[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    За подарок не се прашува колко чини :P
    btw некаде околу 500 денари - 30мл.




    СДК..
     

    Прикачени фајлови:

    На Alesii, maca99 и Offspring им се допаѓа ова.
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    И јас бев пијана за Нова Година.
    Ама пијана од љубов...за малку на Кардиологија ќе завршев. :lol:

    Дојде и новава година,а мене ме пука тешка носталгија за старава...не сакам кога времето поминува,не сакам кога нештата се менуваат.Не сакам да пораснам,сакам да е се исто...
    Многу брзо ми минува времево,и тоа ме боли, а не знам зошто...
    Ама мора,мора да се оди напред, да се гледа позитивно...

    Како и да е, се надевам дека новава 2012 ќе биде многу среќна, за сите,и се надевам дека ќе има помалку кучиња и мачиња бездомници, исто и луѓе...тоа ми е најтажното нешто во државава...

    И вам феминки,ви ја честитам Новава 2012 година, се што сакате да ви се исполни, ама и да ви се исполни мрднете го газенцето, малку труд,малку желба и малку среќа ќе ве однесат до врвот.

    Се надевам и ќе се потрудам дека мене 2012 ќе ми биде исполнета со уште повеќе љубов.

    :hug:
     
    На Neytiri, Doozy и Magnolija им се допаѓа ова.
  3. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    СДК некој будала на Facebook ми постира песна на профил со моето име, а јас така го прифатив а не го познавам :rofl: :rofl: :rofl:
     
  4. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    СДК дека денот ми помина за час. Другарките ми беа на гости, Скопјето било пусто па малку да сменат средина :D Се играа со децата, си муабетевме, мезенце, ручече, добро винце и така. ММ одморен ми помагаше :inlove: Откако си заминаа девојките, го гледавме новиот Шерлок, од ВВС1. Децата тукушто заспаа, а и него го испратив да си легне и да се одмори бидејки од утре треба со нови сили во нови победи... Не, не го задевам вечерва :shake: Ке се потрудам и јас да си легнам поранко :?:
     
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Хех малку ме замисли оваа потрагата на Фемина по новите пет Кери Бредшо. За што ли сакаат да читаат жените во Македонија? Поголемиот дел од жените? Не, стварно ме интересира. Колумна за бившите, колумна против жените без морал, колумна за најновата мода-да не бидеш модерен, колумна за тоа колку се искомерцијализирани овие празници, колумна против технологијата која не отуѓува од вистинскиот свет, колумна за турските и индиските серии, колумна за момците како Саваш, колумна за сељаците, колумна за турбофолкерите...?

    Кога бев на едно предавање за новите претприемачи каде англичанец и американка преповедаа, една девојка постави прашање: Што ако општеството не ги прифати нашите креативни идеи?
    -Смени го општеството!- следеше исцрпниот одговот.

    it's a cruel, cruel world...

    Него сестра ми е закон бре: даде ти си императорка; сакам да ти го чукам срцето; уште од бебиња бевме мали...
    И преска слушаме пофални зборови за Киро Глигоров, лека му земја и оваа замислена со главата надоле вели: фала! Срцка таа...
     
    На Theodora, LilBaby, kate21 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    БОЖЕ, во НОВАТА ГОДИНА сите нека бидат СРЕЌНИ... но не заборавај и на МЕНЕ!
     
    На Star19, Bright, IndieGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  7. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Среќата е како пеперутка, кога се обидуваш да ја фатиш, тоа одлетува. Но, кога најмалку ја очекуваш, таа доаѓа до тебе. Тоа е убавината на животот.
     
    На angel92 и martinuska им се допаѓа ова.
  8. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Долго не сум била на форумот од различни причини. Се и сешто се случувало.
    Туку да си речам јас дека многу сум среќна. :)
     
  9. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Имаше многу моменти во 2011 кога те нервирав, лутев и пречев. Само да те информирам дека тоа планирам да го правам и во 2012 :D :D :D
     
  10. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Многу е закон кога со дечко ти играте шах и јадете чоколада утрото после нова година.

    Nerd level: Impossibu!

    Се на се океј помин, што и не е толку битно во моментов...

    Инаку, сакам да кажам дека џабе се честитките, ако минатата година била лајно, најверојатно и оваа ќе почне така...
     
    На TheCandy880, Magnolija и Trendafilka им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    ... првите две минути ми влепија бакнеж од кој ми затреперија коленцата. Претходно умот ми скрои заговор - начукај се по брза постапка! Не се лигави мори таму, пиј да те видам. Си пружив раче кон два long island ice teas, кои не ми се видоа ко ајленд, туку ко меридијан. Генот источњачки проработе во мене, а кој е од таму си знае - дека кога се пие и се лумпува, не се играат играчки.
    ... првите два часа ми донесоа паѓање на гз, ама во буквална смисла на зборот. Си треснав, додека Хуго џентлментски ме подигнуваше од земја. Потоа тресна и мојот најсакан апарат, чие опоравување не беше брзо како моето. Газ коски нема, а апаратчето очигледно е скроено од осетливи материјали. Му купивме еднонасочен билет кон заборавот. Не се врзувам за материјални нешта, но ете, ова ми го купи мајка ми за дипломирањето со последните пари што се вика. Нејсе. За арно нека е.
    ... првите два дена донесоа возбуда и неочекувани работи. Ручек со неговите родители, прв од тој тип во мојата 26 годишна кариера на постоење. Си заминав натоварена подарочиња и си реков - кој пие-зло не мисли.

    Ете, саде убавини ме снајдоа. Ем пијана, ем наградена.
     
    На Theodora, FortuneTeller.xD, caroline.costa и 21 други им се допаѓа ова.
  12. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Знаете што е најтешко денеска да се остане нормален ...

    Оуу да , да . годинава ми почна паа катастрофа ќе да е мал збор . Со љубоморни испади и пијани фаци кои се ми се О во животов . И така ќе ве поштедам што се се исподешава само ќе кажам дека искрено се надевам дека нема ваква да ми биде 2012. Доволно грди работи видов , осетив и доживеав во минатава . И за инат на тие што ми ја сјебаа вечерта ќе сторам се за да ми биде поубава од минатава
    Зашто се начукав за Новава не ми е јасно ? ! И мене се ќе ми беше рамно . Без гајле пред мене има уште добри 363 дена ќе има време за се ;) само здравје ...

    Јас ќе продолжам да се трезнам ама не од алкохол од простотијата на луѓево што на мене ја осеќам како јак парфем . Решив да ме нема и денеска и вчера мало изолација и ич не ми е гајле што била 2 , 3 или 5 вечер.Нема да можам да бидам така толерантна како на 31 не знам што може да кажам или направам не одговарам . Побезбедно за сите , и поубаво за мене , понеубаво за нив.
    Абе не се замарааам . :smoke:


    Дечки нека ви цветаат рози на секое поле и нека пукнат душманите :d: :rock:
     
  13. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    СДК си го сменив аватарот...сакам цела година да имам ваква насмевка на лицето и да ми се случуваат само убави среќни работиии :D истото ви го пожелувам и на вас :D
    Sincerely yours
    ViktorijaMari :) :*
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  14. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
  15. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк созревам онака внатрешно да не кажам емотивно. (барем така мислам )
    Гледам и сфакам што се сум имала, што имам и што сакам да имам покрај мене.

    Ме прашува пред неколку часа девојче од 16 години дали било можно женската на нејзиниот симпатија да му е "дала" па затоа тој да е со неа...Па чекај малку девојче од 16 години ова ме прашува :^)
    На 16 години ниту не мислев на "тоа" , а не па да се замарам со тоа дали некоја му дала на некој :|

    Туку не ми беше тоа целта на пишувањето, сакав да кажам ми леткаат годинките не другите што ми зборат дека ми треба некој покрај мене туку и јас го забележувам тоа. Па од старата година излегов и влегов во новата година со една мисла Дали ќе биде некој крај мене оваа година :?: и се навракам наназад и видов се што сум имала-немала и вадам поуки од тоа.

    Секое искуство мало-големо ме направило ова што сум, на моменти си се сакам ваква на моменти не, но сите сме такви. Сфатив дека сум можела да имам нешто многу убаво и вредно крај мене и сама сум го оттуркала од мене, :fubar: не се каам но не се ниту радувам што така сум постапила.
    Таа личност ме правела среќна, ме хранела со искреност, ми влегла во карактер, ме хранела емотивно и ми била потпора , а јас не сум гледала заслепена од моите замисли дека не сум доволно добра.
    Сум била во прекрасна топла прегратка како мало дете во голема прегратка кое полека учи да зборува и љуби-живее, ... е убаво си кажав Сум била.
    Топли зборови.
    Безброј разбирања и совети.

    Ама јас малечка сум била не сум разбирала, не сум умеела да препознаам дека таа личност Тој-бил ДУША која заслужува да се држи цврсто со обете раце силно,силно да не биде одземена од ветрот на животот.

    А сега .. ми останува да видам што ми носи следно ветрот на животот.
    Ако воопшто нешто носи.
    Носи, знам .... чувствувам,очекувам.

    Отворете окциња мили, отворете ги широко и гледајте ги чувствата каков ве гушкаат и ве штипкаат по телото за да сфатите што имате крај себе, да не биде касно ..потоа.
    Љубете!
     
    На crazylady и Yipman2 им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Ми фалеше другарчето мое мило, ја немав видено можеби еден месец! Се изгушкавме, се избацивме и двете се шетавме на ладното со усти на обравчињата. :D Пиев чај од шумско овошје, а таа се префрли на Бонаква, малку детоксикација од празници. Конечно да се изнамуабетам со другачката, па стварно ми фалеше. Споделување, шеринг ис керинг, ти реков, ми рече... И ги покажував пораките што ги праќав за НГ во цврцната фаза, од типот ХЕПИИИИИИИИИ нјУУУУУУУ ЈИАРРРРРРРРР!!!!! Луда глава, и на класната од средно сум и пратила порака во момент на инспирација од вино. :rofl: Ехееееее, колку работи се случиле оттогаш. Шта би ја без неа, шта би она без мене. Се разбираме меѓусебно, тоа е битното. Ама моментот на кој ми течеа солзи од смеење е кога ми викаше дека кога сум била лапната малкуцка, сум ја потсетувала на Еди Марфи од тука!!!!!! УМРЕВ од смеа, умрев!!!!!!! :rofl: :rofl: :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=x19HPoySPLI

    :rofl:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Убаво е кога ќе бидеш отсутен некое време на форумов, и ќе те дочекаат пораки и поздрави фала Ви!

    Полн џеб леблебии. Мирис на детство.. Се тркалам по снегови, посакувам желби. Шарен ми е животов. Го полнам со Љубов. Искрена порака од платонот мој која ме раздрма.. не дејствувам ќе чекам..

    Незнам, ме збунува реалноста. Ама тука е, ме шлапка по образот да ме потсети дека се случува Животов..

    Деновиве ги посветувам на моето пеперутче и на сите блиски.. прекратко е времето..
     
    На kate21, crazylady, Strumfeta93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    ПМС-ов никако да се повлече, а време му е.... ама не сака, само до фрижидер ме шета.
    СМС -от не ми функционира, ми бара некој код за подесување, а оној од контакт центар само ме шета.
    ММС...е тоа е веќе сајнсфикшн.
    Како и да е и ПМС и СМС и ММС, се се тоа стресни ситуации :(
     
  19. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Убаво е некоја Нова Година да биде утната, памет за друг пат.
    Важно добив книга, свеќички, пакетче и балонче од него. А, и да не ја заборавиме безрезервната љубов што ја фрла од коjа понекогаш бегам. Мил е, сака да ми угоди, ме сака.
    Во саботата бил кај мене да ми ја остави книгата со свеќите под елка, додека јас веќе бев на местото каде што славевме. Туку, ништо не испадна од неговото изненадување, се издаде сам. Пих.

    А денес, еве го веќе 3 јануари. Moј ден.
    Нурнувам во водите на морето кое ми спрема уште една година исполнета со падови, шлаканици од животот, смеа, радост. Уште едно скалило од кулата на моето искуство. Влегов во слатките 16.
    Мене ми почнаа кисело и покрај неговата појава пред моја куќа со торта, неговото пеење и најубавата и најсигурната прегратка. Ред ми е да ве почастам сите.
    Ајде бујрум, само толку имам да понудам. Криза је брате :D

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На kate21, teddybear, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    И кога ќе си помислам дека барем за момент се е добро, дека се е средено и конечно можам да здивнам, се појавува нешто што ме вади од колосек.
    Мислев дека тоа е нешто одамна заборавено... Но ете го, се најде баш сега, во најлошо можно време, да ми го одземе мирот.
    И колку и да сакам да не мислам на тоа, неможам. Посилно е од мене.
    Да, знам дека не треба така. Моето однесување треба да е поразлично. Или барем да глумам дека се е во ред. Но што е со чувствата? Ме издаваат баш кога не треба. Не знам до кога ќе можам да глумам дека сум од камен, и дека ништо не допира до мене. А во мене има бура...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.