[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Пријатно 2013та,ќе те запамтам,да знаеш.

    Зачекорете во 2014та полни со љубов,среќа и надеж,а останатото само ќе си дојде.

    Памет во глава вечер каде и да сте и убаво да си поминете сите! :lol:

    https://www.youtube.com/watch?v=KnVEbHLtp6U

    Среќна Нова 2014-та! :hug:
     
    На lolitoo, axl-babe, QueenElena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Драги мои во новата година ви посакувам:12 месеци среќа, 52 недели забава, 365 дена успех, 8760 часови здравје, 52600 минути уживање, 3153600 секунди љубов.Среќата и здравјето да бидат наша сенка и постојани гости во нашите домови.Нека ни е среќна новата година :party: :rock: :dance: .
     
    На Hipster, Someonespecial, lolitoo и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    2014 make my dreams come true.

    Лани ова време баш со истава реченица на кавер си ја дочекав новата година. И да оваа година ми се оствари една животна желба, да ја посетам Италија и поради тоа и ќе ја памтам најмногу. Многу ми е тешко што во новава година влегувам со две другарства минус и што ќе ја дочекам без нив, туку со деца што се дел од моето секојдневие, но не и од мојот живот. Јас сум во принцип човек што тешко прифаќа нови луѓе и се разделува од старите. Не се надевам, а не ни сакам тоа во новава година да се смени. Сакам амо 2014 да го отргне овој немир кој како константно да го носам во себе, сакам да си ги исполнам желбите што не успеав, да си се направам себе си горда и максимално да си ја посветам оваа година на себе, а не како и секогаш што се ставам во втор план.
    Каде и да сте вечер, уживајте, лудувајте и не мислете на последиците, за нив има време од утре :D
     
    На bittersweet, Someonespecial, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Од што гледам многу за другите, за Нова Година ке поминам со луѓе кои 2% не ги поднесувам.
    Посебно онаа курва од другарка на дечко ми.. а и тој угхг :@ Значи не дај боже нешто пак да ми пререче.. Ке го избришам подот со неа. Доста беше ќутење на све и свашта. Па нема јас на Нова Година да се нервирам. Не за невредни луѓе. :!:

    Ке и ја преземам журката. ]:)
     
  5. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува колку брзо помина годинава, како да беше вчера кога ја славев 2013 . Денеска на моите им ги дадов подароците, на тато-чорапите :rofl: на бато пакетче, на мама ланче и обетки.. :lol: ама како што ме дал господ таква наглупичка на налепницата на пакетчето на брат ми сум му напишала Среќен Роденден ( :fubar: )****** сува лепото моја, те сака дада ти *** дудучка. :fubar: :D си се изнасмејавме сабајлечки и така. По улицава моја како во Авганистан да сум, можам да замислам како ќе е вечер.. |( и така.. да не должам многу, Ви посакувам оваа година да ви донесе многу среќа, здравје и успеси на секое поле... :*

    :hai: :l: !
     
    На Hipster, Someonespecial, lolitoo и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Тргнав да кажам дека 2013та беше најлошата година во мојот живот. Ама не сакам тоа да го кажам,затоа што во 2013 сфатив дека љубовта не е нешто што треба да се сфати здраво за готово како што дотогаш правев. Се учам да сакам,искрено,безрезервно,без безбедносна мрежа што ќе ме пречека ако нешто тргне на лошо. Научив дека имам до себе малку,меѓутоа многу блиски луѓе на кои треба да сум горда и да го ценам и да се радувам на секој момент со нив.
    Научив наместо да се плашам од смртта да го ценам животот. Научив дека нема ништо лошо во просечноста во некои работи. Дека совршенството кое навидум го создавав е всушност кревко и дека може лесно да распука. Научив дека не треба да собирам ниту да се приврзувам за титули,затоа што титулите лесно се губат. Да се борам,ама да не очекувам дека по секоја цена ќе победам,затоа што тоа е став на мало дете,а не на возрасна личност.

    Научив дека нема зошто да ги менувам луѓето кои ми причинуваат непријатност.Зошто би се согласувала со нив? Можам само да поработам да ги сменам моите негативни чувства кон другите.
    Научив да не собирам аплаузи и подршка од другите,важно е само она што мене ќе ме усреќи. Тука сум да ги исполнам своите очекувања,а не нечии туѓи. И во склоп на се ова научив дека секој човек има своја мисија на овој свет. Научив вистински да ги почитувам луѓето верници,што бараат помош,разбирање и подршка од верата. Човек мора да верува,без да очекува. Инаку ова секојдневие наше би било апсолутно празно. Животот не е само забава од денес за утре.

    Научив дека човек за да достигне среќа мора да работи на себе. Научив дека физичкиот изглед има огромно влијание за тоа колку успешни се сметаме. За жал. Ама јас се трудам да сум комплетна личност. И ако мене нешто ме прави среќна ќе се трудам да го остварам тоа,ако не нема.

    Научив дека одвреме навреме на секој му треба засолнување,за да се исчисти од `насобраните школки`. Kaко брод што плови по море и понекогаш се закотвува во слатка вода за да се удават насобраните школки и да се исчисти бродот од нечистотијата за да може мирно да плови.

    Оваа 2013 година ќе ја паметам по тоа што стекнав само еден пријател,но пријател што ми ги дал можеби едни од најдобрите совети во животот. Во новата година им посакувам среќа на сите мои блиски луѓе им посакувам здравје,успех и многу остварени желби.

    А,на себе си посакувам стабилен дом,си посакувам понекогаш јас да сум поткрепа на моите,понекогаш тие моја,посакувам многу вистински другарства,за кои двете страни ќе најдат време и нема да згаснат,си посакувам здравје што ќе ми овозможи максимална продуктивност,си посакувам многу научени нешта за себе и светот,,многу среќни и забавни моменти,многу патувања,посакувам да успеам со диетата и планот за вежбање,посакувам да најдам силна мотивација што ќе ме одведе до саканата професија. Посакувам на патот до саканата професија никој никогаш да не ме расколеба, да не ги гледам материјалните добра што би произлегле од неа,туку да најдам задоволство во таа наука и во работата што ќе ја имам подоцна.

    Во оваа нова година ветувам дека нема да има одложени обврски и дека нема да бидам инертен и пасивен набљудувач на светот. Туку дека ќе направам скромен придонес за себе и за околината.(Ова пак детето од мене зборува и мојот Петар Пан комплекс што се трудам да го потиснам :D )

    Среќна Нова 2014 и многу исполнети желби!
     
    На Trnche, Hipster, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  7. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Среќна нова 2014 година! :)
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Јас нема да пишувам предновогодишен пост полн со желби и очекувања за новата година, зошто бесцелно е да посакувам нешто магично да се смени преку ноќ. Нема да се смени се додека самите не направиме да се смени. Така што, нема да посакам ништо за новата година и воопшто за мојот живот, туку ќе се потрудам тоа што го сакам да го остварам, со свој труд и мака. Од желби фајде нема, тоа одамна го сфатив.

    Впрочем, Нова Година ништо не значи. Обичен премин кои многумина го доживуваат како да е којзнае што. Јас знам каде ќе бидам вечерва, не знам и немам планирано што ќе носам, ниту пак ќе се нашминкам поразлично од вообичаено, од причина што за мене оваа ноќ не е ништо поразлична од останатите. Одамна престанав да чувствувам еуфорија, наместо тоа сега чувствувам одбивност кон фамозната вечер и сакам само што поскоро да заврши.

    Годинава ја испраќам по ѓаволите заедно со тоа што се случи вчера, кое како да го чекаше токму крајот за да ме испрати со лошо, како што доликува. Мора да се запази редот од претходните години, мора нешто да ме дотолчи пред крајот на секоја година. Мразам Нова Година, мразам исфорсирани прослави, елки, светки, лампиони и остали срања. Сакам се' да е нормално, како што е во другите денови од годината и не се притресувам ама баш за ништо.

    Посакувам убав, среќен и мирен живот и работам да го остварам тоа, било Нова Година или не. Не чекам да ми падне нешто од небо, ниту пак ми е гајле ако некој чека нешто од мене.

    За некого можеби песимистички настроен пост, но за мене реалност. Немам невозможни и празни очекувања и не сакам никој да ги има истите од мене. Живеам за себе, не за другите.

    Останете ми со здравје и мир, зошто ако тоа го имаме, се' друго можеме сами да создадеме :)
     
    На Hipster, senza.parole, Mama25 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Oпопооо абе надвор сите се расфрлале петардии, аман ! Да му е страв на човек да излезе надвор. Аман бре 3 саатот е, до вечер ехее уште колу време има. Стварно се досади со петардиве, по живци ми одат. Пак ќе кажам, 21 век сме алоо, фрлете си бомба ко човек.
    Иии уште нешто, вечер кај и да сте најубаво да си помиете и камен да се напраите, ич не мислете му ја :lol:
    [​IMG] :lol:
     
    На tinka-mace, Veki4kaa, Dog-lover и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Оваа година ја почнав пијано и среќно,се надевам дека тоа ме очекува и за следнава.Како и поголем дел,2013 година ми беше една од најмизерните и најболните години,имаше тук таму некој среќен момент,ама без споредба.
    Посакувам среќа и љубов во следната година,не премногу само доволно,онака за опстанок.
    Посакувам здравје да имаме сите,бидејќи тоа е најбитното.
    Се надевам на поголема зрелост и мудрост и помалку зборување а повеќе дејствување.
    Ви посакувам на сите најубаво да си поминете вечерва,напрајте се камен,еднаш се живее. :lol:

    Се надевам догодина уште поинтензивно ќе се дружиме овде,без препирки и кавги,со интересни дискусии и многу смеа.

    Среќна Нова,драги мои :*
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Немам чувство дека вечерва се чека Новата Година.
    Сериозно пред 2 недели бев повозбудена отколку сега. :?:

    Нема да пишувам реферати и лигави пораки само од срце ќе ви посакам прво преубаво да си ја поминете вечерва со најмилите и најблиските, и секој ден од новата година да ви биде исполнет со радост, среќа, љубов и најзадолжително здравје :)

    Бидете вака паметни, убави и среќни и во 2014та и се поактивни :D :D :* :*
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Перон тринаесет
    возот го заврши своето патување.
    Ми остави траги.

    Куферот со соништа,желбите,надежта,
    сета тага,среќа и спомени,малку простор за се она што доаѓа
    и бојата на вашите очи
    продолжуваме.
    Четрнаесет.

    Во гужвата од лица пропознај го неговото.
    Препознај го по себе.
    Превртете го својот песочен часовник.

    Ви посакувам љубов.
     
    На kala21, Someonespecial, Espadrila и 20 други им се допаѓа ова.
  13. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Колку брзо летна годинава, не ми се верува. Како вчера да беше кога со братучедите седевме до 3 часот :D ... Овие пак со петардиве од ум ме вадат, ма како од ум, од мозок |(
    Пау пау пау пау пау ... ве знаат бе вас дома шо праите? Магариња едни. Жими све ќе појдам ќе купам петарда и низ прозор ќе им ја фрлам ]:) . Па да ти е страв низ маало да поминиш!

    Ау заборајв да ви се пофалам дека си добив Милка новогодишно пакетче ДААА! Од тета! Абе најмногу си ја сакам :* иако до пред неколку часа ја карав ( во себе ) дека не ми даде нишо :rofl:
    Среќна, најсреќна суум!

    Имајте најубав помин вечер сите кои ќе славите со домашните,другарките итн.
    Нека следната година ни донесе многу радост, насмевки насекаде, многу луди и незаборавни моменти! :party:
    Среќна нова 2014 година! :wasntme:
    :hug: ^_^ :dance:
     
    На Someonespecial, Dog-lover, lolitoo и 4 други им се допаѓа ова.
  14. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Ви посакувам на сите прекрасна вечер каде и да сте убаво да си поминете и се најубаво во новата 2014 година. Ве сака Snow White 8 :inlove:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  15. an4ii

    an4ii Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
  16. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Последниот ден од 2013,што друго да ви посакам драги феминки,освен многу здравје во новава 2014 година бидејќи тоа е најважно,голема среќа,успеси на секое поле,секој да го добие тоа што го сонува/го посакува.
    Бидете весели и оваа година,бидете на Фемина и во новата година да се дружиме,да си разменуваме мислења и да си помагаме.Мило ми е што постоите во мојот живот,иако не ве знам,мило ми е што сум на фемина. Среќна нова,имајте прекрасна вечер,блескајте од среќа. :* :* :*
    Да наздравиме ова,пред време. :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Dog-lover, Elennaa, Ivy18 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Им се заблагодарувам на сите оние кои дојдоа во мојот живот и на оние кои од него заминаа.На оние со кои се смеев по цели денови, ама и на оние по кои плачев. Ќе заборавам на сите навреди,лажни пријатели и други промашуања. На крајот им се заблагодарувам на сите кои ми помогнаа да ги преживим најтешките и најтажните моменти и истите ги направија најдобри.
    Ќе се сеќавам на сите радосни моменти,Ќе се свртам последен пат и ќе ги избројам грешките кои ги направив, ама и работите за кои се борев.
    Ќе се потрудам и последната минута од оваа година да направам некого насмеан..
     
    На Handy, something.nice, love93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Yeeeeees! Братучед ми ќе биде со нас вечерва! :rofl: (во моментот изгледам како смајлито, само што не сум ќелава)
     
  19. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Јас нема многу да должам и ќе кажам само среќна Нова Година, драги мои!!
    Ви посакувам многу љубов, здравје, успех и се што ќе посакате! Имајте убава вечер, а ако е можно, утре во темата за Виена, може ќе ви пуштам и некоја слика како било вечерва овде! Ве обожавам сите до еден, и заслужувате добри работи да ви се случат во новата 2014-та година! Поздрав и среќни празници! :hug:
    [​IMG]
     
    На iloveyou29, QueenElena, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Ivy18

    Ivy18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    76
    Феминки ви посакувам Среќна Нова Година и се најубаво во неа, кај и да одите вечерва да си помините незаборавно. :* :*
     

    Прикачени фајлови:

    На Dog-lover и Elennaa им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.