1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    И 2013 полека си ги пакува куферите и не напушта. Ќе ја паметам само по убави работи, ме научи многу, ми донесе многу, навистина беше прекрасна. Се надевам дека ќе ја испратам на убав начин како и што ја дочекав. На сите вас ви посакувам да ја испратите со насмевка. Не мислете на лошите работи, бидете позитивни, уживајте во последниот ден од оваа година. Да си посакаме повеќе среќа и повеќе насмевки во новата година. :)

    [​IMG]
     
    На iloveyou29, bittersweet, sweet-cherry и 7 други им се допаѓа ова.
  2. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Каде отиде разумноста? :?:

    Ако знае некој нека ми каже, имам неколку лица во близина на кои сакам деновиве да им изигравам Дедо Мраз, па да им поделам малку за да имаат во новава година.
     
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.770
    Пол:
    Женски
    И така... местејќи ги најновите украси и чекајќи ги кифличките, дојдов и јас да пишам нешто во мојата омилена тема, ред е нели, пошто нареден пат ќе се читаме догодина. :D

    Иначе, можеби малку чудно ќе звучи за мојата возраст, ама не сум од тие што многу се потресуваат со тоа каде ќе слават Нова година и што ќе облечат. Најважно ми е да сум во пријатно друштво, со најблиските луѓенца, убава атмосфера и новогодишни филмчиња - милина... А и секако, фактот што можеш оправдано да си се најадеш, еве уште сега си се спремам за руската салата... :D

    Како и да е, ви посакувам на сите прекрасни празнични денови. Препуштете се сите на малите убави нешта, на радоста и почувствувајте ја еуфоријата што ја носи самиот период. :sun:
    Не треба многу... само звуците на некоја новогодишна песна, разнежнувањето што го предизвикува старо божиќно филмче, протресувањето на снежна кугла... Мене ми се доволни овие ситници, а истото ви посакувам и на сите вас - да ја почувствувате еуфоријата на најубав можен начин. ^_^
    Каде и да сте, распејте се, развеселете се вечер со своите најдраги и уживајте на ваш начин. :party:

    Најважно од се - влезете во новата година со широка насмевка, а сите лоши моменти оставете ги да одат заедно со старата. На сите ви посакувам 2014 да ви ги претвори сите соништа и планови во стварност. Здравјето и среќата да ве следат секој ден, љубовта да се насели во вашите срца, а успесите нека бидат ваш секојдневен сопатник. :hug:

    Tomorrow, is the first blank page of a 365 page book. Write a good one.
    Среќна Нова 2014 драги мои феминки и феминци! :d:

    [​IMG]
     
    На Hipster, Lella, iloveyou29 и 16 други им се допаѓа ова.
  4. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Уф ама еуфорично ми започна денот денес.Се разбудив со болки во рацете и нозете,во главата а и грлото ми е ужас.Не сум ич наспиена :x
    Денес Вторник,ми изгледа како обичен ден,натинг спешал :D .Се надевам вечер ќе биде подобро!!!
    Па ајде девојки среќни празници и убав помин вечерва :dance: :l:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Loly77

    Loly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    113
    Меѓу сите обврски што магично испаѓаат на последниов ден од годинава, да најдам неколку минути за фемина па повторно ке продолжам со нив :D Ама ако, слатки маки се ова денес. Ја средувам куќава па вечер кај мене ќе биде забавата :party:
    Инаку малку и жал ми е што ќе заврши оваа година, прекрасна беше. Ќе ја завршам слично и како што ја започнав, со луѓе кои ми се драги и со некој што многу го сакам :$ 2013 беше првата година што ја започнав со него и утрото кога еуфоријата полека завршуваше, кога сите се смирија од лудување, кога сè стана тивко се почувствував смирено, заштитено, среќно. И единствена желба ми беше и наредната година да биде така. Веројатно и оваа година ќе го посакам истото. Не ми треба ништо друго. :)
     
  6. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    4.656
    Пол:
    Женски
    СДК се надевам во новата год ќе бидеме повеќе заедно ... и ќе се сакаме уште повеќе .... се надевам дека ти ќе бидеш тој кој ќе биде мојот животен партнер !

    СДК денов ми е како и сите други ама ај за блиските ќе глумам малку еуфорија!
     
  7. Andemona

    Andemona Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    2.500
    Пол:
    Женски
    :* :inlove: :* :inlove: Им се заблагодарувам на сите оние кои дојдоа во мојот живот и на оние кои од него заминаа.На оние со кои се смеев по цели денови, ама и на оние по кои плачев. Ќе заборавам на сите навреди,лажни пријатели и други промашуања. На крајот им се заблагодарувам на сите кои ми помогнаа да ги преживим најтешките и најтажните моменти и истите ги направија најдобри.Ќе се сеќавам на сите радосни моменти,Ќе се свртам последен пат и ќе ги избројам грешките кои ги направив, ама и работите за кои се борев.Ќе се потрудам и последната минута од оваа година да направам некого насмеан.. :inlove: :* :inlove: :*
     
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    13.648
    Пол:
    Женски
    Disam ljubov. Disam sreka. Mnogu sreka. Oblaci I magla ne gledam. Neka potrae.
     
    На Hipster, Annath, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    Колку е прекрасно кога ке излезеш од прагот на домот, а окулу тебе насмеани и разбрзани лица се апремаат за новата година... Помалите поминиваат насмеани, дедо мраз да им додели пакетчиња.. Новогодишните светулки накитени насекаде, се чека вечерниот час.. А јас? Единствено јас ли не ја чувствувам новата година? О овој ден барем за мене е како и сите денови во годината.. Ке дојде и ке помине толку брзо што воопшто нема да биде магичен како што сите го очекуваат.. Не е потребен еден ден да си поминеш одлично да се.собереш со другарите и да заиграш барем за мене... Но добро овие дечиња малку ми пробудиа некое поеуфорично чувство навистина беа прекрасни :)
     
  10. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    499
    Пол:
    Женски
    СДК колку ми се интересни луѓево, абе се испотепаа за календар :rofl: :rofl:
    Да не беа календарите можеби немаше да пазарат за НГ


    Феминки убаво да си поминете вечерва и имајте убави, весели празници
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.616
    ... смири се, утре се` ќе биде по старо.
    Нештата нема да се сменат преку ноќ. Ќе се разбудиме само еден ден постари, со стари сметки, неплатени долгови, плати што доцнат, истите грижи и обврски кои, за жал, не можат магично да испарат во една вечер.

    Со некоја кифличка и салата повеќе во стомакот, со сарма за ручек, некој мамурен, некој ококорен уште со петлите да го гледа омилениот новогодишен цртан... :lol:

    Па тогаш зошто оваа ноќ е толку исчекувана, иако сите повторуваме дека е иста како и секоја обична друга?

    Затоа што со себе носи надеж.
    За подобро утре, желби кои сакаме да ни се исполнат, нови планови и одлуки.
    Затоа што и покрај возраста, длабоко во себе сите потајно ја очекуваме и веруваме во Новата година.

    Да си посакаме само здравје и многу Љубов.
    Тие две работи ќе се погрижат за сите останати.
    Ви посакувам магична новогодишна ноќ...

    :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    На mal.ecka, eloves, Lella и 52 други им се допаѓа ова.
  12. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.090
    Допаѓања:
    44.400
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека очекував снег за вечерва,ама нема, да му се невиди...Ај,ќе си биде пак забавно и без снег,музиката посекако е тука :) ...Ви ја честитам на сите Нова Година,имајте многу здравје,среќа и љубов во следнава година! :)
     
  13. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Да сумирам, годинава беше...... онака. Повеќе падови отколку подеми, повеќе депресија отколку среќа и ентузијазам. Но, што е тука е! Се надевам дека 2014 ќе биде подобра. Баба ми секогаш велеше дека треба да бидам јасна и да ги дефинирам работите на начин на кој сите ќе ме разберат, па така покрај стандардните среќа и здравје, јас имам една желба(да заминам од Македонија) и ќе направам се` за да ја реализирам.''Скромна сум.'' :D Па, од утре почнувам. Нов почеток. Ќе пробам да бидам подобра личност. Или се лажам себе си. Секоја година го правам истото. Секоја година се будам со големи очекувања и надежи, а останувам со разочарувања од сите нереализирани нешта. И кога ќе се свртам, сфаќам дека се останало исто, ако не и полошо. Но надежта е она што го движи човекот, па веројатно е нормално што го имам овој 'ритуал' за планирање на новиот почеток, за станувањето подобра личност, променувањето на лошите навики во добри, намалувањето на килограмите и сите останати гупости. Но годинава ова ќе го скокнам. Ете не правам никакви планови. Ќе оставам работите да се случуваат.

    Феминки, јас ви посакувам се најдобро во годината што следи. Среќа, насмевки, мигови исполнети со радост, здравје и многу успеси! :)

    [​IMG]
     
  14. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    ..А, дојдов и јас да Ви пишам нешто за 2013, покусо да не останам де. :wasntme:
    Главата тапанче ми се направи - „дојде и последниот ден од 2013, заборавете на сите грижи...“. Се шегувам, не ме нервира никој што напишал такво нешто, кога знам дека го посакал од се` срце и не било ради реда. Нели е глупаво да напишеш такво нешто а, всушност да не го посакуваш ? -„Ај, ќе напишам овде да ме сметаат за добар и примерен“ или не знам што..
    Туку, не дојдов овде за ова да зборувам..
    Еве, ни пристигна Новата година. Сите се среќни, радосни, го „слават“ последниот ден од оваа година и со полн куфер со желби и надеж, патуваат кон наредната година.
    Преку целата година да имате здравје, среќа и љубов а, не заборавајте и на надежта. Исто Ви посакувам сите желби кои сте ги замислувале долго време во минатата година, вечерва кога ќе се спојат сказалките на часовникот да Ви се исполнат. ^_^ Ова прво, другото само по себе ќе си дојде. :D
    Ова искрено Ви го посакува едно дете.. Како на пример јас :D :l:
    И на крај да Ве поздравам :D
    „Да смо живи и здрави
    још година сто
    да је песме и вина
    и да нас чува Бог...“
    :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=oAEKtxAJnuY
    Вечерва поминете си најубаво каде и да сте! :hai:
     
    На Mahidevranfan, Dog-lover и richgirl998 им се допаѓа ова.
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Во новата година ќе влезам со полно срце љубов но празно надеж :doh: . Ама верувам дека ситниците го прават животот среќен, па ќе се потрудам да се насмевнам на секоја од нив. :!: :)

    Драги виртуелни другарки, нека ви засјаат ѕвезди вечерва, нека ви исполнат желби и остварат соништа. Поминете ги празниците со полна душа убавини, ние ќе се читаме или не :lol: и од утре, ќе менуваме дата после секој полноќ, но ќе останеме исти кокошки :D , желни за внимание, љубов, гушкање и благо :rofl: Добро де, и по некое мрчење ќе паѓа :D

    Среќна Нова Година! И залејте по нешто жестоко вечерва, подобро е да е повесело :D
     
    На Hipster, Annath, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.304
    Допаѓања:
    67.998
    Пол:
    Женски
    Со идиот не може да се расправаш. Ќе те спушти на свое ниво и ќе те победи со искуство.
    Па на крај ти ќе се чувствуваш ко идиот. Затоа човек треба да си ги избира битките.
    Нјесе, не е таков муабет за ваков ден. Не ја чувствувам еуфоријата се уште, ама кога ќе излеземе со другарките ќе си дојде и тоа. :rofl:
    Старава година ја зафркна работата на крајот, ама се надевам новата ќе ги оправи работите уште на почетокот.
    Бидете поздравени и помудри во новава година. :)
     
    На Trnche, bittersweet, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Само ова сакав да ви го кажам :) и ако случајно некој заврши на Токсико барајте ме во близина ке бидам...на работното место :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipster и richgirl998 им се допаѓа ова.
  18. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Уште една година замина, нова доаѓа.
    Како што кажа Трендафилка, утре повторно ќе се разбудиме со истите проблеми, исти надежи, исти желби. Желби и надеж за подобро утре. Некои се надеваат дека љубовта конечно ќе ги пронајде и нив, некои се надеваат дека баш во таа година ќе го добијат своето прво вработување, сите имаме различни желби, очекувања и сакаме различни нешта, но во едно сум сигурна, сите се андеваат дека новата година ќе биде подобра од старата.
    Па затоа девојки, не чекајте нештата сами да ви дојдат, земете ги работите во свои раце, зграпчете го сонот без разлика колку општеството па дури и вселената ве обесхрабрува!
    Јас ви посакувам се најубаво во новата година, многу здравје, љубов и среќа, другото само ќе си дојди.
    Имајте прекрасна вечер девојки :* :hug:
    [​IMG]
     
    На Hipster, Annath, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    621
    Пол:
    Женски
    Сите сме родени како ѕвезди само треба да блеснеме во вистинско време!
    Нека биде тоа оваа 2014 година!
    Имајте убави мисли затоа што тоа им доликува на убави луѓе, и од внатре и од надвор!
    За подобро и посреќно утре феминки!
    Среќна Нова 2014 година! :*
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.635
    Допаѓања:
    185.327
    Пол:
    Женски
    Еуфорија = Зеро ... ама не ми беше тоа муабетот..
    Не мора да ја има за да биде убаво.. и онака ова е само уште една ноќ со алкохол... ништо посебно..
    После страшно многу турбуленции во животецов..конечно имав неколку мирни месеци за кои ми е страв да кажам на глас за да не се смени тоа истата минута..

    За новава година си посакувам да ми бидат стигнати двете закаснети плати коа ќе одам утре да проверам на банкомат..па барем за Божик да ми биде маааалце потежок новчаникот.. Малце повеќе среќа дома.. а и да најдам асална работа :)

    Бидете СРЕЌНИ, и онака на никој не му е гајле ако не сте. Среќна Ви Нова :hug:
     
    На bittersweet и QueenElena им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.