Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Мојата внука која за една седмица ќе полни 6 год. за подарок сака ТАБЛЕТ :wasntme:
    Брееееее............. :worried:
    Децава ја научија технологијата подобро од една прочитана бајка.
    Каде се изгуби времето кога маливе ја замислуваа роденденската желба спакувана во една прекрасна илустрирана сликовница,а внатре поучен текст кој ќе влијае на психосоциолошкиот развој на личноста.
    А јас пак разгледувам боенки и дрвени боички и им се радувам како таа што никогаш не им се израдувала.
    Дали детето во мене засекогаш ќе живее или пак денешниве деца не го живеат најубавиот период од животот :worried:
     
    На GordanaL, LittlePinky, Mama25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Mary prays the rosary for my broken mind....
     
  3. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    СДК дека денес никој и ништо нема да ми го одземе расположението и оптимизмот! :smirk: !
     
  4. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.972
    Допаѓања:
    67.581
    Уживам под ова топло, jануарско сонце, под ова прекрасно сино небо... Приjатен ветер ми jа плетка косата.. Ми фали уште да отидам и да се искапам во она бесконечно море кое оди до недоглед.. Ама ќе почекам уште некоj месец, водата не е баш наjприjатна, иако е +25 C на улица. Уште некои драги луѓе да беа до мене, сѐ ќе беше совршено!
     
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.232
    Пол:
    Женски
  6. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    ...Премногу често чувствувам дека се наоѓам во град полн со празни луѓе.
    Не му верувам на сјајот во очите додека ме гледаат. Верувам дека тоа е само светлост што поминува низ нивните шупливи глави.
    Светлост која знае да ме натера да сакам, да мразам, да проколнувам и полудувам, се` истовремено...
    Бидејќи на почетокот ставив цена на се` што посакував, за да еден ден го купам. Сега знам, дека најскапо ги плаќам најефтините луѓе.

    Не сакам да чувствувам. Не сакам да бидам заслепена од нивниот сјај. Не сакам да ме боли кога се покрај мене.
    Себичноста, гордоста, ненаситниот глад и тој егоизам во мене сакаат да љубат, а не губат. Разликата е една буква, толку мала а сепак голема.
    Се љубам себеси повеќе од се`.
    Сакам да победувам, и по цена да останам сама.
    Љубовта према нив, за мене е изговор на слабост. А јас немам право на изговори.

    Ја сакам младоста. Дава време за поправање и промени.
    Лошата вест е дека времето лета.
    Добрата вест е дека јас сум пилотот.
     
    На bittersweet, Trnche, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  7. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Ах леле, која среќа [​IMG]

    Татко ми ме стана уште од 6 сабајле, ќе сме оделе костозглобна.. Џоа на контрола, а порано за да не сме ја фателе гужвата. :wasntme:
    А таму една среќа што ме снајде :D Докторот ми рече дека раната ми била заздравена, и ме праша дали сакам да ми ја извади сега лонгетата, или да почекам до 15ти :geek: А јас ни два ни три „САКАМ СЕГААА ШТО ПОБРЗО ДА СЕ СПАСАМ ОД ОВА ПЛАСТИЧНО ЧУДОВИШТЕЕЕЕ:wasntme:
    И така :wasntme:
    Сега сум си најсреќната личност на светот.. ОДААААААААААМ [​IMG]
    Иако како коската да ми се изместува, ми крцка, ја осеќам кога се движам :lol:
    До Василица морам да можам да трчам :tmi: :wasntme: :rock:

    Убав ден :* [​IMG]
     
    На GordanaL, LittlePinky, Dog-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Пред мапата на светот го ставаме прстот на еден град,една земја,едно планиски село,тоа е фантазија,желба.Замисла која лебди во воздухот место на кое сакаме да заминеме,далеку или блиску но за момент да сме таму.Да живееме во духот на тој град да се слееме во него,да се загубиме во гужвата од странци да го пробаме нивниот чај,а мириот на кафето да го спакуваме во себе како вечен спомен.Со последните пари да си купиме мал сувенир кој подоцна ќе го сместиме крај прозорот.

    Можеби,било кој ден освен овој ќе речев дека тоа е Берлин или можеби Цирих,но денес велам Лондон.Градот на малите бури,градот кој го љуби дождот,градот на разлената црвена боја.
    На црвените кутии.На чајот,во локално кафуле со чиз кејк од лимон.

    Лесно е да се замислиш себе си,на нечии улици со црвен чадор во раката,апарат во другата,собираш спомени,ги врежуваш во умот да траат,му се насмевнуваш на градот иако тој одамна му се покорил на дождот.

    Човек треба да вдишува и туѓ воздух,на туѓо тло да си ја најде душата.
    Се имаш себе си.
    Малите замисли и мапата.
     
    На iloveyou29, Hell0.kitty, Hipster и 12 други им се допаѓа ова.
  9. girlonfire

    girlonfire Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    62
    Сакам да кажам ... дека ништо не е како порано. Веќе сум 15 години , а јас чуствувам како некои работи да ми фалат во животот. Некои луѓе тоа нормално го прифаќаа , но кај мене тоа не е во ред , порано бев активна личност , а сега по цел ден сум дома , многу работи се променија и тоа ме нервира. Да јас сум свесна дека растам , но она што е убаво зошто да не потрае ? И она што е нормално за годините пред се ..

    Но ете растеме ние и кога ќе поминат неколку години , кога ќе се навратам ќе се каам знам , јас сум таква нешто кога не е изработено како што треба се каам после некое време. Но ете таков е животот , мора ние да се прилагодуваме на него , а не тој на нас . Такво време дојде сите се “зафатени“ , а со што се зафатени и тие незнаат да одговорат , се зафатени луѓето од мрза ете затоа.

    Не одиме на кафе тогаш кога сакаме туку тогаш кога е шемата.

    Ете на пример , кога сите се излезени во 1 на кафе и ние сме тогаш а кога сакаме да излеземе накај 17 часот е неможеме немало народ , ваму таму несакам да живеам временски и по навика сакам да излезам тогаш кога сакам , да идам да седнам во парк , да идам да го заобикола градот во тренерки да ме фати воздух , а не да седам цел ден пред компјутер. такви времиња дојдоа што да правиме , тоа е . Секој си оди таму каде што сака и каде што му одговара , а не е малку времнски , треба да се посвети време и на другарство , треба. Не велам дека и јас не сум таква , но сакам да се промени таа рутина меѓу луѓето , сакам да се негува малку поразлично од она што е сега.

    Овие се најубавите години во кои што сум јас и сакам убаво да ги поминам со многу спомени , многу ....
     
    На ABeautiful, QueenElena и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  10. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добро утро/ден,за кого како.
    Си читкам низ Фемина и гледам сите нешто за јануари.Ваков бил,таков бил.Што сите ми плукате по месецот бре :rofl:
    Незнам за вас,ама за мене јануари е најубав месец.Едно што е нели,Нова Година,празници ваму таму(кои патем ги обожавам),друго на распуст сме...одмараш од школо малце.Си читкаш книги,ќе искочиш надвор,ќе отидеш на по некоја свирка,ќе се подружиш малце.До душа,не обожавам да се мешам многу многу со луѓе,ама ете.
    Ќе ти се случи нешто добро,нешто лошо,нешто неочекувано,нешто веќе видено...Од се по малце.
    Трето-роденден ми е во јануари.Годинава 15ка,ќе се опаметам ваљда.Или нема.Шо знам.
    До душа,треба да престанам со некои работи и малце повеќе да верувам во себе.Тешко е,но искрено се надевам дека ќе успеам.Со 15ка сакам и да симнам некое кило,па ќе се потрудам и околу тоа.
    Се надевам и дека со 15 ќе нанижам мнооогу убави спомени,за разлика од 13 и 14....
    Одсекогаш сум била песимист.Ама сега..Ќе биде.Се ќе бидне,во свое време.... :)

    Уживајте.
    http://www.youtube.com/watch?v=okLDkcexiVg
     
    На ana-girl, Someonespecial и Dog-lover им се допаѓа ова.
  11. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    ЛЕЛЕЕЕ СРЦКИ МАЛЕЧКИ ...ПРЕСЛАТКИ

    Е АЈ НАЈДИ ГИ :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • on_net_m.jpg
      on_net_m.jpg
      Големина на фајлот:
      47,2 KB
      Прегледи:
      399
    • on 1.jpg
      on 1.jpg
      Големина на фајлот:
      31,9 KB
      Прегледи:
      399
    • on_net_mk_479397.jpg
      on_net_mk_479397.jpg
      Големина на фајлот:
      57,2 KB
      Прегледи:
      399
    • najdi.jpg
      najdi.jpg
      Големина на фајлот:
      64,2 KB
      Прегледи:
      399
    На bittersweet, iloveyou29, GordanaL и 6 други им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.375
    Пол:
    Женски
    Така нели?!
    Така се прави форум и се почитуваат членовите.За толку краток период да си отидат толку квалитетни феминки,навистина е за ставање прст на чело.Пак кај нас се почитува квантитетот од квалитетот.
    Не знам што да кажам и што да направам.
    [​IMG]
     
    На bittersweet, NoellePage, Hipster и 14 други им се допаѓа ова.
  13. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Кој си отишол?
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Баталете вие скршено срце, неверство, невозвратена љубов и такви ствари. Ништо не боли повеќе од тоа кога самиот ќе си ја за*беш шансата за да ти успее нешто што проклето многу го посакуваш. Така да или мислете си ја со време или кукајте до крај на живот, трето нема. И не верувајте дека ако треба да биде-ќе биде, затоа што ако е ептен многу сј*бано и да требало да е, нема да е.
     
    На Trnche, LittlePinky, julie77 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Не молам никого, се однесувам така како што секој заслужува, го почитувам мислењето на секого, не се мешам во изборот на никого, не трпам неправда и не сакам лаги. Можеби затоа сум груб во очите на другите, но сеедно, нема да се сменам, мене ми е убаво..
     
    На vinozito1, H.VAGA, Antoninaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    СДК дека го видов досега незамисливото! Човек кој го познавам од градските муабети,видно познат,го беше оставил своето АУДИ 4 на сред улица во Центар и веднаш до неа,меѓу коли паркирани на зонско паркингче,а воедно и пред градинка во 3 часот МОЧАШЕ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! И ќе бидам безобразна,како и тој,ќе го кажам кој беше:
    Газдата на ЈАНА ресторанот (екс. Роџер пијано) ,Дарко! Срам да ти е!
    :@ :@ :@ :@ :@ :@ :@
     
    На Dream-Girl и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  17. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Нит знам кој е, нит па гајле ми е, но не откривајте така идентитети на луѓе, редактирај си. Иначе, а човек а куче исто ти се фаќа. Такво време дојде.
     
  18. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Просто се надевам дека сите што ми го уништија половина распустот неможат да спијат. :D хахаха па после си велам...ееј summer каде летиш...па тие никогаш не се ни грижеле за тебе,зошто да не спијат?Личноста во која најмногу верував ме остави..со тие два збора пази се.Па и треба да се пазам од такви како неа ..Ауу.. :wasntme: заборавив тука беше затоа што ти требаше нешто??Епа веќе нема да сум истата :@ ...ме поттикна да се сменам..и ке се сменам ...за инат од сите кои ми направија лошо..
    I'm back bitches :angel:
     

    Прикачени фајлови:

    • large (17).jpg
      large (17).jpg
      Големина на фајлот:
      60,3 KB
      Прегледи:
      216
  19. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Не,не се фаќа исто! Кучето нема разум и кај него преовладуваат нагоните,ама затоа тука се неговите газди кои треба да исчистат после него,како што правиме јас и мајка ми со нашето куче! Секој пат ќеса си носам и не ми е срам да соберам! А ОВА,СЕ РАБОТИ ЗА ЧОВЕК СО УМ И РАЗУМ! Не е нормално туку така на улица да мочаш,па не знам колку и да ти се мочало! Во првиот кафич застани прашај појди во ВЦ,пошто ако мочаме сите по улици не знам до каде ќе стигнеме!
     
  20. girlonfire

    girlonfire Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    62
    И многупати се запрашувам или се замислува сеедно : Колку е чудесен овој свет ? Колку ?
    Но , некои работи во животот се необјасливи , толку колку овие мои чудесни прашања.

    Колку повеќе растеш толку повеќе се внесуваш во реалноста , која те плеска по образите и ти вели : Ете ова си ти , и ова треба да го живееш ? Но ние луѓето иако цврсто газиме по реалноста , сепак влегуваме во свет во кој ги гледаме работите онака како што сакаме и таму ни е убаво , најубаво.

    Но , ако заблудаш таму никогаш нема да знаеш што ти нуди реалноста и ти просто ќе се загубиш во светот на реалноста и во сите нејзини делови(проблеми , среќа , несреќа ...)

    Но овие два света се толку многу замешани и произлегуваат еден од друг што просто неможеш да им го најдеш крајот то се вели.

    и јас живеам во реалност , одам во фантазија и тоа што сум го замислила ми се остварува и се е толку заплеткано и хаотично што светот неможеш да го дефинираш.....
    И овие мои мислења ме збунуваат , но ете потекнувам од чудесноста.

    А што е најтешко на овој бел , аи не толку бел свет да се помине и претрпе ?

    Најтешко е да се разбереш со човек , најтешко е да те разбере , а камо ли ти него да го разбереш.
    Неможе.
    Оваа чудеснно прашање е побитно за мене отколку одговорот , а за друг не се битни и двете нешта.
    И толку исти луѓе постојат , а сепак се различни , но светот е таков со безброј сфери и денес ако си во една , утре ќе си во друга , а сепак постоиш секаде.

    И незнам што размислувам , но знам што сакам па затоа сакам да го сменам светот , но немам моќ па затоа ќе се сменам самата ќе почнам да размислувам малку по земно за да можам да се прилагодам , па ако седнам да размислувам уште малку ќе се чудам на уште многу нормални нешта , и ќе ги правам чудесни па затоа малку ќе се исклучам , зошто понекогаш досадата ќе те натера да веруваш во тоа што никој не верува а и неможе да се верува. Па затоа малку ќе го исполнам денот со акција , отколку со овие болни размислувања....

    Ете луѓе на што не тера овој свет , на лудило , но нма што да се прави таков е животот , чудесен.

    и сега сам уште едно незнам : Kаде ќе ме однесе умот ако уште малку продолжам да се досадувам?

    P.S. Малку хумор и филозофија , прозлезена од мојата досада , како дел од мојот ден.
     
    На ABeautiful, SparkyAngel, curlygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.