[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Исто така и гравчето? :D
    Секогаш си го поставувам тоа прашање. :lol:
     
    На EMoonlight и QueenElena им се допаѓа ова.
  2. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш сум си го сакала денов и двата што следуваат по него. Отсекогаш.
    Како мала најмногу го сакав денеска и стара нова година само поради паричката. Секоја година очекував кај мене да се падни, и иако беше местено, оти нели најмала дома, абе среќа, радост.
    Сега, поголема, сфаќам дека денов воопшто не е за паричката и таа има најмала важност во оваа приказна. Сега денов го сакам поради тоа што целата фамилија сме си заедно, постојано. Си се збираме околу трпезата, секако исполнета со традиционална храна, без зелник и сарма никако :lol:
    Си ја сакам фамилијава, ме исполнуваат, ме прават среќна. Најмногу си ги сакам!
    И така, додека мајка ми ги завршува подготовките за вечерата, јас дојдов овде да чкртнам два три реда, онака за адет и да ве поздравам сите. На оние кои што веќе вечерале и им се паднала паричката, имајте среќта, радост и само успеси понатаму, а исто и на оние на кои не им се паднала.
    Ајде заминав јас, и се надевам паричката кај мене ќе се падни :D
     
    На bittersweet, Lella, sweet-cherry и 4 други им се допаѓа ова.
  3. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Не сум проверила дали ќе има некој филм на Сител деновиве...бидејќи обично има на овие празници (и Велигден)...Имам чувство дека филмови има само на Велигден и Божиќ (на Сител)...
     
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Затоа што во обичното лепче се става квасец, а во ова се става сода. И не е исто. :D
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Кога секој човек би си ја гледал својата работа, животот би бил поубав и подобар.
    За карактерот на човекот, зборува неговиот начин на однесување, не она што човек зборува.

    А паричката, се падна кај мајка моја :) По реди иди паричкава, лани беше кај Господ, годинава кај мајка моја, за скоро време, па ќе падне кај мене :D :wasntme: Може по иста маршрута врвит :D
     
    На vinozito1, Antoninaaa, Pirana и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Ова изгледа година на мајките е.. :D и кај мајка ми се падна, а гледам погоре и кај две други феминки кај мајка им се паднало. :)


    Иначе не читам повеќе астрологија. Прочитав некои работи кои воопшто не ми се допаднаа и што е најтрагично 3 стотки си фрлив за тоа. :doh:
     
    На lana.del-rey, Elennaa и QueenElena им се допаѓа ова.
  7. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.903
    Допаѓања:
    24.179
    Пол:
    Женски
    Лани двапати се падна кај мене, годинава пак уште еднаш.
    Што ли ќе беше оваа среќа ? :rofl:

    Искрена да бидам, сакам бепче со дечко ми. :wasntme:
    Луда ли сум што сè уште немам дипломирано, а правам ваков план ? :tmi: :D
     
    На bittersweet, Espadrila, Mama25 и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Моето кумство го наследи тато :P Сега цеела година тој ќе не части и ќе ни дава пари, таков е договорот со кумот :D
    Имајте прекрасна вечер! :hug: :hai:
     
    На iloveyou29, Elennaa, QueenElena и 2 други им се допаѓа ова.
  9. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=27402
    Браво за малечково мозоче!!! Останав со подотворена уста додека го гледав!!!!! :clap: :clap:
    Нека е живо и здраво, голем човек нека биде од него!!!!


    Инаку паричката во Господ се падна!!! Нека дава здравје, среќа на сите па и на нас!!!!
     
    На Lella, Elennaa и EMoonlight им се допаѓа ова.
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Бадниковата вечера треба да ја делиш со луѓе кои те сакаат, почитуваат, подржуваат, ти веруваат.
    Затоа што одамна го немам тоа од моето семејство, годинава не седнав на маса, не видов причина за тоа.. и ич не ми е гајле што ќе помислите за мене.. :|

    Знаете се чувствувам како странец во куќата во која сум пораснала, во куќата во која сум ги имала првите чекори и сум го кажала првите зборови..
    Толку големи санти мраз носат во нивните срца, лажни насмевки :|, понекогаш мислам дека се би дале само да сум што подалеку од нивните очи..
    и не ми е криво, не жалам затоа што јас го сакам тоа многу повеќе од нив!

    Имајте вие пријатна бадникова вечер.. :)
     
    На Pirana и LittlePinky им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    101.646
    Пол:
    Женски
    ...и затоа што е благословено!
     
    На Espadrila, kala21, Mama25 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Прекрасни, радосни денови. :sun:

    Отсекогаш си се радувам на празнициве, ептен го сакам овој период од годината.
    Мислам, како да не ти е мерак кога се будиш со меките детски гласчиња, со веселите коледарски песнички кои го стоплуваат срцето? Се потсетив и јас на тие не толку одамнешни времиња, до пред 3-4 години, кога и јас со возбуда едвај го чекав тоа утро, на броењето парички и бонбони... :D
    Ден за собирање на семејството, радост и насмеани лица насекаде... ^_^

    А паричката гледам секаде кај мајките, изгледа само кај нас на тато се падна. :D
    Мама се зафркава дека ние на 2-3 години се менуваме. Лани беше кај тато, претходно неколку пати кај мене (ама без местење :wasntme: ), па нареден пат јас ќе сум на ред. :D

    Ви посакувам на сите прекрасна вечер со најблиските, полна со насмевки, и бериќетна година.
    Честит Бадник и Божиќ. :hug:
     
    На bittersweet, Lella, ilipili и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    И јас мислам така и кај нас се падна кај мајка ми а и кај неколку другарки.Нека им е со среќа на мајките. :)
    Го сакам ова време, целото семејство на куп, чекање на вечерата.Празниците навистина зближуваат.Имајте убава вечер сите и среќен празник. :hug:
     
    На lana.del-rey и EMoonlight им се допаѓа ова.
  14. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Само што завршивме со преубавата Бадникова вечера.Паричката по многу години се падна кај тато.Пред вечерата се изнавежбав,а сега се прејадов...Ова мое вежбање нема смисла :^) .И јас да ве прашам,зошто зелникот е секогаш поубав на Бадник? :lol:
    Се читкаме :*
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Мислам дека кај нас во Македонија, се претерува за време на празниците.
    Што ли сакаат да постигнат луѓето со тој претеризам стварно не разбирам? :?:
    Празниците постојат да ги зближат луѓето.Барем на моменти да подзаборават на грижите, да се опуштат, одморат, да бидат со семејството.Гледајќи ги добивам впечаток дека тоа не е така.
    Голем дел од луѓето се отуѓени еден од друг , па дури и во кругот на семејството.Празниците добија еден поинаков тек.Украсени улици и богати домови но опустошени и празни срца.
    Празниците постојат за да си помагаме едни на други, но тоа да го правиме скришно од другите.
    Која е целта на тоа јавно донирање , на телевизија? :?:
    Со која цел се трошат толку многу државни пари за бадникови ракии и огнови, а од другата страна има толку многу невработени, гладни, болни...
    Која мизерија ?
    Газдите се збогатуваат токму за време на празниците, но никому не помагаат доброволно, без да знае никој.Бог постои за нас , но и ние постоиме за него .
    Колку и да се прави некој богат ако истото тоа богатство не го споделува со сиромашните е посиромашен и од нив .
    Затоа сакајте за да бидете сакани.Давајте не за да добиете, не оти имате, туку затоа што сакате и не очекувате ништо за возврат .
    Инаку празниците ги прославував на работното место ,дури и за Нова година работев .Освен денешниот ден, немам друг слободен ден.
    Паричката се падна во мојата поголема ќерка, која на 20 јануари здравије треба да брани дипломска .
    Редно е и таа да виде некој денар, по сите овие години . ;)
    Бог на помош за сите нас .
    Нека ни е честит Божиќ на сите првославни Христијани.
     
    На Hipster, Serafima, mimiiiii и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    Нека ни е со среќа на сите што ни се падна паричето :D
     
    На Lella, tirkenbal, lana.del-rey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    И јас се сложувам со тоа дека ова е година на мајките,и кај мајка ми се падна паричката.
    Со среќа нека им е. :)
     
    На psychic, Elennaa, axl-babe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    18.512
    Пол:
    Женски
    За многу години нека ни е празников на сите!
     
    На Elennaa, Anabelle.Amorette, lana.del-rey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Rosie.Alice

    Rosie.Alice Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    81
    Цел ден ми е радосен и исполнет.
    Мене ми се падна парето :geek:
    Инаку вечерата ми беше хаос! Татко ми пијан, седна сам и почна да си јаде... ради реда ни го подели колачето. Тропаше глупости невидени. Многу се изнервирав. Ја немаше таа хармонија што ја имаше години наназад. Нема врска. Среќна сум цел ден и така ќе продолжам. Инаку ова можам да го прогласам и за нај лошиот Бадник. Ама да не зборувам лошо за вакви денови.
    Имајте среќни и весели празници. :*
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Диши! ... И напиј се јогурт зачинет со оригано.
    Знам дека ти е тешко. Гордоста те боли а? Мене да!


    Само искреност се бара. А на повеќето искреноста им е комплицирана. Како може толку едноставна работа да се искомплицира. Ете, јас дечко ми го љубам и бидејќи не е вешт во лажење. На крајот секако се издава. Ретко се обидува. Еднаш ја заеба работата со тоа лажење и си ја научи лекцијата.

    Јас немам што да ти понудам освен муабет. :punch: Се мавам самата за ова. Не се секирај. Ќе помине. Не сакам да те направам несреќен. Не се нервирај. Многу сакам да си среќен. Мојот начин беше таков. Толку знам. Дали може да посакам да најдеш некоја со која ќе имаш смеа за време на убавите празници, секогаш? Или и тоа ми е забрането.

    :smoke: :smoke: Извини!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.