стани самобендисан смрад за да ти биде арен животот!
    Туго несречо.
     
    На Nade-sunrise, anabel-a, Umbrella22 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.300
    Допаѓања:
    92.058
    Пол:
    Женски
    СДК декаа салата од марула поубаво се јаде со рака, :!: а и послатко е :D
    (само во домашна прилика )
     
    На kala21, Lella и Kaylie им се допаѓа ова.
  5. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.093
    Пол:
    Женски
    Доџе ми да вриснем !

    И по незнам кој пат, незнам кај да се обратам. Внимателно ги проучувам сите алтернативи во потрага за решение. Дури и сомнежите за суеверието ги отфрлив. Се предадов во обид да спасам тело во распаѓање. Поодминат процес, спасение се нема па и сите темјани да ги запалам. Искрено се надевам, од помош ќе биде.
    Чудо на земјата е мојата напредната толеранција. Верувајте штом до сега не излегов со калашников псуејќи на албански и вие ќе се воздржите.
    Строг пост за умот до Нова Година и после тоа. Телото го реновирам. Духот го скротувам.
    Се трудам од петни жили и сознанието дека тој не сака да соработува е, фрапантно де, само по себе. Одново и одново, елементот на изненадување не изостанува.
    Можам и сама. Исто колку што се нервирам а не признавам. Стојам во место, несвојствено за мене. Неможам да мрднам. Постојано се вртам во магичен затворен круг без да ми здосади. Компасот ми се расипа.
    А да сплетам јаже да се обесам ?? Врвцата на која ми виси менталното здравје не е доволна да ми ја искрепи будалетината, целиот мој болен механизам.

    Сакајте се сакам да им предложам на сите. Себеси и другите. Безрезервно и искрено. Не се предавајте.
    Облечете ги старите фармерки дури и да не ви чинат, каснете од омиленото благо дури сте на диета, танцувајте по гаќи на полна месечина. Научете да возите ролери, одете на зимување. Кажете го своето мислење самоуверено и гласно. Гушнете ја мајка ви.Земете часови по танцување. Речете не, пробајте на глас, не е баш тешко како што изгледа. Исчистете ги лустерите. Напуштете го мажот со кој сте несреќни.
    Тие се работи за кои ден не доаѓа. Направете го тоа денес. Ќе дојде тој ден, и на заминување ќе ви е криво што не сте ги направиле.
    Краток е животот.
     
    На bittersweet, Sexybaby86, anabel-a и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Денеска на поминување во центар сретнав три малецки дечиња кои држеа прскалки, но немаа запалка. Едното дојде и њубезно ми побара дали имам, а јас па ко за чудо баш тогаш носев во мене еден опањач. Му го дадов и тоа ги запали прскалките. Ако ме верувате, досега немав видено некој толку да се радува на прскалки, ама онаа искрена радост, од срце. Со тоа само се потврди мојата теорија дека за среќа е потребно малку, навистина малку...
     
    На bittersweet, kala21, Jenniffer и 5 други им се допаѓа ова.
  7. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    :(
     

    Прикачени фајлови:

    На Dog-lover, Elennaa, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    [​IMG]
     
    На Elennaa и XstrongerX им се допаѓа ова.
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Не ми се спие?! Мене да не ми се спие, еееј, чудо едно невидено! Еве, полноќ заминува, јас ококорена блеам ко теле во шарена врата,барам ронка сон и малце немир, зашто ми стана сеедно и потполно неинтересно ништото во мојов живот. Додуша не е фер да се жалам, здравје да ме служи доволно е, ама ете, не ми оди од рака ни да ја завршам годинава со малце дрмање и троа повеќе позитивни дешавки. Се е 0. Ниту нагоре, ниту надолу, баш рамна, неинтересна, еднобојна, глупаво правилна и досадна обична линија. Е па резиме на 2013- боооооринг |(

    Е сега, стискам заби, збирам нови сили и од срце си посакувам движење во 2014. И бар насмевката да не ми исчезне како последниве недели, оти сум препознатлива по неа, и башка што ми недостасува. Свечено ја враќам на репертоар за секој ден, е така да си знам! ^_^

    И да, по којзнае кој пат ви кажувам, чим нема што друго да смениш во животот, смени ја фризурата :emo: Да видите како се врати старата јас после три и пол часа поминати на фризерско столче, пуфка ме направија, убаво ме испердашија :wasntme: :drunk:
     
    На bittersweet, la-chicka, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.869
    Пол:
    Женски
    Зимото,како годишно време а и периодов пред Нова Година од некоја причина ме потсека на приказната за "Девојчето со кибритчињата". Многу тажна приказна но многу поучна. Па, во овие доцни часови ме тера да се замислам всушност колку деца,девојчиња и момчиња се вистинска приказна веродостојна реалност инспирирана од истоимената бајка на Ханс Кристијан Андерсен. Колку од нив молат за топол дом и трпеза со парче лепче додека ние кукаме како немаме што да облечеме на најлудата нок и каде да одиме. Колку деца во Скопјенцево одат боси и голи ,додека јас се прејадувам со шери бомбони и со карамели а знам дека утре над вагата ке кукам како сум накачила некое кило ради празнициве.

    Се осекам неблагодарно и себично.Пред малце се скарав со либето затоа што татко му ми купил пакетче по повод предстојните празници а не тој. А што по ѓаволите сакам ,што ?!? Зарем малце ми е тоа,кога некој ни тоа го нема?!? Во овие моменти да себичизам од моја страна ми се поврака од мојот одраз во огледалото. Ми се повраќа од самата себе, од тоа што го барам ,од мојата лакомост. Ама па од друга страна и се радувам. Се радувам што во мене останало грам човечност и совест кои во овие моменти ми викаат -С. дај бе не претерувај ,погледни околу себе. Погледни и види,има луѓе што те сакаат,луѓе што помислиле на тебе,луѓе што сакаат да изнудат насмевка на твоето лице. Некој го нема тоа што го имаш,а ти кукаш зошто било вака а не онака...

    И така ке заспијам вечерва со грижа на совеста.Ке го чекам утрото за да се извинам за моите хирови,да ги гушнам ближните толку силно што ке им сопре крвта и длабоко во себе да се заблагодарам на универзумот што ми дал можност да бидам дел од нивните животи.
    [​IMG]
     
    На bittersweet, kala21, la-chicka и 14 други им се допаѓа ова.
  11. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Није важно који сам по реду, ал сречан сам ти број!! :dance: :dance:
     
  12. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    И на крајот од денот,после се,пак за љубов плачеме...
     
    На kala21, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    .... Сонував како одам, по ридови и по планини, карпи, камења и прашина имаше наоколу. Во позадина слушав гласови, како брмчат, како викаат и се надвикуваат, а сепак не се слушаат. Две души се караат во сонот мој, се губат гласовите во ехото, се слуша само пискотници. И јас одев, измеѓу, ги слушав, ме лазеа морници, се потев на јаве, ми беше тешко, ама одев, плачев и викав и бев исплашена, ама одев.

    Одеше и тој со мене. Ме буткаше и ме влечеше и ме тераше да одам.

    Наеднаш, го снема. Јас одев со друг, од друга страна, заштитена, без да се мачам, ме носеше кон врвот. Непознат. А на моменти го гледав, како пробува да се искачи, па дрвја го засенуваа, темно беше, тука беше, па го немаше, па пак беше тука, и пак го снема. Се мачеше. А го молев да ме слушне и да дојде до мене. Не сакаше.

    А на врвот, едно манастирче, мало, белко, убаво.

    Мирно и спокојно. Сонце. Беше тишина, пријатна тишина. Чувствував дека товарот кој го влечев до горе ми го снема. И кога помислив дека го најдов мојот мир, од некоја страна пристигна и тој, изнамачен и уморен. Му реков да дојде со мене од другата страна, ќе му беше полесно, не сакаше. Го одбра другиот пат. Колку пати и самата помислив да го одам, но немав срце.

    И наеднаш се разбудив, за да сфатам дека сонот премина во јаве.
    :(
     
    На girlx3, anuskaNESTLE, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  14. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Многу работи се „отпакуваа“ на овој boxing day.

    Поуката од приказната ќе ја кажам уште на почеток: сите бивши се враќаат. Барем моите, сите до еден ме исконтактирале и се обиделе да ја спасат врската по, па во просек, еден месец.

    Последниов ме побара по точно еден месец откако се видовме последен пат. Наводно, бил нов човек. Наводно, сега се` е поинаку. Наводно, сега ќе почнеме одново и ружи ќе ни цветаат. Како не! Од само неколку редови муабет сфатив дека е истото себично посесивно ѓубре кое љубомори и се лути за секоја ситница. Нема магичен напиток, па да го испиеш и за еден месец да станеш нов човек. Тој си, истиот, а ако мислиш дека другата страна ќе ја имаш на закачалка во секое време и ќе те чека да се самопронајдеш и да сфатиш што сакаш во животов - нема. Не повеќе.

    Му кажав што мислев и што мислам за него. Му кажав што ми сметало и што се` уште ми смета. Му кажав дека не му верувам и дека работите магично не се поправаат. Магично може само да се заебат, а за да ги поправиш подоцна треба многу повеќе од еден месец и празни ветувања.

    Учам од грешките, имам контрола врз себеси, брзо заборавам. Тој учеше многу работи со мене, и јас со него, но една работа никогаш не научи - нема да бидам секогаш тука за тебе. А со игнорирањето, само ме научи како да живеам без него.

    Баш го правевме муабетов со Doozy денес - зошто постојано земаме мажи-проекти? Така ги нарекуваме затоа што се недоквакани маженца без свое јас, без авторитет, без цврсти ставови, кои си го бараат своето место под сонцето, и тоа не е лошо, јас не барам да ја знаат смислата на животот на 20 години, но проблемот е што - цело време глумат дека знаат што прават, никогаш не ги искажуваат чувствата, и никогаш не бараат помош. До кога ќе работам на вакви „проекти“? Нема ли некој готов, само да го ставам во микровална на 2-3 минути? :D Навистина понекогаш ми е преку глава да им кажувам што да прават, како да се постават, што следно, уште една табличка да си носам со себе и да почнам да им цртам! :D

    За бившиов, можам само да кажам дека сега е дефинитивно бивш. Уште едно поглавје - затворено. Единствената работа во којашто беше добар беше во кревет! Но бегство не се бара во сексот! Знаете, се` уште не сум до толку очајна... :D
     
    На lolyta777, SparkyAngel, la-chicka и 13 други им се допаѓа ова.
  15. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Се преспав. И пак би се преспала :D
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.721
    Пол:
    Женски
    Повторно посегнав по апчињата.А како поинаку да го смирам срцево?Не за џабе најмногу самоубиства има околу празниците.Јас не посегнав да се самоубијам туку да го сопрам проклетото тропање на срцево,чуднава тага која ме плиска од сите страни.Причина има,и за чудо не е ништо ново.Се надевав,о боже колку се надевав,никогаш не су била толку блиску до целта ,а еве сношти ми кажаа дека нема ништо од тоа.Го вртам календарот во мислите 2006 г.ми се гледа далеку.Од тогаш не сум мирна.Не сум спокојна.Предолг период зарем не?Малите розеви пилули делуваат.Се чувствувам како да сум на некое друго ниво.Како да лебдам.А денес е роденденот на керка ми.Таа уште спие а треба да се мушнам во нејзиот кревет да го изгушкам тоа бушаво топче.Да ја гушнам на градиве да и дадам спокој колку што можам.Иако јас сум неспокојна.Ама мајките никогаш не смеат да бидат болни,тажни,депресивни.Само ја навлекуваш завесата и настапуваш како супер мајка и домаќинка.Ти се можеш и се знаеш.А позади завесата остануваш ти,вистинската ти.Со своите стравови,своите мисли.
    Одам да се пикнам пред завесата,време е за настап.
    Среќен роденден миличка,имај само убава иднина,каква што посакуваш! :l:
     
    На Bozica1980, bittersweet, kala21 и 29 други им се допаѓа ова.
  17. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    19.489
    Пол:
    Женски
    Ги дружам и јас малите розови таблетки,се борам со мојата тага,неисполнетост а толку малку барам од животот..Малку мир со самата себе,спокој во моето мало семејство,некој денар плус за нормален опстанок а не преживување..Каде грешам?Дали грешам воопшто?Големиот син почнува да ми приредува разочарувања,се нижат едно по едно а толку се надевав..Пубертет ли е?Карактер ли е?Малиот пак се труди да биди најдобар,да угоди..Тој е мелемот на отворената рана на мојата душа..Можеби тагата дошла само со тајмингот пред големи празници,можеби само сум пречувствителна..Можеби...
     
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.399
    Допаѓања:
    17.626
    Пол:
    Женски
    Животот навистина е непредвидлив, тоа што најмалку го очекуваш, тоа ќе го слушнеш.
    Многу ми е жал кога ќе слушнам дека некој се развел, изневерил, раскинал долга врска.
    Токму таква работа дознав пред малку, колегава раскинал долга врска, изговор не го сакала повеќе. Тоа било завршено веќе некое време, а јас не приметив, минус за мене, обично успевам да го прочитам човек според однесување, израз на лице ама сега нешто не ми оди изгледа или човеков добро се маскира.
    А толку многу си одговараа па и детево одговараше баш за партнер, добар, симпатичен, си имаше работа, кола, она беше симпатична си имаше работа, не зависела од него, ама ете не била толку добра изгледа.
    Ете една лекција за машките, ако веќе мислите дека сте ја нашле личноста со која сакате да го поминете животот, оженете ја, ако се сомневате и барем малку во љубовта, оставате ја. Подобро тоа отколку со години финансиски да вложувате во љубовта, да и удоволувате, мазите и пазите и на крај да бидете оставени на цедило. Не само што ќе останете со испразнети џебови, туку и со испразнето срце.
    Епа женски, имам слободен колега, ќе ми биде чест ако некоја од вас, фина, згодна и неопходна, по некоја случајност и сплет на околности, го усреќи. :lol:
    Ај сега и така слабиот дожд ми мава депресивно на психа, да продолжам да си го уредувам станот од фискалните (во фантазиите, се разбира) :rofl:
    Заебете ги малите розови пилули, исклучете се од реалноста и проживејте некој миг во вашиот замислет свет
     
    На bittersweet, ilipili и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  19. Florenca

    Florenca Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Срценцево ми се наполни кога видов колку добар настап имал Симон Трпчевски и Дамир Имери, и со какви овации бил пречекан во Прага. Секоја чест.
     

    Прикачени фајлови:

  20. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Вчера премногу се разочарав,но не значи дека и денес треба да бидам. Последен ден со испити за оваа година.Ќе можеме малку да дишеме слободно. Синоќа гледав хорор со друштво и никогаш повеќе не би пак!
    Временцево супер,си врни пополека.
    Повеќе се радувам дека ќе го искористам чадорот. :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.