Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Разочарувања, лажни насмевки, лицемерие. Зошто само од тоа ни се состои планетава? Т.е. луѓето се такви, не Земјата.

    We talk so much about leaving a better planet to our kids, that we forget about leaving better kids to this planet.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Gordana10 и julie77 им се допаѓа ова.
  2. naughtygirl

    naughtygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    100
    Ги знаете они денови кога се ви е преку глава и не сакате да слушате за никој и не сакате никој да ви зборува.
    Епа денес е мојот ден.А се почесто ги има овие проклети денови и кога ќе дојдат знам само едно.
    Се затоворам во соба и читам како луда.
     
  3. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Ахх дали го знаете она посебно чувство кога си сигурна дека те сака мм :inlove: :inlove: :inlove:
    вака заљубена не сум била никогаш, ццц не се опишува чувството :inlove: :inlove:
     
  4. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Колку е убаво кога ќе си станеш одморен и си се избањаш традиционално во недела :lol: ,си јадеш и си ја чекаш другарката на кафе.Расположена сум денес луѓенца,сигурно ќе го искористам правилно денов.
    Треба да направам мал поклон за љубениот мој,тоа уште повеќе ме расположува. :) :D

    Ви посакувам пријатен ден :*
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.183
    Допаѓања:
    156.685
    Поминале денови, ама да ти одговорам.
    Јас не го пишав со жалење затоа што е само тоа, јас го пишав со жалење на таквите кои се надеваат на матерјална корист, оти светот го гледаат така површно, па после си доаѓа со наплата. ;)
    Таквите луѓе никогаш не постигнуваат состојба на среќа. Сам треба да се убедиш дека живееш во изобилие, а за тоа ти треба добри здравје.
    Туку ајде. Кому што му е важно, само да не има плачки и жалења после за луѓето, светот и слично. Не дека паричката е моќна, туку е само адет, туку длабината на паметот на луѓето ќе ја видиш. Некако смешно се поклопува со сите кукачи и ним сличните на кои светот, државата, луѓето постојано не им чинат.
    Штета јас не се пофалив со својата, можеби нема да ми функционира вака. :(
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Ги читам феминкиве, се нешто се жалат воспалени мускули од вежбање имале... епа јас со уста си вежбам... јадам! :)
     
    На LittlePinky, COollLady, poenta и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Море добри се тие, јас последниот пат на фризер кога бев дојде една постара да се шиша уште во октомври а син и свадба ќе правел во декември :D и тоа консултации каква фризура ќе правела дали ќе се фенирала или пунџа. :rofl: Па жалби дека одвај го оженила 30 и кусур имал време му било, до 25 години човек сам се женел, од 25 до 30 неговите го женеле а над 30 село го женело. :rofl: |(
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Среќна нова `49та!!!
    Да да, се лажеме ако мислиме дека живееме во 2014та, 21 век, векот на модерна технологија, демократија и други бакрачи кои не лажат и ни мачкаат очи.

    Ужасно нервозна и гневна сум на премногу работи во нашиов соу колд модерен демократски едношалтерски систем, не дека е нешто ново, ама кога ќе се соберат повеќе работи одеднаш, ти доаѓа да испукаш.
    Здравствената картица, која ми ја имаат извадено уште од Ноември ми ја нема, креваат раце, ја изгубиле некаде или ја пратиле во погрешна ординација. И сега јас да се молам дека нема ра се разболам, зашто немам никаков документ дека поседувам здравство осигурување. Да де виртуелно, информатички ме има, ама на папиру, реално немам такво нешто. Да биде бељата поголема, се подукочив во грбов-(Марфи ју сан оф а бич) и нема кај кој да се обратам. Среќа другарка ми е физиотерапевт, па на своја рака ме масираше и мачкаше колку да ми подпомине и да можам да фунционирам, среќа не било ништо страшно, зашто инаку ќе млади години ќе останев како кифла свиткана.

    Ми го изгубија индексот асистентот и професорот меѓу себе, двајцата викаат не е кај мене кај асистентот/професорот е, да ти пукне жучката додека да се договориш и да ги координираш да ти го најдат или пак во исто време да ги најдеш на факулетет- Мишн импосбл 6ка, да му пишам на Том Круз предлог сценарио, сигурно ќе го сними до 2020. Среќа го најдоа, мистериозно излезе од нигде никаде, да не ги напнував секој ден, сега ќе си објавував во службен весник нешто што веројатно дреме во нечија фиока, ама никој нема доволно совест да мрдне со прст за некој друг освен себе.

    После тоа, нашите фини и прекрасни трговци и нивните толку коректни односи и попусти, ми даваат пари точно до денар, да им земам нешто за услуга на луѓе кои не се од Скопје, одам гледам друга цена, и нормално не пониска. А на вратата напишале намаление. Не беа проблемот тие 90 денари што ги поскапеле, проблемот е принципот и тоа што на лага фаќаат смотани жени, што се лепат на зборот SALE како мува на г*мно и нормално користат гужва и дупки у демократија и непочитување на закони, па си прават што сакаат. И и` реков дека многу несовесно е тоа што го прават, да го исправат да не си имаат проблеми со инспекција, и не дека очекував благодарност, ама само што не ме исфрли насилно од продавница. Сега има да ја пријавам, без око да ми трепне.

    И така драги мои, овци сме, мали натежени, избричени, измолзени овци.
    Поеби и новогодишно фејкерско расположение, празници, поклони, честитки, овации.

    Среќна нова `49та, може 2014 ќе ја славиме за некои 100години, сега сигурно не.
     
    На bittersweet, mamma-mia, Lemonade и 19 други им се допаѓа ова.
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Во еден вообичаен ден, моето тело има 206 коски.
    А некои денови како денес, кога за ручек има риба, во мене има околу 236 коски.
    А бе ајде, дур да ја истребиш, ќе ти се одјаде. Г`тај таму. :D

    Иначе арна јас. Арна. :rofl:
    Заспав во 9 сабајлево. Станав во 10 ипол. И сега имам вишок на енергија, шта да ти причам.
    У главно, спремна сум за навивање, за вечер.

    Многу се нервирам, додека седам вака на интернет, некој ми да зборува.
    Татко ми на пример, е удав. :D
    - Елена, а ти се најаде? А во колку саат стана сабајле? И ти што ќе се пофалиш? А кај ќе одиш сега? А зошто во толку саат стана? А компири касна? Ама се најаде? Има нешто ново?
    - Добро бе тато, се` едно исто ме прашуваш.
    - Ама добро, да се најдеме у муабет.
    :D
     
    На iloveyou29, Divinebutterfly, Espadrila и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    328
    Ова ќе ми е последно мислење во кое ти ја имаш главната улога.Треба да се одделам од тебе и да живеам понатаму.Уште еден месец помина без тебе. Мислев со секој месец ќе е полесно, но сега стана дури и полошо. Се будам од тој сон каде се беше лага и каде сеуште живееше.Сфаќам дека било вистина и се трудам да не ти ја заборавам насмевката и очите.Тешко е да знаеш дека повеќе те нема.Тешко е да знаеш дека нема кој да ти игра на тапан кој толку го сакаше :D .Но тоа ти е живот.Некој го напуштаат многу брзо твојот живот но не и местото во твоето срце .тс
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Секој за себе си мисли дека е главен, дека е центар на светот, дека е најважен, дека е најдобар, другите се само џуџиња. Одам по улица и сите ме буткаат. Сите очекуваат ти да им се потргнеш за да поминат, ти да ги заобиколиш, ти да им се извиниш, од цела слободна улица мора баш во тебе да се бутне некој и да те избутка и изгази и ако може да те смачка и плус ќе бара да се тргнеш или да се извиниш! Епа неможам повеќе, колку и да се трудиш да останеш смирен, културен, учтив, насмеан и позитивен едноставно со вакви луѓе тоа не може, тоа не функционира. Тие луѓе живеат за да те напнат и да ти ја исцедат и последната капка позитивна енергија, живеат за да си ги истурат фрустрациите и комплексите врз некого за да се чувстуваат подобри. Живеат само за да омаловажат некого само за да се почувствуваат поголеми од остатокот од нормалниот свет. Што проблеми имаат ваквите луѓе само они си знаат ама нека си ги лечат на психијатар, не е срамота. |( Затоа сум намќор кога одам по улица, е од вакви створови, не дај боже да им се насмееш те убиваат со поглед :devil: Демони! :D
     
    На bittersweet, ludoto19, Peppermint и 23 други им се допаѓа ова.
  12. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
  13. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    10.221
    „Молам? Да работам за 15 илјади со диплома? Ма ич не излагам од дома за тие пари“
    Муабетов се почесто го слушам помеѓу луѓе од генерација тука некаде со мојата.
    Без ниту еден ден работно искуство се очекува престиж и почитување, а ако не упали тоа тогаш опцијата да се гребеш од родителите за разно разни хирови е сосема фина опција.

    Не знам дали е до мрзата, разгаленоста, бесрамноста или што?
    Поголемиот дел од тие наши напатени и веке истрошени родители цел живот се борат за некоја егзистенција, цел живот од уста делат за да има повеќе за некој друг. Колку па само семејства живеат и од пензии на бабите и дедовците?
    Не ли е бездушно се' уште да се чека на нив за кафе, диско, одмори и разно-разни партали? Се прашувам овие луѓе покрај тоа што секојдневно фантазираат за тоа како сакаат животот на им се одвива дали некокогаш во тие желби посакале да им уплатат одмор на нивните, да им купат нов душек за спаланата, или со еден збор дали помислуваат за тоа како да им ја олеснат староста.

    И не е проблемот во сонувањето, ама едно е да бладаш секоја вечер пред спиење или додека гледаш низ прозор во автобус, а друго е да имаш јасна визија за тоа што сакаш да бидеш, визија која што оди во пакет со ПЛАН.
    Кога сите би си ги прилагодиле очекувањата верувам дека би биле многу посреќни. Тоа не значи да животариш, да се помириш, ниту да бидеш скромен ко калуѓер, туку да бидеш реален, да го почитуваш она што го имаш затоа што и тоа може да стане болно минато, а во меѓувреме да работиш на нешто поголемо.

    Не велам дека е лесно да се успее, ниту во Македонија ниту на страна. Сите сме во истиот круг, но прашањето е до кога ќе се множат сите тие огорчени и незадоволни лица покрај другите причини и поради тоа што не можат да си направат една проценка на самите себе, да си ја чукнат главата и да размислат колку можат, знаат и умеат и да пробаат да сфатат по кој редослед се движат некои работи?
     
    На iloveyou29, Lemonade, Shelea и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Вдишувам загаден воздух,а парчиња од душава ми се позагадени од погледи, зборови и одбивања.Понекогаш мислам дека небото има само една боја,сивата,дека толку често е тука што мислам дека зад облаците повторно е сиво.

    Понекогаш мислам дека вечно врне во нечиј живот.Дека некогаш е тешко да рзвлечеш насмевка,а лесно да напишеш зборови,кои и онака времето ќе ги избледи.

    Понекогаш се чувствувам сама.Доволно за да и се покорам на осаменоста да и платам однапред за престој.Понекогаш мислам дека треба да заминам.Од некаде.

    На платното од мојот живот насликани бои.
    Понекогаш мислам дека е залудно.
    Некогаш се надевам.

    Каде е сиот сјај?
    Сонуваш ли и ти?
     
    На iloveyou29, WarriorAngel, crazylady и 15 други им се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Незнам што им е филмот на луѓето што све и свашта ветуваат?Вети го само тоа што можеш да го исполниш, а потоа исполни си тоа што си ветил. :!:
    До кога така? За све има почток и крај,ајде еднаш ке ти поверувам,ама вториот пат сама се демантираш. :x
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    1. Колку и да велат луѓето дека времето (климата) не им влијае на расположенитето, мислам дека не се во право. Цел ден да не видиш ни еден јасен сончев зрак...нормално дека влијае. |(

    2. Незнам како се учат предмети со општествена тематика. Незнам како се учи психологија. Знам како се учи неорганска хемија, физика, знам како е да се седне и да се решаваат задачи математика. ама психологија, граѓанско и некои слично предмети....се губам во редовите. |(

    3. Многу ме нервира кога читам нешто, посебно форуми и статуси, и наоѓам текст кој е целиот на македонски, а само една реченица, која патем не е ни цитат ни извадок, е напишана на англиски. Не дека ако е напишана на англиски ќе пренесе нешто посебно во однос на значењето, ниту пак ако се преведе дека ќе изгуби од смислата....навистина не го разбирам тој потег. Разбирам и читам и пишувам и знам англиски, не е во тоа проблемот. Проблемот е во самиот потег на авторот на текстот, пасусот, како и да е. Таа реченица го има истото значење и да се каже и на македонски, и на било кој друг јазик. Може личноста што го кажува мисли дека ако го напише на англиски ќе изгледа малце попаметно ? :wasntme: М? :P ;) 8) :lol:
     
    На anggell, LittlePinky, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Личноста со надеж гледа успех каде што другите гледаат неуспех, сончева светлина каде што другите гледаат сенки и бура.
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    „Колку само го сакам тинејџерскиот живот! “
    ^Нешто што ретко го читате, нели?

    Епа јас го сакам, ги сакам тие моменти кога ќе излезам, кога со друштвото се смееме непрекинато, ги сакам моментите кога се опседнуваш со симпатијата. „Дали ме сака, дали не?“ Најголем проблем нели?
    Ех, колку само убавини.
    Да си тинејџер е најубаво, за некои работи си голема, за некои си мала. Ама тоа на нас ни одговара.

    Ги обожавам саботните вечери, кога во зачадено диско уживаме, играме, пиеме, се забавуваме.
    Не се замараме за учење, тоа ни е најмалку битно. :D

    Животот ни се сведува на излегување, фејсбук, пријатели. И тој круг, повторно и повторно.

    Разбирам дека на некој овие години им се најтешки, ама пронајдеде убавина во нај тешкото, во нај лошото.
    Малите моменти не прават среќни. Како пример наоѓање на совршени фармерки или пак штикли. Па сме среќни цел ден. А да не зборувам кога симпатијата ќе ти пише на фб или пак ќе ти се насмевне. Е тоа, тоа се тие моменти. Моменти когаш скокаш, урлаш и потоа му враќаш „здраво“.

    Јас не сакам да пораснам, сакам да бидам 16 засекогаш! :makeup:

    http://www.youtube.com/watch?v=ZR0v0i63PQ4
     
    На richgirl998, Elennaa, WeHeartIt и 2 други им се допаѓа ова.
  19. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Кога религијата го повикува човекот !

    Тој избира да оди по мракот или да го земе при себе фенерот господов и да чекори со светлината.
    Патот мрачен е тежок, духот натежнува и нозете се влечат, тешко, обесхрабрувачки, горделиво од непокорност мислите се затруени. Немирот обзема, осаменоста владее, кармата е сурова.

    Посакувам, секому да ја почувствува светлината во себе и со нејзина помош да го најде мирот. Така маглата се трга и воздухот се дише со леснина, со полни гради. Туѓата среќа не' радува, за сопствената да ја дочекаме скромно, да ја поделиме.

    Не е доцна, само прашање на време е...
     
    На imelda, WeHeartIt, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Овој ПМС е страшна работа. Наеднаш ми доаѓа да плачам и само да си плачам иако нема причина сама ќе си создадам. Важно да си се исплачам за се што било и небило, да си ја испразнам душичката или да се удавам сама во своите солзи. И потоа касно сфаќам дека воопшто и не постоела некоја силна причина да плачам, туку сама си ја умислувам. Како и да е поминаа тие ужасни денови, сега е подобро. Чувството всушност и неможам баш на некој начин да го опишам, но битно убаво ми е. Си изнакупив еден куп чоколади и ќе ги изедам сите до едно и килце да качам гајле ми е.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.