[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Беше тоа прекрасна ноќ.

    Во подрумот на осамен ресторан, под светлината на свеќите, арома на прекрасно вино испаруваше низ затемнетата просторија. Покрај каминот, танцував со маж елегантно облечен. Се топев во неговите прегратки, тонев во мирисот на секси парфем. Ми подари и ружа, црвена.

    Толку е романтичен на моменти, можам само да сум благодарна што е мој.

    Сериозно кој маж и купува на жена си новогодишно пакетче со 30 чоколада ? Ако истата и онака има 30 килограми плус ? :D
    ******************
    Настрана од интимната романтика, големо е разочарувањето од дочекот на новата година ако си нормален млад пијан човек. И ја сакаш Нова Година само заради огнометите. Мислев дека некој запалил прдеж па има искри :!: Слично на прскалици под напон, само огномет не беше. Нема ни каде да ја славиш, дома ако си обавезно гледаш новогодишна програма на телевизија снимена пред два месеци и зјапаш низ прозор на полноќ, со неутрално расположение. Во случај да одлучиш да си го скратиш животот и агонијата од присуството на таквите настани, оди во кафана како сиот неормален свет, облечи се во сатен и слични стреч светкави материјали. Таквото доживување е радиоактивно за психата. Трауматично.
     
    На lunicka, SexiLy, Antoninaaa и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.298
    Допаѓања:
    92.028
    Пол:
    Женски
    Среќна нека ви е новата година на сите ! (се вратив јас )
    На сите ви посакувам само убавини да ве следат нека 2014 биде вашата среќна година ,посакувам сите да бидете успешни ,среќни задоволни,заљубени,насмеани,здрави ... нека оваа година ви биде бериќетна на сите ,останете позитивни секогаш верувајте нема поубаво нешто од позитивните мисли :)

    Да ви се пофалам дека уживав деновиве ,да уживав максимално ах дајбоже целата година да ми биде така убава како што ми започна :lol:
    Самата на себе си посакав барем дел од моите сонови да станат реалност (не барам многу задоволна сум и со малку,само да биде како што сакам ) се надевам дека ќе биде така а ако некоја желба почне да се остварува тогаш ќе ви кажам ,сега нека бидат мои мали тајни :lol:
     
    На Someonespecial, iloveyou29 и Barbie20 им се допаѓа ова.
  3. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Среќна нова година на сите.Многу здравје,среќа,љубов...Се што не ви успеало во претходната година,да ви се оствари во новата.Сите желби да ви се исполнат и се најубаво :* :inlove:
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Ох бе луѓенца :(
    Немате претстава колку многу се каам за една работа, ама стварно многу се каам, значи секоја вечер пред да си легнам се сеќавам на таа работа и многу ми е мака :doh:
    Иако пред 2 години се случи, мене уште ми е тешко :| Да знаев дека во текот на овие две години ќе се сменат работите, имаше да се согласам ;(
    Знаете, морав да бирам или едното или другото, ама многу ми е мака, ептен значи :(
    Сакам да се извинам на личноста, ама немам лице тоа да го направам :(
     
    На Barbie20, SparkyAngel, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    На Giovanna, richgirl998, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  6. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    сдк... Јас навистина преубаво се чувствувам,сфатив дека сум навистина среќна личност. :D
    Го сакам мојот супермен најмногу на целиот свет,сакам вечно да живееме вака,среќни,млади,убави. :)
    Моментално си седам,си слушам песни и размислувам за убави нешта.Ви посакувам на сите да бидете многу среќни. :*
     
    На Nausicaa и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  7. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Празно се чувствувам во последно време... Еве конечно да си признаам сама на себе. Ќе го искористам ова за да си искажам многу работи.
    Велат старата година си замина, а новата туку што пристигна... Јас дури сега се свестив дека сме 2014. Некако еуфоријата исчезна до тој степен да јас и всушност не бев свесна дека славам, туку мислев дека ми е стандард викенд. Ете така се осеќав. И така и си поминав, за инает на сите, си поминав убаво, пиев и играв цела вечер. Со најдобрата другарка. Затоа што сме исти, а различни. Носиме исти товари, исто им се пркосиме на проблемите, исто сме среќни од инает и уживаме, исто сме инаетливи, исто грабаме од животот колку можеме, а сепак сме различни.
    И вчера цел ден одвај се освестив и одвај си стапнав на нозете од што ме болеа од играње. Ама вреди и тој мамурлак и таа болка. Затоа што во тие ноќни часови уживам, заборавам на се` она што ме мачи. И посакувам да бидам ноќна птица и да живеам само во вечерните часови.

    А што научив во 2013та? Па... Научив доста, ама имам уште премногу.
    Научив дека не знам и не умеам да бидам лицемерна. Навистина. Многу ми е тешко да се улизувам, делам комплименти, дури и да речам едно "Здраво" на личност која не ми е мила. Едноставно не знам како, и не можам да си го дозволам тоа. Тешко ми е. А само да знаете колку тоа лошо ми се одразува на се`. Затоа што луѓето велат дека сум сурова, инаетлива, лоша. А не сум, дури и предобра сум додека не го искористат тоа. Потоа станувам ладнокрвна. Едноставно го потрошувам она доброто во мене кон таа личност и не гледам причина да глумам дека ја сакам. Затоа што не знам да глумам. Јас не го поднесувам она однесување, час те сака и е добар со тебе, час те мрази и ја истура нервозата врз тебе. Не го поднесувам ни она озборување. Не го поднесувам ниту извисувањето, ниту нечесноста, ниту себичноста... Не поднесувам ништо од тоа, ете затоа ми е толку тешко да простувам. А сепак простувам и наивна сум и милион пати ме повредуваат додека конечно не сфатам дека треба да ставам крај. И тогаш јас за нив станувам онаа ладнокрвната, суровата... А зошто никој не се сети да ме нарече онаа добрата, милата кога душата си ја давав да ги усреќам?
    Затоа што луѓето се плитки...

    Научив и како е да се љуби, изгуби, тагува и повторно да ми се врати... Научив, но се` беше пребрзо. Тој не ми дозволи да ја почувствувам магијата да бидеш сакана. Тој ми дозволи да почувствувам само како е да сакаш некој, да се тресеш кога ќе те бакне, да копнееш да го видиш иако само што си се вратила од излегување со него. А си отиде пребрзо. Плачев, затоа што се` беше премалку. Ми недостигаше. Па потоа се чувствував подобро. Поминаа неколку дена и повторно плачев. Без престан. Половина ден. И така уште неколку пати. Преболев, продолжив. И тој се врати. Само што сега само имав потреба јас него да го повредам. Мене ми беше сеедно. Но, не го повредив.

    Научив и на кои луѓе сум им битна и се би направиле за мене. Бројот на таквите луѓе можам да го сведам на 4-5... Иако на моменти помислувам дека е 0.

    Брат ми си замина во странство. Бевме во лоши односи кога си отиде. Заради тоа ми е многу криво, затоа што не беше само негова вина, туку и моја. Знам дека е успешен и дека ќе се пробие таму... Криво ми е што никогаш не сфати каква сум всушност. Многу сакав да имавме повеќе моменти каде што сме се согласувале, посакував заедно да одиме на журки, по кафиња, да шетаме, да ме научи да возам кола, да ми дава совети за дечко, да ме брани... Но, секогаш остававме за утре. Тоа "утре" никогаш не пристигна... И сега што? Тој продолжи со животот таму, прашање е кога воопшто ќе го видам повторно. Ми фали премногу да си имам братче до себе... Сакајте ги најмилите околу вас луѓе, не допуштајте да ве понесе гордоста. Никогаш не го дозволувајте тоа...

    Чувствувам како ми треба мир и спокојност. Ужасно многу ми треба! Ми треба нешто што ќе ме исполни, ми треба љубов. Посакувам да љубам до бесконечност и да ми биде возвратено. Затоа што само тогаш сум исполнета и безгрижна. Посакувам личност до мене на која несебично ќе и пружам љубов, внимание, грижа, а себично ќе ја грабам неговата само за мене.
    Ми треба чувство што ќе умее да ме врати од мртвите и повторно ќе живеам. Ми треба инспирација. Ми треба енергија. Ми треба тој некој што ќе ме научи како да бидам среќна и да се радувам и ќе ми го обои светот во светли бои.

    Затоа што вака сум празна и сива...
     
    На julie77 и Barbie20 им се допаѓа ова.
  8. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Ретко се случува да имам претчувство во врска со нешто...ама ко ќе имам стварно е лошо :/
    Така беше и на 31ви декември...најлуда ноќ во годината?
    Зависи во која смисла и за кого како...
    Цел ден чувствував дека нешто лошо ќе се случи и дури не сакав да заминам во ресторан за да славам нова година. И утрото кога си дојдов дома разбрав дека за една секунда целиот мој живот повеќе ќе немаше смисла. Ќе го изгубев моето семејство во лоша несреќа. Само Господ ги чувал и благодарна сум за тоа. И да - верувам во Господ и не ми е срам да го кажам тоа.

    Среќна Нова. Нека вашите најблиски бидат секогаш со вас и ви посакувам здравје пред се. Ништо во животот нема смисла ако немате здравје :*
     
    На hermosa, Adi888, Daydream и 5 други им се допаѓа ова.
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Ние сме само луѓе на планетава. За некои не вредиме, не смезлатни сонца, но сепак сме мал дел од животот на сите. Затоа несе обидувај да станеш се за секој, туку обиди се да станеш нештоза некој.
     
  10. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Ете, помина и таа фамозна новогодишна ноќ. Учев еден час пред да почнам да се спремам, учев вчера попладнето. Ќе учам за Бадник и за Божиќ. Ете, толку добро и тактички ми се распоредени колоквиумите. И да сакам, новогодишната еуфорија не може да ме фати.

    Ова беше еден од подобрите дочеци што сум го имала досега. Без помпа, шљокици, и високи потпетици. Опуштено рок бендче, многу играње, и малку алкохол. Без инциденти, но и без нешто спектакуларно - златна средина.

    2013та ја пуштив многу лесно. Не верувам дека 13 е баксузен број, но годинава ми беше со еден збор - просечна. Направив неколку работи за првпат, што ми е целта секоја година, но не минев секогаш најдобро. Не секогаш ги носев вистинските одлуки, спонтаноста и импровизирањето не ме извлекоа од сите незгодни ситуации годинава, за разлика од претходните две. Затоа почнав да планирам, да правам to-do листи, да штедам пари, да размислувам за подалечната иднина. И не чекав да дојде 1ви за да почнам со тоа. Не знам зошто луѓево чекаат нова година за да станат нови луѓе, промените стартуваат кога ти ќе одлучиш, не ти треба нова година за нова промена. Но такви сме луѓево, слабаци, ни треба некој поттик за нов почеток, ни треба некој датум, нов лист од календарот. А јануарите се најтешки за нови почетоци, нешто како понеделниците...

    Среќна Нова Феминки, јас вака, како последна :D Правете повеќе работи за првпат годинава, а оние што ги правите повеќепати, правете ги како секојпат да ви е последен :) Почнувајте одново секој ден, и ако не ви успее, повторно почнете одново наредниот. Никогаш не губете надеж, и обидете се да гледате позитивно на работите и да бидете поентузијастички.

    [​IMG]

    Мала шала :D Имајте незаборавна 2014та!
     
    На SparkyAngel, Doozy, Giovanna и 6 други им се допаѓа ова.
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Не можам да заспијам.

    Ми се мотаат тешки филмови во мозочево.
    Трчаат педерите Купидон и Диониз. Љубов или хедонизам - и двајцата носат непромисленост. И си решаваат што и како. Тие решаваат за мене!!!

    Од сите фантазии и скришни желби токму ризичната ми се оствари.

    :doh: и тоа на 2 јануари боговиве сакаат да ми порачаат дека цела година ќе ми биде ваква?
     
  12. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите! :hug:
    Денес се чуствувам среќна без никаква причина.Го гледав Legally Blonde и се изнасмеав уште рано сабајле.Еве ќе си поуживам уште малку и ќе одам да јадам. :D Во план сум да си купам некои книгички за релаксација ама ќе видам што ќе направам.
    Ве поздравувам и имајте убав ден! :*
    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=nlcIKh6sBtc
     
    На richgirl998, Someonespecial и Mahidevranfan им се допаѓа ова.
  13. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    6.722
    Пол:
    Женски
    Како ми тргна годинава, ако продолжи вака ќе биде милина. :) ;)
     
  14. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    дека ти Билјано си многу глупо створење!
     
  15. Ivy18

    Ivy18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    76
    Полека но сигурно се исполнува мојата желба , пресреќна сум денеска добив повик кој многу ми значеше. :D :rofl: :rofl: :clap:
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Каква само глупост ми се случи минатата вечер... :D Излегов од памет...
    Како и секоја вечер, си легнав. Не ми се спиеше баш многу, па почнав да разгледувам наоколу... После неколку секунди забележав едно светло што трепка во две бои на горниот ѕид. Воопшто немав идеја што може да биде тоа. Ја повикав мајка ми. Таа прво не ми веруваше, но откако трепкалото почна повторно да свети, го смени мислењето. Го повикавме и татко ми. Тој помисли дека можеби светлото доаѓа од надвор, па ја спуштивме ролетната. Но, трепкалото и понатаму си работеше. Погледнавме горе, на врвот од шкафот и...една од тие топките полни со вода кои светкаат кога ќе ги треснеш од земја беше таму. Од некоја причина почнала да свети без да биде тресната од земја. :D
     
    На Mahidevranfan му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Да можеше да комуницираме со мислите, а не зборовите, светот би бил поубав. Немаше да има дволичност, секој ќе го кажуваше тоа што навистина го мисли и секој ќе се сакаше, без разлика кој е и каков е. Секој ќе го имаше секого за помош и немаше да има кражби. Дискриминацијата ќе беше отфрлена од мислите не луѓето.
     
    На Someonespecial, vinozito1 и Mahidevranfan им се допаѓа ова.
  18. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    QueenElena, нешто слично како што ми се случи за нова година :rofl:
    Ни се приспа, па една другарка стана да ја исклучи музиката и светлото, а пак на друга другарка и се припи вода. И ајде отиде да ја земе чашата и да си наполни вода. На вратата од ходникот видела некој човек. Со трчаници и викање дојде во собата, и ни кажа што имало во ходникот. Планиравме да ја викнеме мајка и на другарката која бевме кај нејзе, ама да не ја будиме за глупости во сред ноќ, оти ќе се испаничи за ништо :D ( уште од тогаш знаевме дека нема ништо, бидејќи нема кој да влезе :lol: ) Една зема чаша за мавање, јас го земав телефонот и ја уклучив светилката (то блицот нели :P ), трета земала едно стапче за мавање што ни беше при рака. Одиме во ходник, нема ништо, си се вартивме назад и му ја мислиме што може да биде тоа. После долго мислење свативме дека тоа било само сенката на другарката бидејќи позади неа имаше сијалица упалена, сенката ја видела на вратата и од тоа се уплашила :D
    -И дојдовме до заклучок дека тоа е само една гоолема фантазија :angel:
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  19. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    32.482
    Пол:
    Женски
    Многу мразам луѓе на кои им треба цела вечност за да се договорат за една обична работа. Па планираат со денови, како би било, што би било и неможат да се одлучат мислејќи дека е којзнае каква работа. Јас ја сакам спонтаноста во луѓето, одлучноста. Значи го правиме тоа и крај, нема мислење и двоумење. Најдобрите работи се случуваат спонтано. иф ју ноу ват ај мин ;)
     
    На Barbie20, Daydream, richgirl998 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    660
    Пред празников ме држеше негативното расположение. :devil:
    Некои ми е исмејуваа оти е така а други само правеа шеги.За моја среќа тоа помина одлично.Самата 2014 година беше неверојатно добра.
    На 31-ви бев на шопинг со моите најдобри другарки.Пијавме кафе во тренд во сити мол. И сите куувавме подароци.Ми се допаѓа тоа.И колку да бев не расположена тие денови, ми се допаѓа насмевките на луѓето низ тговските, брзите чекори и отчукувањето на стреките на часовниците што дава знак да побрзаме.Купив и подарок за него :inlove: две другарки немаа дечко па за себе си купаа додека останатите си купуваа за дечковците.Забавно е.Си појдов дома.Изморена.Мирисот на лимон од прашакот а перње и кој идеше од алиштата свежо испрани беше причина за насмвка.Пијав кафе и си правев ручек малку.Потоа...се капев и најлудата ноќ.Во дискотека. Добро беше.Во утринските часови се вратив со подарокот од дечко ми. Др. Вчера бев ај него на торта.Вкусна беше. И што да кажам друго....го сакам сјајот на неговите очи...се топам како сладолед штом ме поглднеш, те сакам :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.