[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    Некоја што е од Скопје и ги знае повекето места за излегување,дискотеки,нека ми пише лп да ја прашам нешто. :)
     
  2. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Боже, жени...де апелирајте таму по администрација да се воведе фондација „Ќори на форум“ и прогласете ме за основоположник!
    Денов, комедии.
    Си добив нови папучки од мајка ми, се прчев по дома, па ко му ја лизнав една, да ме видеа оние што делат оценки по натпреварине за уметничко лизгање, едногласно ќе покажеа десетки.
    Абе, грациозност една, па то вртење у круг, па како лагано се тупнав на газ, ко цел живот да имам вежбано за овој спектакуларен момент. Мајка ми, веќе навикната на моите идиотски испади, само одмавна со главата и си продолжи со работата.

    Иначе, ги кварат децана со играчкиве по чоколадниве јајциња.
    Јас, иако сум крава, им се радував до вчера, дури не ми се падна нази Спајдермен со раката во вис.
    Сега си го чувам во фиока. Сигурно си е сигурно.

    А, што се тиче „Ќори на форум“, мислам дека ми е потребен captcha да ми ги тестира видов и мозоков пред да пишам мислење, зашто на двапати се пресеков да не треснам зелени.
    Прееска читам во честиткине некој пишал „Среќен жалосна“...абе се убив читајќи го „Средно жалосна“, па дури и незгодно ми падна додека да скопчам 2 и 2 колку е. :tmi:
    Ај тоа, ами на друго место „Младината денес“ го читав ко „Мади**та денес“ и дури парче мандаринка ми падна од уста напнувајќи се да видам дали некој бил озбилен со насловот. :?:
    Ни крив, ни должен, ќе го подберев авторот.

    Не ќе е лошо да си напрскам од омилениот парфем по соба, да си пуштам сијалички и некое лесно филмче со полу-идиотска тематика за пасење мозок.
     
    На anabel-a, Sexybaby86, M.Alan и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Сабота навечер.
    Како да не му припаѓам на градов.
    Ниту тој мене.А толку е мој, толку сум негова.

    ***
    3 часот науро.
    Прегласна музика,некои стари добри рефрени пеени од грла низ кои минал алкохол.Уморно гледам во својата пијачка,која повеќе ми личи на сок.Во најмрачниот дел од клубот,јас во црно фустанче за кое се покајав што го ставив на себе, кое така лесно ја издаваше слабоста на моето тело.Требаше црвено.Или можеби ...Жедна за одговори ја следам ноќта.А минува .Секогаш минува.На екранот она мало писменце,желба за погледи и неколку разменети допири кои секогаш се паметат,кои така лесно ти ја жигосуваат кожата.Набрзина ја земам мојата црвена наметка, и молкум го напуштам кругот.
    Косата ми е разлетана,се обидувам ја и дадам облик,неважно,чуден е градот во 3 наутро магла,темина, студ грев.

    Покрај тротоарот ,под местото од каде доаѓаат и заминуваат безброј возови.Некаде под светлата над градот кои не се доволно силни за да му се спротивстават на мракот, застанува такси,некои моменти скапо се плаќаат ,можеби нешто умре во нас таа вечер,не треба а секогаш доаѓаш,оставаш дел ,заминуваш доаѓаш,денови од годината, а тој ист како и секогаш појава која прави да сонуваш,проклето убав,непромислено му дозволувам да ги обвие рацете околу мене.Кратки допири а потоа бегам,ме брка со погледот.Не,се уште стојам пред него,не знам дали јас му се губам во зборовите или тој во мојот поглед.Од страна изгледаме како мрачни силуети во ноќта кои си кажуваат збогум.Тој полека тоне во мене а јас мислам дека имам прејака црна сенка.Ќе се слеам со ноќта.Му ги слушам немите молби.Темнината е толку силна.Се надева ќе мине.Се надева ќе заборави се.А доаѓа секогаш доаѓа.Во градов,во кој не треба да ме бара.Грешни му се мислите.Му го гледам изразот на лицето.Очајна страст.
    Стои.Тука до мене.Остава да му ги испишам буквите од моето име.Го молам да избега далеку од тука од овој отров.Да ги заборави сите погледи,зборови, желби,копнежи.Да дозволи дождот да измие се.Ниту трага ниту глас.Некогаш.Никогаш.
    Светот е напишан според правила.Има ли вистина?
    Среќен е.Соништа.Реалност.
    Залудно.

    ***
    Такси,на задното седиште јас...го вртам погледот.Последен пат.
    Никогаш-мисли.Никогаш-знам.
     
    На Ana.Ana.Ana, bittersweet, Mama25 и 15 други им се допаѓа ова.
  4. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Протарашкав малку низ форумов и гледам, тука се исподесиле свашта. Неисе, каде има луѓе има и проблеми. Нема врска, исто како да сум нова.
    И еве сум јас срамежливо пишувам, седната ‘турски‘ близу греалката која е уклучена на тројка со шише вода до мене и три книги - сите започнати во 2013 и недочитани. Празно си ветив дека годинава ќе ги завршувам работите кои ќе ги почнам, иако сум свесна дека го имам оној 'closure' Шелдон момент бар до половина. Но мразам да се чувствувам непродуктивно, така да ќе ги довршам. Иако муабетов паѓа во жанр хаштаг длабоко, навистина не се работи само за книги :))
    Инаку, заљубена, среќна, се уште во потрага по себеси, помеѓу фолдерите на две серии, или пренаоблечена со термос врело кафе мрзнам на некоја клупа.
    Ќе фрлам некое мислење, иако сум била таа што си признава дека едноставно немам мислење за некои работи и искрено сакам да си остане така без разлика дали се работи за некојси петар пан синдром или нешто слично.
     
    На Shelea, Sexybaby86, sweet-cherry и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.297
    Допаѓања:
    92.028
    Пол:
    Женски
    ''Добрината на човекот е пламен кој може да биде сокриен, но никогаш изгаснат...''

    Несакам да копирам и овде да ставам вакви мисли ,затоа што постои одредена тема за нив, но оваа морав овде да го напишам ! :lol: Се извинувааам за да нема забелешки од некој
     
    На Mahidevranfan и Ivy18 им се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... се сопнав! :tmi: Како стартував, добро се излажав веројатно ...

    Како продолжува Јануари ако се преживее, ќе се прераскажува ... Убаво рекле, после толку позитивна енергија мора да има празнење целосно ... Се чувствувам ко да влегов во друг свет, сив, хипокритичен, чудно безвезен ... Ме тресна месецов од земја, ох ... :|
     
    На LittlePinky, Barbie20 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  7. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Сега сфаќам зошто рекле :)
    Те сакам не се кажува, Те сакам се докажува.
     
    На bittersweet, crazylady, kala21 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629

    Зборовите немаат значење без дела.
     
    На kala21, Ivy18, Viktorijaaa5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Следуваат најубавите празници. Во овој период од годинава се чувствувам посебно. Се чувствува онаа семејна топлина. Јас уште вчера притигнав дома и пресреќна сум што уште еден Божик ќе го поминам со најблиските, што сме сите на број, здрави, живи и расположени. :)

    Како рекле стари: Кај и да си пред Божик, зад Божик, дома да си!
     
    На SparkyAngel и Barbie20 им се допаѓа ова.
  10. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    1.361
    Кетрин Мун
    Девојче незнам каква инспирација имаш за текстовите кои ги пишуваш во темава,ама мене ми причинуваш огромно задоволство додека ги читам.Браво за внимателно одбраните зборови,за начинот на раскажување,за тоа како успешно го доловуваш моментот за секоја ситуација и правиш истовремено оној кој го чита,да си направи своја визуелизација.
    Морав да го споделам моето мислење јасно и гласно,зошто заслужуваш :*
     
    На kala21, kate21, sweet-cherry и 13 други им се допаѓа ова.
  11. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Дали знаете кој прави семинарски во c++ пишете ми во лп итно ми е....
     
  12. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.629
    Пол:
    Женски
    На Youknow и EMoonlight им се допаѓа ова.
  13. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    На kala21, vitomir и April87 им се допаѓа ова.
  14. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Еј,луѓе,значи кога и да пуштам на Канал 5,секогаш баба Рада ја има.Ми иде на живци,aма онака сериозно.
    Поголем травар и од Боб Марли искочи.
     
    На Golden, kikav и cheetah.girl им се допаѓа ова.
  15. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    1.361
    Ајде брзо едно чајче сега да си свариш :rofl:
     
  16. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    123
    сдк дека приватност на фемина апсолутно не постои
    има прости личности на кои животот на другите луѓе им е поинтересен бидејки немаат свој кукавици ..понатаму нема потреба да се коментира
     
  17. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Сдк дека Вистинските вредности сеуште се зачувани, најдобро е да сме добри, чесни, искрени...
    Според тоа Зошто луѓето лажат и им е тешко да бидат искрени?
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    32.482
    Пол:
    Женски
    После 3 недели шетање, мислам дека е редно да се приберам малку дома :D Инаку по принцип сум личност која подобро би била дома со некоја книга во рака или да изгледам некој филм отколку да одам натаму наваму. Но овој период дефинитивно ми беше турбулентен во секоја смисла на зборот :)

    И баш го најдов спокојството, мирот и опет скитање :rofl: За неколку дена одам малку подалеку од нашава државичка и пак овој месец ке биде турбо. Ама ако. Да се оди некаде, да се случува нешто :D

    Инаку, и после сите јадења и благо овој период не успеав ни 200 грама да качам. Shame on me :worried:hock:
     
    На Barbie20 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.928
    Допаѓања:
    163.966
    Еве и тоа дочекав...
    Еден сељак непрокопсан стави слика од породилна сала,селфи од него со жена му, сирота изнемоштена после породување... демек станал татко. Преслатка Богородице...
    Сега може и армагедон да се деси, се видов на светов. Не знам кој го лајкна ми излезе на хоум,ама здравје да има цел живот. Уште цела фамилија во ходник ја чекале младава да се отвори, на маса со сокче... леле ќе си умрам, се смеам со солзи. :D
     
    На bittersweet, Hipster, QueenElena и 6 други им се допаѓа ова.
  20. an4ii

    an4ii Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    05.01.2014= 3 години и 5 месеци. Да ни се множат злато мое :* :* :inlove:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.