[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Ти благодарам злато мое за прекрасната нова година!!! хехех ова ни е 3-та нова година да ја чекаме заедно во друштво, сменето е тоа што сега сме си заедно во врска!!!!
    Ти благодараммм за црвената ружа :f: , аххх какоооо да не заплачаммммм, среќкооо мојааааа... го добив она што за мене вреди цело богатство...а е само еден црвен цвет, цвет кој го посакував повеќе од се, а никогаш и од никого не го добив (само од тебе :l: ).
    Ти благодарам што цело време беше со мене, ме мазеше, пазеше......
    Ти благодарам што кога се разбудив не си ме испуштил од прегратка, цврсто ме имаше гушнатоо....
    Ти благодарам што си со мене, што ме сакаш и почитуваш!!!
    Ти благодарам за СЕ!!!!....- Знај дупло враќам, така да не верувам дека некој повеќе те сака од менееее!!!!!!!!!
    ТЕ САКАММММ :inlove:
    :*
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
  3. Dayse

    Dayse Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Овие празнициве мене некако ми исполнија со среќа радост и задоволство :) .
    Уживам во нив иако баш и зимава не ја сакам многу..

    А сега одам јас да се подготвувам :makeup: .. ќе биде добра забавата вечерва

    Аааа и си ветувам оваа година нема само да ви ги читам постовите туку и дека активно ке учествувам и јас заедно со вас :*
     
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.278
    Допаѓања:
    6.772
    Aх, каков ден ...
    Абе цел ден не се одделив од книгата. Од кога станав па се досега си читам слободна литература .
    Ги обожавам овие денови кога немам обврски освен да си сварам зелен чај и на мир да си читам , да си гледам фил,мови.
    Имам плускавци на нозете како резултат на новите чевли што ич не ми се погодија , ги однесов и на проширување на чевлар и пак ништо . Само за џабе фрлени парите, чевлите исти си останаа тесни .

    Па што , не сум јас крива што носам број 41 :$

    Нигде нема како дома , нема кај да се оди , а и надвор е ладно ! :)
     
    На ViktorijaMari, crazylady и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    СДК дека ми се допаѓа овој период од годината, најверојатно поради Божиќ, каде се исполнува со некаква атмосфера која на позитивен начин ги тера луѓето да барем од малку заборават на проблемите и ги исполнува со мир,хармонија,љубов, а е всушност време кога си се посветуваат на себе си, најблиските и луѓето кои ги сакаат :) Би требало тоа така и да продолжи цела година, арно ама тоа кратко трае и повторно човек се враќа на старата позиција - проблеми, дисхармонија итн.Човекот се може да направи, само ако сака :)

    Ах музиката како влијае на човекот,чудна работа :D
     
    На glow, eli25, zhap4e и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Пројде и викенд, еве уште малце и понеделников, а мене уште ми стојат книгите во ранец, од петокот. (сигурна сум дека не сум единствена)
    Ако, ќе ги терам така до 20ти здравје Боже.


    ___ ______ и уште 47 пријатели ги променија фотографиите на нивните профили.
    Ееее, ова само за нова година, и во лето се случува..
     
  7. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    Јас се вратив :rofl: можеби некој не ни забележа дека ме нема :D

    Сакам на сите да ви ја честитам новата година, бидете исполнети со љубов, делете насмевки, подарете некому топла прегратка, ислушајте пред да осудите некого, бидете трпеливи, среќни, весели и заљубени. Секако не заборавајте дека први јануари не треба да е денот за вашите промени, секој ден можеме да свртиме нов лист и да почнеме одново..

    Ми фалевте :hug:
     
    На maca99, Adi888, Serafima и 7 други им се допаѓа ова.
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Кога ќе ви речат да го спуштете пиштолот, дека се ќе се среди, нема да ве пријават и се ќе биде како што сакате, ве лажат! Откако ќе го спуштите ќе ве пикнат в затвор или ќе ве убијат.

    Ова може и да не биде пиштол туку нешто друго, ама како и да е, точно е :toivo:
     
    На ViktorijaMari и zhap4e им се допаѓа ова.
  9. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Цугопол каква игра, не ми се верува...
    [​IMG]
    Не стигаш до втор круг, се правиш дрво.
    Совршена за друштво и за празници. Ние, друштво, во Крушево, загревање пред излегување...
    Пиење и смеење.
    Ама и многу солидарна игра, комшијата од десно пие 3 чашки, кафана-сите пијат по една чашка.. За секого има алкохол..
    И негде при крајот, "на врв брдо, врба мрда" да го кажеш три пати, ако го згрешиш, на екс 5 текили... Па нормално ќе го згрешиш...
    Кој прв трепне, пие, сите женски пијат, сите машки пијат... Уфф..

    Кој не може да пие, може како мене статистика да води на чашки... (а во меѓу време чаша црвено вино да си "цуга") И јас така од солидарност.. :)
    А потоа, по удолниците во Крушево, богами и тешко се симнавме.. :lol:
    Совршено поминат викенд.
     
    На LilBaby, Smilly, Go-Girl и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    ^Ќути цел месец ја играме.
    Охохоооо.... :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    :dance: :dance: :dance: :party: :party: :party:
     
    На TheCandy880 и drugarka им се допаѓа ова.
  11. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    ^^
    Луѓе дајте ставите слика од Цугопол со поголема резолуција :D

    Е најдов
    [​IMG]
     
    На crazylady, Shelea, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  12. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    5.147
    Ништо не ми е важно освен што знам дека сум жива, здрава и безбедна моментално...
     
    На ViktorijaMari, Annie.mk1 и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Посакувам годинава помалку турски, индиски и шпански серии. Оти преку таквоТО ми се. Не си го пополнуваат луѓето времето со нив, туку си го трошат на нив, наместо на попаметни работи.
    Посакувам што помалку споменици да бидат поставени во главниов ни град, на плоштадот ни наш. Оти немаме простор да се разминеме.
    Посакувам што помалку да не д*пат регулаторниве комисии и да не бричат со тие поскапувања на нафтата, на струјата, на водата и прехрамбените производи.
    Посакувам владата помалку да се фали, а повеќе да отвара нови компании, зашто младиве плачат за работа, плачат!
    А и владава не е лошо да даде некој ваучер, навреме стипендии, некоја поволност за младите, не живеат само пензионери во државава колку за информација.
    Посакувам помалку катни гаражи и помалку зонски паркирања, помалку коли во градско подрачје и проект за трамвај, само ние го немаме ебаго.
    Посакувам да не ме окружуваат дволични, љубоморни и луѓе кои се би погазиле за свој минималистички успех.
    Посакувам да љубам со него во Тоскана, пиејки вино домашно и шетајки се за рака фатени низ малите гратчиња и селца.
    Посакувам Фб веќе да не се менува. :D
    Посакувам помалку вести на интернет за Ким Кардашиан и за Сораја.
    Посакувам да го даваат Сам Дома.
    Посакувам Дедо Мраз да ме чита и воедно да му се заблагодарам за огромното пакетче под елката :)
    Не посакувам материјални подароци, не ми треба ни кола ни штикли ни фустани, тие сами ќе си дојдат ќе се искинат ќе се смалат ќе си отидат, посакувам секоја година да сме сите дома на број за бадниковата вечера и да уживаме во Божиќ. Зашто нема поубав празник. Само толку сакам и барам.
    Ах да и што повеќе животинчиња сакам, колку повеќе ги има толку повеќе ќе ми е весела куќата :wasntme:
     
    На Theodora, CoverGirl10, maca99 и 22 други им се допаѓа ова.
  14. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.259
    СДК...

    Газ жена краси, а тортата - ораси! :lol:
     
    На butterfly.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    513
    [​IMG] ми го подари дечко ми за нг :P
    btw...колку чини? :sweat:
     
  16. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Зашто не споивме, па да си бев до 9 дома, вака сега утре на работа.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Уште од сабајле една мрза сврати,
    и баш мене најде да ме фати.
    Со часови не ми дава,
    ни за миг од компјутеров кренам глава.
    Или зјапам или дремам,
    денот минал абер немам.
    Од клетата мрза пуста,
    не ставив ни залак в уста.

    Ич, ич, само малце. |(
    Моите на гости, јас сама дома, само мелам нешто, дали е до завршениот пмс јас незнам. И за инает, направив 50 стомачни, и сега иди мрдни.. Почнав на еден крај, со нозете до ѕид, завршив на друг крај, со главата во ѕид. :fubar:
     
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.161
    Допаѓања:
    124.571
    Ех мајка....една и единствена...како растеме полека го откриваме значењето на тој збор.Со тек на време навистина е еден,единствен,скапоцен,посебен.....
    Денес не ми беше добро.Имав температура,грозница,страшно беше.....Свеки само погледна од врата и рече -ееее,ајде ништо не е......па си реков ах колку ми фали мама со топол бакнеж во чело,чајче и супа да бдее над мене цела ноќ........


    Мамо најмногу те сакам :l:
     
    На maca99, kate21, Go-Girl и 10 други им се допаѓа ова.
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ако постои совршена иронија, тоа би било на Бадник да ми се падне паричката.
    Ми тргна уште во првите 24 часа од новата година, па со конци на раката, благо истрауматизирана, еве ме денес дома. Колку што си поминав убаво за дочекот, толку солзи имаше следниот ден, правопропорционално.
    Ако требало вака да ми тргне, подобро е да се остварат предвидувањата за крај на светот.

    Дома ме чекаа сарми.
    Мачорот ми легна во скут, без да испушти глас. Три дена спиел на моите пижами.
    Ме чекаше големо пакетче под елката. Не сум добила пакетче 4 години уназад.
    Јас, скоро ќе заплачев од среќа. Не знам дали некогаш сум била посреќна што сум дома.
    Сакам да останам тука, да не излезам до крајот на годината и да не го осетам малерот што очигледно ми го фрлил меракот.
    А сега одам да легнам во кревет, да присоберам и пребројам впечатоци, а и да се одморам за утрешната преврска, уште едно трауматично искуство I guess.

    Епа среќна нека е феминки. И љубовна.
    Затоа што кога everything goes wrong, only love can save you.
     
    На kate21, JuLleE, Bright и 5 други им се допаѓа ова.
  20. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    ПРКНАВ!!!! ^_^ т.е ослабев малце де
    btw:Се вратив одсега попоќе че ме читате :mm:
    ..
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.