1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.218
    [/quote]Баба ми 82 години ќе полни, вчера ми расправаше како го зела дедо ми. :lol: Љубовни писма, ова она .. :wasntme: Носела бел фустан и плетенки :rofl: вика најмодерна била во тоа време :rofl: Абе смеи....

    Позз до тебе Дрим :* и до сите др. феминки
    и машки :lol: не сте дискриминирани :wasntme:

    И јас си добив 1000 ка за Божиќ :angel:
    :hai:[/quote]

    Ме изнасмеа. Бабами здравје летоска ќе полни 80че. Таа често ми раскажува како се омажила, како нејзините ќе ја враќале назад пошто имала 17 години, ама таа го сакала дедо ми, па им се спотивставила.. ехх, кога ја слушам, како да се враќам назад со временска машина.

    Најинтересно ми е кога раскажува за војната (Втора Светска), како била курир, писма носела. И завидувам на храброста, да се случи војна сега, ко што сум научена на мир и спокој, незнам што би правела.. Баба, баба, имам најдобра баба на цел свет! Многу си ја сакам! :))

    Сега не сум во МК, па како ми фали да ја гушнам, да слушнам некој совет од неа.. преку скајп е едно, кога ја гледам пред мене е друго.. само нека ми биде жива и здрава, па се надевам наскоро ќе ја изнабацувам и изнагушкам силно.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Јас само сакам да кажам, ова де да прашам, дали ова 13-14 годишниве деца што даваат совети за врска имаат малце мозок во тоа тиквата? Ај мрш таму млеко да пиете и цртани да гледате.
    И СДК дека додека некој слави Божиќ, некој полага... :(
     
    На eliesaab, Ketrin.Moon и zuzu82 им се допаѓа ова.
  3. zuzu82

    zuzu82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    109
    ....сакам да кажам дека се ужаснувам бре од некои попови,бизнисмени,политичари...итн..итн
    ...аман бре луѓе па зар само помош и пакетчиња се делат на бадник,на божиќ...велигден....зар некои луге и деца само тогаш треба да се израдуваат,да бидат срекни,најадени...
    ...гледам дека според некои денес е многу лесно да си обезбериш место во рајот.ако имаш пари,имаш се...хахахах е топки драги мои ;) кај бога ваквите ствари не поминуваат.
    купи најчкарт ствари,купи играчки од кинеската продавница и ај донирај по сиромастијата,нек те има на TV,даааааа ке те зборат сите,еве го тој и тој браво алалда му е мисли на сиромасната раја....абееееее,абеее.....срамови живи сте бреееее.... :puke:
     
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.854
    Допаѓања:
    101.612
    Пол:
    Женски
    Ги гледам сликиве од прославата на Н.Г. по кафани,кафичи и клубови.И пак ќе промрсам нешто иако знам дека некои ќе ме расчеречат.Девојките воглавно со залижана коса и фустанчиња како од секси шоп.Разбирам јас и мини и деколте ,и самата сум носела на времето,ама она ,некои цигли на нозете,па една во прслук и сукња,друга во боди и сукња,трета во нешто ,што од моето скромно искуство се вика француска собарица и нејзината другарка облечена како строга господарка...и после...леле...ме гледаат како сексуален објект...е не,ќе имаат духовни мисли...
    MWAAAAAAA...И да ми објасни некој какво значење има овој збор.
     
    На zuzu82, Markusa2, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    36.102
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите!
    После празнично поминатите денови,честитки,богата трпеза и скромна насмевка продолжуваме со нови сили и исто темпо на работното место.Дружењата со блиските завршија.Сега им се враќаме на нашите мили колеги ]:) Одамна исчезна онаа вистинска атмосфера на дружење и забава меѓу вработените.Тоа се претвори во стереотип и борба за повисока позиција.Зарем на нашите родители истото тоа не им било потребно,пари и власт.Но,биле воспитани во духот на традицијата и искреноста,а денес постои натпревар кој прв да ти го тргне столчето,па да се нахрани од моментот кога ќе те види испружен на подот :P
    И колку и да сакаш да го задржиш твоето јас, ситуацијата те одвраќа од таа помисла.Па,принуден си да се прилкучиш на стадото за да не останеш сам,наивен и неспособен,а другите наводно паметни и трудољубиви за напредување.
    Каде исчезна човечкото единство и воспитувањето да си помогнеме меѓу себе :?:
    Зошто капитализмот е толку суров систем на општествено уредување и ги оттуѓува луѓето??
    Реалноста е таква каква што ја живееме.
    А вие потрудете се на свој начин да бидете единствени,лукави и внимателни во контактите со оние што ја делите работната просторија.Приватност и не ви е потребна со нив.Верувајте ми.Можете само полесно да се изгорите на огнот.....................
    Ви посакувам повеќе успех оваа година и за тие што не знаат,треба да научат лицемерно да се смешкаат на своите претпоставени. И јас сум една од нив...
    Но,прашањето е какооооооооооо :devil:
     
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Зошто ке паднам у несвест за спиење. Ете затоа.
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Е тоа ти е кога се понашат девојчињата онлајн па на секоја реченица си праќаат демек кисес-бакнежчиња, како у стилу леле срцушкааа па ја тебе многу те сакам и еве сега те лигавам со бакнежи па муа муааа летаат, а mwaaaa колку повеќе "а" толку повеќе и појаки бакнежи. Абе што да ти расправам :rofl:
    Кога сме веќе кај овие безвезни урбани знакчиња, еве ти линк за кога ќе налеташ на друг сличен знак со огромно образовно значење :rofl:
    http://www.urbandictionary.com/define.php?term=mwa

    LOL :lol:

    Мечка можам да голтнам како што зевам за спиење.
    И после некој ќе каже продолжен викенд за одмор |(
     
    На lunicka, Someonespecial, DigY и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.068
    Допаѓања:
    110.876
    Пол:
    Женски
    Тој шеф да го сакаш бе лепотице, тој шеф да го сакаш, што ќе ти даде 10 дена одмор затоа што мисли дека си трудна :?:

    И ај после 10 дена, да те видам лепотице стани насабајле да идеш на работа ;(
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.426
    Допаѓања:
    143.399
    Назад на работа, 18 дена подоцна.
    Да поседев дома уште некој ден, ќе заборавев каде работам :D

    Одмор е здрава работа. И не е за џабе измислен, туку затоа што на организмот му треба.

    Нека е среќен почетокот на новата работна недела, или новата работна година, за такви како мене :lol:
     
    На Peppermint, anabel-a, Johny и 3 други им се допаѓа ова.
  10. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Eпа ни завршија празнициве,некој се враќа на работа,некој на зимување,а некој пак си седи дома.Чекам да биде 11:30 да излезам со другаркиве од маалото ,ми недостигаа..ке си шетнеме некаде..А после ке одам малку братучедчето да го поиграм.И ке ми помине и овој ден...Исто така во 20:00 ке има нова епизода на Слатки Мали Лажливки на Cicurca,кој гледа сакав да бидете информирани.
    Ве сака Summer-lover <3
     
  11. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    11.859
    Хипокрити! Се прават искрени божем, а немаат образ да ти кажат со ти мислат у фаца ,туку се изјаснуват со линкови по социјалните мрежи.
    Што јас нафта да не пијам :D
     
    На prettyliar и Gordana10 им се допаѓа ова.
  12. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    3.040
    Пол:
    Женски
    Најмногу во животов ме иритират, покрај лицемерието со кое секојдневно се среќавам, најголемата човечка глупавштина радозналоста...
     
    На EMoonlight, Purrinn и karenin им се допаѓа ова.
  13. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Добро утро... :)

    СДК дека оваа наша држава не испокраде со овие даноци и казни... За казните воопшто не сакам ниту да коментирам, сите знаеме каква е работата... Но даноците, :@ ... Значи данокот за имот, кој претходно беше околу 2500 МКД, сега е околу 7000 МКД, верувале или не... И ајде тоа не ме чудеше многу, но вчера слушнав за друг данок. Не сум сигурна околу правниот термин, мислам дека станува збор за данок на добивка, но кога ќе фатиш на спортска на ливче, за државата одат 10% од таа добивка!!! Е стварно убаво им текнало, нема што муабет да правиме!!!
     
  14. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.287
    Допаѓања:
    91.993
    Пол:
    Женски
    Од кога не бев се разбудила после 12 :$

    Имајте убав ден девојки :*
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  15. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    34.125
    Пол:
    Женски
    Секој може да каже зборови кои можат да одземат нечија волја во тешки времиња. Посебен е оној кој ќе потроши време за да охрабри друга личност.
    Внимавајте што зборувате. Влевајте живот во оние околу вас.
    ;)
     
    На hermosa и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Зарем се пали јорган,само поради една болва?!
     
  17. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.629
    Пол:
    Женски
    СДК - смачено ми е другите да ги слушам........... |(
     
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.730
    Пол:
    Женски
    Баба ми 82 години ќе полни, вчера ми расправаше како го зела дедо ми. Љубовни писма, ова она .. Носела бел фустан и плетенки :rofl: вика најмодерна била во тоа време :rofl: Абе смеи....

    Позз до тебе Дрим и до сите др. феминки
    и машки :lol: не сте дискриминирани :wasntme

    И јас си добив 1000 ка за Божиќ :angel:
    [/quote]

    Ме изнасмеа. Бабами здравје летоска ќе полни 80че. Таа често ми раскажува како се омажила, како нејзините ќе ја враќале назад пошто имала 17 години, ама таа го сакала дедо ми, па им се спотивставила.. ехх, кога ја слушам, како да се враќам назад со временска машина.

    Најинтересно ми е кога раскажува за војната (Втора Светска), како била курир, писма носела. И завидувам на храброста, да се случи војна сега, ко што сум научена на мир и спокој, незнам што би правела.. Баба, баба, имам најдобра баба на цел свет! Многу си ја сакам!

    Сега не сум во МК, па како ми фали да ја гушнам, да слушнам некој совет од неа.. преку скајп е едно, кога ја гледам пред мене е друго.. само нека ми биде жива и здрава, па се надевам наскоро ќе ја изнабацувам и изнагушкам силно.[/quote]
    ***

    И баба ми имала 17 ама за 1 месец 18 ќе наполнила, арно ама не и се чекало толку за да го земе дедо ми :rofl: Тој ја средил работата со неговите другари кај матичниот да не ја прашуваат за годините :D а до 23-4 години родила 3 ца, татко ми најголем :wasntme:

    туку што ми текна сега
    татко ми како мал со браќата ќе оделе на р.Вардар и тој како најголем на некои (12 години мислам бил) влегол и после го немало да излезе, а овие двајцата се вратиле дома и рекле: го нема за Солун отиде :rofl: после кога се вратил дома ќофте го направиле :wasntme:

    И мене за војната ми има расправено ехее, и пак ја терам да ми кажува одново и одново.Ептен интересна ми е

    Туку доста расправам и јас :))
     
  19. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Магични празници исполнети со љубов, топлина, хармонија и радости. Се чувствувам прекрасно, сакам ова да потрае. :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Мама и тато. 30 години брак. 30 години компромиси, радости, нервози, стресови, среќни и тажни мигови. Љубов. Најмногу херојство, да не’ изведат на прав пат мене и сестра ми.

    Им благодарам што се тука, со сета своја грижа, волја и упорност.

    Моите херои.
    http://www.youtube.com/watch?v=m3SjCzA71eM
     
    На Someonespecial, lunicka, Trnche и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.