Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Живееме во време кога вулгарноста и убавината се мешаат. Вулгарното не е убаво, убавото не е вулгарно. Оди докажи. Шта чеш...
    Поздрав...
    [​IMG]
    :wasntme:
     
    На julie77, LittlePinky и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ние студентите за жалење сме стварно.Ќе се отепаме од учење за една клета 6ка,ќе трчкаме по административни глупости по цели денови,ќе ни лупнат сесија на среде празници,а после пензионерите ќе скијаат бесплатно..Како бре така,не викам да немаат попусти или слично,ама претеризам ова,ние ќе скапеме дома до печката на секој распуст,они ќе си извадат одмор и пол цк цк
    Нели ние сме иднината на државата,хм?Епа кога еден млад човек нема да остане тука,да не се жалат и нека просперираат со пензионерите,така се одело напред...
     
    На Hipster, crazylady, fatamorgana123 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.111
    Допаѓања:
    163.675
    Пол:
    Женски
    Овие денови, кога ќе налетам на онаа темата Кога последен пат сте легнале пред полноќ, самиот наслов ме потсеќа колку си го расипувам биоритамот за време на распуст. :D
    Јас уште би додала, и кога последен пат сте станале пред пладне. Логично, нели. :D
    И секако, одговорот е - таму некаде у прво полугодие, значи од лани. :D
    Не знам зашто, ама отсекогаш така ми е навика, едноставно распуст не го сметам за вистински распуст ако не седам најмалку до 1 саат ноќеска. И сум приметила, највеќе ми е мерак ноќеска филмчиња да си пуштам. А уште ако се заборавам со некоја книга, или тука на форумчево гледајќи што има на трета смена, немам ориентација за време. :D

    А со застанувањето на вага во овој период, си немам проблеми. Морам да си се пофалам де. :wasntme:
    Епа на празници е најубаво кога немаш сколоност за дебелеење... 8)
    Море какви празници, според мене најголема опасност по килажата е досадата. Нели она познатото, I'm bored, let's eat. И грицките уз филмчиња или читкање на компјутер... :D

    И што уште сакав да кажам...
    Ааа да, една од најголемите мали нешта кои ме радуваат е кога случајно ќе си најдам некоја песна. ^_^
    Така јас си барав една песна, цел месец ја барав, тоа пустото погрешно сум ја слушнала и нормално ја нема... И вчера баш на фб една другарка ја имаше објавено, онака ми текна да пуштам и - ете ја! :dance:
    И сега нормално си ја свиркам цел ден. :D

    Еве, све и свашта си изнакажав... [​IMG] Ај поздрав, ариведерчи. [​IMG]
     
    На iloveyou29, Mama25, Antoninaaa и 10 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.999
    Пол:
    Женски
    Јануари е еден ужасно долг месец. Ми се чини дека има 5454645 денови, а не триесет и еден.
    Аман нека поминува веќе.
    Откако се случи работата, бидна што бидна, татко ми вика, сакав да ти кажам да не веруваш премногу, ама знам дека тебе човек не може да ти докаже нешто, може само да те изнервира.
    Ах бре тато, демек јас при очи слепа сум. Не сум мало дете, не може некој лесно да ме прелаже, ама ете, сакав барем еднаш да имам верба, да не бидам вечниот песимист (реалист де) каков што сум. И ете како "среќно" се заврши сè. На крај краева, не е важно како ние гледаме на работите, тие секако ќе испаднат како што и би испаднале, без разлика дали ние имаме огромна верба и надеж, или сме очекувале разочарување. Само во вториот случај помалку боли.
    Знам дека сум контрадикторна некогаш. Па, во повеќето случаи. Ама таква ми е природата.
    На пример сакам да јадам, тогаш сум среќна, ама кога ќе се одрази тоа на тежината се чувствувам ужасно. Значи ни така ни вака. Ова еден најпрост пример, да не навлегувам понатаму.
    Како и да е, не знам ни самата што ми е на памет во овие предолги, зимски, развлечени денови.
    Знам само дека сакам да се изгубам во добра книга, во еден различен свет, каде што проблемите не се мои и не е на мене да ги решам.
     
    На vinozito1, julie77, Ariel и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    СДК дека зимоска благодарение на баба ми гледам се или нешто(иако не сакам) и признавам дека уште ја немам научено офффф.
     
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Никогаш нема да се жалам за она што сум го
    направил,ако било добро..тогаш е прекрасно,а ако било лошо го сметам за искуство!
    Работите се менуваат .. а исто и луѓето!
     
    На iloveyou29, Antoninaaa и EMoonlight им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Не памтам среќен и исполнет јануари.

    Всушност, мислам дека е најлош месец во годината.

    Дома си, дремеш, и кога бев на распуст од школо дремев, дремам и сега кога треба да учам ѓоамити нешто, ладно е, не се прави ништо. Пари повеќето немаат оти ги фукнале за Нова година и сите пред и потоа вечери, улиците се пусти, на никој ништо не му се прави. Мириса на мрзоволие, на инат, на магла, на сув студ, и на студ во душите мириса. Висиме како издишени балони и прашливи новогодишни украси. Со сонцево некако се промашуваме, барем насабајле кога секако не можам да спијам да останам и да го дочекам, колку да видам дека денот има и бел дел од него. Станувам и легнувам во темница. Ама и онака не ми годи светлото, се кријам и се пикам зад венецијанките. А, поарна сум јас, фала на прашање. Станав огорчено жениште, и без да сакам, овојпат сами летаат сарказмот и иронијата од мене, отровни стрелички, и тешко на тие околу мене. Море, нека. И мене ми беше тешко па никому ништо.

    Во јануари, обично човек се преиспитува, своите и туѓите одлуки, мери и премерува, што направил и што ќе направи. Таков е периодот. Гледа и брои и смета и пресметува, за жал, не само пари. Најдобро би рекла дека јануари е секогаш, ама секогаш, затишје пред бура. Сите пикнати во пештерчињата, осветлени само со лаптопи и телевизори, евентуално некоја ноќна ламба во ќош, со млитаво светло за млитаво расположение. Чекаме нешто, а не знаеме што. Ми фали предизвик, ете тоа сфатив дека чекам, предизвик, и сум како нова. Да се борам и да победувам, како што сум научена досега. Доста ми е од просечност и потпросечност, доста ми е од истите глупави муабети.

    Деновите си ги делам на мали, глупави работички кои треба да ги завршам. Пример, денеска ќе направиш една страница од семинарската. Па супер, така секој ден имам нешто за правење и занимација за подолг период. А не дека не можам да седнам и да ја искуцам цела тата-мата за 2 саата, ама ми годи темпото на јануари. Ми годи темпото на влечење, барем во моментов. Навистина, секој јануари нешто чекам и никако да го дочекам тоа. Пу.

    Да бев во Скопје, а не сум, ќе седев и ќе се возев во автобус. Цел ден. Утре ќе одам и тоа ќе правам барем два саата, ако преживеам меѓу сите празови и кромиди. Мразам што секоја автобуска ме потсетува на него, што кога ќе видам две бројки на автобус кој оди натаму не можам а да не помислам на него... Не сакам да им давам значење на глупави работи, ама ете, така ми се испреплетени во главата. И ќе треба време да се отплеткаат.

    Од толку желба и од толку правење работи, на крајот ништо не направивме, ете така да ви кажам. Само заебавме повеќе работи... толку фино, што сите мозоци кои мозгаат во јануари, не можат да ги измозгаат работите и да им го најдат крајот. И само можам да пишувам тука, да ми олесни и да се искажам, оти не ми се разговара со никој, не ми се слушаат истите муабети, не можам да поднесам да слушам тоа па тоа. Можеби лекот е, а и редно е, да земам текила, вино, или што и да е друго, да се вратам со мозокот назад некоја година, и да се вовлечам пак во вртлогот, таканаречен младост.

    Како што реков, јануари. Месец на одлуки, мерење, и премерување.
    Одвај чекам да заврши.
    Денот, месецов, наредниот, и понаредниот и тој после него и се така до лето.

    За да ми биде и мене така лесничко кога ќе избегам од сите проблеми... како него што му е.
     
    На Elenaaaaaaaa, Hipster, Monna.Monna и 31 други им се допаѓа ова.
  8. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Многу ми е досадно луѓенца,ептен.Се жалам дека немам време,а го имам премногу.Незнам што сакам да правам,ќе ми дојде некоја идеја во главата и уште не започната ми станува досадна.Што чудно девојче ќе бев,расположена сум,се ми е на место,само ништо не правам...тоа ми смета,некогаш се чувствувам многу не корисно. :)
    Еве ме,пак јас си лежам и си разгледувам облека на интернет,а во план ми беше да вежбам.Нее,кој ќе вежба ? -Јас ? :lol:
    Чувствувам потреба да отидам некаде,чувствувам потреба да вежбам,бидејќи секој ден гледам по некоја згодна девојка и си викам: 'Добро,што правиш ти девојко?' ама ете...тоа е тоа. :lol:

    Посакувам да имате пријатна вечер :)
     
    На Ketrin.Moon и LittlePinky им се допаѓа ова.
  9. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Понекогаш инаетот е поголем од сите биолошки потреби.Ти се јаде,а не јадеш,ти се пие а не пиеш,ти се плаче а се смееш,срцето ти крвари а болката не ја сопираш..
     
    На Trnche и LittlePinky им се допаѓа ова.
  10. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Да беше вака, или можеби така...хм, изгледа тоа што сакам да го кажам е дека од кога сме заедно,прашања и преиспитувања од ваков тип се непостоечки. Денес размислував зошто. Односно од секогаш знаев, затоа сум со него.
    Нема незнајни делови од душиве наши, на тацни си ги ставивме од првиот миг, а ми се чини далеку пред тоа. Сите стравови ми се чинат помали со него до мене, сиот терет на четри рамена оди наместо да се кубичат на две.
    Добив слобода да сум онаа која сум, онаа која сакам да бидам-мајка што ќе носи насмев на своето чедо, што ќе брише грижи или едноставно ќе е само тука, со молк и бакнеж да вдахнам некому сила, жена што ќе ги скокотка неговите сетила, а тој маж како рујно вино кое како старее, така убавее.
    Не е мед и млеко, ниту пак злато се што сјае, ама ако си го полираме она што си го имаме, се ќе биде во ред.
    Илијадници патешествија, во добро и лошо, па пак во лошо и пак во добро, а ние пак заедно, пак со одисеја на откривање на себе си, нови зачини и мириси, нови патеки за изодување, нови зборови за шепотење...
    Цело е кога има се’-јас ги имам нив,што да посакам повеќе?
     
    На bittersweet, Hipster, julie77 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Зошто луѓето бараат причина да се налутат? :^)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Кога фокусот понекогаш ќе го подзаборавам на некоја кота од секојдневните средби со змејови,змии,тигри во човечки лик,пред очи ми паѓа превез со бојата на овој микросвет.Микро и свет, две контрасти без перцепции слепи, мал а огромен продупен котел за индивидуи.Чудна е онаа светлина кај некои што ја осветлува внатрешнината, зрачи со енергија која во зависност од душевната активност добива поларизиран карактер.Секогаш дефинирана понекогаш и контрадикторна.Благословените што ја имаат се каат, а слепите пак копнеат по неа.
    Лошо е само во зоната на самракот, ниту светли мисли па ниту темен разум.
    Јас пак и понатаму продолжувам да газам по мирно тло без да ја барам вината во атмосферски појави, климатски елементи и да се ослонувам на вишите сили во моменти на слабост што неможам да ја дефинирам.Еееее неизвесна е таа шема,непостојана е среќата,краткотрајна е убавината...
    На крајот од денот, лозинката за продуховеност сепак си останува онаа истата, НАСМЕВКА :D :lol: !
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Имаше еднаш на Зевзекманија, ако некој гледал или пак се сеќава.
    Цел скеч беше, ама ќе го скратам. Политичар отворал старски домови, обновувал затвори и слично. Друг му вика:- А зошто обновуваш старски домови? Гледаш ли дека градинките се обновување, нема децата каде да одат.
    Другиот одговара: - А што мислиш, после ова, јас каде ќе завршам? Во градинка?
    Најверојано сакаат во стари години, да си уживаат во попусти. :D
     
    На Hipster, SV1911, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    СДК... Моментот кога си излезена на попладневно кафе со дечкото и синот на дечкото :^)
     
  15. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Има и полошо... Замисли дојде и мамичка :D
     
  16. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
  17. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Да беше бившиот сега тука...

    Сакам да кажам дека не можам повеќе :@ 2 часа се превртував в кревет и никако да заспијам :swear:
    Веќе не се издржува ова! Ако заспијам брзо(што ретко се случува,ноќта обавезно се будам..И оди заспиј да те видам...Живците ги искинав веќе... :@
     
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    :!:
     

    Прикачени фајлови:

    На Antoninaaa, SparkyAngel, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Е,еве сеа се прибирам.Од 3 саат искочена.Ако,Свит,користи распуст дур можеш :rofl:
    Него,ме зарази другарка ми со една песна,луѓе неможам да се опраам.Kако лудача одам по улица и си пеам три кила баанани :dance:
    Е,така.Брука.
    И немам што више да кажувам,баш како насловот на песнава бев денес.
    Имајте убава ноќ. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=UWlSw5Kb0dg
     
  20. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.951
    Допаѓања:
    90.167
    Пол:
    Женски
    Доматот и краставиците се послатки кога се поскапи т.е сега овие месеци кога цените им се над 100ка додека летото кога се по 20денари 1кг сите бегаат од нив со изговор :аман од нив ,секоја ден тоа јадам :lol: :D
    Незнам за вас али мене во зима ми се најубави посебно вака кога пред 00:00 спремаш шопска :tmi: :mm:
     
    На Lovely93 и Heartbeat им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.