[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Мразам петарди!
    Можеби сум единствена,ама гајле ми е!
    За нова година ајде,прифаќам некако што фрлаат иако јас во рака немам фатено,но што е ова одиш по улица петарди пукаат околу тебе.
    Да не можеш нормално да излезеш па аман што им е на децава(во случајов врсниците). :!:
     
    На bittersweet, deedee0, iloveyou29 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    :hai: не си единствена.
    Толкууу многу (читај тоооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооолку) мразам петарди што кога и да пукне петарда ќе изрипам и ќе писнам. :rofl: Другарките се смеат, абе ако смешно им е. Пред една недела пред мене во школо пукна една петарда, луѓе во несвест ќе паднев. Уште шеќер да ми дадоа да си лизнам. :tmi: Еј искрено се тресам кога го пишувам и зборот, мислам сега една ќе ми пукне... Уште повеќе ми е страв па да држам петарда, мислам во раце ќе ми пукне.
    А да не почнам да зборам за огномети, тоа ти е друга прича. :o Утре ќе се стресам, после ќе мора шеќер да јадам.


    Еј а се радувате на новата година, јас не. :?:
    Сакам да дојде, помине и крајј.
    Празниците после нова година ми се многу поубави.

    И така луѓе, чао и од мене во 2013.
    Се гледаме во 2014. :party:

    П.С-Утре кај и да сте, со кого и да сте ви посакувам нај нај убав помин, дрва да се направите, уживајте, играјте ии со ак'л, како што би кажал татко ми . :hug:
     
    На LittlePinky, sweet-star, Dog-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Да се придружам и јас... во пеколот има посебно место за овие петардашиве :@ Бомби, бомби на сите страни, како во рат да сме пак, без осет! И да речеш некое дете неразбрано, ама толкави магариња по 30год се расфрлале со гранатки, ракетки угхг :@ Ќе излезам со некој пењоар како госпожата од Том и Џери со метлата, ќе фатам све живо по улица ќе бркам и тепам!

    Уффф...

    И овој период како ми е тешко, како и е тешко, како му е тешко, пустото на сите ни е тешко. Има ли некој на кого овој период годинава му е убав? Си даваме сила едни на други ама џабе... кога не се збира во себе...

    Останете со здравје
     
    На Annath, bittersweet, Trnche и 11 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.274
    Допаѓања:
    67.881
    Пол:
    Женски
    Така ти е во животов, денес имаш, утре немаш.(И не мислам на Сноу и титулата. :lol: )
    За мене си зборам. Вчера имав работа, денес немам. Е толку е едноставно.
    Ајде нема врска тоа, јас сум способна, ќе најдам друга работа. Проблемот е во тоа што во денешно време не те цени никој. Само се научиле, еее колку кадар има, сите се заменливи бла, бла. Не знам време во кое работникот бил понеценет. Не можеш да побараш да се смени нешто доколку не ти одговара, па макар и пауза за ручек. Одма добиваш одговор - Ако не ти чини, оди си. Хах.
    Да, има кадар, ама прашањето е колку е способен.
    А и денес освен кадар, има и многу газди. Изникнаа ко печурки. Така што и вие сите сте заменливи.
    Ама знаете што е најтрагично? Што на твое место ќе дојде некој кој немал поима, ама нормално, имал нешто друго. Кабли. Да. Така да си знаете. Е па јас не дозволувам да ме гази некој. Како што милувам често да кажам, не сум најдена на улица. Си имам семејство кое ме поддржува и цени.
    Сега ќе си рокнам музиче, ќе си суредувам по дома, санкир домаќинка сум, ќе си спремам за утре, да си ја дочекаме со мм новава година, за која се надевам само дека асална работа ќе ми донесе. Иако тоа е една од најтешките желби за остварување.
    Ама нели, надежта не ја оставаме да умре.
     
    На Annath, Doozy, teddybear и 5 други им се допаѓа ова.
  5. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    29.481
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Фала богу си оди 2013.Една од нај депресивните,мрачни,тажни и болни години.Многу нешта изгубив, многу нешта ме лупнаа од земја, ама продолжив да се борам и си се гордеам со себе поради тоа.

    Новогодишни револуции имам еден куп, впрочем како и секоја година, само што за промена имам многу желба и амбиција да ги исполнам.Симнати мал милион серии и филмови, осмислувам различни режими за исхрана и вежби, се подготвувам за многу diy проекти и се спремам за една голема промена, а воедно и една од најголемите желби за која не се осмелував, планирам да се исфрабам црвена.Мислам иако она new year=new me е страшно клише, ама барем вреди да се потрудам да направам некој промени во новава година.

    Во секој случај ви посакувам убав помин утревечер, изнаиграјте и се изнапејте се, поминете убави моменти со вашите блиски.Во новата 2014 ви посакувам многу здравје пред се, насмевки на вашите лица, да бидете опкружени со позитивни лица и нормално со оние кои ви значат и многу,многу љубов :) :hug:
     
    На Hipster, Annath, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  6. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Денес цел ден со љубениот си шетавме секаде,пробај ова,пробај она...многу прекрасно си поминав.Конечно се почувствував убаво.Цел град е полн со луѓе,купуваат,пробуваат,секаде гужва...не може ни да се проба нешто,ни да се помине.Секаде луѓе насмеани,тажни,загрижени,секакви.Денес на стар човек му дадов пари,имав ситни,не беа многу но ако,не можев така да го одминам.Имаше човек што продава жижици,толку тажен што не можев да го одминам а да не купам и купив,не дека многу пари земал од мене...20 денари се,но знам дека е среќен и за тие бидејќи ги нема.На крај сретнав детенце со мајка,се гледаше во неговите очи колку многу посакува да има топла облека и пакетче за Нова година,го гледав и тоа ме погледна и се насмеа срамежливо...леле луѓе,колку уште повеќе ми го разубави денот,не знаете. :)
    Многу сум среќна денес,убаво си поминав.Мама дома сега ми вика 'денес ни е среќен денов,ќе земеме стан,ќе видиш' :lol: ,си викам дај Боже да е така мамо,ама ќе видиме. Важно ме насмеа,позитивна е. :D
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Толку од мене за 2013, во 2014 ќе се дружиме повторно :)
    •Утре со кого и да сте, каде и да сте,
    поминете си најубаво што можете :* :*
     
    На LittlePinky и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  8. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Сакам да кажам дека баш вчера, за прв пат ја отворив темата за Форумџика на годината и откако прочитав за што се работи и дека го фаќам последниот ден за гласање, ај викам, каде сите - таму и јас, па да гласам...
    Искрени честитки за Трендафилка и до сите што се најдоа на листата номинирани!!!

    Наравоучение: Прасе пред Божиќ не се гои!!! За следната година оние што сакаат фрижидер или машина за перење, телевизор или што ти ја знам, или го посакуваат Фемина виртуелниот трофеј за лична садисфакција, да си направат сериозна тактика уште од сега да почнат да креираат нови членови за својте баби, дедовци, комшии, за кучето, мачето, се` се брои... Па догодина на гласање да имаат една година стаж, што е сигурно - сигурно си е, да не корнат коси во фото финиш и да не бидат изненадени од соопштување на правилата по завршувањето на играта.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Последниот понеделник во оваа 2013 година...
    Дa го направиме да биде посебен,кога ќе се сетиме ќе ни биде жал,за се то денес можевме а не направивме... Годините ко минуваат се чудна работа,кога се тука едвај ја чекаме наредната и тоа со надеж дека ќе биде подобра,а само подоцна неколку години, се сеќаваме зошто обично од нив остануваат само врежани сеќавања и спомени...
    Некои убави,преубави како во мојот случај кога се роди син ми и ми ја направи оваа година да ми биде една од најубавите-повторно да го осетам благодетот по втор пат да бидам МАЈКА. За мене непостои поубав и подрагоцен подарок! Ти благодарам Господе што ме благослови пак да бидам мајка...
    И некои болни и тажни моменти кои ќе останат врежани во моето срце и вечно ќе ме болат ,како смртта на мојот татко кој незаслужуваше така да замине од овој свет...

    За мене оваа нова година нема некое значение посебно, освен тоа што завршува престојната па почнува друга . Новата година ја славам на 13 спрема 14 она НАШАТА-православна но тоа не ме ограничува да ви посакам на СИТЕ:

    Искористете го овој последен понеделник во оваа година,да направите нешто на кое ќе се сеќавате со радост,зошто никогаш повеќе нема да се повтори... Ако некого го сакате кажете му...ако на некого сте му биле лути, а за вас е посебна личност,простете...За да можете следната година да ја започнете со чисто и отворено срце...
    За љубов,за семејството, за пријателите и секако за сите добри луѓе!
    Среќна Нова 2014 која тропа на врата,отворете и гушнете го целиот свет...
    Бидете среќни.
     

    Прикачени фајлови:

    На Annath, bittersweet, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.776
    Пол:
    Женски
    Не верував дека за време на овие неколку години факултет ќе видам што е тоа зимски распуст, или барем налик на тоа... имам некој испит во јануари, ама ситно во однос на минатите години.
    Денеска си го полагав последниот колоквиум за семестаров и се чувствувам толку слободна, што ми се плаче од среќа.
    Топло млеко и серија!
    Одмор!!

    Среќни празници женски!

    :coffee:
     
    На Hipster, Annath и bittersweet им се допаѓа ова.
  11. Spectre

    Spectre Активен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    74
    Уопште не го разбирам ова припотресување за Нова Година.Па тие попусти кога луѓето се бутаат мислат бонбони се дели,а всушност попустот е кога се ставени реалните цени на работите кои се продаваат.
    Се прават торти фризури специјално за Нова Година,па купување разни тоалети,штикли/чизми безпотребно фрлање на пари за еден обичен ден т.е премин од една во друга година.
     
    На cinderella.red му/ѝ се допаѓа ова.
  12. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Сите околу мене сакаат што побрзо да ја испратат оваа година.
    За многумина баксузна а за мене тоа што завршува на 13ка се покажа баш добра.
    Имаше падови не велам не, но беше најдобра година во мојот живот.
    Ќе ја памтам по многу убави работи,нови пријателства,многу журки,јаки пијанства и што ли не...
    Морам да си признаам тажна сум што една вака добра година за мене завршува.
    Се надевам дека нареднава ќе биде уште подобра.
    Ужувајте во еуфоријата што ја носат празниците што следуваат.
    Убав помин утре кај и да сте :)
    Среќна Нова :*
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    СДК -Се сместив пред ТВ, сега уште станот да го добијам :D
     
    На Adi888, richgirl998, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  14. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Еден совет што го прочитав на социјалните мрежи а тоа е Девојки ве молам за новата година не се китете повеќе од вашата елка :D :D :D
     
    На teddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Господ чува нешто многу подобро за тебе.....ова од искуство со работата моја ;)
     
    На Gordana10 и RainBow им се допаѓа ова.
  16. jjovana7

    jjovana7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Школото заврши, дојде распутооооооот 8) Утре Нова Година, завчера си го верив бате, си ја зедовме саканата негова. Дај боже секогаш да ми се среќни и сакани, покрај нив и јас најсреќна :) Убави денови поминаа, но, уште поубави доаѓаат. Полека полека се спремам за деновиве :) Фала ти Боже дојдоа деновите и јас да сум среќна, пресреќна!
     
  17. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    32.482
    Пол:
    Женски
    Конечно заминува и 2013 година.
    Оваа година добро ми почна, но заврши трагично. Од септември месец навака ми се случија многу лоши работи и ме треснаа од земја, но сепак поминав преку тоа достоинствено колку што можев. Сакам тие работи да ги заборавам и да ги оставам зад мене.
    Еве на праг е новата 2014 година и се надевам дека ке биде подобро од оваа лоша година за мене.
    На сите ви посакувам најубаво да си ја дочекате новата година со своите најблиски, а во неа најмногу здравје и среќа. :*
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Наместо да бидеме среќни без причина, а тажни со причина ние живееме обратно... тажни сме без причина, а чекаме да се случи нешто за да бидеме среќни...
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Padre

    Padre Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    36
    Единствениот пријател што го имам е во кома
    Мајка ми почина
    Ме тужат за пари што ги немам
    Клиентот ми праи финтици за да не плати
    Поради некакво глупо бирократско срање ќе го јадам немиен
    Девојката за која би дал рака нога и бубрег а богами и другите рака нога и бубрег не ме тркала два посто.
    Јебемти Нова Година.
     
  20. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    не бев свесна до денес дека физика сум можела да добијам 5ка :D
    чуда се дешавале :rofl:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.