Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Кога ќе добиеш почит и признание од непријателот е дури тогаш ќе знаеш дека си победник.
    Денес се чувствувам точно така како победник.По неколку месеци се среќавам со синот на мојот бивши газда.Мислев нема ни да ме погледне по сето она што се случи.Но тој за мое чудење ми пристапи, ме поздрави, ме праша како сум , како се снаоѓам , како се моите ...Рече, Верувавме дека само ти ќе се снајдеш, затоа те напуштивме.Тато се кае , но тоа е.Ми подаде рака како човек на човек.Потоа рече ако има нешто што би можел да помогнам само кажи. Признавам ме трогна , не очекував вакво нешто навистина.Што ли се случило?Како тој се изменил толку за овие неколку месеци не знам.
    Или пак сето ова го стори за да си ја исчисти нечистата совест, или е вистинска онаа поговорката
    Се додека не изгубиш нешто не знаеш колку вреди .
     
    На bittersweet, imelda, richgirl998 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Икам.. некој ме збори... |(
     
  3. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Нели рече дека ништо нема да ти го уништи расположението? :)
     
  4. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    :rofl: туууу, за малце ќе потклекнев... ете ѓаволот како кова заговори... :fubar:
    држам фокус, држаааммм! :muscle:

    Фала QueenElena :*
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ова е свет на лажни луѓе...Лажно љубат, лажно се смеат, лажно плачат, лажно се убави, лажно се добри и слично.Не е се во лагата, вистинските нешта се поубави пореални, животот не е бајка ниту пак идила, во животот има се паѓања, подеми, тага, болка, добрина, злоба...Но пред се бидете реални.. FUCK OF |(
     
    На kala21, Antoninaaa, machhe и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    “Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи... ???“ |(

    Нивниот двор несреден, во нашиот гледаат. Ова метафорички, ама и буквално е така.

    Тоа е “убавината“ на малиот град.
     
    На LittlePinky, Antoninaaa, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Убаво рекле-среќата доаѓа во мали пакувања. Едни не се заситуваат со големината која животот им ја понудил,други се скептични за содржината на добиеното,а трети...Едноставно не знаат како да ја отпакуваат!
    [​IMG]
     
    На kala21, Dog-lover, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.186
    Допаѓања:
    156.698
    За годинава поставив цели во неколку категории.

    1. Образование
    2. Работа
    3. Духовен и ментален развој
    4. Физичко унапредување (здравје и изглед)
    5. Забава

    И морам да признаам, сум претерала, предизвици еден куп. Ама истовремено имам и еден куп луѓе кои ги знаат истите и ме држат за збор дека ќе ги реализирам за свое добро, чисто за да моралот и мотивацијата ми останат високи. Сите заедно си се држиме за збор, од љубов и разбирање. Никако прекор и никако зајадување.
    Првата почнува идната недела и е поврзана со здравје. Дрежете ме за збор! Сакам и морам!
     
    На bittersweet, richgirl998, LittlePinky и 9 други им се допаѓа ова.
  9. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Би додала само поарно е да плачете искрено, отколку да се смеете лажно.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Се надевам ќе сватиш што ти значам.
    Ти знаеш но применувај.
     
  11. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Леле колку ми се интересни дедо и баба, дедо научи да пишува смс и и пишува на баба: Злато мое :D А,баба му се лути мисли ја зафркава. :rofl:

    Сега он ја учи неа како да му врати на пораките. :D
     
    На bittersweet, iloveyou29, Hipster и 24 други им се допаѓа ова.
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.416
    Допаѓања:
    22.777
    Пол:
    Женски
    Колку е пуст градот деновиве. Се чини дека народот се истроши максимално околу празниците, како парично така и емотивно. Нема кој да сретнеш по улиците, по кафулињата. Јануари е месец на големи спротивности, еуфоричен и весел на почетокот, а потоа наеднаш се' спласнува.

    Мене уште ме држи убавото расположение, не за друго - роденденот ми се ближи :D Се радувам ко мало дете на подароци, а овој пат ги имав во изобилие. Што поради дипломирањето, што за Нова Година. Сега и за роденденот, мх мх. :)

    Туку, годинава прв пат седнавме на Бадник во отсуство на татко ми. Поради работата мораше да остане во туѓина. И некако празниците го немаа оној полн сјај за мене. Ама тоа е што е. :|

    Во меѓувреме, животот си врви. Секој со своите планови, идеи и замисли. Така и јас. Дишам за еден еден топол ден, чекам да дојде. А до тогаш, ќе се потрудам смирено да ги прифаќам предизвиците кои ми ги нуди животот. :emo:
     
    На ana-girl, richgirl998, Elennaa и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.640
    Пол:
    Женски
    Понекогаш не е толку важно што ќе кажеш, туку и како ќе го кажеш.
    Секогаш можеш да го искажеш своето мислење на поубав, покултурен начин.
    Да, почитувам луѓе кои внимаваат на своите зборови.
    Кои знаат да избројат до 10 пред да навредат некого, и кои пред да повредат нечии чувства, првин помислуваат како би им било нив кога би ги слушнале истите.
    А понекогаш се лутам на самата себеси за некои мои особини...
    Во ова време, за жал понекогаш се случува да се покаеш за тоа што сакаш да бидеш љубезен со сите во твојата околина... понекогаш не е толку добро она кога сите што те познаваат знаат дека тешко можеш да одбиеш да му направиш некому услуга.
    Или, кога те познаваат како некоја што не знае долго да чува лутина.
    А никој не е имун на злобни зборови. Навредата допира и до оние најсмирените, најбезгрижните, и до оние коишто лесно простуваат и забораваат на лутината.
    Затоа... ;)

    [​IMG]
     
    На bittersweet, Hipster, Sexybaby86 и 18 други им се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    му пишав на тој што е главниот на медитација-т.е. еден од главните за да го прашам дали можам да дојдам барем на курсот за медитација ама не ми ни одговори
    ми е страв ако им се појавам таму да не ме избркаат :worried: вреди да се проба :!: ама па од друга страна тоа е еден вид на просветлување за мене како личност и малку мир ама и воедно да ги зафркнам следачиве-божем имам некој :P :geek: па ке пробам зш да не иако малку ке биде тешко заради циклусот ама ке издржам некако :)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фризерите се поголеми психијатри од психијатрите.
    Во фризерски салон, се имам изнаслушано секакви приказни. Кој како седне на столчето, почнува да си се жали од животот. Од деца, синови, снаи, пензии, плати, школо, испити, професори... Секој со своето. А фризеркава моја само си работи и внимателно слуша, па одвреме навреме ќе додаде некој коментар во знак на поддршка. А ако седите со фарбата или фолиите на глава, и кафе ќе ви свари.
    Shopping is cheaper than a psychiatrist?
    Море фризерајот е најдобрата терапија.

    А пролетта подранила во мојава коса - расцветала како качунка.
    Можев да и ги удрам ножиците малку повеќе за конечно да се отарасам од фарбаниот дел, ама се предомислив. Среќа не се познава, инаку уште одамна ќе имав Amélie hairstyle
    [​IMG]

    Туку, низ учебнициве за оваа сесија, си изнапишав убави и топли пораки.
    За кога ќе учам во штурите утрински часови, со потечени очи и неколку шолји кафе и чоколадо до мене, да ми дојде убаво на душичкава.
     
    На bittersweet, Hipster, Shelea и 24 други им се допаѓа ова.
  16. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    И во целиот неред во мојата соба, јас решавам да си пишувам постови. Ете, тогаш удира инспирација и желба да се истури душата пред 'непознати' за негативната енергија да не се враќа во собата.

    Го знаете она чувство кога сте аплицирале за неколку работи и на пет минути проверувате мејл, случајно да не ви пишале нешто? Мене ме дрма тоа, другарка ми ја дрма тоа, сите не' дрма тоа чекање изгледа. Пред некој ден го добив најчудниот мејл на светот: на едно американско радио што го слушам има како наградна игра, да пишеш три песни од Синатра што сакаш да ти ги пуштат и може да добиеш поклон. И јас не знам ти кога, сум си пишала нит знам дали ми ги пуштиле, знам само дека ми стигна мејл сум добила награда на која адреса да ми ја пратат. Абе сум се умрела од смеење, од Америка ме наградуваат а на она со фискалнине ништо не добив. Па ни на грепка повеќе од 100 денари мислам немам добиено.

    Неколкупати кога ми ја гледале судбата различни луѓе ми кажале дека ќе живеам во Америка ама сега веќе смешно ми станува, ме бара изгледа Америка. Ах што ми везе мозоков...

    Од доктори ќе се откажам, три пати во еден месец ми земаа крв и уште не знаат што ми е. Последниот пат на лекар, докторката ми извезе таква глупава теорија што нозе ми се пресекоа. Јас не знам како идат студиите на медицина, ама под итно да им стават предмет како се соопштуваат вести на пациенти. Па на што личи бе тоа да ми го каже најлошото сценарио а уште на крвна слика сме. Срамота, ај мене што ме изнервира, мајка ми од так се извади, два дена не можеше да се прибере, конечно кога разговараше со нејзината докторка и објаснила дека не е толку сериозно и опасно. Џабе нервите, џабе потресување.

    Пензионериве патем не знам дали да ги жалам, ги мафтаат ко никој. Прееска прават муабет во автобус и баба една му се жали на другар и': Што дека ни ги покачиле пензиите, кога пред три месеци ни ги намалија? Што да кажеш бе на ова, па жално е, глупаво е, подло е така да се манипулираат луѓето.

    И така, неделава се полнам со чај од мајчина душичка затоа не престанувам да кашлам, од наредната недела ќе си почнам на вежбање, се спремам (полека ама сигурно) за полагање и си сонувам дека семестаров конечно ќе имам време да најдам некоја работа. Некои планови пропаѓаат, некои се стабилизираат ама тоа му е нели функцијата на јануари да не натера тефтер-планер да си купиме. Па наредниот месец ќе каже дали ќе го пополниме.
     
    На iloveyou29, Hipster, Sexybaby86 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Сакам да кажам здраво на сите феминки,јас сум нова членка на форумов :) :*
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kate1998

    Kate1998 Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Доста ми е од се.Ех да можев тоа да го направам..Да можев да умрам..Зошто Господ вака ме казнув? Зошто не ми го одземе животот? Зошто?
     
  19. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    23.990
    Пол:
    Женски
    ^^
    Доста, бре не туку се потресувај ! |(

    Инаку, го најдов ова на ФБ, во една група за преведувачи. :^)

    [​IMG]
     
    На mims-89 и Mama25 им се допаѓа ова.
  20. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Ова лето ќе одам во Шпанијаааааа! Пресреќна сум значи!
    Кога ќе помислам каков период ми следува сега, прво екстерно тестирање, потоа матура, па уписи за факултет :whew: ...Ќе биде малку напорно, но ќе помине, и потоа конечно ќе си се наградам со едно убаво летување во Севиља. Ајде кој сака со мене! :D
     
    На iloveyou29, Golden, hermosa и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.