[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    Знаете што највеќе мразам кај Нова Година и сличните празници? Два дена ќе јадеш се што сакаш и колку сакаш т.е ќе кркаш ко прасе ама па затоа следните седум дена ќе бидеш на диета и ке броиш калории ко мрднат... Идам уште сега да си ја спремам вагата, ќе ми треба од утре :/
     
    На LittlePinky, Dog-lover и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ^Пфф, не знам што ви е и тебе и на другите, ќе си јадел ко прасе два дена, нема врска, јас секој ден јадам ко прасе :rofl:
    Среќна Нова 2014 година на сите, се најубаво и бидете добри :)
     
    На marama, Kaylie, kala21 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Пред 12 часот се ми беше неккао безвезе и пица правев со другарка и ни изгоре значи навистина оваа 2013 што помина се наопаку одееше и цело време имав некоја негативна енергија лутабев за ништо ама после 12 цела вечер си поминав прекрасно бев пресреќна без причина и имам чувство дека оваа година ќе ми биде навистина убава.
     
  4. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    отрезнета од пијанство, ама мене ми треба отрезнување во реалноста и тоа убаво...
    ама убав е, безбедна сум во својата чаура, во своето мисловно пијанство...
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ете доказ дека пица може да ти расипе цела година! Пууу,мајката...
     
  6. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Можеби не е ни место ни време, но сакам да кажам дека вчера се згрозив од тоа што го видов по улиците. Пијани девојчиња се влечат, пцујат, вриштат, недолично облечени да не кажам како проститутки повраќаат по улици. Дали им личи воопшто и дали имаат родители тие дома? До каде ќе одат границите.

    Нова Година како сосем еден обичен ден и не знам што луѓето слават толку да се опијат до бесвест? Како ова да им е последен ден од животот.

    Еве што прочитав денес по порталите

    Најмладата скопјанка со алкохолно труење има само 13 години

    И оваа година се повтори грдата практиката за новогодишната ноќ, па просекот на возраста на лицата кои добиле алкохолни труења во новогодишната ноќ е 17 години, а како и при минатогодишното славење и синоќа било интервенирано кај девојче кое имало 13 години, било во тешка состојба и било задржано до утринските часови на Клиниката.

    Извор: http://kajgana.com/najmladata-skopjanka ... -13-godini

    Па, нели е срамота искрено. Јас на тие години си легнував во 10 часот, пиевме сокче на родендени, се облекувавме примерно, но што личи ова денес?
     
    На lunicka, tessie, iloveyou29 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Не се сеќавам на многу Нови години.

    Знам, бев мала, можеби второ или трето одделение, можеби и помала. Немав моја соба, спиев со мајка ми. Цела вечер го чекав да дојде Дедо Мраз. А не дојде. Го чекав и го чекав и го чекав и на крај заспав од умор. Заспав ама со скриена возбуда. Ноќта нешто тропна, слушнав вратата како се затвора, и додека се освестив и разбудив, и истрчав, немаше веќе никој. Под елката имаше едно голема кукла-бебе. Сигурна сум дека баба ми или дедо ми ја имаат оставено, но детето во мене сака да верува дека можеби и е од Дедо Мраз.

    Потоа, филмот се премотува, одиме нанапред... можеби неколку години подоцна, кога се преселивме во друга куќа, за првпат имав своја соба. Ми беше чудна, со еден темен и страшен регал, со поглед на еден темен квази покрив, лименарија. Дојде Новата година и ме испратија да си легнам. Не можев да заспијам, но на крај заспав, со некоја надеж во мене, дека нешто убаво ќе се случи. Сабајлината ме чекаше балон со хелиум до креветот и пари, да си купам што сакам.

    Одиме понатаму, ги вртам Годините со друштва, со цели класови, каде што јас и тогашниот најдобар другар ги правевме списоците, кога таткото на една другарка не собра сите во едно тико, едно 5-6 души, со неколку пакети сокови, кога НГ славевме преку 50 луѓе во едно место, кога ја дочекав со бившиот, и кога чекав порака од тогашниот, и кога се враќав од еден дочек во Скопје во едно магливо, тмурно утро и патот до домата каде што требаше да си легнеме никогаш не бил подолг. Ги гледам сликите, пред мене. Ниедна не би сакала да се повтори, ни па ми била посебно убава. Но за сите тие заедничка ми била надежта што ја носела.

    Некоја надеж дека Дедо Мраз сепак постои и ќе дојде. Дека работите ќе станат подобри. Дека некој ќе ме сака уште повеќе. Дека на некој му значам. Дека наредниот ден ме очекуваат уште поубави и поубави НГ.

    А оваа вчерашната, смрдлива, никаква, не ми донесе ни Н од надеж. Со сета сила и со цело срце се трудев да станам сабајлето од кревет, станував, седнував и повторно легнував. Ме молеа да станам, картата беше купена, ме чекаа мене. Однадвор се слушаше музика, пукаа петарди, мене како некој да ми седна на рамена и да ме притискаше, да ме буткаше на креветот. Си оддалечував слики, се буткав, се борев, и не станав. Не знам ни дали се изборив до крај, немав волја. Додека мајка ми не се исплаши толку многу, и додека мене конечно не ми се исполни фамозната желба, само да ме буцнат со едно магично нешто и да заспијам, и да спијам, и да спијам, и да спијам. АМА ни тоа веќе не е така лесно, очекував дека ќе ме кутне и ќе спијам, ако ништо друго, некои 15, 16 часа... Ама не. Телото мое се бори и мисли дека нешто ќе му се случи и не може да се опушти и да заспие. Ни со тоа нешто што така фино ми го збуцаа, не ми помогна.

    Стиснав заби и Божјото лето 2014 го дочекав склупчена, за да не ја дорасипам вечерта која одамна пропадна, додека надвор пукаа и се смееја и се веселеа, јас тонев. Не сакав никој да ме сожалува, го исклучив телефонот. Само кашлав, плачев и се молев да дојде побрзо полноќ, да поминат гужвите, и да дозволам да ми помогне некој, оти јас веќе не можев никако да си помогнам. На моето тело и на мојот ум му требаше сон.

    И така стигнав до дното. На дното кое на никого не му го посакувам. Обидот за заспивање од втора мајка успешен. Не знаев дека тоа се случува за време на НГ по болниците, некако изгледав потрезна и посталожена од будалите таму. Станав по некои добри 13 часа, за да ме мавне реалноста повторно во глава.

    Ако ништо друго, денеска не сум ни заплакала, и јадев, како за промена. Не сакам да ме сожалувате, ќе ми биде подобро, само не денес, и не утре. По некое време. А сега се надевам дека животот му е подобар и е посреќен со својата одлука, која ја донесе свесно знаејќи што може да ми направи.
     
    На bittersweet, Hipster, 1209 и 32 други им се допаѓа ова.
  8. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Некако одвај дочекав да ја испратам тринаесетката. Така со душа.
    Постојано се уверував дека ми беше баксузна. Постојано ми се случуваа некои непожелни работи.
    И покрај тоа што се уверувам дека се` е до психата, некако многу ми е полесно со четиринаесеткава. Многу полесно се чувствувам, исполнето, како да ми е паднат каменот од срце. Е баш така се чувствувам.

    Станав во 4 ипол, поручекта. Ме разбуди музиката којашто доаѓаше од кај соседите, а потоа петардите под прозорецот, потполно ме докрајчија. Не знам само колку пати така сочно ги изнапцув. Мислам дека толку коцки чоколадо немам изедено, колку што слушнав пукање од петарди. Зарем петардите се за наутро? (и покрај тоа што не беше утро) Зарем петардите не се пуштаат само на новогодишната вечер? Воопшто не ја разбирам целта на петардите. Имаат некоја цел?
     
    На Someonespecial, Dog-lover, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Само што сакав да го кренам пехарот и да се прогласам за маратонец поради тоа што не бев излезена од кафаните од петокот па се до вчера, вечерва паднав, си одмарам дома додека другарките ме убиваат од ѕвонење, убаво ми е, вас ви е редот!

    Срекна нова година феминки, многу срека и здравје. :)
     
  10. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Хахаах не е само пицата целата година ми беше таква сите планови ми пропаднаа и ова на крај до последен ден од 2013 одеше се наопаку....
     
  11. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Нова година,хах.Ајде да видиме што ќе ни донесе 2014,се надевам убави нешта :$
    Синоќа беше многу добро,до мене друштвото,музика и нормално јадењето :D ,се изнасликавме за сите пари,фалеше уште и со келнерот да се сликам!! Дури и оро заиграв,хах,беше многу брзо,само скокав наваму- натаму,смешки.Убава вечер,се до моментот кога на крајот го истурија сокот врз мене :devil:

    Ауу,како се изнервирав,цел фустан мирисаше на сок,па затоа и порано си отидов.Но не ми е жал,напротив бев изморена и ми се спиеше.И вечерва не беше лошо,но сепак има предност,бидејки не се истури врз мене ништо :D
     
  12. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Благодарам многу. :) И се најубаво. :$ :*
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Помина Новаа година и би требало да следи постновогодишно мислење ама ќе пишувам и за изминатава 13ка.

    Не можам и никогаш не би можела сама себеси да си објаснам како толку брзо минува времето, како дел од секунда, со брзина на светлината.(?)
    Да, изминатава година беше добра, можеби и подобра од претходната, дали бидејќи од ден на ден се повеќе созревам, не знам. Но, најважно е дека многу денови и моменти од годината ќе ги памтам.
    И не, уште не можам да поверувам дека сме 2014, дека толку очекуваната фамозна новогодишна ноќ веќе помина. Убаво беше, многу пеев и играв и двете вечери, имаше испади како и секогаш ама воедно беше добро. Ќе излажам ако кажам дека нејќам да се повтори.
    **
    Среќна Нова на сите вас, имајте многу среќа, здравје и љубов. :hug:
     
    На Elennaa и Barbie20 им се допаѓа ова.
  14. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Мразам празници и други поводи за славење |(

    од гурмански аспект :worried:
     
    На hermosa, Anabelle.Amorette и sweet-star им се допаѓа ова.
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Епа затоа е тука 2014 за се да поправи. ;)

    P.S-Добро утро.
    После синоќешното смеење,едвај заспав,и сега се разбудив,здрава,жива. :D

    Распуст може да почне. :talk:
    Е,да,и ме мрзи да се сликам со комбинацијата од Нова Година(пошто тогаш заборавив),ама морам,за да разбијам монотонијата од штикли и фустани. :D
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    На кои цигари мирисате денес ? :^) На која улица плукнавте ?

    Поракава е антипушачка, па пушачите нека ја тролаат да не се изнервираат. :lol: Исто и плукачите (на плунка).

    Велат, ако сакаш нешто да промениш, почни од себе си. Се трудам тоа да го правам. Во склоп на тоа ги почитувам законите.
    Не можам да разберам некој кога ќе рече: што ми е гајле за законот, никој не го почитува. :^)
    Па, биди редок примероки почитувај го !
    Од таквото мислење, никој не ги почитува.
    Зошто не се споредуваш со некој над тебе ? Полесно ти е да се споредуваш со некој под тебе ?

    Нова Година, кафани, музика...дојдов дома усмрдена на цигари. А, и по кафичите не се дишеше. :puke: Џабе ми е некоја дотерана девојка, со цигарето в рака трга ли трга... Цигаре за цигаре, валда од нервоза и незнаење што да прави со себе си...како од утре да ќе исчезнат цигарите.
    Го фрла отпушокот на под... :tmi: Ќе се мети бе...
    Искрено ме интересира, пушачиве не чувствуваат малку срам дека постои закон, а го кршат ? Не чувствуваат вина кога отпушоците ги фрлаат на под и на под ги тресат цигарите ? Немаат малку осет кон непушачите околу нив ?
    Не, бе, немаат ! Ич немаат. |(
    А, јас мастиката да си ја плунам на земја или паломата со која го бришам носот оправдано е ? :emo:

    Плукачиве се посебна категорија. Се дотерало некое машко, си оди по патот и слушаш хррррррррр пљуууу. Штрас на земја една плунка, а може и зелена да е, ако му е болно грлото.
    Одам по пат и се тргам од плукачиве.
    Немаат осет. Не знаеш каде ќе плунат !!! :swear:
    Мора самиот предвреме да се тргниш, зошто не знаеш на која страна ќе плуни, а се спрема хрррр... :puke:
    Немало пари во буџетов. :!:
    Па, нека казнуваат за плукање, ехее...која пара ќе ја соберат, плукачи имаш колку сакаш. На секој чекор.

    А, јас...нема да плукнам зошто сите плукаат бе брат. Нема да ги разберам пушачиве зошто сите пушеле бе. Многу луѓе не можам да ги разберам.

    Уствари, разбирам една мисла. Кога општеството е на дно, се гласаат мизерни закони, не плукај, не фрлај ѓубре... Зошто на човекот мораш да му кажиш дека тоа не е во ред.
    Иначе не му текнува бе !
    Кое дно на дното...
     
    На Monna.Monna и LittlePinky им се допаѓа ова.
  17. Florenca

    Florenca Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    И како после да ги зацврснуваме семејните односи кога Грујо ни го скрати 2- јануари кога си одев на ручек кај свекрва ми. Ке се изнагушкавме со јатрва ми .... и ќе си одев дома да се доодморам од Новата Година де , нели ? А јас денес на работа. :wasntme:
     
  18. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    I know I'm partybreaker ама морам да седнам и да учам, а книга не ми се фаќа. :geek:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Roxana

    Roxana Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2013
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    71
    Да споделиме повеќе љубов, топлина, насмевки.
    Да бидеме здрави и што вели баба ми со к’смет сите :)
    И нека парите се единственото нешто што ќе ни фали во животот.
    Среќна и бериќетна 2014 на сите :*
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.148
    Допаѓања:
    1.049
    Среќни Новогодишни и Божиќни празници!!!
    Ви посакувам многу здравје,среќа,љубов,пари...
    Имајте среќни и весели празници :party: :d: :)
     
    На Elennaa и Nausicaa им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.