[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    да имате многу здравје и да сте среќни сите!
    Нека е бериќетна идната 2014 година, нека има мир во земјата и во светот.
    Да нема гладувања, страдања, а да има љубов, разбирање и почитување.

    Нека ни се исполнат сите желби :*
     
    На Annath, Mrs.Cuper, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  2. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Многу се нервирам кога некој ќе усере работа и на крај се лигави и жртва се прави. |(
    Среќна Нова година, се надевам сите ветувања што сте си ги дале себеси ќе ги исполните, ќе се ослободите од сите непотребни грижи, успешно ќе ја издржите диетата, ќе ги положите испитите, колоквиумите, ќе ги поправите оценките, ќе се сакате повеќе, ќе се трудите повеќе, ќе им го давате највистинското значење на нештата кои доаѓаат во вашиот живот, дека со отворен ум и срце ќе ги примите сите нови денови, сите предизвици, сите гомненици кои еден смртник можат да го пресретнат и зграпчат околу половината и го затресат како мало дете кога го влечеш од кај излогот со убава играчка.

    Се надевам дека најубави работи ќе ве следат, дека и од неубавите случувања ќе успеете да го извадите најдоброто, дека ќе сте похрабри, посилни, и се тоа..
    ..празнициве се измислени за добра волја, штета што некои недоносени не знаат ни тоа да го испоштуваат..
    јако е да си
    жив
     
    На Cataleya, Annath и Marossa им се допаѓа ова.
  3. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Oној момент кога мајка ти прави кифли,а татко ти во позадина испробува сараунд и пушта Пантера.И да,пеат и двајцата :rofl:
    Еве ви еден доказ дека крвта не е вода! :lol:
     
    На WarriorAngel, Espadrila, psychic и 2 други им се допаѓа ова.
  4. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    За сите препукувања и несогласувања околу избирањето за форумџика на годината највеке ја обвинувам Билката,требаше да направи друг концепт на гласање,да имаат право на глас сите кои имаат барем сино цветче.
    Јас по мене си знам,кога се зачленив бев како изгубен германец на форумов,незнаев повеќе од 2-3 форумџики,и како да гласам кога врска немам за кого да гласам.
    Ама ајде веке бидна :^)

    Лошото нека остане во старата година,а новата да ни биде многу поубава.
    Среќна Нова Година на сите феминки многу здравје,љубов,среќа и пари :*

    [​IMG]
     
    На Mrs.Cuper и QueenElena им се допаѓа ова.
  5. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Полека ја затвораме книгата со среќни и не толку среќни мигови од 2013 година.
    Страниците од новата книга се чека да бидат пополнети со радости,среќа,љубов...

    Ви посакувам вечер да си поминете прекрасно ,каде и да одите.Во новата година да влезете со широка насмевка која ќе ве прати цела година. :hug: :*

    [​IMG]
     
    На Mrs.Cuper, Gordana10, LittlePinky и 3 други им се допаѓа ова.
  6. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    СДК Вработените во токсикологија се спремаат за првата серија... :D Еве, уште некој час, па ќе почнат.
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Сакам на сите да ви ја честитам Нова година и среќни празници, да бидеме сите здрави, живи, полни со позитивна енергија и секогаш опкружени со најсаканите и најблиските! :)

    И нормално во 2014 сите да бидеме со поголеми успеси! :$
     
    На Mrs.Cuper му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.850
    Допаѓања:
    142.469
    Боже, не сум го причитала мислењево, ама и на 3 ноември би ти честитала, а уште повеќе и сега. Поклон.

    Не можев да има објанам на кратко таму, затоа тука ќе си кажам. Со голотија, собраа 9 000 денари, кои ке се дадат на невладина која се залага за правата на сексуалните работници во Македонија.
    Прво, не знам кои се сексуални работници, бидејќи со закон проституцијата кај нас е забранета. Ама после протестот на сексуалните рабници, сфатив дека тоа се всушност масерките, ескорт дамите и хот лајнерките. И двајцата дедовци со црвените чадори, кои навистина не знам какви секс услуги даваат.
    Од горенаведеното произлегува дека ако отидете на масер кај нас, или масерот ке ви го бапне, или масерката ке ви овозможи клиторен оргазам. После ова, мене ми е страв да одам на масажа. Не знам какви права бараат масерките. Можеби никој не им вика фала по оргазмот, не знам, може само им викаат фала за масажата.
    Ескорт дамите се проститутки кои пред да ја дадат секс услугата, одат да јадат со вас. Мислам дека они најмногу имаат право да се борат за своите права. Тој некој морон кој го придружуваат, не им дава десерт бе! Идиот! Јас би убила за десерт после вечера, а ако нема, нема ни секс.
    Хот лајнерите и лајнерките, исто така треба да бараат свои права. Они имаат проблем со тоа што имаат телефон на допир, па им се исклучува по грешка. Исто така клиентите кога им се јавуваат, им стенкаат гласно и овие си имаат мака со ушите. Права за нив!За здрави уши!
    Е сега да се вратам на домацијата, која како што може да се види во прилог, е за набавка на едукативни материјали за сексуални работници. Што би учеле ве молам, ескорт дамите? Бон тон на маса? Хотлајнерките ке учат да кажат прво - добравечер?
    И последно, зошто некој би се соблекол гол, за правата на проститутките? Па они и сами се соблекуваат голи! И заработуваат повеќе во една вечер отколку овие за цела година голотија! ДОбро, можеби повеќе вечери. Да ги дадеш парите за некој болен, сиромав, се ке разберам, ама за едукација на секс масерките? Да научат кое масло е подобро за побрз оргазам?
    Наречете ме проста, но јас гола за таква цел и за тие пари, не би се соблекла. Гола, за да ми се гледаат градите, половиот орган, да правам поза за секс и да ме гледаат моите родители, нивните родители, браќата на татко ми во некоја автоперална, не фала. Колку и да сум проста и назадна, ама да се соблечеш гол за да имаат права некои кои со закон се забранети бидејќи продаваат секс, за мене е дебилно.
    И тоа се соблекоа, толку оние кои го озборуваат Боки 13 дека се сликал гол. Имаше хаштаг за него каков бил, дебел и гол и грд. А и они се ... па ај да не речам дебели, иако некои се, ама се голи исто како него! Него целта му е слава, нив на сите заедно им беа 9 000 денари?
    Ми е срам од младината која се нарекува аавангарда, од младината која се нарекува интелектуалци. Можеа да плетат и повеќе пари да земат. Но не, сакаа да го повторат она од лани, а излегоа бледа копија со ужесна намена на средствата.
    И за фотографката...И ги имам гледано сликите, овие и се едни од полошите. Како со сила да ги сликала.
    ЕДна голема утка од твитеџиите годинава.
     

    Прикачени фајлови:

    На Bozica1980 и RainBow им се допаѓа ова.
  9. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Среќна Нова 2014 на сите, се надевам дека ќе биде по весела, радосна, среќна, бериќетна за разлика од 2013. :) Конечно можам да го почувствувам новогодишното лудило и надвор веќе се осеќа. :inlove:
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Јас дека сум in the future :rofl: 2013 година си замина и 2014 ја замени.

    Не сум од тие луѓе што прават новогодишни резолуции, немам ни некоја посебна желба, ми се чини себично а и донекаде алчно покрај сето тоа што го имам да посакувам нешто повеќе ако веќе нешто посакувам тоа би било само здравје за најблиските и ако сум ептен искрена можеби не за оваа ама дефинитивно за наредната година една мала слатка ќеркичка. :angel:

    Тука и нема некоја ука-бука околу нова година, си бевме со сопругот и децата на плоштад, го гледавме огнометот, малиов со ококорени очи пратеше се што се случува а Матео не можеше да издржи си заспа кај тато во раце, помина уште една година, си дојде и нова, се надевам дека ќе биде добра како и предходната.
    Инаку мене стандардно добро ми почнува новата година со честитање со сопругот :P :$ како беше таа поговорката, како ти почнува така ќе ти тера целата година. :rofl:

    Ај доста бладам да одам да си легнам, ме чекаат моите мажиња сите заедно легнати во спална, за некое чудо дури и малиов спие а јас од чиста навика дремам како мрдната. :D

    На сите нека ви Среќна и бериќетна новата 2014 година, многу љубов, среќа, успеси и здравје да ве пратат во новата година и на сите ви посакувам барем еднаш да ја дочекате новата година вака:

    [​IMG]

    :* :hug:

    И бидејќи другата тема е затворена, немав време да пишам таму, им благодарам на сите што ме номинираа и гласаа за мене и на Трендафилка и ја честитам победата. :clap: :rock:
     
    На sweet-star, senza.parole, Bozica1980 и 28 други им се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Конечно изминува оваа година која што во мојот досегашен живот беше најлоша.
    Толку работи ми се случија во рок од една година или пак можеби сфатив дека во животот не е се розово па затоа така велам којзнае...
    Се надевам новава година ќе биде посреќна не само за мене туку и за останатите феминки.
    13 како број велат дека носи несреќа,не сум суеверна само што за мене еве овој број навистина е несреќен.
    Да сумирам еве некоја добра работа што ми се случила годинава не би ми текнало,а лоши работи во секунда 10 ми текнуваат.
    Беше година монотона се едно исто се случуваше школо-дома-англиски-дома-школо и се така во круг одејќи од една кон друга релација.
    Да свртиме нова страница во новата година.
    Среќна нека е новава година,убав помин вечерва феминки и ете тоа е од мене годинава.
    Нареднава со нови сили туркаме напред. :)
     
    На psychic, bittersweet, QueenElena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Отиде уште една година исполнета со многу убави моменти, храната и пиењето се спремни, денеска ги завршуваме коментарите за 2013 и се подготвуваме за новиот почеток.
    Се надевам дека и 2014 ќе ги има делумно убавите работи како 2013, но дека ќе има и поубави ;)
    Нека има само љубов, среќа, здравје, пари и успеси!
    Ова беше мојот последен коментар за годинава, а од година (од утре :lol: ) пак ќе се дружиме!
    Ви посакувам вечер најубаво да си поминете каде и да сте, и со кого и да сте! :party:
    :beer: :d: :hug: :party: :rock:
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    И така полека изминува оваа 2013 година...Оставам се што се случило позади мене..Убавото секако ќе го запомнам,лошото ќе го заборавам..А знам и чувствувам,дека оваа 2014 година ќе биде добра за мене..Стекнав нови пријатели,многу нови луѓе што поминаа низ мојов живот во 2013..И тие ме научија на она што денеска го знам..а и ќе го применувам во 2014..Едно нешто што највеќе си го посакувам за мене и за моето семејство,а секако и најмилите околу мене за новава година е здравје..Ако не сме здрави,џабе ни е све друго.Е потоа доаѓаат радост,среќа,пари и љубов се разбира..Ми се случија многу незаборавни моменти во оваа година,такви си посакувам и оваа година..Ме очекуваат многу важни настани,а се надевам и убави моменти..Имам исто така една желбичка која ќе си ја оставам само за мене..А на сите вас овде на форумов ви посакувам најубав помин вечер,каде и да одите..Нека ви е среќна Новата Година..да ви биде проследена со многу успеси..моменти поминати во радост и среќа,се разбира ви посакувам дабидете здрави и исполнети со многуу многу љубов !!! :* :party:

    [​IMG]
     
    На Antoninaaa, Dog-lover и QueenElena им се допаѓа ова.
  14. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    СДК....
    Прво,имајте супер помин вечерва,без разлика каде сте.Дали ќе бидете во мирна домашна атмосфера или пак ќе се забавувате надвор.Бидете расположени и насмеани во последните часови од оваа година. :)
    Сакам на сите да ви посакам новата 2014 година да ви биде поуспешна и поубава од претходната.
    Најпрво,многу здравје,љубов и среќа.Потоа,нека ви се исполнат и другите желби и сонови.Имајте успех на секое поле.Бидете исполенети.
    Мене лично оваа година,2013 ми беше слична како и претходната(патем 13 ми е среќен број :D ).
    Затоа,во 2014 сакам нови предизвици и возбудувања,па да не бидам скромна и дечко да си фатам. :lol:
    Посакувам и времето малку да подзапре,да не брза...за да можеме да уживаме во него.

    [​IMG]
    [​IMG]
    Бидете ми поздравени.
    Се читкаме догодина. :lol:
     
    На bittersweet, Elennaa, Dog-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Се читаме догодина, тогаш!
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    2013 ми заврши со шетање, како шо гледам 2014 нема да е поарна. :lol:
    Се зафркавам, Вчера Скопје, денес низ Битола конечно да ја видам по незнам колку време.
    И без разлика на се баш убо се чувствувам, Нова година ова година ќе ја чекам насекаде во стан, на плоштад во кафичи, и по пицерии :lol: Имав понуда и за в кафана, ама ова година ќе ја прескокнам.
    Ете така драги мои вам ќе ви посакам Среќна нова година, се најдобро во неа, се она по кое мечтаете во новата 2014 да ви стани реалност, се најубаво, многу здравје среќа и љубов.
    Јас во новата година ќе посакам само здравје за сите мои мили блиски да сме сите на број. И поќе успех во учењето :lol:
    И се она шо треба да биди мое нека си дојди комотно.

    Среќна Нова Година :party: :d:
     
    На Divinebutterfly, ilipili, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  17. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Да ја заокружам годината и со последниот пост во омилената ми тема.
    2013. Почетокот полош не можеше. Губење на нешто најскапоцено што би можело да донесе радост.Но се случи. Животот продолжи. И нормално, тркалото врти. Дојде посветол период во мојот живот. Дочек на роденденот , прекрасно изненадување, нови познаства, прекрасна турнеја, многу дружење и значајно прво место на државен натпревар. Душата ми беше полна, среќна бев многу.
    Со доаѓањето на летото , дојдоја и новите проблеми. Здравствениот проблем кој ме научи дека здравјето се става пред се. :!:
    Беше лето на прв одмор со друштво, прво пијанство, прв бакнеж, прв дечко, прво преубаво лето и прво лето со толкава огромна лекција.Остави што убави што неубави сеќавања.
    Лето во кое се пролеаа многу солзи, но и многу смеење, лето во кое ја заокружив 18ката(во килгорамите :lol: ), лето во кое го имав телото од соништата. Се сретнував со многу зачудени лица, воодушевувачки коментари на мојот изглед, но и поглед полн со сожалување поради лошиот период кој го доживував во врска со здравјето.
    Со доаѓањето на есента , на новата школска година, беше и доаѓање на најубавиот период во животот.
    Прекрасните 2 месеци со него, малку но полни љубов, исполнетост, среќа. Среќа во очите на моите што ме гледаат среќна и успешна и во приватен живот и во школо. Но, беше што беше. Помина, замина.
    Ете дојде и зимата, Новата Година е пред нас.
    Деновиве ми беа прекрасни. Бев горда со секоја кажана позитивна оценка од професорите и со прекрасните зборови за тоа каква ученичка сум. Бев и на моменти тажна психички нестабилна но сето тоа поминува.Се помирив со фактот дека животот не е совршен. Дека секаде има проблеми, падови , порази..., и затоа решив да сум задоволна со малите нешта.
    Моментално сум среќна поради тоа што иди нов почеток, имам прекрасен фустан и фризурка за вечер, зарипнат глас поради прекрасно поминатиот викенд.
    На сите ви посакувам Среќна Нова Година.Бидете среќни, исполнети, ви посакувам пред се здравје, љубов и среќа, другото само ке си дојди.
    Да се следат успеси на секое поле.Имајте најубава вечер и уште поубава година.
    Со љубов АНА. Се читкаме наредната година. :* :party: :dance:
     
    На Barbie20, bittersweet и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  18. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Еми да си честитаме.

    Да си честитаме и да наздравиме за чичковците кои од памти век им текнало да почнат деновите да ги бројат. Тие тогаш броеле кога овците треба да се носат на пасење, ние кога нови алишта треба да си купиме па исто му доаѓа :rofl:

    Шала на страна, од се' срце би сакала да ви ја честитам Новата година. Да ни донесе малку среќа таа
    4-ка, да му донесе на секого она по што срцето му копнее. Да не' бутне да ги засукаме ракавите и да се разработиме за да го постигнеме она што го посакуваме, да ни ја даде храброста да завршиме и да започнеме цел куп активности, цели, мисли... Да ни ја даде среќата хороскопот да ни биде убав секој ден и паметот да прекинеме да му веруваме на истиот.

    Догодина, ова време се надевам дека секој и секоја од нас ќе се пофали како изминатата година им била најубава и најсреќна. Имајте прекрасна вечер, заборавна или незаборавна по избор и количество на алкохол. :)
    [​IMG]
     
    На Hipster, Someonespecial и ilipili им се допаѓа ова.
  19. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    ПОСЛЕДЕН ДЕН ОД 2013..

    Им се заблагодарувам на сите оние кој дојдоа во мојот живот и на оние кои од него заминаа. На оние со кои се смеев по цели денови, ама и на оние по кои плачев. Ќе заборавам на сите навреди, лажни пријатели и други промашувања. На крајот им се заблагодарувам на сите кои ми помогнаа да ги преживeaм најтешките и најтажните моменти и истите ги направија најдобри.
    Ќе се сеќавам на сите радосни моменти, ќе свртам последен пат и ќе ги изборојам грешките кои ги направив, ама и работите за кои се борев.
    Ќе се потрудам и последната минута од оваа година да направам некого насмеан...
    Среќна ноова и се најубаво во неа. :rofl: :rofl:
     
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.722
    Допаѓања:
    24.310
    Пол:
    Женски
    2013 ќе ја паметам како плодна година на секое поле за мене. Поминав многу километри, посетив безброј нови места, имав еден милион воздишки, искрени насмевки и топли прегратки. Забави, шетање, по малку и работа, прекрасен одмор, убав крај на еден период од животот - факултетот, значаен почеток на мојата кариера, подобра работа за татко ми, бруцошка година за брат ми. Навистина не можам да се пожалам од оваа година. :)

    Од 2014 само посакувам да биде барем толку добра како оваа што заминува. Да бидеме здрави и живи, затоа што тоа е најбитно, со многу љубов и среќа, радости и пари :) Се што е наше - ќе си дојде!

    Нека е среќна и бериќетна новата година на сите феминки, помалку да се расправаме во 2014, и повеќе да се советуваме!
    На здравје! :*
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.