Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Видов една демотивација која и без зборовите само како фотографија би била доволно моќна.
    Тоа е се што сакам да кажам.

    [​IMG]
     
    На Buttterfly, sweet-cherry, Go-Girl и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Мва за ова!
    Не да отекоа,мислам дека ја сањам веќе..
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Е, после 60 страници да ја сефтосам и јас темава :)
    Арна сум, супер сум, жива сум.
    Поточно, последниов период некако ми шиба 200 на саат, а јас за инает цело време километар пред него :P
    Со новите шнолички, меше полно со костени, насмевка на лицето, си викам пф, убаво е и да си во моја кожа.
    Поприлично сум размазена. Од баба и дедо, од моите, од него. И убаво ми е. Море преубаво ми е. А јас знам да бидам и лошка понекогаш, ама воглавно сум сосема во ред.
    Тој. Оооо тој. Колку го факинг љубам и колку ме смее.
    Можеби има малку вистина во она човек сака да е со некој кој искрено го смее.
    А јас и тој се смееме, и се сакаме. Буквално целосно ме надополнува, исполнува ...
    Не можам да се жалам, не треба да се жалам, и НЕ СМЕАМ да се жалам. Животот ме дарува и дарува. Понекогаш мислам дека се заборава.
    Имав мали рчки со другариците, иако ми се извинија, иако пројде се, некако ми стои празнина, и тоа е едина лоша работа периодов. Се надевам ќе се пополни.
    Слушалките во уши, убајни од мелодии ми ѕсвират, го барам подолгиот пат за до дома, и во темнина ја кружам населбава посветувајќи се на себе.
    Сама со моите мисли.
    Филм бре филм. А јас во него главна актерка. Еми како поинаку де. Мојот живот е мој филм.
    Убаво би било кога секој би си го живеел својот живот ... да не шурка многу по туѓите сценарија. Али ете било таксират па не ме многу занима.
    Доволно е јас да знам каде точно стојам, т.е каде точно сум тргнала да одам.
    И во оние црни дани, смкнувам сила, и надвор сум друга личност.
    Можеби дома плачам, и корнам коси, и мавам по перници, и се виткам на под, и рикам.
    Но надвор не. Не ми е тешко да се насмеам на некоја непозната личност. Не ми е тешко да помогнам. Не ми е тешко да бидам поддршка иако не ми е до поддржување.
    Нема зошто да истурам моја болка на невини луѓе.
    И да мрчам за сенешто. И да јада го*на за нешто што не би требало да ме засега.
    Да има и моменти за мрчење, но мрчење поддржано со факти. А не, јас сум нерасположена и денес ми смета ојле или дојде, а утре си се сакаме. Епа не ја бива братко. Јас можам да те сакам или да не те сакам. А ти тоа ќе го знаеш ...
    Тој тука секако ми е исклучок и сунгер за нервози. Секако и за пмсоидни психоси. Пред него преправање нема. Јас сум секогаш јас со него ...
    Меѓутоа месецов тој лудачки период пројде, па сега чекам само радости. Радости и убавини. Среќа. Среќи. И доаѓаат колоквиуми ... а доаѓа и зима. Таа радост ја побива колоквиумската нервоза. Животот е еден, и буквално немам намера да се нервирам за минливи, и невредни работи како што е факултетот.
    Дедо ми вика ... само биди жива и здрава, а твојата ѕвезда нема да те одвлечка на погрешен пат. Всушност ти не би го дозволила тоа.
    Да дедо, во право си, јас не би го дозволила тоа.
    Одааам да пекам за нови патики. И без да пекам знам ќе ги добијам.
    Затоа што јас сум мече. Мамино и татино срце.
    И утре со новите патики, ќе го шетам него фатени за рака и ќе се перчам како паун. А тој ќе се смее, и на крај ќе ме гушне ... ништо друго и не може да стори.
    Среќа ми е што го имам.
    Имајјјте убава вечер. И секој ден нека ви е убав бре.
    И во најтемното, и во најтешкото, само нека ви текне ...
    уклучете ја ламбата.
    Тадааам.
    И се пронаоѓа мала ситница. А оп, голема среќа.
    Гуд најт.
    Ваша Мече.
    :f:
     
    На Breezy, Miss-Independent, la-chicka и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Зошто ми се приспива кога учам, а не кога седам на компјутер? :?:
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.018
    Допаѓања:
    81.359
    Пол:
    Женски
    Нов месец, нов почеток, нова телефонска сметка, нова интернет-сметка, новости еден куп, а сепак ниту една доволно добра и нова за да ми направи тако звана поволна бизнис клима.
    Хм, денов ми беше налик на осминка бурек со месо - најнеомилен ми е.
    (пре)Полн со кромид и мрсен како тегобите кои ми се појавија со самата помисла на цртичките на сите денешни обврски кои како што ги извршував требаше да ги чкртосам;
    кревет - чек;
    појадок+кафе - чек;
    физика задачи - чек;
    проектна - чек;
    проект 2 - (?)
    .
    .
    .
    и се' така редум, се' додека не ми дојде преку глава.
    Ма понекогаш навистина ми е подобро кога сум преплавена со обрски - факт е дека сум сконцентрирана само на нив и никаде на друго место не го пуштам мозочето на пасење и шлаење - во спротивно би била принудена да помислам малку на проблемот со Лоалович - стагнираме моментално, ама периодов е пача попара, ќе надохнадиме по тромесечјето, нели ? Нели, Лоаловиќу !? НЕЛИИ ? :devil:
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Feminism...my ass! As much as crispy as it actually is :emo: :D

    Море море, си се тапшам онака, колку сум јао мори мајко вредна, снаодлива, па леле што се не напраив, абе, супер женче сум си, види ми бицепс - па си го бубкам, мња! Па си праам во Џеј Зи стил dirt off my shoulders и на крај контам дека без скала и без 5 сантими (бирај сега кое од овие двете) ништо не праам. Абе мислиш скромност ми е средно име.
    Така ми е кога тепам муви во ниедно време и ги откачувам завесите. Качи се на столче, среди ги ма јок, врти врти - не можам да потфатам убаво, ми фалат 5 сантими висина и ете за една ситница се нервирам и се чуствувам беспомошна!
    И морало одма се да се реши. И контам дека џабе се правиме силни кога некогаш при најелементарниот технички проблем паѓаме на испитот.
    Ми треба МУЖ низ куќи бре!
    Али златни другари си имам, ми се најавија утре со скали на расклапање и му викам на едниов - еј земи и тоа чудото, федерфуфна шо ли беше, за спојување жици пошто ни такво немам.
    Ми вика едниов, важи бе, ќе се намачкам со зејтин сиот да ти сијам и ќе ти дојдам со timbaland кондури, горе гол, со некоја јака фармерка и со алати наредени околу половина, се разбира со шлем и ќе ти праам порно фаци и со секси глас ќе ти кажам - кажи мацо, што треба да поправам? ^_^

    И како да не им напраиш палачинки? Златни тие :D

    Вака или онака, муж во куќа или надвор од неа ни е потребен у животот. Никогаш не сум ги сфаќала феминистките. Еве денес си признавам дека колку и да сум си супер женче или колку и да се чуствувам како такво, понекогаш сакам да признаам пораз и да симнам раменици и едноставно да си речам, што па толку сум запнала се сама? Може и некој да ми помогне евентуално а?

    Ај поарно ќе ми биде да се мачкам со миризливи чуда и да вртам со тоа дрвената лажица во кујна. Ми стои. Жена сум. Big deal :angel:
     
    На Go-Girl, Miss-Independent, ines.h и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Ај да не се многу залажуваме, во која држава има демократија? Се ти е тоа бре охлократија :D
    И во најзапустеното селце, во најмата група на луѓе, во една уличка, во една редица -џганот владее :bandit:
     
  8. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    За палачинки и јас би ти поправал низ куќа, ти само викај :D.
     
    На Phyramide, Pelikuna и Magnolija им се допаѓа ова.
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Немојте да ме мислите, здрава, жива сум.
    Туку ова Пирамидава секогаш како ми дава инспирација да чкртнам и јас ред, два по ова прозорчево.

    Есен, како есен, а јас неразбрана.
    Секоја вечер на излегување кукам колку студи, а упорно не се откажувам од есенско-летните тенки јакнички, џемперчиња и наметки.
    Туку друго ми беше зборот, абе ние луѓето сме биле многу комплицирани створења, кога ни гори под нозе, се ни е азно мазно, леб и алва, ветуваме брда и долине, а кога ќе дојде време за реализација оп, некако не иде.
    Еве бе, јас сум ти жив пример, цело лето пекав од Септември ќе учам, дојде Септември и помина, дојде и Октомври и тој помина, дојде богами и Ноември а Најубава книга не фатила, црц-мрц има време, како па да не :doh: .
    А немам многу само 2 колоквиуми од по смешни 200 страни, а рака на срце до 11 и 12 имам доста време.

    Друго момиња што да ви кажам, јас добар, Петко и тој гура некако, ве читам редовно, ама па имам некаква инспиративна бариера, која колку и да сакам неможам да ја потурнам.

    И тачно Пирмамид, треба муж у кучи, ако на пример ги имаш тие +5 сантиметри пак ти треба некој со кој ќе бидеш во вечен конфликт за даската на ВЦ шољата, влакната во када, прљавите чаши и ... ќе заборавев треба увек друштво за јадење поточно ждерење високо-калорични сендвичи во ниедно време од ноќта.

    И молим вас држете ми среќа и пишав меил на една анксиозна професорка, па сега молам Бога да го прочита кога ќе биде во добро расположение и утре ако добијам потврден одговор има све живо и диво да частам.
     
    На mims-89 и Phyramide им се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Најубава остај ти тоа, јас веќе се мислев и у штикли да се качам на столчево - ихааа не 5, 10 сантими ќе си додадев. Ама последен пат кога ги употребив штиклите за кршење на витамински ампули лошо заврши сета таа работа.

    :D

    Не би да ме најдат превртена со нозете во вис во пижами и со алати во рака :D

    Иксмен, што не кажеш бре?! :emo:

    Туку што сакав уште да кажам? Нишо. Толку. А да, и ми си игра долга магарица. Ама тоа е веќе друг муабет а и касно станува, па еве ви песна. Ја слушам прееска викам од кај ми е позната и ми текна дека едно фино моме ми ја прати пред некое време :)

    http://www.youtube.com/watch?v=8UVNT4wvIGY
     
    На Hipica, najubava2010 и Mishela им се допаѓа ова.
  11. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Ајт легнувам јас, имајте добра ноќ :*

    Skopje wait for usss! :l: :l:
     
  12. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Сакам да кажаммм дека
    Уствари сакам:
    -сакам пари, сакам спиење, уживање, јадење, пиење, одење на плажа, излежување, едно ред бул, мало кока кола(виски .. :D), сакам BMW X6, ЕДНОСТАВО УЖИВАЊЕ ВО ЖИВОТОТТ ох ова е сон.
     
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Ако денеска слушнав, направив или научив една паметна работа, пукајте ме!
    Тотален хаос, трчај ваму, трчај таму, меѓу сето трчање, се изгубив самата јас.
    Не е фер. :fubar:

    Ова сите ги фанало некое масивно лудило бре, сите, ама тотално сите. Само некоја глупост да се прави, некои постапки кои не им доликуваат ни на забавачиња а камоли на возрасни луѓе, не се мисли што се прави, се гледаат извртени работи, им се причинува та дури, секој си го/ја лади, а тој што не си/го лади, го ладат на велико.... Просто неверојатно, од каде се изродија вакви створења ?! :x

    Знам дека сакавте да знаете каков ќе биде светот ако сите жени наеднаш имаат ПМС ? Кој е тој што сакаше да знае и ајде, кога ќе се смениме ?? Мојот и твојот свет, еден ден, недела, месец, година... Затоа што, во мојот свет, и мажи, и жени, и деца, и кучиња и мачики, се живо и диво е распердашено и има предменструален синдром. Или кравјо лудило. Или шап, лигавка. Или некоја нова неоткриена болест.

    Само нека ме чува дедо Боже, оти јас сама не се дочувувам во џунглава.
     
    На la-chicka и stylishh им се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Ах бре... до кога со овие нискобуџетни талент шоуа на Лила?!
    И што се мисли оваа Пилева, Аврил Лавињ ебате, бетер е и он тинејџерка која неможе да се пронајде во животот, е па многу ми е смешна :D
    Ај сеа ќе си гледам да се посмеам малце.

    Него не ми беше тоа целта на постов, случајно ми улета додека мењав програми.
    Многу ми е чудно како луѓето кои се појавуваат како гром од ведро небо во нечиј живот исчезнуваат со иста таква брзина, и сфаќаш као се било пролазно, а кои се работите кои навистина траат и колку и да сакаш и да се трудиш неможеш да побегнеш од нив.
    Пак е кармата и тркалецто на моја страна, што да правам кога сум толку добра :angel:
     
    На Strumfeta93 и eli25 им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.279
    Допаѓања:
    157.888
    Сдк дека со душа го чекам моментот кога мојата генерација жени ќе созрее... А како ќе созрее?! Така што ќе престане да си дели бацуфки по фб,се нарекува со најубава моја,најпрекрасна моја.Ок,да,љубов помеѓу две другарки.И јас на мојана и пишувам смс за убав ден,и кажувам ама си убава денес,кога одиме на кафе,и викам дека ми вришти со позитива и дека ја обожавам,и викам дека ја сакам,иако е лоша,ама...на фб?! Стварно?! И тоа...две кои порано ги знаевме ко проколнати непријателки?! Ма дај!
    И ќе заклучам дека созреале кога...ќе бидат хумани не ради его (до душа ... ова е веќе предизвик за целото човештво)или барем кога чесно ќе си признаваат и кога...ќе одат на Лебедово езеро затоа што сакаат,а не ради ... Црниот Лебед и при тоа нема да го пишуваат на фб.Кој снобизам човече! |( И не дека јас глумам сега тука нешто,ама карти немаше! Немаше да си ги купиш за со пари! Гратиси ги поделиле!Паричиња бе,парички! Не дека јас ќе одев,туку ова по дома бушавово,женско биќе кое ме роди сакаше да ми се коџоперчи (добро,не,си прати жената стварно,у крв и е,се сеќавам кога го одвлечка татко ми на опера,се штрекал човекот).Истиот тој кич како кога сите отидоа на Шехерезада.Ја гледате поврзаноста,а?!А?! :wasntme:
    Е истата оваа,расипничка да не речам,се изнасмеа кога Радован го нареков Лепорело(препознај ме,те молам!сакам!) ... и викам,абе лик од опера,ахахахахаха,на опера сте биле?! Како можете тоа да го слушате хахахахаха?! А да не речам,ама ќе речам, се бави со музика,е*ате простата!
    И сите к*ропецачки,да ве известам у случај да не знаете,со време да ги соберете картите,околу Нова година Оревокршачка е на репертоар,речиси без исклучок.Па ве молам,немојте да испуштите да се иск*ропецате! Јас ќе одам на Рајмонда за да ве избегнам!
    Ете зошто карите за Скопје џез фестивал се скапи!За вакви да не одат! Пљук!
    Тоа се нервирам,што културата ни се издигнува на снобизам,на ниво на задолжителност со цел да бидеш прифатен! Го нема личниот отпечаток и интерес! Дај бре ако слушаш турбофолк,слушај,ми е гајле,ако те исполнува кршење чаши во кафана,крши,ама напрај го светов подобро место за живеење,а не ко поле на натпревар помеѓу комплексите. И сериозно,со целиот тој слати изглед,мислиш дека ќе ти поверувам дека ти сакаш балет?! Сериозна си?! :o
    Оф...реалност...оф...јас и некои...чудни мерила и идеали...
    Подобро биди најдобар у трубофолк културата и уживај до максимум,отколку подпросечен во други насоки.Пола ти се опрашта така бар!Искрен си! |(
     
    На Heidi, crazylady, Theodora и 12 други им се допаѓа ова.
  16. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.249
    Допаѓања:
    6.732
    Имам температура од прееска ...Па така и ми треба кога излегувам по пролетно џемперче и на мотор се возам на ова време ... И да , не мислете дека од ова ми дојде памет . :D
    Јесте дека сум жешка во фигуративна смисла , сега и главата ми е тапан :D
    Да да, од оние тапанине за на сред село што се ..
    Две лимонади без шеќер , разговор со некој што ми е на бранова должина и стивнав малку :)
    Сепак , можам да гушнам некој и коски три дена да го болат :)
    Цунки :*
     
  17. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.226
    После долго време, еве во темата Сакам да кажам каде што сеуште ми стојат најголем дел од моите мислења. А ми се чини прв пост ми е во оваа (нова) тема.

    Чувствувам дека морав да кажам нешто, неколку секунди пред да го напишам ова видов во темата Специјален Поздрав- последен пост од Сесилија. И ја отворив темата и си помислив колку ми недостигаат старите членови на форумов, или како што јас љубам да си ги викам “феминките од моето време“.

    Учев ноќва, ми се смачи. Обврските ги однесов во погрешен правец, ми се чини дека се посветив на мојата среќа повеќе отколку на се друго, а очигледно- студиите не ме прават среќа, штом не му се посветив доволно или подобро кажано- што ги трнав од преден план. Се трудам да ги вратам на свое место, на добар пат сум да успеам, барем со намери сум на добар план, резултати...- рано е! Ама ќе биде! Иако една моја професорка велеше ЌЕ е идно време од глаголот ЛАЖАМ, верувам во себе дека овој пат НЕ ЛАЖАМ!

    Се е добро, се тече во убава насока, мирно е, полно со љубов... Нека остане така, не барам многу.
    Она што ми фали, ќе фали секогаш, она што е празно, ќе остане такво. Но силата во мене- постои!
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    СДК дека имаме најнов член на фемина стар неколку саати :) .. Божица1980 е новата мамичка на форумов. :inlove:
     
    На Theodora, Miss-Independent, Monna.Monna и 14 други им се допаѓа ова.
  19. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    СДК ме напнаа татко ми и мајка ми :doh:
     
  20. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    со господ напред утре да си го положам колоквиумот
    сдк2 добра ноќ на сите
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.