[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Нема случајни средби,секој што ќе го сретнеш во животот е... или испит, или казна или подарок од судбината.
     
    На kala21, iloveyou29, la-chicka и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Знаете што? Целата таа еуфорија околу дочекот на НГ, која секоја година се повеќе спласнува, ја разбирам. Порано не ја разбирав, ама сега ја разбирам.
    Ги разбирам тие кои се спремаат за најлудата ноќ, ги разбирам тие кои уживаат во сијаличките и лампионите, ги разбирам тие кои имаат закажано педикири и маникири, шминкери и фризери, ги разбирам и тие што не ја чувствуваат еуфоријата, ги разбирам и тие што им е сеедно, ги разбирам и тие што ја мразат.

    Ама едно не разбирам, тие што упорно, иако се жалат како не познаваат скоро никој со кого ќе се одвива дочекот, или не им се допаѓа друштвото, или се разочарани од минатата година а годинава повторно на истото место дочекуваат, или не се воопшто возбудени, зошто воопшто си се ставаат на таква тортура и упорно се трошат на дочеци? Не само финансиски, нервно се трошат, време си трошат. Зошто не се потрудат да променат нешто? Или уживај или воопшто не се жали. Никој никого не фатил со нож да го тера да оди на дочек.

    Да, само уште една ноќ во годината е, може да се помине како и секоја друга, ама секоја друга ли ја поминувате така, глупаво? Или се оди на тепка, од 365, една мора да се погоди грда, па ајде нека биде оваа? Ми се косат некои работи, од една страна го сакаат дочекот, од друга страна се жалат на условите. Или најлошите, не го сакаат дочекот а сепак одат и постојано се жалат.
     
    На bittersweet, Hipster, la-chicka и 8 други им се допаѓа ова.
  3. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.948
    Допаѓања:
    164.134
    На LittlePinky, SuperGirl24, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Секој од нас си има дома по некоја несредена фиока со еден куп непотребни дрангулии во неа.
    Збир на сите работи кои ни пречат низ дома, ама упорно ги задржуваме предводени од мислата дека некогаш можеби ќе ни требаат.

    Мојата фиока дома содржи стари опаковки за наочари, некакви врвки за патики, лего коцки, мрсни боички, мали тефтерчиња, беџови, по некој искршен чадор, пластични држачи за знаменца, стари мобимак картички, една ракавичка, некои нефункционални музички касети и што ли уште не.
    А другата фиока, онаа во мојата глава, содржи непотребни грижи, нерационални планови, неисплатливи цели, излишни стравови, па и неколку личности.

    Една од целите за новава година ми е да ги исчистам фиоките. Двете.
    Затоа што нели, колку ти се средени фиоките - толку ти е среден и животот.
     
    На bittersweet, teddybear, kala21 и 29 други им се допаѓа ова.
  6. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Јас зборувам со секој на ист начин, без разлика дали му се обраќам на човек кој е вработен во комунална хигиена или е сопственик на универзумот. Почит е збор кој е измислен за да го пополни празното место онаму каде што нема љубов. Почитта према себеси е водена од моралот, а почитувањето на сите останати е прашање на манири.
    Јас не сум загрижена дали ти се допаѓам или не, се` што сакам е да ме почитуваш како секое нормално човечко суштество.
    Имам пријатели, но не премногу блиски. Сепак, го почитувам мојот непријател во нив!
     

    Прикачени фајлови:

    На Trnche, QueenN, kala21 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Што е ова??? :o :o :o Епа претераа,знам дека ќе ми биде избришано мислењево,али не ми е гајле,ова не е нормално више. :x
    http://www.youtube.com/watch?v=syCUFuOc0bA
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  8. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    499
    Пол:
    Женски
    Господ на сите ни дал мозок :clap:
    Некој го користит, а некому за бадијала му е даден,ама некогаш треба да те поцети некој зошто си надарен :fubar:
    P.C.Koe јагне не блека, тоа не цицат ( останува гладно) :talk:
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.948
    Допаѓања:
    164.134
    Во историјата постои една интересна случка.
    Пропаднал брод од неисчистени војнички чизми.
    Пробај да ја изгуглаш.
    Во право си. :)
     
    На Johny и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... крах, капут и со шетање и акање низ продавници и купување подароци.
    Конечно завршена мисија, мислев дека нема да има крај.

    Прво, со козметика сум обезбедена за половина година. Ако некоја од вас ме види како разгледувам лосиони, гелови за туширање, млеко за тело, лабела и такви ми ти чуда, и` давам за право да ме плесне по рацете... и по газот :?: (охохо, добро ќе ми дојде :wasntme: ). :D

    Второ, се думам дали да одам да им се претставам на соседите во новата зграда со кафе, колачи и едно мало предупредување и известување однапред, зашто кога ќе рокне тоа озвучувањето и нашите пискави крекави гласчиња од хорчето „Распеано гавранче“ за Нова година, просто знам дека ќе стапнам со лева нога во новиот комшилук, или на нечиј жуљ.

    Трето, идниот дом ни е убав ко аптекарско кутиче. ^_^ Толку е совршен, да му се сневиди влегувам и не сакам да излезам од него, иако се меткаат во моментов канти со боја и гулаби со нивните какушки на тераса. Влегувам од соба во соба и го консултирам Хуго - Тука ќе се плескаме? Даааа... А тука? И тамуууу... :$

    Претстојните празници ме исполнија со еуфорија во најнеочекуван момент, иако не планирав да забегам и да си правам Бајрам на паметот.
    Ама бидна, сега веќе пливам во море од светликави конфети и виножитни прдешки од еднорог. :)

    И четврто и последно, милата ми баба Д-р Оз го вика Доктор Ориз. :D
    Леле полудев од смеа. :rofl: Ама така сериозно го изговара името и ми ја прераскажува емисијата со некои воодушевени импресии, јас стварно не знам како да реагирам. Се воздржувам да не експлодирам.
    Ми објаснува како правела некои кифлички, ама не и се погодиле.
    „Епа тоа е, кога овој дедо ти не ми најде НАДУАЛО во продавница“...

    Надуало било оној адитивот за тесто, што ги правел кифлите воздушести и мекани. Мислам, како да го најде производов кога му го кажала со тој назив?
    Добар ден, НАДУАЛО имате?
    :^)

    И уште нешто, петто. Нели секоја година носам троделен календар стандардно.
    А вие знаете дека сите листови се кинат и покажуваат ИСТ МЕСЕЦ на троделен календар?
    Сте знаеле или не?
    :D
     
    На QueenElena, bittersweet, teddybear и 23 други им се допаѓа ова.
  11. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Зошто мора тој стадиум таканаречен менструација,да биде најболното измачување во животот на една жена ?
    Ја пробуваш секоја можна позиција,секоја можна животинска поза,пробуваш да бидеш мачка,лисица,кучка, камила,а болката нема абер да те поштеди.
    Те гребе,те пече до солзи.
    Тие се тие моменти,кога очајно,и необјасниво многу сакам да сум машко.
     
    На kala21, t.i.n.k.e.r.b.e.l.l, Ketrin.Moon и 5 други им се допаѓа ова.
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    36.148
    Пол:
    Женски
    Ако се чувствувам тажна,ќе се смеам.
    Ако се чувствувам несигурна,ќе го повишам гласот.
    Ако се чувствувам сиромашна,ќе мислам на богатството што ќе дојде.
    Ако се чувствувам безначајна,ќе си ги припомнам моите цели.
    Ако чувствувам страв,ќе чекорам напред.
    Денес ќе бидам господар на моите чувства.
     
    На julie77 и Libera им се допаѓа ова.
  13. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    32.483
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не сум јас за на лизгалиште :rofl:
    Решивме со другарка ми да отидеме, да полизгаме ...да помине време и да си одиме. Прво кога отидовме незнаевме кај се влегуваше и се вртавме некои 15тина минути околу лизгалиштето :rofl:
    Ај влеговме се супер, облековме лизгалки и почна лудилото :rofl:
    Само што ја ставив ногата на мразот, леле кога летнав цела....си велам не бива оваа работа, само ке се искршам :D Тој дечкото ми вели, имаш ролери возено?? А јас да да....па ајде вели исто е....Какво исто е , нема шанси....Одвреме на време ја слушам другарка ми....каде се кочиии и само ја снема....таа паднала и вика ли вика дигнете ме :rofl: Гледам едно детенце некаде околу 8-9 години, лизгаше дури и на една нога...си велам браво, а не како мене неможе да застане :D Помина еден час и ајде да си одиме, пробувам да ги соблечам лизгалкиве не сака, па не сака...и на крај дечкото ми вели - девојко не се мачи земи си ги лизгалките со тебе излегувај вечер со нив :rofl: Се на се интересно искуство :rofl:
     
    На Ketrin.Moon, Dog-lover, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
  14. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Почна да ме фаќа новогодишна еуфорија. :D

    П.С-Да се надоврзам на муабетот за баба и на Трендафилка дека Др.Оз го вика Др.Ориз.
    Поздрав Тренди,ама баба ми го вика Др.Роуз! :D
    Мислам мене ми одговара,нели. :wasntme:
     
    На Dog-lover и sofijanoka им се допаѓа ова.
  15. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    :o Почнав да го слушам Џастин Бибер
    :o :o :o :tmi: :tmi: :tmi:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.972
    Допаѓања:
    14.734
    Пол:
    Женски
    Мајките ни собираат фискални за наградната игра, а кога одиме во кафич он ми ја дава фискалната мене, дури и кога он части. Е тоа е љубов... :inlove:

    Ако добијам стан ќе го побарам да се ожени за мене... :lol: :lol:
     
    На srcekrsacka, richgirl998 и Dog-lover им се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... лумпувам! :wasntme: :D Тек је почело .... 8)
     
    На bittersweet, srcekrsacka, karenin и 4 други им се допаѓа ова.
  18. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    Дедо и купил телефон на баба и оваа среќна среќна, шта да ти причам. И прееска си лежам на кревет со лаптопо у скут и само на дедо телефоно џвоне и чекам да се јаве дедо и не реагира. Викам си до толку ли човекот оглувел, да идам јас да се јавам и кога гледам баба ѕвоне, кревам ‘Еее бабо кажи?‘ и баба од надвор тропа на џамот од куњата ‘Сине викни го дедо ти да излезе надвор!‘ 8) :rofl: :rofl: :rofl:

    Да ми се здрави и живи! :rofl: :rofl:
     
    На iloveyou29, Ketrin.Moon, Dog-lover и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Нека ви се среќни деевојки новогодишните и божиќните празници :* ве поздравувам со преубава елка! :inlove:
     
    На srcekrsacka, kala21, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.869
    Пол:
    Женски
    Добро,конечно засукав ракави и решив да се посветам на спремањето на празнична трпеза. Не дека вложив некој дополнителен ефорт пошто сметам дека е доволно моето постоење и јадење на храната ама мајка ми решила полека полека на тоа поле да ме спрема за мажачка.

    Фатив калапите во форма на срциња и почнав колачите да ги обликувам им дадов име Christmas-love cookies им напраив фотосесија и ги бапнав на инстаграм и фејсбук пошто морам да ги истакнам моите куварски квалитети. Во мегувреме сфатив како е да имаш свекрва дома.Мајка ми квакната над мене едно 200 пати ми ја укажа филозофијата на обликувањето ко небаре јас не знам со калап тестото како да го сечам. Пробав неколку пати суптилно да ја тргнам од глава,ја нудев со цигара со овошје па и со гриоти бомбони ама не бре женава упорна над мене да стои. На крај културно ми пукна филмот и и реков-Де ма мамо ко свекрва некоја си.Од еднаш штама во кујната. Жената ме погледна срамежливо се насмевна и ја препушти достоинсвено територијата на мене.Една реченица -решение за проблемите во кујната,врв навреда. :D :D
    Си ја завршив работата и го препуштив на нејзе печењето да не ги утнам недај Боже па од нос да ми ги извади. Не дека сакам да се фалам,ама ке се пофалам- ПРЕУБАВИ СЕ. Се јавив на најблиските им реков дека ги чекам утре претпразнично да го пробаат моето ремек дело. Со доза на неверување бидејки добро ме познаваат се сложија да дојдат за да се уверат во кажаните зборови и фалби.

    Ова е тоа што најмногу го сакам за празниците.Семејната атмосфера,семејните случувања кои за мене се посебни.

    [​IMG]
     
    На iloveyou29, Sexybaby86, Ketrin.Moon и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.