Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.749
    Допаѓања:
    3.593
    Пол:
    Женски
    Искрена да бидам, добив неколку пораки од некои членови (за мене сосем небитни) кои ме ете така да кажам ,,поттикнаа,, да размислам и да го напишам ова.Да бидам искрена зачленета сум на форумов речиси една година и за време на оваа,исмината година поретко пишував мислења,се трудев да бидам што е можно покултурна и до ден денес никого не сум навредила но некогаш стварно ми пука филмот од некои мислења (кои сепак ги почитувам,впрочем морам :!: ).Тоа е моето мислење,јас сум тоа, без разлика на некој тоа дали му се допаѓа или не.И мене ми иде да се спротиставам на некои одредени ,,личности,, кои јавно секако нема да кажам кои (не сум била во конфликт, со ниедна од нив :!: ). Револтирана сум и знам дека не секој ќе разбере што сакам да кажам и дали ова има смисла.Едноставно на некои работи треба да се стрпиме.
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Умрев од вашите мислења во "Необјасливи случки" :sweat:
     
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Секогаш мора мене некој психопат да ми се залепи. :devil: Не знам дали на челово ми пишува, на пример, damaged goods, дали начинот на кој пасивно се движам во последно време привлекува погледи и сожалувања, не сакам да ме сожалува никој, значи, не знам до што е, дали сум им интересна како појава, не знам. Ама знам дека мора некој да дојде, во најневозможните ситуации, ситуации кога едноставно не ти се прави муабет, и да проба да ме муабети, да ми кажува глупави и сељачки фрази на пуштање, да ми кажува колку сум прекрасна, колку убаво сум се смеела, да ми симиња ѕвезди и сонциња, и мене да ми се превртува стомакот од што се бедни и патетични.... :puke:

    Никогаш не сум можела да поднесам некој таков, а како за инат ми се лепат бе, ај еднаш или двапати, не, мора да ти се залепи некој СЕКОГАШ кога не треба, и ти стопати да му дадеш до знаење дека НЕ, не ти се муабети, дека не сакаш да се запознаваш подобро, дека никогаш не сум избивала клин со клин и не планирам ни сега, и фала, ама навистина, навистина не сакам ништо со тебе. Уште па кога почна да ми објаснува како требало еден дечко да си ја чува женската, како требало да се однесува, дека се гледало по мене дека ми било нешто и дека сум била повредена, и дека очигледно било оти дечкото што сум го имала или го имам, не знаел точно да каже, не ме гледал како што треба, мислам дека да не си ги држев раците една со друга дека ќе му ја плеснев една и ќе летнеше од кај што дошол. МРАЗАМ кога ми се лепат паразити, бактерии, амеби, не знам што се, вируси ли се, ама не ми се лепи и не се прави дека ме знаеш мене во тие 40 минути што сум приморана да ги седам до тебе.

    И таман си реков, леле, фала Богу, си одам дома, и станав.... Ама не, ненормални, ненормални, па стануваат и дрски и безобразни, па изгледа мислеше дека глумам недостижна а дип даун сум толку заинтересирана и загреана, па проба и да ги реализира зборовите во дела. Мислам дека да немаше луѓе наоколу, ќе го нокаутирав, и ќе го газев, и ќе го шутирав и ќе го истурев сиот мој бес врз него, затоа што се дрзна да ме допре, да ме повлече, накај него, као, еве ти да видиш вистински мажи како постапуваат кога сакаат нешто многу, се дрзна да ме фати и за косата, еј ќе му повратев во глупавата му фаца, да не бев зафатена буткајќи се низ гужвата да ме снема и да се оттргнам од стисок на ненормалниот. Ми се згади животот, цела вечер ја поминав после згадена од однесувањето, мислам дека сите црева ќе ги истурев таа вечер.

    НИКОЈ не ми ја фаќа косата, леле тука исчурев, косата бе :devil: , никој освен.. него. И не сакам никој друг, никој, никој, никој ни да пробува да ми ја фати ни косата, ни па да пробува мене да ме фати. Барем не сега, кога се' е уште толку свежо, и болно и .... не сакам ни да ми се приближи некој друг. Едноставно, не можам да се замислам друг да ме гушне или да ме држи за рака, и тоа е вистината, која морав да си ја признаам некна, сама на себеси. Заедно со фактот дека веќе две и нешто недели живеам како да фали дел од мене.

    Ама ќе биде само така како што требало да биде.
    :(
     
    На bittersweet, Libera, Espadrila и 17 други им се допаѓа ова.
  4. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Значи многу сакам мало браче или сестриче, многу!
    Си имам јас брат, 16 години, и многу си го сакам. Но друго е кога ќе имаш некое малечко од 2/3 годинки и кога ќе ти шетка низ дома, ќе плаче, ќе галами, ќе ти кажува секој ден колку те сака, ќе те гушка..
    Tогаш и да ме изнервира некој, било кој, колку и да сум нервозна, кога ќе му го слушнам милото гласче на тоа невино суштество, срцето би ми се исполнило и цела нервоза би ми ја снемало.
    Дедо Боже послушај ме, незнам што планираат моите, но направи некако да си добијам уште едно братче или сестриче. :rofl:
     
    На iloveyou29, Dog-lover, WeHeartIt и 3 други им се допаѓа ова.
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Добро би било кога би можеле да се сретнеме со друга „јас“, од некоја друга димензија, што нема врска со нашиов живот и да ја прашаме што посакува, што ја привлекува и со што би била задоволна.
    Да видиме дали ќе се поклопат некои работи со она што го имаме сега, бидејќи нештата поинаку ги доживуваме кога ги имаме, а поинаку кога ни изгледаат недостижни. Да се потсетиме на жарта кога сме го добиле тоа што сме го сакале.
    Зошто човекот е секогаш гладен!? Гладен за нешто ново, неиспробано, често и недостижно. Тоа знае и да води до разочарување, губење контрола врз самиот себе. Задоволството е само привремено, се додека не се појави нова цел.
    Што се однесува до мене, жал ми е за 2-3 пропуштени шанси во минатото, за кои сум сигурна дека „другата јас“ би ми рекла веднаш дека ги посакува. Не знам дали не сум била доволно „гладна“ за нив, или само едноставно „така требало да биде“? Постои ли такво нешто!?
     
    На WeHeartIt, kala21, Jenniffer и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    СДК...станав втора братучедка, си го добив најубавото бебе на светот, Фредерико! :inlove:
     
    На iloveyou29, eliesaab, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
  7. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Живот.Таа сиромашна,од село,ама е мнооогу убава и има другарки.За разлика од неа јас сум од град,побогата,ама што кога не сум ни убава ниту имам другарки.Не сум завидлива,и не сакам да завидувам,ама тоа е вистина.За жал таа е сестра на дечко ми и со неа ке морам да живеам во иста куќа се додека не се омажи,а тоа ке биде за мнооооогу години бидејки сеуште е мала.Ја мразам од дното на душата.Поради неа вчера не разговарав со дечко ми.А и нема ниту вечерва.Не можам да ја поднесам,многу ме нервира.Колку пати и имам помогнато,а тоа само заради дечко ми,инаку нема шанси.
    Успеа да ми го расипе денот.
     
  8. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Кај да е ќе почнат да `фрчат статусите...За ракометарите :rofl: :rofl:
     
    На eliesaab, cresa-jagoda, WeHeartIt и 2 други им се допаѓа ова.
  9. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    Конечно се сетив на пасфордот од фемина. :P
     
  10. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    652
    Иш иш мрзооо, бегај од мене... Мрзата е грев луѓе
     
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Koга ќе се тргнат светките, сијаличките, украсуванките и останатите џингрлака џикица, ќе останеме сами со нечистотијата, маглата и смогот и празните џебови.
    Магијата и еуфоријата моментално ја снемува, останува само сивилото.
    Е тоа е нашето Скопје, вештачко магично и еуфорично..... и барокно де, разбира се.
     
    На bittersweet, Trnche, iloveyou29 и 43 други им се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Замислете надворешната убавина на луѓето да зависи од внатрешната.
    Колку сте убави одвнатре, толку да бидете и однадвор.
    Веројатно тоа е единственото решение да се врати човечноста кај луѓето.
     
    На bittersweet, Trnche, iloveyou29 и 53 други им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.476
    Допаѓања:
    42.581
    Пол:
    Женски
    Во овие ладни и зимски денови еден спомен ме грее секоја ноќ, морам да си ја припомнам сликата секоја вечер, случајно, како молитва пред спиење ми е... една вечер од минатово лето, ми влегува во соба топла светлина од тераса, столчето клацкалка стои во ќош, а до него букетот цвеќе кој тој ми го донесе, ние се гушкаме, штурците си пеат, тој си пуши цигара, а јас му крадам димчиња...се е толку совршено и топло...Незнам зошто, но некогаш некои спомени или слики или сонови за кои се мислиш дали се случиле или стварно било сон, се закачуваат цврсто за тебе и мислиш дека и илјада години да си жив, ќе бидат и тие.

    И некогаш едноставно има денови во кои толку размислуваш за иднината, ја мозгаш, ја замислуваш, се надеваш дека ќе биде подобра, се молиш да не биде полоша, размислуваш каде си, каде ќе бидеш или нема да бидеш, кои луѓе ќе бидат во неа, а кои не...а мене таквите денови проклето многу ме плашат, зошто некаде во себе имам ужасен сомнеж во моите способности, во играта на животов, во искреноста на луѓето.

    Искрено...се плашам од тоа каде ќе завршам, се плашам да не донесам фатални одлуки, да не направам ужасни грешки, да не повредам некого или да престанам да сакам некого.
    Се плашам од помислата дека може тој еден ден да не биде човекот кој ќе ме сака и дека ќе љуби друга...и ужасно ми е болно да помислам да ги минувам деновите со забрана да мислам на него.
    Некогаш си велам дека не е убаво да ги пушташ луѓето толку блиску до тебе, да се отвораш и да сакаш толку силно и толку долго, а некогаш си велам, а што друго останува, вака или онака, еден ден, сепак ќе останеш со скршено срце, дали од премалку љубов или премногу, небитно...

    А во овој студен и маглив јануари, богами друго на човек и не му останува освен да мисли на иднината или минатото и да се прашува дали вистина се сеќаваме само на она што не се случило никогаш...
     
    На Foreveryoungiwannabe, bittersweet, Markusa2 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. naughtygirl

    naughtygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    100
    Пред некој дрен прочитав една инересн статус:Кога ќе пораснам сакам да бидам дете.Во моментот ми како да ми светна сијаличка во главата знав која е пораката,подолжив да вртам по почетна ама во мене само се нижеа мисли една по друга една по друга.
    Вчера исто така гледав Oprah немам навика да ја гледам ама пуста досада.Кога ја слушаш жената што зборува си велиш види ја ова ни продава евтини приказни за животот.Реалистичко мислење нели.
    Oдкако изгледав една цела емисија се чувствував толку силна и моќна како да ќе срушам планина.Навистина мотвирачки дејствува.
    Зборуваше за надешта и вербата во нашите соништа.За мноогу успешни луѓе кои стекнале се благодарение на таа верба и на таа борба.
    Замислете ова да му го кажам на некој незадоволен работник или некој кој е разочаран од она што животот му го нуди.Прво ќе ми се смеат на глас ,а потоа можеби и луда ќе ме направат.
    Поентата ми е зошто луѓето растејќе толку се менуваат?Да пораснеш значи ли да се откажеш од она што толку страсно го посакуваш?Ако е така несакам да пораснам сакам да бидам дете.Несакам да го пуштам тој петар пан од мене.
    Знам дека на овие мои зборови некој сега се смее ама нели секој од нас имал некаков сон?
    Некој сонувал да стане пилот некој лекар,некој пеач.Зошто се откажуваме?
    Страв и сомнеж ете затоа.Се разбира дека не е лесно,тоа бара многу борба и доверба во себе ама ако било лесно тогаш сите би силе успешни.
    Мошеби вака зборуам затоа што сеуште сум млада и полна со живот,можеби за мене животот не е толку тежок како за некои други,можеби сум само недорасната дете.
    Но ако да пораснеш значи да се предадеш на стравот,тогаш несакам.Јас знам што сакам да бидам кога ќе пораснам и ќе бидам зошто не се плашам и ќе се борам не додека не успеам.
     
    На girlonfire и curlygirl им се допаѓа ова.
  15. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Излегувам јас надвор, и тато ми вика: Оди позади куќа, да видиш баба ти што прави.. Одам позади и што да видам. Баба ќе го пече лебот во фурната 8) Да, да добро прочитавте. Позади куќата имаме две фурни: едната е за печење леб, другата е за месо. Прекрасно нешто, денес ретко кој ги има :P Се сеќавам кога бев малечка, баба го печеше лебот во фурната. Одтогаш поминаа 10-тина години, откако баба нема печено леб во фурната. Денес тато расчистил околу фурните, зошто имаше 350 непотребни тракатанци и дрндупки што се собирале со години :D Како мало дете се радуваше татко ми :lol: А, Бога ми и јас :D А за лебот, тој беше прекрасен, милина да го јадеш :$ На лето пак, маф ќе му прајме кога ќе печеме пици и зелници во фурната :geek:
    А пак другата баба која ни дојде на гости да поседи неколку денови, ми зема волница за да ми плете, џемперчиња, болеренца, туники. Абе фраерка ќе бидам од глава до пети 8)
    -Имајте пријатна вечер! :hai: :hug:
     
    На sanjaeva и nightingale им се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Денес завршувам на форумов со втора смена.
    Третата ме остави овената како роза.Не и вечерва драги мои.Оваа ноќ потребен ми е сон |-)
     
  17. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    се мислам дали да се фарбам...
     
    На sweet-star и tessie им се допаѓа ова.
  18. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    ^ ако се мислиш , не се фарбај :D ;)
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.094
    Пол:
    Женски
    Фарбај се Диги, еден е животов, па и денов денешен. ;)
     
    На DigY и julie77 им се допаѓа ова.
  20. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Еве сум и јас, одморена, наспијана, свежа.
    Ептен ми годеше ова одморчево, а можам да кажам и дека беше заслужено. Ептен си поминав убаво. Премногу ми беше интересно и конечно можам да се пофалам дека знам да скијам и јас :D
    Имаше паѓање на газот, како и секој ученик, ама со големи маки се научив :whew:

    Сега ми останува уште банџи џампинг и скок од авион со падобран да пробам , а и тоа ќе биде наскоро ^_^

    Авантурист сум си по природа, сакам работи кои го креваат адреналинот. Исто така уживам во снегот, санкањето, скијањето, сликањето прекрасни пејсажи и секако добрата книга, иако за ова последново некако не најдов време.

    И така од утре се враќаме на старата рутина, старите обврски, факултети, семинарски, полагања, гледање филмови и серии дрн, дрн дрн.....
     
    На bittersweet, Hipster, ana-girl и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.