[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.299
    Допаѓања:
    92.052
    Пол:
    Женски
    Овој месец си купив 2 пара пижами нормална ли сум :?: :D :D
    Амаа тие што си ги купив вчера ептен ми се под ќејф :lol: Сите растрчани бараат фустани ,штикли,бижутерија ,ташни што ти уште не луѓето си се спремаат за Нова Година а јас пижами купувам :D
    Па ако де на кој што му треба или неее на кој до што му е дојдено :D (не ми требаат ама заразена сум да купувам пижами ) :lol:
    Оваа година да не претерам ама сигурно купив 10пара спавачите не се рачунаат нели :?: :D


    Ви посакувам на сите пријатно попладне :*
     
    На sweet-star и Elennaa им се допаѓа ова.
  2. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
  3. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Здраво Скопје :hai:


    Инаку почна да ме фаќа еуфорија веќе :lol:
    Овие 3 дена имам еден куп работа..
    Треба да купувам некој работи, да средувам дома, да се фарбам..
    Вчера не стигнав во Кавадарци..
    И сега тука ќе биде тоа! Ова маглава мисли ли да се исчисти :fubar: ццц...
    Уште 3 дена и се префрлам строго во темите диети и фитнес, мора барем месец да идам на фитнес или дома нешто да правам, и некоја диета, затоа што првпат дома после 10 години да славам значи многу храна, многу благо, и тешко е да се избегне :sweat:
    Си ветив дека оваа година ќе бидам многу продуктивна.
    :)
     
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    Има нешто поубо ко ќе се вратиш од колоквиумска недела да те израдуват со лап топ? :D
    Немаа :wasntme: Пресреќна сумм :inlove:
     
    На bittersweet, cheetah.girl, cinderella5 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Најчесто страдаме затоа што сме премногу чувствителни, бурно реагираме на ситни нешта и често ги сваќаме работите премногу лично.
     
    На crazylady, kikav, richgirl998 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Ми фали таа новогодишна еуфорија, секоја година се помалку и помалку се чувствува... :| ( може и да е до мене, незнам ) па решив самата да си го подобрам расположението.. :D Од заштедените пари на моиве дома им купив мали подароци ( ќе им ги дадам на 31. декември ), па купив украсна хартија за да ги завиткам, си пуштив неколку божиќни песни за уште повеќе да си го подобрам расположението и ајде на работа :D засега направив 2 честитки за да им ги испратам на братучедите ^_^ најдов интересни идеи на интернет и направив неколку украси за на елката, најдов и неколку божиќни филмови, ќе се стуткам сега под ќебе со чајот и ќе гледам дур не дојде мајка ми :D ее кога ќе дојде ќе ги засукам малце ракавите.. :geek: денес ќе правиме кифлички,торта и руска салата мојата омилена :D На брат ми му правам пакетче, му купив од омилените смоки,неколку чоколади,бонбони.. ќе банкротирам готово.. :D ама ако.. 8) Чудо како може многу мали нешта да ти го поправат расположението... :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, la-chicka, sweet-cherry и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Tori1

    Tori1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    95
    Му благодарам на бога што сме здрави и живи јас и моето семејство.Исто така и на комшиите, они да не беа немаше да се спасиме.Им го должиме животот.На овие студени денови да останеш без кров над глава е многу грдо :( , али фала му на бога полека полека се суредуваме.Нека остане секое лошо позади и од сега само убави работи да ни се случуваат.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Минав крај онаа зграда која ми ги чува спомените,онаа зграда која стои на ова тло долги години, онаа зграда која ,кога сме во неа не ни фали,чудно кога времето ќе не исправи пред предизвиците некаде во позадината на умот таа ѕирка.Чудно,знам,средно училиште од црвени тули ,сега со некои нови лица и приказни.
    Некогаш моите.Никогаш повторно.

    Бидејќи велат се минува, јас велам да, но нешто останува закачено за срцето.Нешто како спомени.Нешто како сеќавања.Нешто кое боли и радува.Нешто кое трае.
    Времето минува.Денови се нижат.
    Никогаш не е вчера.Никогаш не може да биде,освен ако не ги затвориш очите.

    Таму научив дека животот е тежок.Дека една клупа и едно столче ни остана празно,а небото се збогати со ангел плус.
    Мојот клас ранети срца.
    Овие болни спомени кои секогаш ќе ме гонат,и ги посветувам на смеѓата девојка со весело срце.
    Не те заборавив,и нема.
     
    На Serafima, kala21, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 5 други им се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    36.150
    Пол:
    Женски
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  10. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Талкајки низ градот да го изберам совршениот новогодишен подарок за мајка ми, погледот ми го измами толпата од луѓе собрани внатре во една продавница. Влегувам да видам што има толку посебно внатре бидејки имаше навистина многу луѓе. Разгледувам натаму наваму, луѓето се буткаат, се шуткаат од една на друга страна, пред мене имаше неколку женчиња кои земале толку работи колку што им собираат двете раце и случајно им го чув разговорот.
    Првата: Види го она добро е ?
    Втората: Ајде ма што се секираш нема тебе дома да ти стои.
    Третата: Битно за ефтини пари купивме на сите и по 2-3 подароци.
    Четвртата: Знаете немам време да се замарам со ова, дајте што побрзо да наплатиме и да излеземе одовде, да си седнеме некаде да се напиеме кафенце, а може и на ручек да одиме.
    Тоа беше дел од разговорот на 4те дами, модерно облечени, убави фризури и секако нашминкани.
    На прв поглед ми се чинеа богати, а богами и на втор.
    Тоа што сакав да го кажам е дека ми е жалосно вака да гледам дека се купуваат подароци колку да се излезе од ред. Пример богатите дами кои гледат да излезат од ред купувајки подароци од ефтини продавници. Не е до тоа дали имаш пари или не. И со мал износ на пари можеш да купиш нешто со што ќе усрекиш некому, битно е да го избереш со љубов и со внимание.
     
    На richgirl998 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  11. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Сега има 3-4 години изминато, но никогаш нема да ја заборавам таа случка! :!:
    Имав наполнето 11 години и баба ми со сестра ми не однесе во Крушеани. Многу бев среќна! [​IMG]Знаев дека таму ќе има еден куп животни! :lol: Додека патувавме со возот, гледав надвор и замислував како ќе ми биде таму. Конечно, селски живот да испробам!

    Стигнавме таму. Ме пречекаа 2 девојчиња. Една од 16 години, а другата од 18. Баба ми ме запозна и ми кажа дека тие се моите 3ти братучедки. Ме однесоа воедна продавница и ми дадоа милка чоколадо. :P Само, зошто чоколадото беше бесплатно...? :?: Брзо до најдов одговорот кога видов дека продавницата им е поврзана со куќата. Добро, заборавив за животниве... дедо ми ме однесе кај кравите. Си ги испогалив и веднаш другарки ми станаа. :lol:

    Се дружев со нив за 3 минути и ми соопштија дека во комшии имало јагне старо 12 часа. :inlove: Леле, тоа беа радости невидени! Веднаш отидовме со сестра ми таму и го галевме. Уф, тој опоен мирис на млеко... :mm: Со сестра ми сакавме и другите да ги галима, но диви беа, трчаа. Ние, упорни ги бркаме низ цело трло таму како улави, и ги избркавме.. излегоа од трлото. Јас трчи од другата старна да ги затекнам, земам стап, и се дерам: „Аааа!!! Уууу!!!“ Како кременко бев. Овците почнаа да се повлекуваат и на крај, влегоа во трлото! Ја затворив портичката. Успех! :rock: Ме бива за овчарка, нема што. 8) И така, лајк а бос си одам наоколу. Си мислам во себе, можам „д шиип конкорор“ да бидам! [​IMG]

    Исто така, и пилиња си одгледував кај дедо ми. Многу си ги сакав. Си ги галев, а кокошката немаше проблем со тоа. :D
     

    Прикачени фајлови:

    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, karenin, EMoonlight и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Конечно сум си завршила со сите обврски.
    Најпрвин сум си нашла прекрасен фустан за свадбата во Недела, кој исто така можам да си го носам и на Нова Година.
    Второ, конечно сум си завршила со учење, полагање, семинарски и се чувствувам слободна и сега е време да си ги почнам сериите и филмовите и да изгледам се што сум пропуштила овие две недели :D
    Доста напорни ми беа, дури и го запоставив малку форумов, шејм он ме :!:
    Нова Година иди, за мене исто ко да не иди. Не чувствувам никаква еуфорија ниту пак возбуда. Исто не се замарам ни во шо ќе одам ни како ќе бидам нашминкана, ништо, за мене тоа е една најобична вечер.
    ова го пишувам затоа што прееска кога во бутикот го пробував фустанот една жесна беше многу изнервирана поради тоа дознала дека некое друго девојче ќе имало ист фустан како нејзиниот, а ќе славеле на исто место. |(
    Незнам зошто толку многу замарање за една вечер, чудо големо ако имала ист, па и сите ако сакаат нека имаат како мојо фустан, многу му е гајле, фустанот нема да ти ја направи вечерта незаборавна! Според мене секако...
     
    На richgirl998, Someonespecial и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Досаден и веќе правен муабет, ама навистина се чувствувам како да не припаѓам овде. Ме нервира и ме гуши околината, ме притиска и ме стега. Не сакам да се помирам дека мора да е вака и да се задоволувам со трошки. Да си правам сама филмови и да си давам утехи дека е добро или дека ќе биде добро. А можеби и покрај се би се исплашила од нов предизвик пред мене, но барем да го имав...
     
    На kala21, Johny, richgirl998 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Го `кренав`JUMBO и им направив лотарија , на моите првачиња, колку само беа среќни :) .
    Како не беа и возрасните такви , па да немав цел ден маки и да си отидам дома главата како тапан да ми биде...... :yawn: .
    До таа точка бев ,што кога си дојдов дома кога го затекнав изненадувањето што ми го приредил билдерецов липав ,плачев како крава ..... и по стоти пат увидов дека никогаш професионалниот успех не може толкаво задоволство да ми пружи како љубовта .
     
    На Serafima, Annath, ilipili и 2 други им се допаѓа ова.
  15. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    657
    Почнувам да се спремам за вечерва како за културна вечера и се двоумам што да облечам како и секогаш, ќе натегнам нешто едноставно па што? И онака ќе бидат постари луге добро ке има и неколку млади али ми мириса ке биде досадно :drunk: , леле мразам формалностиии, сакам спонтани нешта ... А баш мислев викендов со мм да се проводиме ние двајцата некаде... ОК јас отидов да пеглам коса .... Убава саботна вечер на ситеее :hai:
     
  16. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    10.472
    Не ми текнува кога последен пат сме седнале со домашниве заедно да ручаме. Толку ретко се случува што дури е жално. Има периоди кога до толку се разминуваме што се случува и да не се видиме по 2 дена, а во иста куќа живееме :| До толку стана нормално тоа некој да се дрзнува да ти го ремети викендот и да ти го крати и оној мал преостанат одмор што го чекаш со душа на крајот на неделата. Професори закажуваат испити во сабота, работодавците одамна уво не ги заболе за твојот приватен живот и личен мир...

    Постарите често раскажуваат како било во времето на социјализмот. Се знаело, работно време до 15 часот, се доаѓа дома и се руча, а потоа следи одмор и на улиците е штама до 17 часот. Буквално ни пиле не прелетувало, кола не поминувала, деца не играле на улица. Не можам да кажам дали било добро затоа што не сум фатила многу од тој пеирод, но почнувам да ги разбирам постарите генерации кога со носталгија ќе почнат да раскажуваат за тоа како било кога тие биле млади.

    Меѓу другото празнициве ги чекам со душа заради тоа. Еден пазари, друг сецка салата, трет готви, некој друг мести маса, кој за што го бива :lol: Да седнеме сите на маса и да ручаме со сите салтанати на раат. Ракииче и салатиче, превкусен ручек, десерт и на крај ко подуен да станеш од маса и да се добуткаш до првиот кревет и да се натегаш за тоа кој да свари кафе.

    Ги чекам празниците со надеж дека времето ќе застане таа недела и дека сите ќе заборават на секојдневните гњаважи. Се надевам на насмеани лица и ситни задоволства што ти ја греат душата и на сите оние работи коишто прават моменти вредни за паметење.
     
    На vinozito1, Serafima, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Си ги направив плановиве за Нова Година, уште да ми пропаднат.
     
    На Monroe, LittlePinky, richgirl998 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Не го љубам декемрви зашто секој втор ме гњави со прашањето „Каде за Нова година? “...
    Ја чекаат таа вечер како да во животот не пробале алхолол, или не се дотерале, па мора да дојде Нова година за тоа да го направат..

    Не е Нова година најлудата ноќ, вие сте луди што толку се потресувате.. Да видите јас обичен викенд како лудо знам да си ги направам ноќите, секој втор викенд Нова година :wasntme:

    Кога веќе толку внимание посветувате, што не ми донесете и пакетче, а не вака.. Да не беше менструацијата, ама баш ништо немаше да добијам за Нова година :|
     
    На kala21, LittlePinky, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Happy birthday, Maggie Smith ♥♥♥ (Professora Minerva ) :inlove:
    [​IMG]
     
    На srcekrsacka, Dog-lover и LittlePinky им се допаѓа ова.
  20. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    И денеска официјално завршија колоквиумите. Еден сум положила. Сега се чекаат резултати за другите. :D Нека започне забавата!! :party:
     
    На srcekrsacka и Serafima им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.