[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Колку само не ја чувствувам новогодишната еуфорија .. :| 2013та за мене беше една од подобрите години, ме донесе на ново место, ми донесе нови успеси и признанија и повеќето од работите одеа како подмачкани..Запознав прекрасни луѓенца со кои делиме исти интереси, одлично се вклопив и за кратко време ги чувствувам многу блиски. Веќе цела година живеам сама, а ми претстои уште една таква, за првпат видов како е и искрено ми годеше да оладам глава од сите и да се посветам на себеси. Се плашам дека тешко ќе се навикнам пак да функционирам со некој 24 часа на ден во иста соба..
    Морам да признаам дека 2014 ме плаши премногу, ако потфрлам целиот досегашен труд ќе ми биде за џабе. Во оваа година што следи сакам да научам како да не дозволам мали и небитни нешта да ми ја одземаат енергијата, како мозокот да не ми работи со 200 на час пред да ми прегори, да не се плашам од пораз и дека не мора се да излезе како што сум испланирала, туку дека спонтаните работи понекогаш се поубави. А да, и да ги дочитам сите започнати книги. И да ја завршам тезата пред предвидениот рок.

    Јас утре нема да славам, туку ќе поминам работно, ама затоа во Јануари ме чека патување во една држава во која досега не сум била :) А вам ви посакувам убава новогодишна вечер, а 2014 да ви биде исполнета со мир, хармонија, здравје и среќа. Се читаме догодина.
     
    На Hipster, richgirl998, Ann.94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Си дојде крајот.
    Не ми се верува дека толку брзо помина уште една година. Година полна со изненадувања.
    Не можам ни да замислам што ме чека во нареднава, ама посакувам пред се` многу здравје, љубов, среќа и пари (кои патем се најголем проблем) и сила за да ги издржиме сите работи кои ќе се случуваат во престојнава година.
    Годинава која иде, ќе биде година полна со изненадувања. Се надевам само на најдобро.

    Феминки и феминци, ви посакувам убав дочек на Новата 2014 година, каде и да сте. :)
    Бидете среќни, насмеани, сакајте, љубете и некој ќе ве љуби вас.
    Посакувам да ви се исполнат сите желби, или барем дел од нив, но доволно за да бидете среќни.
    Бидете храбри да ги прифатите и издржите сите предизвици кои ги носи новава година и не заборавајте дека секогаш има некој кој ве сака и мисли на вас. :)

    Среќна нова година :*
    Ви испраќам многу љубов :inlove:
     
    На Hipster, iloveyou29, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
  3. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Оваа година летна како птица која брза кон југ. Птицата на пролет ќе се врати, но оваа година никогаш нема да се врати. Јас бев како птиците. Многу пати сум одела по тој пат, но сепак сеуште ми е непознат. Талкав по небото кое колку што ми беше познато, толку ми беше и непознато. Застанав на многу места, запознав нови птици и пак продолжив. Некои остаа на местото каде што беа, некои дојдоа со мене, но повеќето по патот изчезнаа. Многу дојдоа, многу си отидоа. но јас никогаш не останав сама...
     

    Прикачени фајлови:

    • images (1).jpg
      images (1).jpg
      Големина на фајлот:
      5,4 KB
      Прегледи:
      641
    На richgirl998 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  4. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Денес се потврди тезата дека сум најсреќната личност на светот, а воедно онаа која најмалку го заслужува тоа.

    Невообичаено за мене, се разбудив рано, ми пречеше некој звук и кога отворив врата го здогледав него. Требаше да биде на работа и испадна пријатно изненадување. Ме замоли да му ветам дека ќе лежам уште 3 минути во дневната соба, а потоа да се качам горе.

    Добив писмо со следната содржина - Сакам да направиш нешто за мене. Наредниве пет минути да не мислиш на ништо, сакам еднаш да се чувствуваш исполнето. Нема да се случи ништо кое би те изненадило, зашто без разлика што би направил, не е изненадувачко и возбудливо за тебе. Во твоите очи се крие некоја тага, гнев и нешто кое јас не можам да го поправам, но барем малку ќе направам да си среќна и да почувствуваш како е да си сакан.
    Денес е еден невообичаен ден, каде ти имаш една работа, наречена "Потрага по вистината". Оди до плакарот и таму и таму те очекува нешто.


    Ко мало дете кое очекува пакетче за Нова Година, сакав полека да уживам во секој миг и да направам што подолго да трае. На полицата седеше убаво завиткан подарок, со уште едно писмо - Те сакам бидејќи ми овозможи да бидам покрај тебе и да ти покажам дека мојата љубов не се само зборови. Сакам да ти е топло и кога не сум крај тебе! Отвори го пакетот.
    Почнав грижливо да отвиткувам, со страв да не го уништам она кое со толку труд го подготвил. Кога здогледав бордо боја, знаев дека е омилената блуза, која ја галев секогаш кога ќе влезевме во продавницата. Сфатив зошто упорно ме тераше да пробувам алишта и со вистински интерес ме прашуваше Ова толку многу ти се допаѓа? Ја облеков, го гушнав и бакнав, а морав на глас да го прочитам и наредното - Овој подарок е мал дел од она што те очекува. Сакам барем денес да си среќна и исполнета. Оди повторно до плакарот и под касата те очекува нешто.

    Писмо број четири - Многу шетав, го пребарав цел град и кога било ладно или топло, ништо не ме спречувало во намерата да направам нешто кое барем за момент би те усреќило. Овој месец бев многу чуден, а знаеш зошто? Оди до твоето биро и во третата фиока се наоѓа одговорот.

    Претпоставувате нели, пак писмо. Земи едно столче и над плакарот најгоре, те чека одговор.

    Наредно вели - Цел месец барав како може човек да те усреќи и заклучив дека има многу работи, а една од нив е толку овој подарок. Кога бевме да шетаме, гледав во твоето лице и го чекав моментот кога ќе се насмевнеш, зашто знаев дека тоа ќе биде нешто што навистина ти се допаѓа, но или ти беше скапо или не сакаше да ги трошиш твоите родители. Знам дека си скромна и дека не бараш, но јас тебе те чувствувам како своја и сакам да имаш што ти се допаѓа, без оглед на цената или ситуацијата.
    Се надевам изненадувањето ти се допадна и израдува. Упс, заборавив...па зарем мислиш моите изненадувања завршуваат тука?
    Како што напоменав, ова е потрага по вистината. Она што би сакала да го дознаеш и кое сакам да ти го кажам се наоѓа на друго место. Оди доле и види што те очекува таму.


    Заедно со овој текст одеше една ташна, која претходно ја бев бендисала, но не ни претпоставив дека баш таа се крие внатре.

    Последното изненадување беше едно новогодишно пакетче со писмо кое предупредува - Пред да го отвориш пакетот, би сакал да напоменам дека во него се крие Потрага по вистината. Размисли и кажи дали сакаш да го отвориш пакетот.
    Со блескави очиња кажав Да. И почнав да вадам се` што сум спомнала последниов месец - Милка, Тоблероне, Дорина, ролери, омилениот тортиља чипс од Веро, Патос, смоки, Харибо бонбони и уште еден куп работи, кои со душа чекав да ги смачкам. :evil:

    Последните два листа толку полека ги читав, впивајќи го секој збор, зашто тој ретко се изразува на хартија.

    Се` започна од едно Здраво на интернет, подоцна премина во другарство, ми влезе потајно во срцето, никогаш не помислив дека баш на овој начин ќе ми станеш толку мила и дека толку многу ќе те засакам, што ќе правам доста глупости. Но за жал не ми беше возвратено.
    Живеев со надеж дека еден ден и ти ќе го почувствуваш истото и пак ќе се сретнеме. Дојде денот кога се видовме, ја дочекав твојата прегратка со иста радост како ти мојата. Таа вечер беше неверојатна, срцето ми се наполни, за миг помислив ќе те имам засекогаш, но тоа исчезна.
    Никогаш не се откажав од тебе. Бев со една, со друга
    (си реков ако спомне трета, ќе лета низ прозор :D ), но секогаш бев со тебе и имав надеж.
    Се случија многу работи, дознав дека се гледаш со друг, помислив што има тој што јас немам? Заклучив дека едноставно не ме сакаш, се повлеков, но не се откажав од мислата дека еден ден ќе си моја.
    Поминав низ тежок период, низ се` и сешто, но еден ден дојдов кај тебе и без да мислам и да ги знам последиците, те прашав нешто за кое претходно немав храброст - Дали ќе ми дадеш шанса? Кога од твојата уста испадна Да, бев најсреќен човек, зашто добив шанса кај девојката по која патев. Правев многу работи за да ти ја докажам љубовта, но истовремено знаев дека нема да ми биде возвратена на начин на кој замислував.

    ...
    Ова е Вистината и со ова сакам да ти кажам дека јас и ти сме нешто кое го нема во секојдневниот живот. Те сакам поради многу работи и ќе те сакам. Вистината е дека без разлика колку и да болат некои работи, мене ме крева помислата на убавите спомени со тебе.
    Ова е мојот Новогодишен подарок за тебе. Се надевам дека додека ги отвораше подароците и ги читаше писмата, се чувствуваше среќно и исполнето. Ако е така, јас ќе бидам најсреќен, иако според тебе, ти создавам само нервози и тага.


    Што е тажното во целава приказна? Претходната вечер морав да му признаам дека чувствата не ми се толку интензивни и како последица на караницата, го напнав да му ги вратам сите негови работи, бидејќи нема потреба да бидат кај мене. Се изнавикав, не се обидов да најдам решение на проблемот низ разговор, а кого го прашав зошто направил толку голем гест по така ништожно однесување од моја страна, одговори само дека го мотивирав да ме придобие, да направи пак да го сакам исто. Призна дека земал слободни денови од работа, само за да шета и да го најде вистинскиот подарок. И тоа го правел седум дена, наместо тој одмор да го искористи за свои потреби. Одбира да го гледа доброто во мене, кое јас не го гледам и буквално се бори да ме задржи, наместо да избега ко бесно куче. Велам дека мора да сум направила големо дело во претходниот живот, зашто во овој со сигурност не сум.

    Чувајте си ги саканите, не ги земајте здраво за готово и потсетувајте се колку сте среќни што сте дел од нивниот живот. Докажувајте, не се штедете и пазете на зборовите. Ако сте благословени како мене, не ја предизвикувајте среќата.
     
    На Scar.Tissue, 1209, Edie.S и 33 други им се допаѓа ова.
  5. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    [​IMG]
     
    На Adi888, Elennaa, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  6. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Хммм....незнам дали да се радувам или да плачам?
    Отидов во сендвичара со дечко ми која патем има само 2 масички,и кого ке видам таму................бившиот!
    Зарем мораше да се видиме после толку време и тоа во сендвичара од 10 м2 и 2 масички.
    Ете тоа е или среќа или баксуз,трето нема.Среќа не го видов пред да седнам на столчето,туку кога седнав,и дури успеав да му свртам грб демек да не ме види,иако верувам дека ме видел на влегување.Мојата најголема љубов.Среќа дечко ми не го препозна ,инаку ќе му преседнеше тостот. Приметив дека цело време ме погледнуваше скришум. И на крај да е повозбудливо,кога си појдовме дечко ми ми побара запалка да запалиме цигари на заминување,а во оваа моја чанта вреќа никогаш не можеш да го најдеш она што ти треба,да пукнеш од мака.И мојот со сета љубезност,со осмех од уста до уши му побара запалка на кој друг ако не на бившиот.Така со сласт пушев цигара потпалена од бившиот,а подарена од сегашниот.Затоа сега емоциите ми се испреплетени како цревца.
    Во поглупава ситуација,здравје,а кога помислам на тие слатки очиња,ааааааааааах што е живот???????
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Кога денот и ноќта ќе ти се спојат, и маглата, што некако стигна и кај мојот прозорец, полека ќе ти навлезе во душата и во телото, немаш многу работи за правење. Навистина немаш. Мозокот ми стои закочен, а работи побрзо од кога било; ја сеќавам сенката како се вовлекува длабоко во мене, ми го парализира телото, ми праќа струи во раката, ми ја затресува ногата. Тахикардијата што ја чувствувам во моменти на сецнување, ми дава до знаење дека сум преживеала и дека сум тука.

    Прашањето е колку си жив.

    Оти жив човек се радува, се смее, јаде, пие, комуницира, спие, станува од кревет. Живиот човек живее. А преживеан, како мене, има сила само да се влече наоколу, да ги замара сите, да зјапа во точка од таванот, да го помине денот во еден ќош, со затворени венецијанки и темнина која никако не може да ја долови онаа во душата моја... ако некој ме чепне, ме подбуцне, можам и да збеснам, да касам како некое рането животинче, да се борам до последен момент да ме остават сама.

    Ме бараат, им требам, јас си требам на самата себеси, а ме нема, за никаде сум, не знам кај сум. Времето никако не минува, секоја секунда трае вечност, а сепак нема доволно време да се натерам да станам - денот поминал кога се свестувам. А има ли поента да ја живееш ноќта, која и онака е полна со тага, кога ни денот не си го избуткал? Нема. И тука дигам раце, и бдеам до мугрите, додека очите не ми станат жар црвени, и додека не ги исплачам сите солзи на светот, додека сета тага не стане индиферентност и додека сета индиферентност не премине во умор, да ме совлада и да ме кутне, додека не ме разбуди некој глупав страв преправен во кошмар.

    И посакувам, да ме однесат далеку, далеку од овде, да ме успијат, да ме остават да се одморам, затоа што јас не знам веќе што е тоа добар сон. Сакам да спијам, додека не помине, да избегам и јас. Најлесно е за тој што бега, што правиме со тој што останал? Првпат посакав да не сум овде, да не сум јас таа што мине низ ова, да ме нема, да не постојам веќе, оти не можам, не можам да поминам преку ова. Барем не сега. Барем не толку брзо.

    Кога утре ќе се смени годината, и баксузната 13ка ќе премине во 14ка, знам дека ќе плачам. Каде и да сум. Ќе плачам за мене, за мајка ми што деновиве плаче со мене. Ќе плачам оти душата ми плаче, и ќе ми биде гајле кој ме гледа. И денот по НГ, и тој по тој ден, ќе си ја носам тагата со мене како дел од мене. Можеби и другар ми беше во право, асоцијација сум за депресија. Плачењето најверојатно е за слабаци, не знам, можеби и е, и ако тоа ме прави слабак, нека. 20 години бев и повеќе од јака, но некои работи едноставно.... не сомелуваат, не прават поситни и од прашинка. И човек мора да ги исплаче за да поминат.
     
    На mari91, LittlePinky, anuskaNESTLE и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Ах...редно е да се напишат неколку збора во последниот ден од годината. Еве ко ноќна птица,пак последниот пост ќе го пишам сега и ќе е измешан со ноќни мисли,love songs и чај :) Да,да,цела година не настинав,баш за утре,ама тоа е,пак ќе славам :) Знам не бев активна многу,но толку многу работи ми се случија,при тоа негативни,што не сакав да ширам таква енергија. И нема да зборувам многу за нив, не вреди. Имаше и убави,но сепак...она што е негативно боли повеќе.

    Не секогаш животот не води онаму каде што сакаме,не секогаш Бог ни ги дава работите што ги сакаме,и обично тоа е за подобро,но барем и да дава повеќе сила за да преминеме преку тоа...
    Го поминав овој период некако,не беше лесно,но со помош на прекрасни луѓе и безброј непроспиени ноќи,зафатеност околу надоградување,некако поминува...Можеби не се излечило срцето целосно,но можам да кажам дека добро се носеше со работите и дека е многу подобро,дури можеби и послободно и посреќно од кога беше во оние окови на таа лажна љубов. Сфатив многу работи, научив повеќе за луѓето, изгубив секаква верба во машкиот род, научив да се сакам повеќе себе си и да знам што да очекувам, можеби треба да се учам уште за контрола над работите, ама после се не е ни тоа лесно, но сепак ќе се потрудам. И не сакам да зборувам за она што ме повредило, туку за она што останало како лекција. И на друго поле не испаднаа работите како што сакав, но тоа не ме запре, туку ме тера да пробам повторно, да се потрудам, да не се откажам. Можеби и другите работи ми влијаеа, па изгубив контрола над се. Но сепак ќе се трудам за да ги средам работите.

    Позитивните беа исто така добри. Ја добив слободата назад, го добив своето јас назад. Она што било или сум се надевала дека било ние, веќе го избришав. И никогаш повеќе нема да го има. Јас повеќе добив. Барем не сум со некој поради секс или корист, туку ќе бидам поради искрена обострана љубов.
    Има уште работи што сум ги пропуштила и треба да се научам, но и тоа ќе биди.

    Другото добро е што се зближивме повеќе и со моите, добив повеќе и поддршка, помош, охрабрување, љубов и среќна сум за тие работи, среќна сум што ги имам :l: Тоа е онаа најдобрата љубов, што без разлика на се ќе остани.

    Да не ја заборавам и онаа пријателската, искрената, од доста луѓе кои ми беа потпора и сила кога ми требаше и тоа го ценам. Тие луѓе никогаш нема да ги заборавам. И оние што скоро ги запознав, а станаа дел од мене, оние што ме кренаа на нозе и што ме направија да се смеам и кога ми беше најтешко, тие што ме бодреа кога јас немав сила,тие што ме кренаа кога паѓав... Му благодарам на Господ што ми ги дал и што ги ставил во мојот живот. И блгодарам што постојат и се покрај мене :l:

    Благодарам и за силата што ми ја даде Господ да ги средам сите работи и да добијам лиценца, која знам дека ќе ми послужи и ќе се потрудам да го оправдам она што го очекуваа од мене,и пријатели и непријатели, а и ако можам и да се надоградувам, ќе дадам се од себе. Бидејќи сакам она што ќе го дадам да можи да им помогни на другите :)

    Благодарам и за едно суштество прекасно, мило и невино што ни се приклучи во семејството, што си го сакам како дел од семејството и ме радува исто колку и другите. Иако требаше да растрчувам по него и секако да му помагам да расти, вредеше. Кученцето најсакано, кое исто ќе ми остани верен пријател. Уште сега ме пречекува секоја вечер кога сум излезена и се радува со мене. Сонце :l:

    На крај сепак можам да заклучам дека и со ова што го имам сум среќна и покрај негативните работи, кои со вакви личности покрај себе е многу полесно да ги надминам. А она што е мое ќе си дојди, се ќе се намести на своето место.

    Ви посакувам утре и за празниците убаво и весело да си помините, бидете среќни и гледајте вас да ви е убаво и да имате спомени од тие ноќи, а не само прокоцкани мигови, развеселете се и потоа да имате што да раскажувате :) :party: Па потоа ќе си честитаме и за Новата 2014. Да ја испратиме прво убаво и оваа 2013, бидејќи колку лоша толку и добра беше, барем ако ништо друго научив некои лекции кои ќе вредат во животот.
     
    На Hipster, anuskaNESTLE, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Doozy!

     
    На Adi888, zhap4e и Doozy им се допаѓа ова.
  10. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Добро утро :)
    Последно утро за оваа 2013та година.

    Во главава си направив мал преглед за цела година...
    Се на се убава година беше. Имаше успони и падови, смеа и по некоја солзичка, а најдраги ми беа последните солзи радосници пролеани од се срце. :D
    Што би си посакала за новата 2014 година :?: многумина ме запрашале..
    Што ако не здравје, тоа е на прво место. Aко го имаме него се друго е полесно остварливо.. За мене и за лугето кои ми значат...
    Знам дека во 2014 ме очекува посебниот ден во мојот живот, се решив и јас да стапнам на лудиот камен.. :rofl:
    Среќна сум, така ќе ја испратам старата ,а ќе ја дочекам новата година.

    Ви посакувам на сите среќна и успешна нова година , многу здравје , среќа , љубов , и секако малку повеќе парички не би дошле на одмет.
    [​IMG]
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    6.733
    Пол:
    Женски
    Колку брзо летна годинава, скоро не ја ни осетив кога отиде. Во глобала супер година за мене, на сите полиња. Кога ќе се соберат добрите и лошите работи сепак преовладуваат добрите.
    За нареднава би си посакала здравје за мене и за моите блиски, и добра година барем колку оваа што измина.

    На Вас феминки ви посакувам се најубаво и да ни е среќна новава година. :*
     
  12. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Го гледа татко ми како се движи низ кујната и се убивам во смеење - не му е денот погоден... :D
    Се разбудив и бидејќи сум спиела со отворена уста, ме болеше грлото. Му реков на татко ми да свари чај. Но, чај немаше. Татко ми отиде да купи. Се врати и го свари чајот. НО, кога сакаше да земе мед, му падна целата тегла и се скрши...Се обиде да исчисти, но и тука се случи една мала незгода: со ногата стапна на медот, па го разнесе низ целата соба...А тоа значи: ПОВЕЌЕ ЧИСТЕЊЕ. Еве, сега само што заврши со чистењето...И сега нервозно седна на фотељата, го вклучи телевизорот и запали цигара. Онака, од мака. :D

    Инаку, конечно 31-ви декември! ;)
     
    На leighton23, LittlePinky и Mahidevranfan им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.851
    Допаѓања:
    142.472
    Оваа година сакам еден куп желби да ми се остварат, Дедо Мраз. Сакам дома моите да се здрави, сите, да се среќни, да најдат мир, да немаат тешки денови. Да им оди се како подмачкано.
    Сакам дечко ми да сфати дека животот е убав и дека е најсреќниот човек кој го познава. Сакам да го сакам исто силно како и сега. Сакам да не се нервира за глупости и да ужива во животот.
    Сакам другарка ми да не ја направи најголемата грешка и да се потцени. Сакам да сфати која е и дека не треба времето да го троши на некој кој не ја прави среќна.
    Сакам другите другарки да ми се омажат :) Оти знам дека го сакаат тоа и дека сакаат да имаат деца.
    Сакам колегиве тука да имаат лесна работа, да немаат никакви проблеми на работа и секогаш да си одат во 4 и пол. Да не остануваат со саати покасно, туку да си ги сакаат дома жените и децата, наместо за без пари да даваат се од себе на работа.
    Сакам едно малечко девојче да биде среќно 24/7. Ниту еднаш да не се расплаче и да не биде тажна.
    Сакам феминките да престанат да се мразат и да бидат лицемерни, а твитерџиите да прекинат да ги мразат сите на светов и да бидат самобендисани. Сакам фејсбуковците да прекинат да ставаат слики со напрчени муцки и да се тагираат на секое јадење марула во Тренд, туку да ставаат слики од моменти кои вреди да се запомнат и да бидат среќни кога ќе ги вртат.
    Сакам сите да имаат се, плус ова шти јас им го посакав.
    А мене што ке ми даде Бог, доволно ми е. Он подобро знае од мене што ми треба.
     
    На iloveyou29, Trnche, Elennaa и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Чудно е тоа колку брзо поминуваат годиниве. За мене 2013 па и не беше баксузна.Се случија убави работи,доста убави :) Ама во 2014 посакувам да се случи нешто што долго време го сакам...
    Како и да е феминки убаво пречекајте си ја новата година. И во новата 2014 имајте многу здравје,среќа и успех :)
     
    На Mahidevranfan му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Нека новата 2014 година биде посебна.Нека ви донесе здравије, среќа, љубов, многу пари.Вашите најголеми желби нека ви се усполнат.Нека вашите срца бидат отворени, сочувствителни добродателни,меки ко памук.Немојте да дозволите да ве совлада мислата , дека светот е суров и вие не можете да го тоа да го промените.Знајте , луѓето копираат , па така вие бидете добри,и некој со сигурност ќе посака да биде како вас.
    А за себе не знам што да посакам, освен едно, нека Бог ги слушне моите молитви.

    Дедо Мраз нека ни донесе подароци на сите.Но штом вреќата остане празна нека ја наполни со алхохолот, дрогата,цигарите, со сите лоши работи и нека ја однесе на место недостапно за човекот и вечно нека остане таму.


    Имајте весела новогодишна ноќ.Без пијанства, оти алкохолот е најголемиот лажго.
     
    На Annath, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  16. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Вчера имавме мал натпревар на балет...секој требаше да смисли кореографија..Бев изненадена кога 8 годишни деца ја играа оваа песна http://www.youtube.com/watch?v=E--LtLPiz-M :^) .И САМИ ја смислиле кореографијата.Беа чудесно прекрасни,се посрамивме ние со нашава песна,наредна година одиме со подобра песна :rock: .Ама сепак си добивме 3 место и сме proud of it ,но сепак бевме посрамени :tmi: .Инаку и јас се чудам колку брзо помина годинава..прилично не беше лесна,полна со лоши изненадувања.Се надевам дека оваа година ке биде добра бидејки не сакам истиве глупости пак да се случуваат.Ви посакувам на сите Среќна Нова година!!И убаво да си поминете вечер...се читкаме :*
     

    Прикачени фајлови:

    • large.jpg
      large.jpg
      Големина на фајлот:
      32,5 KB
      Прегледи:
      281
    На Mahidevranfan му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    236
    Ова е последен ден од 2013 година
    убаво да се поминете вечерва и убаво да ви заврши годиниава и уште поубаво да ви почне :)
    ве сакам многу :*
     
    На Elennaa, Someonespecial, leighton23 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Дојде и 365-тиот ден од 2013 8) Колку брзо си летна годинава :tmi: Ко вчера да бевме Божиќ, а вечерта мене ми се падна паричката :angel: Годинава ми измина прекрасно, и покрај тоа што 13 се смета за бакзуз, изгледа паричката ми донесе среќа, годинава прв пат се падна кај мене 8)
    Среќна нова година, вечерва да си ја поминете најубаво. Новата година нека ви донесе повеќе среќа и успех од изминатава! :$
    Другото само се ќе се дојде :D
    [​IMG]
    Пристигна време да свтриме нов лист и да почнеме да ја пишуваме 2014! :)
     
    На Dog-lover, Elennaa, Divinebutterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.869
    Пол:
    Женски
    Така како малце потресена само што отворив очи ко кој знае што ден да е денес.

    [​IMG]


    Ви посакувам прекрасен помин на најлудата ноќ во 2013 година и уште попрекрасна 2014 година.
    Јас отидов да ги мерам дневниве журки по Скопјенцево и да ја започнам забавата како што е редот што порано тоа подобро. :lol: :lol:
     
    На summer-lover, julie77, sweet-cherry и 8 други им се допаѓа ова.
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    36.134
    Пол:
    Женски
    Последниот ден од оваа 2013 год.
    За некои среќна,за некои не толку,но сепак сите ќе ја паметиме по нешто.
    Ви посакувам добар помин вечер каде и да сте,опуштени и расположени со тие што се покрај вас.
    И повеќе успех на сите полиња во Новата 2014 :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.