[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Конечно сум среќна. Минав низ многу проблеми и ете пред 2-3 месеци конечно и јас почнав да бидам среќна. Животот е тркало, а тркалото се врти. ;)
     
    На richgirl998 и leighton23 им се допаѓа ова.
  2. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Ве имаше мн ,сите посебни на свој начин сите со своите ставови проблеми дилеми и теории.Некоја заслужено беше критикувана некоја само спомената но во суштина сите искрени .Делумно разбирливи но и дрски и аргоантни ....Дојде денот да се каже и чао :| и од дволичен .Ве читав и обожавав на свој начин ,се потрудив да бидам фер и коректен :tmi: .....Не се гледам повеќе тука :| ....Можеби некаде на друго место во друга форма ..Дволичен ! :bow:
     
    На ariela09, Dream-Girl, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Точно така.
    [​IMG]
     
    На Trnche, Pirana, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. elence132

    elence132 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    105
    Сакам да кажам дека само што си дојдов , бев на пијачка со другарките и супер си поминав :)
     
  5. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Искрено, според мене, хејтaњето одaмнa поминa од модa.
    Сегa брзо прочитaв некaде нешто во смислa "Велите немaте пaри, aмa битно шопингувaте".
    Дрaг пријaтелу, кој и дa си што си го нaпишaл тоa, немој нaпрaзно дa зборувaш, зaшто не знaеш дaли нa човекот што е нa шопинг тие пaри му се последни во џебот. Секој сaкa нешто ново зa дочекот нa годинaтa, општо зa прaзниците, сите луѓе се рaдувaaт, никој не сaкa дa му скрaти нa своето дете нешто, мaкaр и последно било.
    Тој "модерен" хејт, толку ми е лит... Еве не знaм.
    Промрчив, не?
    Чус.
     
    На teddybear, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, kala21 и 22 други им се допаѓа ова.
  6. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    СДК Неможеш човек да натераш да се смени и да стане подобра личност,само покрај него ти можеш да се промениш ;(
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    Некој луѓе едноставно неможат да си го изградат стилот -па бараат инспирација! :devil:
     
  8. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    О леле којј ден. :rofl: :rofl:
    Се си почна негативно , тмурно утро, топол чај и многу лимон.Продолжи со киснење на дождот и расипана совршена фризура и по некоја солза поради тоа. :^)
    Но, кога ке видиш два фустани како за тебе, па кога ке ти кажат цената, па кога ке видиш како ти стојат, едноставноооо душата ти се полни. :$
    После тоа мирен, семеен ручек, предновогодишна домашна еуфорија, редење сијалички по прозори, новогодишен дух. :lol:
    На ново средување и поминување на скроз неочекувано, предобра вечер. :$ :D
    Позитивна енергија на ниво. Среќнаа сумм. :$

    Добра ноќ. :*
     
    На Elennaa, iloveyou29, richgirl998 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Денов ќе биде напорен..
    Стискам заби,и не смеам крик да испуштам...


    Добро утро на сите! :)
    Ви посакувам пријатен ден,и успех во борбата наречена живот..
     
    На richgirl998 и sweet-star им се допаѓа ова.
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Само затоа што не си ги видела моите очи насолзени, не значи дека моето срце не плаче. Само затоа што изгледам силен, не значи дека не сум згрешил. Тагата мора да се надмине, на еден или на друг начин.
     
    На Butterfly-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    36.146
    Пол:
    Женски
    Недела.........
    Ден од викенд.Колку и да си оптимист и да се обидуваш да го задржиш расположението,времето те одвратува од намерата.Темно,магливо,влажно...И секако,размислуваме како би преживеала женската фризура,а сакаме да бидеме комплетно средени и да уживаме во тој момент.Но,факторот време,не ни дозволува.Малку ни се другите непланирани нешта,па и со ова ли треба да се справиме??? Аман,бреееееееееее :@
    И зошто денес ќе фрлам пари за фенирање кога знам дека не можам да бидам победник во битката со маглата :devil:
    Фризурата не е евтина инвестиција.Ако сакаме да бидеме забележани,тоа чини во ваквите зимски денови.И не само трошење за фризер,туку и за такси. А каде е излегувањето??? И кога ќе го сумираме износот од фискалните сметки,ќе надмине една дневница ]:) Божеееееееееее
    А така средена со фризура да останам дома :wasntme: Па, и тоа не ми е логично.А и што би правелаааааааа......
    Девојки,до кога маглава ќе ни ја јаде убавата фризура :?:
     
    На richgirl998 и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  12. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    182
    Од ако играш со него мора да имаш нешто со него...од тоа си патиме |(
     
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.299
    Допаѓања:
    92.051
    Пол:
    Женски
    Грее сонце како ненормално :D
    Станувам и гледам разотворени сите можни врати и прозорци низ дома -недела е мама прави генералка + времето е убаво зашто на не излуфтира малку подолго :x :D
    Глеам надвор мирно ,тихо времето, сонце грее ... па Нова Година доаѓа или ...
    Не сакам сонце во Декември сакам снег,и студено време :|

    Ви поосакувам убав ден на сите ,а јас одам да се одмарам од спиење :D
     
    На richgirl998, sweet-star, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Ти ако си ТИ,неверувам дека може некој целосно да те претопи...
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Предовогодишен пост
    Традиционало секоја година.Оваа година ми беше крајно лоша, иако морам да признаам дека ми се случија убави работи од кои најубавата беше "како се вади сопствен леб" и како слободно влегов во продавница и не се мислев дали ако го купам тоа парче облека од 700 денари, ќе имам да јадам наредните денови.
    Накратко, сум работела само на дневници, сега прв пат ја добив мојата плата.
    Ете толку за мене.
    Она што сакав сега да го кажам,малку ќе има поинаква новогодишна порака или како и да е.
    Вчера ја имав таа несреќа да налетам на еден таксист.
    Муабетот му почна нешто за снегот, на што јас му одговорив дека повеќе ми се допаѓа сув студ зошто навистина снег е за на планина, во град снег го бива само првите 3 саати откако ќе наврне или додека врни.
    Но, тој одма ме пресече со реченицата "вие младите не знаете што сакате"
    Што не знам човеку божји?
    Еве зборовите му беа затоа што ние сме гледале премногу филмови, затоа било вака.
    Е,сега за филмовите.
    Единствено ми е криво во цел муабет што релацијата ми беше поприлично кратка па не можев да стигнам до збор од она што тој го зборуваше.

    Не опиша како младина што не знае што сака во животот, што ништо не попримила од своите родители, баби и дедовци. Што сите завршиле факултет,а никој не работи.
    Е,сега на овој опис додадете агресивно врескање на кое си велам, ако почнам да му зборувам и јас скраја било да не го изнервирам човекот.
    Работел и во странство, се вратил, не можел фамилијата да си ја земи. Сасвим коректно.
    Но, она мене дефинитивно што ми беше шлагот на тортата за и онака поприлично досадната вечер беше купиштата навреди упатени кон нас младите.
    Единствено нешто што кажа правилно беше тоа дека премногу молчиме.
    И јас му молчев него.
    Зошто? Зошто се плашев.
    А, немав шанса да му го кажам тоа.
    И кој е крив за тоа?
    Што не научиле генерациите како неговата? Да молчиме, тоа не учеле.
    Да бидеме типично балкански ментатилет, да му умре козата на комшијата.
    Кој е крив за денешнава ситуација, господине таксист?
    Дали мојата генерација во времето кога државата требаше да застане на нозе, имаше гласачко право?
    Дали мојата генерација беше таа што одлучуваше на кого, какви права да му се дадат?
    Дали мојата генерација ја направи оваа класична бирократија?

    "Вие младите сте криви што немаме држава"

    Kaко јас сум крива што немаме држава, кога дотичните кога ја граделе државава не ја граделе поволно земјиште. Пре би рекла државава ни е изградена врз септичка јама.
    Све што постои на Балканов е проклето и проколнато.

    Ништо не сме попримиле од бабите,дедовците,мајките,татковците.
    Реално ако правиме муабет, тие беа тие што ни ја купуваја љубовта со пари.
    Не е ништо страшно,ама тие беа тие што од мали не научија дека се живее само со пари, дека среќата да се возиш на рингишпил,да си купиш најубав сладолед во цело маало, тоа све се купува со пари.
    Кој мене ми ги наметна парите да ги ценам повеќе од себе?
    Да работам како робот, да не ја приметувам тахикардијата која ми е секојдневна, да ми почнува денот од 8,а да ми завршува во 7, само за да имам пари?
    Дали од бабите треба да попримам покрност кон мажот?
    Животот да ми биде ограничен во 4 ѕида? Единствената тема на муабет да ми биде за турските серии колку биле трагични?
    Тоа е животот што секоја идна жена го замислува?
    И да имам најбогат маж, не можам да замислам да седам дома.
    И да, човеку, таксист. Јас сум ја научила најважната лекција од дома.
    Работливоста.
    И не само јас, туку многу млади чии родители ја ваделе својата корка леб од уста за да им дадат на децата.
    Сите тие work and travel.
    [​IMG]
    Сите тие пропали љубови, пропали соништа дома, ради таа проклета програма.
    Каде вредноста ни е поефтина и од бесплатната работна сила.
    Е, толкава ни е вредноста на нас младите.
    А, вие сте тие што ја обезвреднија.
    Вие дами и господа над 40 години, сте тие што покажуваат сила. Вие сте тие што молчевте заедно со нас.
    Вие сте тие заради кои за да земам социјална степендија треба да имам пари колку џебот на една просечна џетсетерка во Скопје.
    Ете до кое ниво не донесовте нас младите.
    А, јас и сите оние што од мали молеле за пластична барбика,за пластично количе, место метално порше и гумена барбика со најубав фустан, тие сме тие што секојдневно се соочуваме со вашите закани.
    Тоа сме тие.
    Депресија на деценијата.
    Без никакви права.
    Среќна Нова 2014
     
    На Trnche, QueenN, SparkyAngel и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Зошто бе не напушташ?? :o
    Инаку ајде јас да ви кажам што ми се случи од сабајле и зошто сега сум казнета и морам во соба да седам 2 саати.
    Си правев јуфки и мајка ми ме начека во кујна и ме замоли да подзачистам малку, да си извадам садовите од машина, да ги наредам по плакари и новите прљави тањири да ги ставам во машина. Јас си ги изедов јуфките и почнав со работа. Не знам како дојдов до идејава, ама мислам дека во живот нешто погадно немам мириснато. Со носот застанав пред машината за садови со надеж дека тоа апчињата што се ставаат убаво мирисаат на лимон и отварам машината и осеќам како тоа пареата излага пополека и одеднаш ќе се онесвестев! Тоа кога почна да смрди на повраќаница помешана со лимон, животов ми се згради. :fubar: :puke: Ајде тоа среќан никој не виде што направив, па продолжив да ги вадам садовите. На еден тањир имаше флека и јас гордо одам накај дневна со дигната глава, да ја прашам мајка ми дали да го ставам уште еднаш во машина тањирот, кога се сопнав со се тањирот глава искршив (имаме мало прагче пред да влезеш во дневната соба)!! Ајде ништо, мајка ми кажа се случува. После се вратив во кујна и таман да земам една чаша, и таа ми се лизна од раце! :x Во тој момент влезе татко ми во кујна и виде дека искршив и чаша. Почнав делчињата да ги собира во рака и со едно се изгребал и крв ми течеше. :sweat: ;( И мајка ми на крај здиве и ми кажа, јас те замолив кујната да средиш, ти ја искрши и ме казнија 2 саати од соба да излагам! :$ |( Така да кога ќе пораснам ќе барам маж што се разбира во чистење на кујни, во спротивно ќе мора секој ден ја купува нови сервиси и чаши ако јас ја чистам кујната. Јас може само да готвам, во тоа барем се разбирам! :!:
     
    На Dvolicen, leighton23 и QueenElena им се допаѓа ова.
  17. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Тоа е тоа.Полека но сигурно се приблужуваме кон Новата година,со надеж дека се ќе биде подобро и поубаво.
    Мене и сега ми е убаво,срцето ми е стоплено,особено кога ќе ги погледнам едни мали сјајни очички,кои ми даваат таква топла прегратка,што за друго поубаво можам само да сонувам.

    Дознавме дека ќе добиеме и синче и сме пресреќни и го ставам рачето на ќерка ми на мешето и и викам мамми ќе имаме батко,а таа сеуште бебе и во некој нејзин бебешки фазон ми удри еден бокс по стомакот,како поздрав за новиот член. :lol:

    Деца,слатки маки,ама ај излези на крај?? :wasntme:
     
    На Serafima, Kaylie, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    недела. ден кога и вчера да сум се капела денеска повторно мора - нели ефтина е струјата.
    еве водата се стоплила а мене ни к од капење не ми се спомнува.. додека да влезам секако :lol:
     
  19. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    44.397
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека не можам да поверувам дека навистина постојат толку расипани луѓе...И тоа блиски да ти се,а да ти се како непријатели...Ахх,Господе што побрзо наплати им за се,нека се помачат и тие...Ако,ќе почекам,не се рекло бадијала:правдата ќе задоцни,ама ќе стигне кога-тогаш...Го чекам денот кога ќе дојдат моите 5 минути и се кога ќе им кажам в лице...Се направија црни веќе од лошотилок...Ѓаволот не им е рамен...
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Дебилни ми се овие предновогодишни опроштајќи, како да којзнае што ќе се смени за 3 дена, се ќе биде исто знам, само бројката на крај иде едно нагоре, ама сите оптимистички влегуваме со куп желбички и очекување. Признавам и јас сум таа, истата.
    Милион желби ама реално малку се пренесуваат во новата со остварување.
    Ама оптимизмот во човек се гледа во тоа што последниот грам надеж никогаш не умира, никогаш.
    Или како што вика мајка ми, помалку молење, повеќе работа, на сите желби да работеше повеќе до сега пола од нив ќе ти се оствареа. Кој ако не мајка, духовен патоказ ми е, главен и одговорен уредник и учител, аналитичар и релист.

    Ставете ги очилата со оптмизам, ама сменете ја рамката во реализам наместо песимизам.
    Верувајте дека ќе бидат работите, надевајте се, но работете на нив, а јас од срце на сите ви посакувам дека ќе ви се остварат.
    And be naughty some times :wasntme: , некогаш вреди 5 минути да си откачен и да живееш како што сакаш. Само 5 минути :lol:

    [​IMG]
     
    На bittersweet, Marossa, teddybear и 29 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.