[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Браво за Ненад,но и за Мануела оти малиот Ромео изгледа доста се потрудил да напише љубовно писмо.Ете ви доказ дека писмата не треба да ги замени интернетот.

    Туку денес Скопје беше за жалење.Во животот немам видено магла и дожд заедно.Старите ми имаат кажувано дека дождот ја растерува маглата, повеќе околку самото сонце.Но денес по она што го видов не би рекла дека е точно.Не се гледаше речиси ништо, освен оние спомениците кои (простете)но мене ми личеа на фигурќи од нелути се човече поставени на расксниците исто како да стојат на самата табла.Искрено не ми се допаднаа тие што ги видов.Големи, темни , нападни, некои дури и без глави, или пак јас не се разбирам од архитектура. :tmi:
    Срца од бетон или пак некоја нова легура не можат да бидат украс без разлика колку пари се потрошени за нив.
    Целиот град изгледаше толку депресивно и жално, за разлика од пред неколку години.
    Мислам дека секој град го красат насмеани лица.Тинејџери што грицкат сончоглед место цигара.Вљубени парови што се држат за раце и одат гушнати под еден чадор.Стари кои се потпираат на внуци место на бастуни.Возила во кои се вози цела фамилија.Продавачки што пијат заедно кафе иако се кокуренција.Весели купувачи....
    Денес имав доволно време да го забележам сивилото на градот.За жал тоа се гледаше и покрај маглата.
     
    На Serafima, Annath, lunicka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Абе многу лоши станале луѓево, за трошка задоволство, за три ситни монети, за билдање его.. ќе те повредат, ќе ти наштетат, ќе ти забодат нож во грб.. Ако нешто највеќе ме иритира тоа се луѓе кои за сопствени цели газат преку лешеви, кои не бираат зборови и знаат да те допрат онаму кај што си најранлив.. Луѓе кои светот го гледаат како борба за материјални средства и моќ, не препознаваат никакви чувства, не им значи прегратка, не им значи искрено благодарам и те сакам..

    Таквите не им паѓа тешко ништо, ниту раскинување со партнер, ниту солзи на некој близок, ниту изневерените пријатели кои биле покрај нив некогаш.. Ќе те прегазат, како лист хартија и нема ни да се свртат да видат што оставиле позади себе..

    Ќе дојде ден кога ваквите ќе се заситат од се што подмолно стекнале и кога ќе немаат до себе некого, кој е тука за нив, кој ги гушка, ги сака и знае со колку лажички шекер го пијат кафето без да ги прашува.. Независно дали тоа е партнер, пријател, роднина, ќе немаат никого да ги сака поради тоа што се, а не поради тоа што го поседуваат материјално.. Тогаш можеби ќе разберат дека и тие не се нашле на никого на начинот на кој сакаат да имаат некој покрај себе, па немаат право ни од некого тоа да го бараат..

    Газете вие преку мртви тела, газете преку незараснати лузни, докрајчете го човек исмевајќи му се на маките.. Ќе сфатите ама многу касно, кои се правите вредности..
     
    На Serafima, iloveyou29, crazylady и 11 други им се допаѓа ова.
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ептен лесно дозволуваме некој да не повреди. Исто како што дозволуваме да туѓата негативност навлезе и во самите нас. Исцрпувачко е чувството да се бориме со нечии погрешни ставови. Па затоа Лет ит го! Мадарфакарсот се само луѓе.
    Добро што тука се љубените кои не смируваат.


    Немам место под елката веќе :). Натрупана ми е! Мхм, таму се наоѓа новата ташна, пијалокот, гриотите, смоките стоби, чоколадата, дебелите ха(у :D )лахопки. Си чекам уште :$.
     
    На richgirl998, stetoskop, Azriel1 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Сите грешки се опростуваат :wasntme: :P посебно овие предновогодишните ..


    Љубоморна е анабела бе ! ]:) па тука треба да ја тешат сега,вие одма ја нападнавте :rofl:
     
    На Hipster и Abeja им се допаѓа ова.
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Mи фали време,барем уште неколку часа да трае денот.

    Сакам да се видам со сите драги луѓе кои од туѓина дошле.Планови многу,обврски уште повеќе.
    Пролетувам од работа, на блиц средби, само колку да се видиш на едно кафе и да се изгушкаш,да си посакаш се најубаво и другпат кога ќе имаме повеќе време,повеќе да се видиме.Со тие што не стигнувам,само на телефон .

    Со список си излегувам од дома за задачите кои треба да се исполнат во денот.Дома други обврски,тестови на школо,завршни приредби,утакмици...вежбање задачи,купување подароци,правење честитки.И денес завршивме со сите обврски на тоа поле,почна распустот.

    А треба кифли,руска,торти и колачи да направам(не дека сме гладни и само за празници се прави).И децата имаат желба божиќни колачи да правиме.
    И пак ми останува нешто за утре.А и едно кратко патување имам баш деновиве,што мислам силата ќе ми ја земе.Ама за радост и убавина е,па затоа и се радувам.

    И вечерта за Нова Година сакам дома,,децата да отвараат подароци(што им смисливме со маж ми,верувам радост ќе има многу),да седат до после полноќ,а јас со маж ми под ќебе пред Тв.

    Ги чекам празнициве да се одморам,а сонувам за снег на планина,па да се изнаскијам.
    *************************************************************************

    Сума сумарум,годинава ќе ја паметам по многу работи ,неубави, кои никогаш не доаѓаат само по една,туку мора едно по друго.Само нека поминува што побрзо.Ме истошти многу,но ме направи и многу појака.
    И Ќе ја паметам и по многу патување,шетање,откривање на нови култури,вкусови и мириси.Ме збогати на тоа поле многу.

    Најбитно ми е сите до мене да се живи,здрави,среќни и весели,тоа ми е најголема желба сега и за сите времиња.
    И на вас ви го посакувам истото.На Вас и на сите што ги сакате.
     
    На bittersweet, Serafima, richgirl998 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Среќна сум што имам вакво семејство 3 членови ама се надевам дека наскоро ке сме и 4,а може и 5 хихи :inlove: :inlove: I LOVE MY BOYS :*
     
  7. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Долго време се обидував да ги сфатам луѓето,ги оправдував,ги барав тие вистински добри работи за да продолжам ама дојде крајот на тоа.Ја уништија таа личност што се бореше за нив секогаш,во секој момент.
    Да ми понудат само една мала куќичка,животни и природа,одма заминувам од тука...ќе оставам се и не се вртам назад,би живеела така и таму вечно.Ми треба мир,ништо друго.
     
    На richgirl998 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Сирената на амбулантното возило значи дека таму некој, некаде чувствува болка, а ако имаше сирена за секој пат кога нашата душа ќе почувствуваше болка... се прашувам дали тогаш воопшто некогаш сирените ќе запреа? ;( ;(
     
    На kala21, iloveyou29, Monna.Monna и 11 други им се допаѓа ова.
  9. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Чувството кога ќе ти го даде наставникот математика тестот, и ти го гледаш ко теле у шарена врата!
    Е, денес го почувствував тоа. Го гледав едни добри 5 мин, додека не ми текне некоја задача да решам. А вчера вежбам, вежбам задачи, и на крај... Тоа е ајде, после распустов има да земам да си учам здраво.(Многу позната изрека, нели?)
    Еј, што си имам едно ново билбилче дома, па што убаво ми пее, уште малце ќе го исфрлам на некоја мачка. Не сум лоша, ама ми иде на живци. :D
    Друго... се решив, ќе одам на операција, држете ми мала среќа.
    Утре планчиња за излегување, се надевам ќе се ослободам од стресов од школо, и супер ќе си поминам.

    http://www.youtube.com/watch?v=3uNyPefjS88
    Со мала доза на надеж во мене...

    Like yeah, shit happens.
     

    Прикачени фајлови:

    • large.jpg
      large.jpg
      Големина на фајлот:
      28,3 KB
      Прегледи:
      229
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  10. emocija

    emocija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    53
    ЧЕСТИТКИ SNOW QUEEN :)
     
  11. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Дедо со внуче фатени за рака шетајќи ја пееја најпознатата новогодишна песна,односно дедото свиркаше а внучето пееше :angel: .Толку беа слатки ,ми ја разнежнија душата и се потсетив на времето кога јас со душа ја чекав секоја Нова Година и секој Божиќ и кога со мама ја редевме елката,а тато ми носеше пакетче полно со слатки задоволства,а најголемо беше тоа дека беше токму од него.
    Сега со него ги имам овие прекрасни моменти исполнети со огромна љубов,среќа,хармонија.Минатата година си се ветивме еден на друг,ми донесе многу патешествија,тага,но и огромна среќа,а оваа? Хмм оваа ќе се сплотиме засекогаш заедно,ќе градиме наше семејство,наш дом,наша иднина :inlove: . Како што поминува времето се повеќе и повеќе ме фаќа возбуда,некое чудно чувство кое што ме тера час да се плашам од она што следува,дали ќе бидам доволно добра во улогата како сопруга и понатаму мајка,а час сум пресреќна и срцето ми се чини ќе ми излезе од среќата што ја имам во него. Дури и ми е чудно што сум толку среќна, се си мислам секој миг нешто ќе се случи па да се промени тоа.Но не,овде сум,пожива и посреќна од било кога, сакам и сум сакана,а пред се исполнета по подлого време. Се надевам дека тоа ќе продолжи да биде така и понатаму :) .
    Колку е само убава магијата на театарот,на штиците што живот значат за многу актери и ми е мило што покрај старата постава на извинредни актери во мојот град во последно има експанзија на квалитетни млади лица кои што сум сигурна дека генерации нанапред се повеќе ќе се калемат и ќе бидат многу подобри.
    Туку читајќи една статија се потсетив на детството кога игравме криенка,ластик,машко-женски фудбал,,секој од нас кога имаше по некоја исеченица или модринка на колената и лактите од задолжителното секојдневно паѓање од точак,удар во глава со топката и слично :D ,не ни беше страв после долгата игра жедта да ја изгасиме со вода од цревото во дворот.Како што минува времето за жал се помалку и помалку го гледам тоа кај децата,ми се губи онаа невина детска игра,пребрзиот начин на живот зема голем залак во нашето општество.Деца,оставете ги компјутерите,мобилните,таблетите,одете крадете цреши од на комшијата дворот,играјте криенка од утро до мрак удрете се,нека остани белег кој што ќе ве потсеќа на деновите кога сте биле деца,кога сте се смееле без причина,пееле најпознатите детски песнички колку што ве држи глас.
    Туку,нема ништо поубаво од тоа да се слави онаа фамозна новогодишна ноќ кога ќе се сменат само бројките на годината да се помине со своите најсакани собрани на едно место,во својот дом каде што има многу љубов ,топлина, неограничена смеа и хармонија :angel: .
    Уф ама испадна долг пост :D ,но оправдано,не сум ви пишала од дамна :)
    Уживајте во животот бидејќи е прекраток,искористете го секој миг со вашите најблики бидејќи утре никој не знае на која животна патека ќе не однесе.
    П.С Честитки Сноу,уживај во овие прекрасни мигови,нека е здраво и живо малото сонценце :)
     
    На bittersweet, vinozito1, Serafima и 17 други им се допаѓа ова.
  12. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Кој веќе нема оштетена коса? а а а а ??? :rock: ;) :P
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Зошто ја нема таа новогодишна еуфорија?
    Зошто така речено никој нема чувство дека доаѓаат Божиќните празници.
    Зошто тоа и мене веќе не ме возбудува,расположува?
    Каде е тоа Божиќно расположение?
    Речиси никој не спомнува за тоа каде сака или планира да ја помине Новата Година,а порано баш се присетувам со душа чекавме да дојде.Можеби дека сега и онака си остануваме то ситните часови,па веќе Нова Година ни стана како обична вечер,како и секој викенд. :|
    Кога бев дете Божиќ ми беше нешто кое навистина ме расположуваше,ме правеа среќна насмеаните лица на моите блиски.А сега никој ништо не спомнува.Можеби грешам,но ви велам многу чудно се чувстувам и се ми е чудно наоколку. :emo: :?:
     
    На mili4ka123, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, LittlePinky и 3 други им се допаѓа ова.
  14. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Се најдов на свирка на Deep Purple и подобро расположение не сум имала подолго време :rock: конечно, малку самодоверба, сила и исполнетост
     
    На axl-babe, richgirl998 и Dog-lover им се допаѓа ова.
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Некои луѓе до толку се со главата в облаци што и кога ќе им падне носот, одбиваат да си го кренат.
    Не, љепотице, не е секаде како дома. Нема секаде да ти молчат зашто дома не ти повишиле тон. Не се сите тато и мама да имаат обзири за твојата кревка душа и за фактот што ти толку се растревожуваш за секој покачен децибел.
    Епа НЕ, лепотице, научи да го живееш животот така. Може сега ми се лутиш мене зашто ти се може, ама ај да те видам на шефот на работа речи му да не ти зборува така (су твуето така удеднаш нежничко гласче) зашто ти не си навикната така да ти се обраќаат.

    И да, уште нешто, лепотице: и мажите маваат корпи!
    Се сеќаваш на сите корпи што ти си ги мавнала? Се сеќаваш? Се сеќавам и јас, заедно бевме :) Епа се случува некој некогаш и тебе да ти го стори тоа.
    Сите сме си убави самите на себе пред огледало и не ретко таа перцепција се рефлектира и кај другите. Арно ама, еднаш во 10 пати се случува некој едноставно да не сака да биде со тебе. Не барај изговори, не барај причини, не е таквиот сељак, не е ни глуп, не е ни занесен.
    Едноставно не сака да биде со тебе. Face it, don't just facebook it!
    Ау ДаркоЛешоски, алал да ти е за ова ЛЕПОТИЦЕ, многу ми се наоѓа во последно време :D
    Ај убаво помини си за празнициве, да ти речам овде, зашто во живо не планирам.
    https://www.youtube.com/watch?v=QWsMxU5FCSs
     
    На bittersweet, anichka94, Daydream и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски
    Добро бе,кој идиоти работат во тоа Т-мобиле?!
    Значи како можат да бидат тоолку смотани и изгубени тоа чудоо едноо!
    Одам денес да си земам телефонче на стариот број од мама и цела кефови до 8ка насмеана(а пред тоа проверивме со друга вработена дека можи) и ме гледа бледо и ми вели не можи можиш во фебруари 2015 и јас :^) Нема врска,излеговме и му велам на мајка ми сеа ќе се вратиме да видиме што ќе ни речат и одам џоа каубојот кога влегува низ клацалчето дрвено за карање настроена шоо!
    Чекаме ред и стигнуваме и кажувам број ова онаа и кога се погледна тој чудно јасс готова да викам ми вели можиш телефон да земиш! :o
    Си бирам телефончето ми го вади го гледам мерации наполитанки фрлам од назад ми идеше да влезам внатре да го изнацелунам тој вработениот..
    И сега дешава нешто на компјутер бипка дали бипка то неќи...Па сигурно еден час му киснев на шалтерот ја пречекав,ја испратив чистачката дури и муабет си изнапраивме...
    И вика еден негов колега,изгледа не можеше да се снајди и тој нешто гледа и мене срцето впетици и само океј му вели продолжи!Нее бе неќе!Бипка дали бипка...Викна уште еден колега и кога тој виде му вели добро бе дали не гледаш дека тука договорот му е до 2015 не смеј да земи телефон и јас :@ :punch: :headbang: И само тој еееј беее стварнооо јас ич не забележав! :swear:
    Си го свртив опавчето и дим да ме њама дома ко подмочанка :doh:
     
  17. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК на мојата листа филмови и серии што сакам да ги изгледам нема крај :wasntme: |( :tmi:
     
    На iloveyou29, GarpovaV, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  18. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Користиш за дијалог шаблон на обичен смртник-но со добар епилог...
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Ете ме пааак!
    Ми е досадно....:$
     
  20. Fridas

    Fridas Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    205
    Веќе никој не ме добива како ти
    веќе никој не се брои во години
    само скапи вина без ни малку вина пијам

    Веќе никој не ме добива како ти
    не се трошам себе сите ми се ефтини
    не е никој како ти...
     
    На kala21 и Cka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.