[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Значи колку само може некоја личност да предизвика турбуленции во стомак...
    И после една година,и после само една средба случајна во таа година,сосема небитна,придонесе да се разгоре пламен од минатото.Некоја страст,неопислива.Некое чувство на недостиг од нешто,некои слики од минатото,моменти,средби,спомени..
    Му дадов на времето време,но залудно..
    Го видов,го видов него..Се држеа за рака.Навидум оставаат впечаток на среќно заљубени.
    Но не е така.Знам.И не зборувам од љубомора!
    Се стресев.Ми се вкочанија нозете.А знаев дека не треба да го видам,ни да ме виде.
    *
    Ја надминав вкочаненоста,и побегнав.Побегнав поради себе,а не поради тебе.
    Ми недостигаш сеуште,знаеш.Проклето недостигаш.Сеуште боли,како и првиот ден.
    Но молкум ја поднесувам болката.Молчам и поднесувам,зашто некои работи треба да останаат закопани длабоко во душата...
    ...и за нив не треба да се говори... :(
     
    На SparkyAngel, Umbrella22, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Жива вистина!
    И во буквална, ама и во преносна смисла :!:

    Јас се вратив жива, здрава, наспана и најадена, тенк ју вери мач!
    Овојпат си ја потврдив тезата на братучед ми - од дешавките кога нешто тргнало наопаку, испаѓаат најинтересните приказни за паметење и раскажување :D

    Туку, не можам да си се замислам покрај човек што не сака животни, особено кучиња.
    Најдовме една залутана лабрадорка на планина, која беше прегладнета и многу слаба. Без размислување одвоивме повеќе од третина од храната за да ѝ ја вратиме силата. Ни правеше друштво изминатава недела, па на шала ја крстивме Милева - затоа што раскажала на цела планина дека убаво ја храниме и веќе следниот ден ни дојде со уште два турски кангали :lol: Воспитани да не приоѓаат на непознати луѓе, ама во знак на благодарност, не чуваа цело време и не мрднаа од пред врата. Поблагодарни суштества од кучињата, не постојат!
     
    На bittersweet, ines.h, L-enna и 29 други им се допаѓа ова.
  3. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Се материјално се купува, карактер не! Тој се гради ;)
     
    На Dog-lover, Ketrin.Moon, EMoonlight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    За овој период единствено што можам да кажам е дека човек може да си ги покачи килограмите, ништо друго покрај толку храна, покрај толку солено, благо, кисело, луто... :D
    Нашиот начин на празнување :lol:
    Само да има некој нерви да слуша кога ќе се жалиме од нашата дебелина, само да има некој да ти каже ооо земјо дембелијо треба да почнеш да вежбаш, без разлика на временските услови. :sweat:
    Тогаш за тогаш, сега за сега. :)
    Среќни (преполни со храна) празници :D (food is everywhere) опсесија ќе го наречам. :D
    И после се изгледа постов го посветив на храната. Простете ми, сигурно со некоја од вас ја делам истата опсесија, истата мисла дека од утре ќе се почне со диета, само кое утре е тоа?

    Ми недостигавте. Ве сака Агава. :*
     
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    36.132
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае кога ќе огрее сонцето :?:
    Ми се смачи од темни облаци,магла и сијалица.Зарем и времево ни е луто нас на луѓето???Замислете ако е така колку сме себични и злобни.А не би ме изненадило и да е така.Сигурно многу сме му згрешиле што е олку мрачно.И како да не ни е доволно да се навредуваме и повредуваме.
    Чувство на срам :?: :?: :?: А што беше тоа?Тој осет е развиен само кај повозрасните,а помладата категорија граѓани се оперирани од ова чувство,чест на исклучоците.
    Најсовршеното животно во групата на цицачите,човекот, во модерниве времиња функционира како парче пластелин.Во зависност од ситуацијата и потребите се обликува во посакуваната форма ]:)
    П.С. Само најмудрите и најглупавите не можат да се променат.
    И јас со мојата принципиелност сум out :devil:
     
  6. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Ако рајот е таму горе некаде тогаш ова тука е дефинитивно пеколот.
     
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Знам дека се веќе клише муабети, ама... постојано си носам тренерки, страв ми е да облечам фармерки, мислам дека ќе пукнат. :D Од пакетчето останаа само лути бомбончиња. :D Секој ден станувам накај пет-шест поручек. Сите гости што дојдоа, сите дојдоа сабајлечки. Никого не видов. :D Ама ако. :D

    Стигна честитката за Нова година, од ЕВН. Се сеќавате кога реков...
    Дај Боже тие што си се почастиле со моите пари за Нова година, да им дојде трипати повисока сметка за струја, месецов.
    Изгледа сама себе се колнев. :D
    Ама ако. :D
    Море како ако? Ни јас не знам што зборам.

    Инаку сакам да одам на Златно Славејче. :$
    Сакам да одам на Коледе. :$
    А и годинава нема да ми се исполни желбата, како и минатите години... нема да палат оган пред зграда. :doh: Ќе мора да одам по други згради... :doh:
     
    На iloveyou29, Hipster, Barbie20 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.144
    Допаѓања:
    111.139
    Пол:
    Женски
    Се вратив, се вратииииввв... Еве ме и мене, директно со впечатоци од Стамболград :rofl:

    Истанбул ко Истанбул, фантазија од град, само да не ве лажел ѓаволот да одлучите со Хисар да го обиколите ;) Нула од агенција и организација, да си знаете ;) Троа фатена од страшна алергија, одвај се дише.

    Успеав на дел од вас да ви пишам порачиња и да ве поздравам и ви се извинувам за трошните пораки, ги пишував од телефон. Ах да, нека ви е среќна годината на сите, да ве следат успеси на куп, многу убави моменти, љубов и здравје, се друго се печали ;) Па во новава година да имаме подобра Фемина, затоа што таа е наше поле на изразување :D
     
    На Serafima, Pirana, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 10 други им се допаѓа ова.
  9. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Ах бе девојки да не сте вие и вашите смешни мислења овие денови на лицево не ќе се појавеше насмевка. :worried: Фала ви :*
     
  10. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Мислам дека треба да се прекине со ваквите мисли. :*
     
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Со будала човек,стварно нема разбирачка!
     
    На iloveyou29, Umbrella22, Marossa и 3 други им се допаѓа ова.
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Потикнат од еден разговор со една пријателка морам ова да го кажам
    Не барам убавина која би ме завела,тука барам душа која би ме сакала.
     
    На poenta, Hipster и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    Тотално!
     
  14. M.Alan

    M.Alan Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    163
    СДК.. Почеток на една нова година каде секој од нас посакува и планира да почне нешто во животот, да промени нешто, да се подобро во нешто. Јас решив конечно да ја почнам мојата книга, долго планирана, забележувана, да ги спојам во едно сите запишани мисли, моменти, средби.. Да ги опишам на хартија сите емоции, силни, љубовни, среќни, тажни.. Се што може со збор да се објасни - се да внесам во едно дело!

    Мојот прв пост во СДК, се надевам ќе имам уште многу.
    Останете ми добри!
    Малан.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.271
    Допаѓања:
    67.876
    Пол:
    Женски
    Го навлеков маж ми на серии, камо да можев да го навлечам на читање.
    [​IMG] ^_^
    Од секогаш сакав маж што ќе ја дели љубовта кон читањето, ама човек не може да има се што ќе посака.
    Наместо тоа добив маж што ме сака повеќе од себе. Е па, дај шта даш. :rofl:

    Ми вика дека ние жените сме мислеле секогаш на најлошото и сме очекувале најлошото можно сценарио да се оствари. Ама ако не го очекуваш најлошото како ќе бидеш подготвен ако те стигне?
    Па секогаш кога човек е заслепен и мисли дека ништо не може да се случи го задесува нешто.
    Пример, одиш на лекар зашто те болел стомак и си викаш не е ништо сериозно. Нели, не помислуваш на најлошото. И ти вика ќе умреш за два месеци.
    А вака, одиш спремен да ти рече дека ќе умреш за два месеци, а ти вика имаш некоја бактерија, ништо сериозно.
    Знам бизарно звучи, а и не знам кој како ме разбира, ама ете, сакав да си кажам. Пошто он никако да ме разбере.
     
    На Giovanna, Sexybaby86, sweet-cherry и 18 други им се допаѓа ова.
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.297
    Допаѓања:
    92.028
    Пол:
    Женски
    Мразам кога ќе видам жаба пред мене :puke:
    Колку неубаво чуство ми е одма ми се гади ... аууф катастрофа ! :|
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Вратија се Шиме и донија фришку рибу :D
    Лажам де лажам, што можам јас да довлечкам од туѓина, освен уште еден нов тон крпчиња и по некое неизбежно козметичко чудо, кое као го нема кај нас, али го има, али не на попуст беше.

    Туку ја знаете она поговоркана - sto juznije to tuznije?
    Тој кој ја измислил никад не бил на свер изгледа, па макар и тој север да е на само на крај на балкан.
    Ех, ништо боље него дома, си идеме денес накај дома и за миг си помислив така, најискрено. Сакам јас среденост и дисциплина и се, ама сакам топлина, сакам бре искрени насмевки и срдечни луѓе.

    Убаво беше за промена, многу убаво, ама за стално искрено не би, не би можеле да живеам во нешто толку ладно во секоја смисла на зборот.
    Убава е Љубљана, далеку помала од Скопје, но пак далеку помирна, почиста и посредена.
    Многу беше божиќно-новогодишно расположена, накитена, наџиџена, што ми беше мерак да шетам низ улици по цел ден. Но и затоа и испомрзнавме за сите пари.
    Ај барем видов како е да се слави нова година на плоштад, да има место за седење во сите кафичи во 1 саат по полноќ на 1ви а и претходно и да биде тотално опуштено.
    Секое ново искуство е добредојдено.
    Иаку не може да помине ни едно нешто кај мене без марфи, ми се расипа табелтот на пола престој, нит интернет видов, плус сите серии ми се избришаа, замислете колку депресивно се осеќав на испраќање на старата година.
    Па така во новата си посакувам повеќе среќа во технолошкиве чуда и да не ме изневеруваат повеќе, виза и малку среќа во љубовта, малку. Ништо друго не барам, ништо.

    Srecno novo leto i vesele preznike на сите!
     
    На bittersweet, anabel-a, Giovanna и 23 други им се допаѓа ова.
  18. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.436
    Единствена желба што ја имам оваа година е да почнам да одам пак на работа и да го видам него.
    Скромна сум знам. :)
     
    На LilBaby, Elennaa, Umbrella22 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Како ми почна годинава, се плашам дека до крајот нервен слом ќе доживеам.
    Пу,пу,пу :x

    Не знам дали депресивното расположение се должи на мене или на луѓево околу мене.
    Сите се намрштени, нервозни, нерасположени, се` само нешто кукаат, се расправаат...
    И да сакам да се расположам не можам.

    Искрено, им завидувам на оние кои имаат 300 проблеми, а пак си се весели и насмеани и успеваат од секоја ситуација да го извлечат најдоброто.
    Јас не можам. Од лошо, уште полошо правам.

    Мене ми останува да се надевам дека работите за брзо ќе се средат, ќе ни се подобри расположението, за и среќата да ни биде потполна.
     
    На anggell, SparkyAngel, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  20. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    34.129
    Пол:
    Женски
    Чудно е како работи срцето.Човекот може со години да живее навикнат на загубата,помирен со неа,а потоа,во еден момент на невнимателно размислување,болката ќе исплива на површината,остра и свежа,како скорашна рана.
     
    На anggell, crazylady, SparkyAngel и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.