Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Богами и мене Абеја ме замислија,со овие астрологии и натални карти и овие триста чуда. :rofl:
    Ајде трите заедно кај некој соодветен за натална карта,може и попуст ќе ни даде дека 3. :lol:
    Да знам да уживам,дур животот е пред мене. :rofl:
     
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Секој од нас со дело може да го направи светот поубаво место за живеење,а исто и секој од нас може да го уништи со неправење ништо и чекање некој друг да почне.

    Инспирирана од филмот Pay it forward решив месецов да направам барем три добри работи,безразлика на нивната тежина или тоа колку прават мала или голема промена во нештата и најважно без очекување ништо за возврат. Начин на давање безусловна љубов на светот и луѓето околу нас.

    И како што е пораката од филмот,кога некој ќе направи нешто добро за тебе не премерувај за да му возвратиш со исто толкава добрина,туку продолжи ги добрините понатаму. Без наплата. И без очекување на видлив резултат.

    [​IMG]
     
    На bittersweet, Hipster, julie77 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Толку сум занесена со учење набројуванки деновиве, што пред малку читав една статија на Фемина со 7 совети за подобар утрински секс и веднаш ги скенирав, ги запаметив, и се обидов да ги повторам :rofl: Уште не ми е јасно зошто го учам предметов што го учам, односно зошто ни е воопшто во програмата, но се помирив со фактот и сериозно си ја фатив работата овојпат. И не, не сум како поединци што постојано негодуваат како сите предмети им се тешки и досадни, овој ми е првиот предмет во 3 години што е толку обемен, а истовремено и толку ужасно неинтересен. За 2 смотани кредити!

    Периодов ми е многу зафатен. Сите го мразат досадниот јануари, а јас не знам од каде да почнам. Моментално сум сред колоквиумска, ме очекуваат уште неколку усни и писмени колоквиуми, интервју за работа, собиранки со колеги и другарки, а потоа уште учење и испити. Ако сум доволно добра, можеби и ќе си заслужам еден шопинг во Солун на крајот од месецов :lol: Да не бев толку заљубена, пардон, залудена за време на претходната колоквиумска, ќе завршев за некој ден и ќе фатев и нешто од распустот. Но не и годинава, годинава ќе го поминам учејќи.

    Интересно е колку брзо и лесно може да се заебат работите. Интересно е како некој или нешто може да те натера да заборавиш на остатокот од светот. Да ги заборавиш работите кои си ги градела со години и си вложувала време, труд, и пари. Во тој момент, само тој да постои за тебе. Тоа ли е љубов? Ако да, не сакам никогаш да се заљубам. Додека бев со него, не ми беше гајле за никој и ништо. Го запоставив учењето, другарките, домашните. Но лесно е да не ти биде гајле, најлесно е да бидеш рамнодушен. Тешко е да си упорен, тешко е да си трудољубив, тешко е да не се откажуваш...ете тоа е тешко. Да се откаже - тоа може секој. And I ain't no quitter! :)

    http://www.youtube.com/watch?v=4G8bI17_AAc
     
    На Hipster, Ema.Sk, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
  4. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Сакам да кажам дека ми се спие,а морам на училиште да одам :^)
     
  5. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    3.035
    Пол:
    Женски
    И тешките моменти честопати знаат да му дадат смисла на животот.... благодарение на нив знаеме повеќе да ги цениме убавите работи...
     
    На richgirl998, Gordana10, Purrinn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.064
    Пол:
    Женски
    Cабота е кај ти текна да одиш на училиште :rofl:
     
  7. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.928
    Допаѓања:
    89.770
    Пол:
    Женски
    + зимски распуст :^)
     
  8. MAGI.cna

    MAGI.cna Нов член

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    1
    Работна сабота .
    Уште еден обичен ден ,во чудово наречено живот.Луѓево живуркаат .Mалкумина ја имаат привилегијата да живеат .Oстанатите преживуваме .Но не се демотивирам .Напротив важна мотивација ,да продолжам да ги редам коцките - далеку од тоа дека некогаш ке ги наредам сите,но коцка плус е еднаква на радост .A радоста е она кое не држи ,не турка напред да се бориме .Денес сум подобра од вчера ,а утре ќе бидам попаметна од денес .
    Не дозволувајте да ви помине ни еден ден без да направите потег во уметноста .
     
    На Purrinn му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Си ветувам на себе дека ќе превземам чекори. Овој пат јас ќе бидам победникот! :geek:
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Тмурен понеделник требаше по некоја дефиниција да биде на 20ти Јануари оваа година. Се шири вест дека веќе сме го имале на 6ти? :^)

    Ма ми е тмурен цел Јануари, ништо подобар а најдолг месец ми е Февруари макар му скратил опашката одамна некој истомисленик, да можам ќе го скратам да помине до 10ти и да и отстапи место на Баба Марта порано. Без разлика дали снег ќе падне на 31 Март, исто ми се фаќа, знам дека главава ќе знае Март значи иде пролет, долги денови и кратки ноќи а не вака, надеж за подобро време, метролошко и онака општо.

    Се повеќе и повеќе сум убедена дека сум еж или желка реинкарнирана во човечко тело. Друго нема. :?:
     
    На Hipster, julie77, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Можеби сум ретардирана ама,од прееска слушам како индијации да се тапшаат по устата и прават крици.И чат пат по некој оперски глас. :rofl:
    Ќе си умрам. :lol:
     
    На sweet-star, Dog-lover, Papillon.Papi и 2 други им се допаѓа ова.
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Бев клошар во очите на сите околу мене, а не бев свесен ни зошто. Можеби поради тоа што бев добар кон сите, на никому зло не посакував и верував во добрината на луѓето. По се изгледа бев премногу наивен и можеби токму затоа бев честопати повредуван. И во љубовта немав среќа, затоа што имав да понудам само срце кое искрено љуби и сака. Тоа едноставно беше премалку за сите оние девојки кај кои се обидов. Неможев повеќе да издржам да гледам како пропаѓам и токму затоа решив повеќе да не си ја вложувам својата енергија во бесполезни работи, туку да се насочам кон своето надградување и унапредување имав работа која што ме исполнуваше максимално.
     
    На Purrinn, deedee0, LittlePinky и 5 други им се допаѓа ова.
  13. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    Дајте ми една шолја добро кафе и книга што сакам и ќе бидам пресреќна. ;)
    Дури и да имам 10 книги за читање,јас сепак ќе сакам уште една да си купам...
     
    На iloveyou29, Butterfly14, sweet-cherry и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Добро бе, прекинуваат ли некогаш луѓево со зборување?! :^)

    Уста да не се затворало, само да се дроби и дроби и дроби, не е важно што ке кажеш, важно у муабет да се најдеш. Па добро бе, нели се слушате што ви излегува од уста?! Пу да ви се плукнам во неписмените.
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Од успехот добиваш многу нешта, но не најважното нешто во душата кое ти го носи љубовта :)
     
    На Gordana10, EMoonlight и vitomir им се допаѓа ова.
  16. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Според коментарите, изгледа сум ретардирана што до пред некое време не знаев што е вокмен, а? Ух штета за мене, кутрата јас :(
    Нека, само се смејте, ќе ви се врати еден ден ;)
     
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Нешто најинтересно додека сум во некој фенси досаден ресторан. Моите се чудат зошто толку долго сум се задржала таму. :lol: 8)
     
  18. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Одамна не сум пишала. 100 години. Си го заборавив пасвордот, не можев да се логирам и се откажав. Денеска си викам, ќе се логирам, па шо сака нека биде.

    Многу работи ми се изнаслучија изминатиов период. Заврши 2013 (тенк гааад), и ќе ја ставам у фајл у мозокот под шифра „ду нат опен евр“. Единствен хајлајт од 2013 беше дипломирањето на сестра ми. Ништо друго.

    Кога би направила мала ретроспектива на годината што измина, согледувам дека беше срање од година и не сакам никогаш да ми се повтори. Се поправив и покрај напорите да ослабнам, изгубив работа, изгубив братучед и изгубив контрола.

    Цел свет отишол у ку*ац.

    Немам нешто посебно инспирација, малку сум даун денеска, ме напна минатото и решив да си пишам тука колку да си олеснам малку.

    Како и да е, нека ви е среќна 2014 година, многу љубов, здравје и среќа. Бидете здрави, живи, весели и насмеани. :)
     
    На hermosa, Doozy, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Што стори времево бре? |( Која црна зима, какви бакарчи.
    Чинам за месец дена ќе се стопли, па еве размислувам полека да почнам да си ги отпакувам летниве алишта. :whew:
    Океј де, не е и до тој степен топло ама кај се видело јануар со вакви варијантни температури? :fubar: Чудно ми е некако.
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.956
    Допаѓања:
    81.284
    Пол:
    Женски
    Сакам повторно да бидам средношколка.
    Не затоа што ми фали средното, напротив - си ја сакам факултетската маршута, но ми фали слободното време за празниците. И безгрижноста и „боли ме уво за ...“ периодите.
    Ниту Нова година беше Нова година, ниту Божиќ беше Божиќ, а дури и не доликува кога со едното уво се тудиш да фаќаш фреквенции од муабетот во соседната соба, со другото слушаш или се обидуваш да слушаш што боботи некој таму на ТВ, а очите ти шетаат низ книгите и тетратките.
    Болна сум од некоја студентска болест, другарка ми вели дека моментално колективно си боледуваме од сесија. :D
    Па и не е далеку од вистината, мислам ...

    И не ми е јасно, дали само мене толку ме погодила, зашто очигледно другите околу мене заглавиле со средношколската „боли ме уво за све“.
    А јас, будалата, почнав дури и да ги сонувам страниците од учебниците во комплет со минијатурните сликички на кои наидувам тука-таму.
     
    На Hipster, ludoto19, Espadrila и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.