[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Утрото ме разбудија малите коледарчиња кои со своите слатки гласчиња ја пееја познатата коледарска песна. Толку беа мили со нивните румени обравчиња и мали рачиња кои ја ширеа торбичката. Ми измамија искрена насмевка на лицето и ми ги вратија спомените. Колку само јас бев возбудена кога доаѓаше денешниот ден, пеевме без умор. Старците најмногу ни се радуваа и ни даваа најмногу парички, па ние тоа и го сакавме друго и не ни беше важно, абе деца. Потоа цел ден си ги броевме парите и си се радувавме. :D Денешниот ден ми минува во топла домашна атмосвера, подготвуваме со мајка ми разни јадења за вечерва и тоа. Денес е прекрасен ден.
    Имајте СРЕЌНИ И ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ. :)
     
    На Ketrin.Moon, Someonespecial, Dog-lover и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Ни коледари ни чуда ни бакрач сабајлево не ме разбуди-ло :wasntme: |-) |-) |-) |-)
     
  3. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
     

    Прикачени фајлови:

    • large.jpg
      large.jpg
      Големина на фајлот:
      6,2 KB
      Прегледи:
      409
    На Marossa, Gordana10, SweetChild и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Некој на Лајлица и пишал "најубав ракопис, жими све".
    Ме немаат видено мене како пишувам. :emo:
    Ајде среќни празници луѓенца!
    Јас си посакав да го положам испитот на 8ми. Имам позитивни вибрации!
     
    На WarriorAngel и Dog-lover им се допаѓа ова.
  5. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Живееш под кирија и паричката се паѓа во куќата! :D
     
    На Kaylie и Purrinn им се допаѓа ова.
  6. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    236
    Колку убаво ми почна утрото :sun:
    Ме разбудија коледарчињата па си гледав филм :inlove:
    А сега со мајка ми спремаме во топла и убава домашна атмосвера
    Многу ги сакам празниците :)
    Имајте убав ден , многу ве сакам :*
     
    На Dog-lover, Kaylie и Elennaa им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Знаев дека мора да постои некаде, едноставно знаев.
    Го најдов.
    Како некој да ми кажа - тоа е тоа, отиди и ќе видиш.

    Го најдов манастирчето што го сонував. Меѓу карпи, на високо, со два пата до него. Мало, белко и убаво. Чисто. Исто како во сонот. Тргнавме по убавиот пат, ме носеа, не одев јас сама. Магла, бучно, мрачно, слушаш коли како свират и луѓе како се надвикуваат, камиони, скании, и звукот вррррррр измеѓу разминувањето. И наеднаш, автомобилот не оди, премногу стрмно, премногу високо, премногу ризично. И само магла, магла, магла.

    Ме фана инат, како што многу често ме фаќа и ме држи во последно време, и тргнав пешки. Не дека колената ми се ренде во моментов, не дека кривам кога одам, не дека колкот ми е здрвен, не ми беше битно. МОРАВ да отидам. Луѓе, не ми се веруваше.... сред зимо, кога се отвори едно небо пред мене, мислиш сред лето сме, маглата остана како едно сивило зад мене. Едно сонце, ама без заби, топло, пријатно, да ти ги стопли коските и душата. И тишина, немаше ни ветар, немаше ништо, исто беше како што сонував, јас, патот, сонцето, топлината, потполно исто. Пријатна тишина, пријатно место, пријатно чувство. Прво се посомневав, ми изгледаше премногу гломазна градба од далеку, си викав, да не го згрешив јас местото, ама тоа е тоа... Само што стапнав знаев дека сум таму. Едноставно, знаеш. Кога правиш нешто оти си почувствувал дека така треба. Истите камења, обиколено, а внатре мало, и белко и тоа беше тоа. Го видов влезот каде што во сонот влезе тој. Седев на истото место каде седев во сонот... Фалеше само уште, па... знаете што.

    И знаеш, мислиш дека кога ќе отидеш таму, наеднаш ќе ти дојдат сите одговори, сите прашања ќе ги снема, дека конечно ќе најдеш мир и спокојство, дека некој ќе те потчукне и ќе те потбутне со раката и ќе станеш УАУ, преполна со енергија и среќа, и ќе зрачиш, за да потоа се разочарам тотално и сфатам дека тоа не оди така. Некогаш, колку и да сакаме ние нешто да направиме, и се трудиме да биде успешно, ако не била намерата на тоа да успее, нема. Знаете, џабе ќе беше и моето одење до таму, и моето качување, и мојата упорност, и мојот труд, ако имаше снег тој ден. Ако беше ладно. Ако беше заклучено и немаше никој. Ама требало да биде поинаку, и не беше ладно, и немаше снег, и имаше сонце, нетипично ама да... работите се наредија. А јас толку време се трудам и се трудам да ги наредам, чекам да почне да функционира нареденото, што можеби, ете, некоја виша сила ми залепи таков шамар, дека време е да ги оставам. Да оставам нешто поголемо и посилно од мене да ги нареди сами од себе и да престанам да буткам карпи кои очигледно само се струполуваат врз мене.

    Не бев веќе ни на половина пат накај дома, а знаев што сакам да правам понатаму.

    Вчера половина час чекав автобус. Меѓуградски. Уште половина саат чекав градски. Уште половина час повторно меѓуградски. И знаете што?? Ми помина животот во чекање, во буткање и во чекање тоа буткање да почне да функционира. Завршив. Можеби не со чекање, човек никогаш не може да биде готов оти цел живот е исчекување на нешто подобро и поубаво... ама со буткање и со трудење и со што и да е друго што го правев, што ми ја изеде цела енергија и цела душа.

    Па така, еден академски граѓанин, интелектуалец, логичар и разумен човек, почна да верува дека некои работи... едноставно се така како што треба да бидат.
     
    На bittersweet, 1209, sanjaeva и 29 други им се допаѓа ова.
  8. clock.pot

    clock.pot Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    335
    Среќен Бадник! За многу години нека е! :)
     
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.196
    Пол:
    Женски
    Помина една година, како вчера да беше кога се зачленив и кога објаснував во СДК зошто сум овде какo Lella.

    Лепчето е спремно, и паричето во него. Се надевам мене ќе ми падне :wasntme: Па да почестам, ова, она. :D
    Честит Бадник на сите, за многу години вака да славиме и честитаме.. :)

    Сакате едно феминско барање? :D
    Земете:
    [​IMG]
     
    На Someonespecial, Dog-lover, Kaylie и 3 други им се допаѓа ова.
  10. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Многу сум среќна луѓе,многу.Денов ми е омилен од цела година,ја сакам вечерата со моето семејство,сите прекрасни јадења приготвени од мама.Ах,толку е убаво.Коледарчињата кога ќе запеат сабајлечки,тоа го сакам,сакам секој ден да ни биде вака среќен,убав.
    Се е спремно и чекаме да седнеме после заедно :D
    Ви посакувам Среќни Празници,секогаш бидете среќни,насмеани,нека ни е за многу години. :)
    Не се сомневам дека ќе имате убава вечер со вашето семејство,уживајте. :*
     
    На Someonespecial, Dog-lover, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  11. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Епа паричката кај мене се падна,ајде да го скршам мразот прва да се пофалам. :D Вечеравме порано бидејќи братми е од 7 на работа па во 6 излегува и така.. Ајде се надевам ќе биде среќна годинава,полна со љубов,радост и успех. Имајте убава вечер девојки,утре ќе частам што сакате затоа што денес се пости. :D Поздравииии. :*
     
    На Someonespecial, cresa-jagoda, Dog-lover и 12 други им се допаѓа ова.
  12. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Честит Бадник,девојки! :*
    И јас денес многу сум среќна.Станав порано денес,се ја исчистив собата,и помагав на мајка ми.Ние ова година порано вечеравме и паричката се падна кај татко ми.Нека ми биде жив и здрав и повеќе да ме слуша оваа година :D .
     
    На Dog-lover, QueenElena, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Прв ден од годинава во кој се чувствувам толку прекрасно што не би можела да најдам соодветни зборови со кои би ви објаснила како ми е.
    Цел ден не можам да ја тргнам насмевката од лице, убаво ми е, и мислам дека не постои нешто или некој кој би можел да ми го расипе расположениево.
    Причини има многу.
    И големи, а и ситници.
    Додуша, мене повеќе ме усреќуваат ситници отколку големи работи.

    Донесов неколку одлуки и цврсто стојам зад нив.

    Го видов и него. После долго време.
    До вчера едно, а сега тотални странци.
    Сеедно ми е.
    А и немаше тресење на нозете и пеперутки во стомакот кога го видов.
    Добар знак. :lol:

    Денес е прекрасен ден.
    Среќен Бадник и Среќен Божиќ на сите.
     
    На bittersweet, Pirana, Ketrin.Moon и 9 други им се допаѓа ова.
  14. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Честит празник девојки :*
    Не знам зошто но денес некако убаво се осејќам во своја кожа :D
    Од празнициве ќе да е :rofl: Чим вака позитивно делуваат на мене,нека се множат :D само јас да си сум весела :lol:
     
    На Dog-lover, QueenElena и Elennaa им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.577
    Еднакво ме иритираат верски фанатици и фанатични атеисти. Еве не знам колку и двете категории ми се одбивни.
    Верници кои поим немаат од својата религија, а сите паганизми и еретизам го шират и душата им е погадна од клоака. Те замараат со глупости, со обичаи, со буквално сфаќање на некои си заповеди, библијата која наводно ја прочитале 10 пати и мислат дека ја разбрале и воопшто целиот концепт на религијата, оти нели тоа е најважната книга у свет.
    Атеисти чии аргументи се поповите, црквата и тук-таму науката, ама не знаат што поточно од науката. Ама пази - ДУХОВНИ СЕ. Па како да ти се плукнам црепу еден си духовен, а правиш глупи шеги за верски празници, а може некому му значат повеќе од се? И плус се постари од 25 години и не испуштаат да кажат дека се атеисти, секогаш и секаде заради некој свој личен комплекс, веројатно стекнат од некоја точка статија каде било НАУЧНО докажано дека атеистите се поинтелигентни. Таквите атеисти ми се исти како некои типови на вегетаријанци, секогаш и секаде го кажуваат тоа, ама затоа лапаат пилешка за дочек на нг, како оние со вакцините (едно е да имаш став, ама се познава разликата помеѓу сакамдасеправампаметен и имам поим што зборувам и воздржан сум и го чувам своето мислење, кој сум јас да одредувам за судбината на туѓите деца) и сличо.
    Се надевам не им делат лепче за Бандик, те дека самите не сакаат, оти принцип и доволно воља имаат самите за да успеат самите (ме разбирате,така...?!). |(

    Откако запознав луѓе кои сакаат наука, биле некогашни атеисти, а сепак на крајот религијата вака или така им го спасила животот и навистина се прекрасни луѓе кои го виделе целиот свет и прочитале повеќе и работат во институции по бел свет кои истражуваат и се посветени на наука, некако со резерва гледам што ќе кажам за верниците (и тоа не важи за фанатиците, особено феминските фанатици полни глупости во себе, таквите секогаш ќе ги презирам и ќе им се смеам).
    Ај така.

    Среќни празници на сите. Сите ние мислиме дека сме добри луѓе, а дека нема други добри луѓе. Во тој случај ви посакувам навистина да станете добри луѓе, оти очигледно нешто грешите штом наидувате само на погрешни и дозволувате да бидете смачкани и не сте дале отпор.
    Никој не е против вас, туку секој е за себе. Учете се навистина да сакате луѓе, вие го правите светот опасен, а потоа војните.
     
    На bittersweet, Hipster, Mygirl и 14 други им се допаѓа ова.
  16. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Не бе, и не ... ни под разно, ни по грешка, ни по намерно, нит по не знам како ...

    Паричката повторно НЕ се падна кај мене. |( Веќе сериозно мислам дека ова е некаков заговор. Мислам 20 години по ред (кога имав 2-3 години ми ја местеа :wasntme: ама после се роди сестра ми, па ме зезна) да не се падне ... Освен заговор, друго нема. :P
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Секогаш се чувствувам прекрасно на овој ден. :)
     
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.405
    Пол:
    Женски
    СДК паричката се падна кај мене.
    Очигледно годинава ќе ми е среќна.
    Исто така ви пожелувам на сите само среќа,љубов и успех годинава.
    Пресреќна сум веќе подолг период.
    Се надевам ќе продолжам да бидам среќна.
    Уште еднаш среќни празници и се најубаво. :*
    Вашата Дрим. :)
     
    На sweet-cherry, iloveyou29, Ketrin.Moon и 9 други им се допаѓа ова.
  19. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Зошто лепчето од Бадник е повкусно од другите иако се користат истите состојки како кај обичниот домашен леб?
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, lana.del-rey и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  20. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.