Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Сакам да кажам...
    [​IMG]
     
    На kala21, GordanaL, fatamorgana123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Парите го вртат светот,а газдите ги потценуваат работниците.Па до кога вака?
     
    На Irrepleceable му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Луѓето се повеќе се осамуваат, ги затвараат срцата, расте себичноста, ги повредуваат саканите... наместо да ги отворат срцата за љубов, да даваат љубов, да примаат... да веруваат во добрината :!:
     
    На Purrinn му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Ви се случило некогаш по неколку часа да слушате само една песна и никако таа да не ви здосади?
    Мене да...

    Ве поздравувам со истата...
    Убав викенд :* :* :*

    http://www.youtube.com/watch?v=AeGml71f_Ks
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Без гајле бидете за времево, правиот студ допрва ни доаѓа, со многу снег и многу ниски температури. Чисто да си знаете, така кажаа :D

    Јас сум добра, фала на прашање. Малку ненаспана додуша, а толку и' се токмев на саботава. Сабајле во 9 бев ококорена иако легнав во раните утрински часови. ПМС (па и МС :D ) ми помина, а мене денес реши да ми се појави „снајпер“ на лицево. Па го ископав, си направив рана и вечер ќе си седам дома нашлакана со маст од невен, нема смисла да плашам луѓе низ градов.

    Ги знаете оние денови кога едноставно се чувствувате грдо и непривлечно? Е, денес ми е баш еден од нив. А наводно во овулација жената се чувствува најпривлечно. Yeah right :^) (BTW, преводот на ова на Телма би бил Да, десно :rofl: Мислам, шта речи? На сите филолози црева им се превртуваат од ваков „превод“)

    И така, што да ви кажам? Денес само веѓите ми се убави :rofl:

    Се спремам да си правам таљатели со калоричен сос со сирење и павлака, а Милката со топен лешник ми се смее од маса (и после сакам да немам снајпери на лицево). Нејсе, нека имам, и така викендов не мрдам од дома. И кажете ми како успеав за празнициве да ослабнам 2 кг при толку јадење? Како цел организам да ми се смени за 360 степени. До пред година дена и вода да се напиев ми се фаќаше, а сега јадам и упорно слабеам. Дојдов до степен кога и конф. број 34 ми е, нема да речам широк, ама еве, комотен :sweat: Мислев дека ова никогаш нема да го кажам, ама сакам да накачам некое кило и да заличам на човек :D Уствари, мене арно ми е и вака, туку другиве околу мене замараат дека сум слаба, веќе ми се темни и немам нерви да ги слушам, најискрено |( Мислам, у реду е. Не е дека сум коска и кожа, болно и анорексично слаба, па нон стоп за тоа да зборите.

    Телефонот почна да ми откажува љубов, лап топов исто така, полначот веќе го заменив со нов, а на телевизорот ми се појавува некоја линија среде екран и секој ден е се поголема (прв знак дека ќе испушти душа кај и да е). Мислам, шта речи? Од кај да почнам? А тек е јануари, најдолгиот и најсиромашниот месец, барем за мене, а не ни бев никаде и не правев ништо спектакуларно (освен малку (повеќе) шопинг) :lol:

    Нече среча поштеног човека бре, не и не :D
     
    На bittersweet, iloveyou29, tinkerbelll и 24 други им се допаѓа ова.
  6. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Дефинитивно најмутави муабети се вртат на фризер. Колку и да се радувам на новата фризура после,мака ми е да седам таму со саати и да слушам глупости и оговарања.

    Денес врвот беше кога дојде една девојка со плачки зошто колешка и имала иста фризура со неа. Ама да се разбереме со поубави шишки. :!: Па тука цела фризерница жени зовре и почнаа со напади на некоја си колешка со иста фризура ко дојденава што не ја ни знаат.

    Сто пати реков,има да се научам сама да се шишам,депилирам,чупам веѓи и се останато ,само да не морам да одам таму никад више.

    Или да ми препорачате некоја пристојна фризерка,што нема да ми раскажува за оние работи со маж и и мешањето на свекрвата во бракот?!

    Од друга страна,па супер ми е фризурата. :angel:
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. naughtygirl

    naughtygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    100
    Постојат многу начини да се раскаже една приказна. А, сепак ниту една верзија на настаните нема да биде целосно точна и да допре до сржта на човекот.Понекогаш токму наједноставно раскажаните приказни откриваат најмногу чувства и допираат најреално до човеково срце и во таа потрага во вечна среќа.
    Тешко е да се разбере душата на човекот.Зошто?
    Зашто постојат прашања кој изгелдаат толку едноставни,а сепак неможеме да ѓи одговориме.
    Понекогаш кога некој ќе ме праша што ти е јас сакам да му кажам се што ми поминува низ глава,но знам дека нема да успеам зошто никој не е толку вешт во зборови за да го наслика она што само срцето го знае.
    Понекогаш сум пробала и да објаснам се два три збора,да нафрлам надеваќи се дека некој ќе ме сфати а сепак знаејќи дека никој нема да се почувстува исто како мене иако јас се обиува на триса различи начини да го постигнам тоа.
    Би сакала приказните да бидат едноставни, неколку карактери, неколку случки и БУМ да речеме ова е животот.Но, тоа ќе ти биде само една слика и тоа во некој лош стил со избледени бои и лоша техника. Тоа би било како од сите можни песни да те натераат да одбереш една која до точка би го дефинирала твојот живот. Нема да има таква, затоа што животов е една огромна палета на фотографии кои ти се мешаат пред очите, некои зафрлени некаде подолу во тоа купиште, но ниту една не е засекогаш загубена.
     
    На girlonfire му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Додека не дојде крај на свет,а како што глеам Маите се немаат изјаснето со нов датум :P :P :rofl:
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    леле хормоналниов дисбаланс ке ме полуди
    за време на циклус плачам исто ко да сум во ПМС-ова е нешто навистина ненормално :x
    до кога вака и до каде вака?
     
  10. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Девојки што ви е? Да ве прашам имате ли нешто во таа ваша глава? Уште немате ни 15 години, а излегувате во миничи, со штикли..А најлоши се оние клошарки кои бегаат од дома, имаат дозвола за излегување до 1..за ова да го напишам ме мотивираше девојче кое е 5 одделение, објавила слика со вештачки нокти и пишала дали се добри... :fubar: Тоа ми излгеда како да нема ниту старатели..Погледнете ги малце правите девојки од 20 години како изгледаат и како се однесуваат..Идат во град со тренерки и се шминкаат по малку..И не поминуваат многу време по кафичи.. Мислите дека така ќе ги привлечете машките? Кога пушите цигари, глумите клошарки, пиете на само 13-14 години... Дали стварно мислите дека ќе најдете дечко ако пишете на статус "некој дечко, нешто?" Разбудете сее! Седнете и научете нешто. Тоа што го привлекува секој нормален дечко е памет, интелигенција, хумор, домашна култура.. а не тоа што сте биле со пола машки од градот и што имате по 5000 пријатели на фб ! :headbang:
     
    На LittlePinky, Monna.Monna, Agawa и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Решив да го променам мојот матичен лекар,само не знам кој да ми биде Доктор ОЗ или Баба Рада :?: ?
     
    На sweet-star, Hipster и GordanaL им се допаѓа ова.
  12. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Сите паметни веќе смислиле како ќе препишат, јас ко најпаметна решив да научам..
    Кој умрел од учење? :geek:
    Смејем се, ал плаче ми се.. 3500 страни за 4 дена, не знам ни дали ќе стигнам по еднаш да ги прочитам..
    А кога ќе ми текне, што се можев да правам во сабота навечер ;(
     
  13. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Јас мислам дека треба да смислиш некој најпаметен начин за препишување... Јас не би можела ниту да ги разлистам сите, а камо ли да ги прочитам... Не дека се коојзнае колку, да стануваше збор за нешто што би го читала по мој избор, но кога станува збор за полагање и 350 се многу... :) :) :)
     
  14. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    На тоа додади и дека не учам нешто што ми е по струка.. Напротив, треба да научам нешто што мразам од дното на душата :devil:
    Ама што да правам кога сум недарбина за препишување.. Еднаш пробав, инфаркт ќе добиев на сред испит..
     
  15. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Не ми требаат зборови, што ќе ми е едно “те сакам“ или “не можам без тебе“?
    Сум ги чула илјада пати, досадни ми се, најискрено....

    Најмногу го мразам зборот извини. Зошто да да употребуваме? Зошто мора да кажеме или да направиме нешто што би довело до зборот извини? Зошто мора да си грешиме до тој степен едни на други? Да се поверуваме? Која сатисфакција е тоа, друг да биде скршен, повреден ?

    Два пати мери еднаш сечи, размислувај, брои ако треба, не дозволувај да згрешиш нешто па потоа да мора да го кажеш зборот “извини“.

    И не ми треба да слушнам дека сум целиот твој свет. Докажи ми го тоа. Не ми требаат скапи подароци за доказ. Ми треба искреност, топлина, ми треба вистинитост во твоите зборови!

    Не кити ми го вратот со накит, бакнувај го!
    Рацете мои се меки и нежни и без светкавите прстени.... држи ги цврсто, стисокот нека ми ја докаже твојата желба да бидам до тебе.

    И никогаш не пуштај ми ја раката, долепи се до мене нежно, зарем не е ПРЕУБАВО кога сме едно? :)
     
    На marama, Primavera, vinozito1 и 26 други им се допаѓа ова.
  16. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Ние, учениците, живееме од распуст за распуст... :D
     
  17. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Моментот кога мачката ќе ти се качи на највисокото дрво во маало, знаете на оние во кои птици си имаат направени гнезденца, па незнам дали по нив, по јајцата или од чиста палавост се качило, и пошто целиот комшилук знае колку ми значат истите се активираа на сите можни начини за да ми помогнат. На крај дојдоа електричари од соседната населба каде што поправале кварови и со помош на тој мал кран со кој ги качуваат на бандери, е со тој ми го симнаа мачето. И сега гревчето е потресено цел ден, се тресе како лист на ветер, одбива да јаде, се чини дека вистинска траума преживеало.
    Туку, сакав да кажам колку е убаво чувството кога ќе видиш дека некој се ангажира поради тоа што сака да ти помогне и знае дека тоа ќе ти значи а притоа е само комшија кој апсолутно нема обврска да се труди за едно животинче, обично сите други само би си терале сеир а за помош не би ни помислиле.
    Како и да е се се заврши добро, пријатно бев изненадена а мачето е на сигурно.
     
    На sweet-star, Primavera, Maya3112 и 21 други им се допаѓа ова.
  18. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    652
    Многу, ама многу мразам чекање :@ . И тоа чекање автобуси на минус степени.. Абе денес се утепав чекајки автобус па после чекав такси премрзнав. Морам веќе крајно време е да почнам со часови за возачка зошто животот ке ми помине чекајќи такси и автобус, се насевам дека ќе буде шофер од мене ми се чини сите земаа возачка освен мене... Ама ајде среќа што барем имам желба да возам лека полека ке биде и возачка со Господ напред :)
     
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Пу,пу не важи што те повредив..
    Извини?
    *
    Ако нешто сум ти значела,немало да ме повредеш.
    Значи најритирачки збор ми е извини.
    Просто и едноставно е.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Има и луѓе и НЕлуѓе! Сум сретнала и такви и такви. Сум давала помош, ми враќале со исто, некои можеби не, но некои и тоа како да. :) Едни се добри, други се лоши и се така човекот оди до бескрај.

    Благодарна сум што сум ги запознала и едните и другите. За да има повеќе животот смисла. Треба да научеме да паднеме, но и да станеме.

    Не знам човек да проценам од прв пат, тешко ми оди, но се трудам да научам.
    Има и такви после толку години кои ме издале, ми забиле нож во грб, можеби и јас некому лошо сум сторила, несвесно, ненамерно, не знам... Ако е така стварно би ми било жал и би се разочарала од себе. Не сакам да сум лоша личност или да повредам некого. Немам таква намера во животов.

    Само сакам да сум среќна, здрава, исполнета со љубов и да се трудам во животов, да имам зацртано цел која ќе ја остварам. Сакам и оние најблиските кои се покрај мене да се такви.
    Сакам мирен живот, спокоен, сакам да патувам, но не сакам да ризикувам иако некогаш ризикот може да се исплати.

    Овој пат одам на сигурно, па што биде нека биде! :)
     
    На gelkaa, Purrinn и GordanaL им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.