Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Го знаете чувството кога можете да чувствувате и среќа и тага истовремено? :wasntme:

    Еве јас ќе ви го опишам.
    Вчера бев да си купувам фармерки, и едни многу ми се допаднаа. Е сега моментот беше што мене ми изгледаа дека ќе ми се големи. Добро, ме убедија дека се таман за мене. Инаку јас пред тоа сакав да качам некое кило поради тоа што сум многу слаба. И сега одам во гардероба, се соблекувам... и почнувам. Фармерките некако тешко идат нагоре, ајде влечи, бутни и бидна и тоа. Е сега моментот да се закопчат НЕЧЕ БЕ НЕЧЕ :tmi: Срамови...
    Немаше да биде толку лошо пред тоа да не кажав дека ќе ми бидат големи. :rofl:

    Е сега се мислам дали да се радувам дека сум поправена или да тагувам поради убавите фармерки. :?:
    Еј, а моментот е што не си ни купив фармерки. |(

    Е така, вчера ако му недостасував на некој да знаете дека цел ден во депресии бев.

    Се надевам денес добар ден ќе биде, се надевам... :)
     
    На iloveyou29, Dog-lover, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.518
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум на границата меѓу очајувањето и верувањето,обидувањето и отстапувањето.

    Некогаш празникот,некогаш лицето на Мајката божја од иконата,некогаш некоја ледена и студена црква,понекогаш неговите усни,понекогаш цветчето на јануарското сонце,некогаш некој добар човек ќе ми шепне на моето уво збор на утеха,живот и надеж.

    Некогаш низ отуѓеноста и молчењето,низ сите оние врисоци на завист,лага и лицемерие се пробива гласчето на пријателството,тихо и срамежливо а чисто и искрено како молитва на совршен свештеник.

    Ми недостасуваш.Многу.
    [​IMG]
     
    На bittersweet, iloveyou29, Hipster и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    ухххх ми падна камен од срце ....
    колку е добро кога човек ќе пристапи и ќе ја каже вистината едноставно не го чуствува тој товар што претходно го имал едноставно ќе рече што биде нека биде неможам веќе да кријам....
    и сваќаш на крај дека се добро излегло :)
     
  4. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    9.726
    Животот е составен и од откажувања,многу често се случува да се откажеме од нешто пр.од креветот насабајле :D
    Тешко е знам,особено ако претходната вечер филмот во мозокот си го разработувал во милион варијанти :D
    Патам од несоница,божем :tmi:
     
    На iloveyou29, Barbie20 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    СДК...
    Не е важно дали ти си совршена или партнерот,се додека совршено се вклопувате ;)
     
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Само јас не иставив слика на ФБ за Нова Година. Дали сум нормална ??? :?: :tmi: :lol:

    Потребата е постојано да ги менуваш профил сликите се додека не надминат 100 лајкови. Луѓе за жалење. :puke:
     
    На LittlePinky, hermosa, sweet-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Другар,го примија на конкурсов што е за полицајци т.е сега уште 1 година во Идризово,па ќе видиме понатака. Многу се радувам за него,таа му беше единствена желба,незнам што да речам,само да му посакам среќа,па догодина да станат колеги со брат ми :clap: Абе,живи радостии. :D
     
    На Ketrin.Moon и Maroon5 им се допаѓа ова.
  8. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Го видов него,после долго време нервози и јад. Се видовме и не знаете како му се израдував. :) Мило ми е што после толку време ми стои заљубеноста и желбата да го видам и гушнам и да му крадам од кафето :D Постојат периоди кога само на него мислам. :wasntme:

    И најдобар другар ми е и најголема симпатија и љубов ми е. И го сакам. Ептен.Ептен.Ептен. :inlove:
     
    На bittersweet, Doozy и richgirl998 им се допаѓа ова.
  9. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Ако разговараш со животните,и оние ќе разговараат со тебе,и ќе се познавате меѓу себе.Ако не разговараш со нив,нема да ги познаваш.Тоа што не познаваш,тоа те плаши.Кога некој се плаши,тој уништува.
    ~Квантсинас
    Колку паметни луѓе биле Индијанциве....толку се заинтересирав за нив шо можно е и да ја слушнам малку нивната музика...штета шо имаа војни со белците,толку многу изумреа.Но,верувале или не има индијанско племе кое е православно христијанско вера и пишат на кирилица и тоа во Алјаска...Тлингити се викаат(кај му најдоа вакво име,јас не можам да го запамтам а камоли прочитам :D )
     
    На Gordana10 и hermosa им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.088
    Пол:
    Женски
    Како и секогаш, спротивна сум од светот.
    Сите се дебелеат за празнициве, јас слабеам.
    Баклавата ми е многу блага, рибата ме нервира, никогаш не сум сакала ништо што е варено, особено сварена зелка. И како и секогаш јадам моркови, карфиоли, краставички, марула, потоа мандарини, ореви... :inlove: Мојот свет. 8)
    Ич не сфаќам како јадете тие што велите дека сте се здебелиле. Јас во животов мој никогаш не сум се здебелила :D

    Туку многу ми е досадно. Видов една членка напишала дека за распустов само седела, седела, седела. Блазе си ти. Јас ќе пукнам ако седам онака без да правам нешто. Мора нешто да правам, дали ќе си ги гледам ноктите, дали ќе си ги суредувам, ќе ги лакирам, ќе ги турпирам ... :D Дали ќе читам, дали ќе пеам, дали ќе трчам низ куќата, дали ќе се огледувам на екранот на мобилниот или пак ќе си правам фризури... итн. :yawn:

    Едноставно ништо не ми се прави, а се’ правам. :drunk:
    Ќе се префрлам овде, ама и таму е веќе се’ еднолично. Марш, досада, марш марш! :emo:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    ^ Сигурно мене си ме читала :D
    Јас само си седам, си седам, си седам.. :D А што да правам :D
    Ми се трча, ми се вежба, ми се скока, ми се игра, ама не можам :sweat:

    Бај д веј овој период е најубавиот период во мојот живот. Мислам на последниве денови ( НГ, Бадник, Божиќ.. )
    Какви нешта се десија, па ова е едно чудо невидено.
    Ќе заплачам од среќа ;(
    Уште не можам да си поверувам, само си го навраќам филмот наназад, да не било нешто случајно, да не не' се однесуваше на мене, да не не' е со таа намера, да не ме зафркава нешто.
    Ама вистина е ]:)
    После сите грозни настани кои ми се случија во 2013, ова ми дојде одеднаш како БУМ :D
    На арно тргна годинава, ајде аирлија нека е :D
     
    На Barbie20, QueenElena и Lella им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.551
    Допаѓања:
    42.939
    Пол:
    Женски
    Jaс сабајлечки се израдував дека добив наградно патување и тоа „бесплатно“ за Банско, првичната возбуда од тоа дека никогаш немам ништо наградно добиено во живот, ја замени шокот од тоа што се не е бесплатно за патувањето.Испадна дека само треба да со платам пат и администраивни трошоци кои патем чинат 100 евра и да си доплатам 30 евра ако сакам да јадам нели.Оно платено да ти било само спиењето.Шта чеш среќа.
    Секако дека не прифатив, за 3 дена да платам 100 и кусур евра, за кои патем на Пониква ќе зимувам комотно 10 дена.Секако не знам да скијам, па Банско и не ми е фрст чојс, а за Пониква секако размислував.
    Како и да е нека ужива некој друг во наградава.
    А па и се избрукав зошто мислев некој познат е на телефон оти така ми звучеше гласот на типката, таа вели овде Јулија јас велам И? :D Ќе си рече wtf...

    Него оваа домашново уживање не ми оди многу во прилог, само јадам, се разболувам, гледам милион серии, не го завршувам програмот за факс и се осеќам како амеба.
    А уште 3 недели и повеќе ќе сум дома...што ќе се прави.
     
    На bittersweet, iloveyou29, Hipster и 10 други им се допаѓа ова.
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Kолку некои жени се запоставени од сопствените мажи , што без грам размислување се фрлаат во прегратка на човек кој е бетер од нивниот сопруг.Mажите пак од кренато его едвај дишат, се прчат како петли , пауни , пастуви, гледајќи туѓи жени :emo: ,не мислат дека сопствената им набива рогови со некој бетер од нив.Што време ќе е ова? :?:
    Време на швалерајот, или време на лагата и лудостите? :fubar:
    Oтидоа семејните вредности во бестрага.Бракот како заедница на две личности од различни полови кои неизмерно се сакаат , почитуваат, помагаат,се повеќе добива налик на трагикомедија.
    Тој има швалерка , таа швалер, повеќето од роднините и пријателите го знаат тоа , па во некои случаи и самите партнери. и пак глумат среќно семејство.
    Да му се :puke: на човек од ваквите бракови. А толку е едноставно .Бидете луѓе а не животни.
     
    На bittersweet, Mama25 и Ariel им се допаѓа ова.
  14. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Јас мислам дека имам некаков проблем. Не сум гневна, не сум лута на сите тие што ме повредиле, што ме изиграле. Напротив, сум многу мирна и како некој набљудувач од страна гледам како сите тие паметњаковци не си ја научиле лекцијата. Ни малку. А сакам да бидам лута, да врескам, да им кажам се во лице. Колку се ниски, безвредни, што е најстрашно контрадикторни сами на себе. А како нешто одвнатре да ми вели... не се мачи, остави. :x
     
  15. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Знаеш колку те болат мускулите кога ќе ти понудат да одиш во кино а,ти се мислиш бидејќи цело тело те боли. :lol:
    Се мислев но,на крај прифатив сепак да си уживкам додека можам.А,сега одам да ги довршам вежбите и после да правам 55 squats. 8)
     
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.088
    Пол:
    Женски
    Изгледа и Трендафилка има Поу, или...? :D
     

    Прикачени фајлови:

  17. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Многу многу ми е убаво кога слушам некои нови песни, романтични. :l:
    И седеш сама, осамена.
    И тогаш сфаќаш колку само треба да си го промениш животот!

    Тешко е времето, не е да излезеш од дома.
    Депресивно е.. А кога времето е такво, иста сум и јас. :yawn:

    Сакам да пишувам, искрено сакам да почнам. Ама немам инспирација, е нема инспирација од седење дома нели? :wasntme:
    Ми треба ново хоби!
     
    На SparkyAngel и Dog-lover им се допаѓа ова.
  18. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Ми стигна честитка за нова година. :dance:
    Нее,нее на интернер,на фб,скајп,твитер! Не! :!:
    Од чичко поштар,ми ја донесе и ме врати далеку во минатото.Кога тоа беше дел од новогодишните денови,кога со нетрпение чекав честитки.
    Е тоа е убавината на моето време,кое за жал ќе го раскажувам на моите деца.Тие нема да можат да видат многу убавини,кои изчеснаа благодарение на користењето на интернетот.
     
    На iloveyou29, Mama25, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  19. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Премногу време помина за да се навратм назад и двајцата се разделивме бидејки свативме дека нема иднина за нас,Ти се ожени и створи фамилија после 3 год и јас се омажив и створив фамилија.Зарем денес е денот кога после 4 години се видовме на кафе и седнавме како некогаш ко си бевме заедно.Не дека ми е тешко што не си со мене само ме наврати на времето кое ми беше незаборавно но пта је ту је.Имам сопруг кој го сакам и синче кое ми го прави секој ден интересен.Сите не гледаа како може после толку силна љубов која ја имавме да бидеме другари и да седнеме на кафе.Да можеме се додека едниот не попушти а и самиот знаеш дека веќе тие чуства се избледени и си имаме фамилија.Само ме погоди зборот подобро да се изборевме ние тогаш одколку сега да патам поради тоа што не застанав пред твоите ко маж.Еми тоа е тоа јас бев премногу мала ти повозрасен и сега сватив што значи вистинска љубов и почит а сето тоа го добив од сопругот. :|
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Сега ме потсети на времето кога бев опседната со честитки. Ги собирав и имав дома по околу 100 од секоја година...
    Потоа кога од мајка ми дознав (кога една колешка на мејл и испрати) дека има и такви, „компјутерски“, ми беше некако жал. Мислев дека не е фер кога не можеш да ги допреш...
    Ете, сега и Google ни честита на почетната на пребарувачот, но не е исто...Google-от и роденден ми честита.
     
    На Irrepleceable му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.