Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Mary's swayin’ softly, to her heart's delight...
     
  2. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    СДК -мислам дека треба да се затвори оваа тема ,бидејќи има +6200 страници.И за сметка треба да се отвори нова исто така СДК .За да биде попрегледно!
     
  3. alone-in-the-dark

    alone-in-the-dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    39
    Аман бе девојки кренете телефон кога ви врти некој , може има искрени намери |-)
     
  4. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    виолина и пијано...може зашто знаат да ги доловат најтажните и најсреќните моменти...посебно тие првите...
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Од такт ме вади фразата „Што се замараш“ или „не се замарај“!
    На пример, нешто сакам да правам, интересно ми е, па сакам некому да му покажам...И добивам само „не се замарај“!!!
    Ако ме „замараше“, воопшто немаше да го правам тоа!!!!
     
    На sweet-star, LittlePinky и Irrepleceable им се допаѓа ова.
  6. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Хронично се чувствувам уморно деновиве, а и главоболката е тука од време на време.... Ај ќе одморам нареднава недела убаво, ама биваше ли цело попладне да го поминам на форумов место да си се испружам и да гледам телевизија? :tmi: :lol:
     
  7. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Изгледа мене автоматски ми се приспива кога решавам да учам. |( |( |( |(
     
    На sweet-star, tinka-mace и acvamarin им се допаѓа ова.
  8. Jay-jay

    Jay-jay Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Зошто по ѓаволите се врзуваме за погрешни личности? :fubar: :swear: :doh: :worried:
     
    На Ema.Sk, H.VAGA, LittleFairy и 2 други им се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Тешко дека нешто може да ме задржи будна после полноќ.
    Јас живеам според начелата на големиот биолог Чарлс Дарвин...
    Последните денови ги прекршив правилата за нормално функционирање на биолошкиот часовник.
    Се прашувате зошто една толку принципиелна личност отстапила од својот "режим"???
    На моменти не можам да се препознаам.. Почнав да дежурам трета смена :wasntme:
    За тоа е виновна ФЕМИНА :inlove:
    Ви посакувам добра ноќ на сите кои дежурате на форумов |-)
     
  10. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    луѓе, спасувајте ме...се заразив со Pink Floyd :rock:
     
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Стварно никогаш нема да разберам какво скриено значење се бара во соновите, или оправдување у лорд Џизас, или од друга страна пак - атеизам. Can't you just leave the bright sides, the dark sides and all that stupid illuminati or black magic stuff aside and keep looking for details? Сигурна сум дека ќе најдете нешто совршено разумно, нешто као лек за Паркинсонова кој ако го испие здрава особа ќе предизвика истата да се понаша како опседната, спремна за егзорцизам, де..
     
  12. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Колку долно ке се осетиш кога ке те предаде-тој во кој најмногу си верувал, значи жално е. Сите се со тебе кога имаат корист и после им заврши ли работа крај не си човек не постоиш за нив. Вечерва видов кој ми се другарки а кој не и за жал сите предавници како можеа, нели бевме сестри нели кога ви беше најтешко јас ви помагав и се правев за вас и сега вака ми возвраќате? Епа фала ама еден ден се ке се врати кармата си врти ;)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lolli

    Lolli Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    26
    Се е супер, само можеше малку да го смениш статусов, а не да му направиш копипејст од Фејсбук :!:
    СДК дека форумов веќе не е тоа што беше. Оддамна ве читам и следам се што се случува на форумов, уште пред да се зачленам. Темава веќе изобилува со цитати и мислења напишани очигледно само за да се зголеми бројот на нечии мислења. Квалитетните членови за жал се повеќе ги снемува :worried: Не планирав да напишам ама гладам дека ситуацијава станува алармантна :$
     
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Порано менталниот склоп,културата и духовноста на една личност можевме да ги одредиме низ разговор на некоја седенка за одреден повод.Денес тоа и не ви е потребно.Отворете на страната на ФБ на дотичната личност и од фотографиите ќе добиете доволно информации за горенаведените категории.
    На една роденденска прослава жена на возраст од 33 год. сопруга и мајка на шестоодделенка ме инспирира да го напишам постов.
    Доаѓа госпоѓата средена и опремена со техника за позирање и фотографирање.
    Погледнете,фустанов ми е нов,го купив од првата плата :devil: А должината и моделот крајно непристојни за жена-мајка (припиен на телото до под задникот).И видно возбудена од моментот,почнува...Добро држи го телефонот,па мрдни лево,десно...Ајде,бе сликај...
    Те молам не ни помислувај да ме фатиш во кадар.Не ме боли за твојата поза,очајно внимание,а најмалку за ФБ.Ако сакам ќе си креирам профил на толку бараната антисоцијална мрежа.
    И ситуацијата е овековечена.Фтографијата оди на Фб.Па,следуваат воздишки и кликања (не ги викам лајкови) од страна на пријателите.Оп, коментар-Дечко која ти е женскава :( .Сестра ми е.Многу впечатлива личност,па веднаш ја забележаа.Сигурно немаат потреба да и прават карактерна анализа???Гледаат како и функционира мозокот :@ Капирате,нели :envy: Ги бодналево во очи напрчениот задник и идиотската насмевка :puke: Се појавува внукот од некоја страна.
    Аман ма тето!!! Дојде за сликање или на роденден...
    Но,таа и не го слуша прашањето.Во главата и се врати мисла:Зошто не си земав друг телефон :wasntme:
    Не баре тој би ја направил принцеза.Гледам и не можам да се изначудам на човечката лудост.
    А каде сум јас во денешницава со моите размислувања :wasntme: Некаде во годините кога сум се родила.Сето ова ми е толку мизерно.Под достоинство.А за ќерката не треба да ви пишувам.Се потврди поговорката-Децата се огледало на родителите.Малата разгледува обувки со платформа на висока штикла на ФБ :( Сопругот мирен и тивок препуштен на чашката ракија,не ја ни забележува саканата жена...
    Драги мои,тоа е сликата за современата сопруга и мајка.Ужасно патетично,но вистинито :@
    Очекуваме КЛИКАЊА НА ПРОФИЛОТ ширум целиот свет.Инвестицијата треба да се исплати ;)
     
    На sweet-star, Monna.Monna, naughtygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Е баш така Loli ...секое второ мислење е за денешната младина ,а си има и за тоа тема таму напиши си :emo: .Не дека е лошо мислење ,но мислам дека денешнава младина ја праивте КРИМИНАЛИСТИЧКА ...како да нема деца одтанати која на 13 години учат,си имаат хоби,одат по слаткарници.Вие ги потенцирате само лошите односно "напредната генерација",а другиве кои ја создаваат иднината ги запоставивте некако или ми се чини?А тие што од сега се "унапредија",родителите нека си ги гледаат,а не ние на фемина да објавуваме мислења кои за нив не важат ништо.Мојата поента е да не ги заборавиме децата кои се иднината и да не се зборува само за тие што се малкуцка мрднати :!: .
     
    На Butterfly-Girl, LittlePinky и Kaylie им се допаѓа ова.
  16. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Во едно време кога вистинските вредности избледуваат, се живее брзо и површно и се цени она што е плитко, несвесно се бориме со тие матерјални ветерници за да се зачува она чистото, што го носиме в нас.
    Чувајте си ги пријателите, има причина зашто сте ги одбрале. Тргнете ги оние за кои чувствувате дека ви попречуваат духовно, кои ве сморуваат со површности и сплетки.
    Има разлика кога ќе седнеш на пиво со луѓе и зборуваш за идеи, за факти, за просперитет, за желби, за соништа. Кога им ја отвараш душата без да им ја подадеш интимата, кога може да научат многу за тебе, без да знаат конкретно. Има разлика кога ќе правиш муабет за бои на кармини, чевли и врагови. Има разлика кога ќе анализираш ликови од книги, наспороти ликови од реалниот живот. Има.
    Знаеш отпрва кој вреди да го имаш до себе. Тие да си ги чувате, баталете лепотици :)
    Кога не ти е непријатно од некој да те гледа соголен и отворен. Кога немаш ништо а се осеќаш дека го имаш светот. Не знам дали е до мене, ама тоа ме радува. Ниеден материјален подарок, ниеден, не ми го доловува тоа чувство, чувство на исполнетост. И кога денот ти е празен, а исполнет.
    P.S. Не се дрогирам.
     
    На Mama25, Katerinceee, sweet-star и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Зошто едни хартии собрани на купче може да го натераат човекот да направи лоши работи?
    Како може тие хартии да го натераат човекот да убива,да краде,да лаже?
    Која моќ ја имаат тие хартивчиња наречени пари да го натераат човекот на такво нешто?
    За тие хартии многу нешта се прават.
    Се продаваат луѓето,ги продаваат нивните пријатели.
    Се,се прави за тие проклети пари. :x
    Ова ме натера да го напишам една вчерашна случка.
    Еден алчен сопственик на кафана вчера сакаше да ни наплати повеќе.
    Ама ете алчноста што прави.Тој сакал да ни наплати 980,а вистинската цена била 930,а тој се збуни и ни наплати 910 денари.

    Вчера одлично поминат ден на планина во Крушево.
    Се изнашетав и вечерта си дојдов дома,се пресоблеков и право во кревет.
    12 часа спиев,пред час и нешто станав... :D
    Уште да имаше снег во Крушево одлично ќе беше,ама и вака беше супер. :D

    Последниве месеци направив туристичка турнеја низ западна Македонија. :rofl:
    Вчера прошетав низ Прилеп и Крушево,пред 6 месеци во Битола,а пред 4 месеци низ Охрид и Струга.(добро ми останаа уште неколку градови за да ја прошетам цела западна Македонија,ама ќе биде и тоа наскоро :D )
     
  18. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    5.887
    Стварно времево нема смисла .... што че биде ова видјела сам снег у мају-северина..а ?
    зимо сме алооо нека паѓа снег вече додека сме на распут ;)
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    ^ шо се секираш, ке биде ко минатата год, мај и јуни само дождови ке гледаме..
     
  20. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    23 години полнам денес :^:
    Како мала не се радував толку на родендениве колку сега :)

    Да ве почастам
    [​IMG]
     
    На Miss.Ricci, bittersweet, Adi888 и 23 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.