[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.577
    Допаѓања:
    175.066
    Значи времево не да лета,ихаааа...
    Како вчера да беше кога првпат го зедов во прегратка,кога го одведовме со мм првиот ден на училиште,кога.... а сабајлево во 3ч и 30 мин.сите тројца,заедно се вративме од Таксират.Заедно и отидовме.И среќен е што слушаме иста музика,што игравме на Дубиоза,што пеевме на Београдски синдикат,што се поздравуваме со луѓе кои се дел од таа култура.
    Жар во очи,среќен што сме заедно на нешто што нему му значи,а истовремено и на нас ни е задоволство.
    Е сега,сепак годинките ми се тие...болат нозе,морав да одам до колата да одморам нозе и кичмана 15 мин.Отидов сама до колата,после 10 минути го гледам синот иде накај колата,да ме види,да ме советува да не отварам на никој ако ми барале нешто као цигара,запалка исл.бидејќи такво било времето.
    Абе еј,он се грижи за мене.
    Значи животот е тркало.Се менуваат улогите..цццц...
    А ,да ,останав без парфемот,ми го зедоа при претрес на чантата :?: ....во мое време, парфемите не беа потенцијална опасност,ова вчера баш ме изненади...Среќа не беше некој скап,а и при крај беше.
    Важно,супер си поминавме.
     
    На bittersweet, Annath, kala21 и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    1.361
    СКД дека 90 %,уствари не,ТВРДАМ дека 90% од нашиве возачи,незнаат што е волан,пат,сообраќај,семафор,пешачки,ама :!: затоа знаат да се фалат со скапите увезени коли од "комшилуков" наш.
    Епа не така бе дудуци,невини луѓе земате на душа поради вашето "дрифтање" и лудување по улиците.
    Треба да знаеш да возиш,а не само да седнеш пред волан и да свиркаш по женски.
    Секој ден поради таквите умираат луѓе.Земја со најголем број сообраќајни незгоди сме во последниве 5 години,треба и тоа да го кажат како резиме на целава година,со превземени драстички мерки за претходно наведените "шофери"
    И за крај,никако да разберат дека пред се сопствениот живот го жртвуваат со тоа што го прават.
    Се однесуваат како да имаат 10 животи.
    Мизерија :emo:
     
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    Вчера имав неверојатно ужасен, страшно разочарувачки ден, бев спремна да се откажам од се... Денеска едни сосем `нови` луѓе од мојот не така широк круг на пријатели ми приредија преубаво попладневно дружење - црвено вино, одлична музика, опуштена атмосфера, конструктивен муабет...

    Наравоучение - кога некој свесно ќе ја тргне насмевката од твоето лице, погледни наоколу, секогаш постои некој кој ќе биде среќен да биде покрај тебе и во најлошиот момент и ќе те цени поради тоа што ти си ти!

    Е. и Б., ви благодарам што постоите и благодарам што сте дел од мојот живот.
     
  4. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.906
    Допаѓања:
    24.182
    Пол:
    Женски
    Чудно е колку луѓето што најмногу те искористиле во животот, добиле сè што побарале од тебе, секогаш си бил тука кога им требаш и те шутнале ко последно ѓубре да си, е... истите тие споделуваат слики на ФБ со Исус и Богородица и некои рандом цитати од типот... „ Боже, тие шо ме искористуваат, вака, така, онака... “.

    Oh, the irony ! |( |(
     
    На bittersweet, Sexybaby86, Trnche и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Femina555

    Femina555 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    26
    Прв пат да не ја чуствувам еуфоријава за новава година,дома украсено,се печат кифлички,се листаат списаниа за рецепти...ама сепак не ми е тоа тоа,да напоменам дека и уште сум во преговори каде да ја дочекам 2014,лошо време не фати...Да се надевам кога ке се разбудам сабајле ке го сменам мислењево :)
     
    На Divinebutterfly, SparkyAngel, EMoonlight и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    ......... dreams come slow and they go so fast. :|
     
  7. foreverinlove21

    foreverinlove21 Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Девојки, имам Blizoo оператор, и имам проблем еден, итно ми треба некој што ќе ми помогне.
    Ми се стопира на еден канал и упорно не сака да се смени каналот, останува тој постојано. Ве молам да ми помогнете тие што имате искуство со ова. Ви благодарам однапред, поздрав.
     
  8. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Сијалички, чоколадо, генералка по дома, правење мафини,светки,дома, заборавање на диета, руска и кифлички, топло чоколадо, чај, еуфорија, атмосвера,слободни денови, опуштено...
    Има ли поубаво? :inlove:
    :*:
    Имајте убава вечер :*
     
    На Elennaa, iloveyou29 и EMoonlight им се допаѓа ова.
  9. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Од мало друштво онака одбрани пријатели, но вредни колку за 100 души никогаш не ми е доста.
    Толку се позитивни, откачени, забавни, умни и сите различни на некој начин... Тие знаат да ме направат среќна, со природна насмевка, а не вештачка.
    Секој од нив е приказна за себе. Кога сме сите заедно зборуваме како навијани, не можеме да престанеме, од една тема се префрламе на друга и така цела вечер во пријатна и опуштена атмосфера.

    Е со нив планирам да го славам дочекот на Новата година, можеби ќе сме малку, но барем се некои кои ги чувствувам блиски и со нив сум потполно своја. :)


    Само ќе има мал проблем сите сме со различен вкус на музика. :D
     
  10. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    123
    сдк дека се чувствувам навистина феноменално :rofl: :rofl: си уживам...........пу пу да не се урочам :P
     
  11. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.906
    Допаѓања:
    24.182
    Пол:
    Женски
    Нема луѓе...
     
    На LittlePinky, kala21, Mama25 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Имат луѓе, машки и женски :geek: :lol: :wasntme:
     
  13. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.478
    Допаѓања:
    10.927
    Патам од несоница.Веќе подолго време не легнувам пред 4,а и да легнам нема да заспијам.
    Ме маваат мисли од различни фреквенции и се додека не се изморам нема заспивање.
    Често се сеќавам на драги личности и убавите спомени поврзани со нив кои толку многу ми недостигаат.
    Размислувам,многу размислувам.
    Заклучок никако да донесам.
    Туку денес денот беше напорен со гласањето на Фемина,па веќе ми се приспива.
    Ај одам да си легнам. |-)
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Не чувствувам никаква еуфорија, туку предпразнична депресија која што полека ама сигурно се повеќе ме убедува дека јас сум човек кој не сака никаков вид на вакви вештачки празници, забави и помпезно прославување. Едноставно не сум јас за тоа, сеедно ми е.
    Не ги сакам престојниве празници затоа што ме потсетуваат на болни работи кои ми се случиле во овој период. Единствена емоција која ми се буди деновиве е разочарување, кога си заминува годината единствено за кое сум свесна е дека помина уште една година во која не мрднав од мртва точка и не ми се случи нешто кое што ќе биде вредно за паметење. Годините поминуваат а ти сеуште стоиш на истото место на кое си бил и пред 5 години.
    И така... кучињата лаат, караванот си врви, фемина повторно избра најдобра форумџика, мачкава повторно ќе раѓа мачиња за некоја недела баш како лани, мене повторно ме фаќаат несоници пропратени со маратонско гледање на серии, и така доцна во ноќта всушност сфаќаш дека не си човек за промени и дека веројатно по 5 години повторно ќе го пишувам овој ист пост.
    Ај добра ноќ, се надевам дека триесет и осмиот обид да заспијам ќе биде успешен.
     
    На Hipster, Sexybaby86, richgirl998 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.863
    Допаѓања:
    101.713
    Пол:
    Женски
    Постојат луѓе кои не ја сакаат Н.Г.,прослави ,испраќање и дочекување.Некои се мрштат и го исмејуваат човечкото лудило,презираат честитки.Не ја сакаат гужвата околу купувањето подароци сето тоа ги заморува ,но посакувањето на убави желби е добредојдено и заедничко за сите.Убавите желби верувам дека се враќаат како бумеранг исполнувајќи го вашето срце.Зашто добрата мисла со добро се враќа.Верувам во тоа.Туку околу желбите да си кажам нешто.Секогаш се посакува нај,нај,зашто луѓето во принцип и не знаат што всушност сака личноста спроти нив.Не си ги познаваат пријателите и роднините и со самото тоа убавите желби изгледаат празни,без смисла.Јас лично мислам дека знам што сакаат моите пријатели,го насетувам тоа од нивните мисли,некои ги знам со години ,го слушам говорот на нивното срце и знам кој сака здравје,кој работа,кој сака да најде сродна душа и да роди дете,некој сака слобода и спас од лош брак,некој да ослабне,некој повеќе да се пакува,некој слава и пари,некој нова врска,подобар автомобил.Тоа се вистински човечки маки,срца полни со надеж а има и такви кои немаат повеќе желби..Но кога некому,му посакаш нешто конкретно-ти посакувам,тоа и тоа,нели навлегуваш длабоко во неговата приватност,нели постои можност да ја допреш раната која ги боли,нели е можно да повредиш нечија гордост?Веројатно и затоа се кажува -сите желби да ти/ви се исполнат.Таа желба е безбедна,се однесува на сите,но вистинските пријатели знаат на што се однесува.Затоа ви ја праќам оваа честитка ,а вие пронајдете се во честитката од слики,соништа,зборови и бои.
    Нека 2014 ви биде слатка како шеќер.
    Пролетта нека ви е разнобојна цветна и мирисна.
    Летото,подносливо врело и незаборавно.
    Есента полна со слатки плодови.
    Зимата топла како чинија со топла супа.
    Имајте многу гушкања на дожд,укадени бакнежи со вкус на кафе и чоколада,доволно храброст и љубов да го кажете судбоносното ДА,повеќе бебиња (патем на сите би им изнакупувала плишани играчки),имајте повеќе прилики да го прославите успехот со пријателите,доволно пари,но не и премногу зашто вишокот на пари го уништува човечкото срце.Би сакала да ви се оствари она што најмногу го посакувате.Повеќето од вас го имаат целиот живот пред нив.И желбите,надежите треба да живеат постојано во вашето срце а не само оваа година.Би сакала да можам, со волшебно стапче на сите да ви ги исполнам желбите,но зарем неизвесноста,борбата и исчекувањата не се послатки од инстант исполнувањата?!
    Среќна Нова Година !!!!!
    Леле колкав пост :tmi: .Се одјавувам за оваа година се читаме наредната!
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipster, bittersweet, Annath и 29 други им се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    36.143
    Пол:
    Женски
    Добро утро - Добар ден на сите!
    Во овој претпоследен ден од оваа 2013 год. бидете претпразнично расположени и оставете работите да се одвиваат по одреден тек.Тоа што не сте успеале да го завршите, не обесхрабрувајте се.Тоа што сте очекувале да се случи,а се случило обратното, не очајувајте.Тоа што сте го пребродиле,оставете го зад себе.
    Бидете цвсти и храбри и верувајте во себе.
    Животот е тркало кое постојано не врти горе-долу.Па, затоа треба да научиме да ја поднесеме секоја позиција во која ќе се најдеме.До среќата не се стигнува лесно и брзо.Треба да бидеме упорни во потрагата,но никако разочарани.И да се надеваме дека таму некаде е нашата среќна ѕвезда.
    Можеби 2014 е ваша година ;) Кој знае :?:
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.399
    Допаѓања:
    17.625
    Пол:
    Женски
    Ти ќе ја прашаш едно обично прашање, таа ќе успаничи, ќе искомплицира, ќе го рашири па со сите сили ќе се трудиш да упростиш и да избегаш што побрзо.
    Ете со такви психопати си имам работа.
    Па како да не се нервира човек. Новата година посакувам да ми почне без таа персона бидејќи е нон грата :D
    И што да кажам друго, вчера си легнав два часа после полноќ или во два часот по полноќ или два часа поминуење после 24 часот како што би рекол Амди Бајрам и сега само гледам да дојде три па да преспијам малку во автобус накај дома :rofl:
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Ќе ја сфатиш тежината на своите грешки дури тогаш кога ќе наидеш на оние кои не простуваат.

    Sad but true.
     
    На Barbie20 и Cka им се допаѓа ова.
  19. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.478
    Допаѓања:
    10.927
    Понеделничко утро,ми започна со телефонски повици од кои глава не можам да кренам.
    Се осеќам должна,многу должна спрема некои луѓе,иако не направиле нешто посебно за мене.
    Го обожавам првото утринско кафе кое ми дава максимално уживање и инстант енергија.
    Дами наздравје..
     

    Прикачени фајлови:

    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    СДК распустот почнува и за мене. :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.