Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Birthday post...

    [​IMG]

    Кога во еден ден ќе ги сумирам сите желби, честитки и подароци, останувам јас со себеси и моите желби и очекувања.
    Денес ми рекоа дека ги заслужувам сите мои желби, баш ви фала.
    Ќе бидам најсреќна ако напишам овде следната година дека станале реалност.

    Тупан сум од јадење, и никогаш нема да сум стара за дување свеќи. Фала. :wasntme:
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Monna.Monna, ludoto19 и 29 други им се допаѓа ова.
  2. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    деновиве постојано се прашувам како една 19 годишна девојка како мене може да излезе од својата конформна зона. Прво што ми паѓа на памет е да патувам. Мнооогу да патувам. Ама паре нису проблем, паре нема :D
     
  3. girlonfire

    girlonfire Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    62
    Многу ги мразам стеротипите и некои лоши и не социјализирани традиции на овој наш народ . Многу.

    Посебно во мојот дом , ме иритира традицијата дека јас на недела треба да правам "ГЕНЕРАЛКА" со мајка ми и дека не треба да идам денес на кафе .
    Зошто зарем нема време кога да го правам тоа , сеуште сум 15 алоо сакам да уживам. Бара да биде сфатена , адали таа ме сфака мене , исто како да не поминала низ тој период толку многу настојува. А да не зборувам за мислењата на татко ми зошто тие се усте повеќе збунувачки како што се рекло.

    И кога ќе почнам да им објаснувам некои работи , несакат да слушат или не сакат да разберат сигурно затоа . Зошто ги тепам со зборови.

    И мајка ми кога ќе започнам да демантирам на оваа тема , право на било каков начин сака да ме прекине , зошто затоа што ќе ја надмудрам незнам неможам да се справам со нив но ете можеби јас ќе ги сфатам некој ден иако тие неможат да ме сфатам денес , или не сакат незнам во што се состои тоа прашање
     
  4. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Пред да си го спакувам куферот, решив да си ги прередам фиоките.
    Изгужвани есеи и писменца, стари карти од кино и концерти, фискални сметки што јасно памтам кога сум ги добила, телефонски броеви на згужвани микроскопски ливчиња што немам појма чии се, разгледници, исушени цветови и тапа болка која ме потсетува дека што сум го фрлила низ реката, не се враќа па и да пробам да скокнам по него секогаш ќе биде пред мене и кога тогаш, ќе се удавам во споственото минато.

    Размислувам за минатото, но многу повеќе за иднината.
    Секогаш сум била неумоливата, силната, таа што секогаш го добива она што го сака.
    А всушност... Многу сум исплашена.

    Ама кога ќе ги научиме добро чекорите на една кореографија, тешко ни е на истата песна да смислиме нови. И да се потрудиме, нозете сами посебе ќе ги играат старите чекори.
    И пред да се свестиме, песната завршила и завесите се затвориле.
    Живот.
     
    На Trnche, Buttterfly, richgirl998 и 16 други им се допаѓа ова.
  5. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    И така полека си доаѓа денот.
    И така се повеќе расте адреналинот.
    Еднo срце силно удира,оти една желба ќе биде исполнета.
     

    Прикачени фајлови:

    • plane.jpg
      plane.jpg
      Големина на фајлот:
      288,6 KB
      Прегледи:
      392
    На iloveyou29, eliesaab, The.Crab и 7 други им се допаѓа ова.
  6. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Страшно многу посакувам да се изолирам од магливиот град и да заминам на некоја планина заедно со мојов, да престојуваме во викендичка со некое каминче убаво, несакам ништо модерно, наједноставно нека е, да бараме дрва за огрев по цел ден а навечер да уживаме додека се топлиме до каминчето.
    А надвор сакам да има малку снег и многу баби и дедовци во близина со кои ќе можам да направам нормален, пријатен муабет а пред се искрен. Разговор во кој не се спомнуваат излегувања, кој со кого се мувал или колку лајкови има некој на фб.
    Да одморам без интернет, без телефони и серии, мислам дека не само што ќе ги наполнам батериите туку и ќе се препородам.
    Ахх зимо, не те сакам ич ама знаеш и ти да бидеш магична.
     
    На iloveyou29, Someonespecial, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Два пати пишував нешто, па го бришев. Сфатив дека нема што многу да се филозофира. Тешко ми е. Толку. Точка.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.181
    Допаѓања:
    156.675
    Си живееме само од сонце (така де, има магла, сонце во душа) и сладолед од ванила и вишни...
    Љубов е кога во некого гледаш дом. Во него гледам дом, иднина и мое се.
     
    На kala21, mimiiiii и Scar.Tissue им се допаѓа ова.
  9. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    За малку љубов живееме...
    [​IMG]
     
    На iloveyou29, Monna.Monna, Elennaa и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Добро утро!
    Имајте преубав ден, исполнет со насмевки, љубов, позитивно расположение и мнооогу кафе. :D

    [​IMG]
     
    На Someonespecial, kala21 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  11. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.972
    Допаѓања:
    67.580
    Кога си далеку од сите, кога т.н. пријатели неможат да те „искористуваат“ во името на пријателството, е дури тогаш ќе сфатиш кој навистина мисли на тебе иако не си присутна толку активно во нивниот живот, а кој всушност само се преправал од разни причини. Епа, сакам да кажам дека се разочарав малце.. добро, малце повеќе ме здоболе вистинава.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Денов ми почна урнебесно. Уште во 2.30 утрово ме разбудија василичари. Подобро да кажам ме извадија од памет, многу викаа, глумеа нешто демек, свекор ми ги пречекуваше долу. И ми беше криво што ролетната ми беше спуштена па не видов што сцена имаа подготвено :lol: Слушав само гласови, имале некое бебе па еден глумеше бебе демек плаче, сосема малку ја отворив вратата кога веќе си појдоа и во маглата единствено што видов еден во бел мантил, тоа докторот им беше, не видов другите во што беа маскирани :rofl:
    И така, ми се поеба сонот а и онака касно си легнав, накај 1. Сега сум ко исфрлена од поплава а скоро сите овде се толку мизерни, што само можат да ти го уништат и последниот атом енергија а богами и нерви.
    Имајте убав ден.
     
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.972
    Допаѓања:
    67.580
    Имајте убав ден и од мене! :rock:
     

    Прикачени фајлови:

    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Нели и Ромите слават деновиве Василица,и синоќа случајно поминувајки ,го начекав нивното диско на улица. :)
    Група на млади луѓе од 5-15 години,играат,музиката ечи.Изгледаа среќно ,како лудо да се проведуваат иако голем дел од нив немаше ни јакна.

    Ми падна во око еден млад пар.Можеби 12-13 години.
    Се одвоиле од групата и играа сами,држејки се за раце...дечкото фантастично играше,се гледаше дека сака да ја заведе со игра.Немаше јакна,туку само некој излижан дуксер.Ги гледав едно време и секој негов поглед кој и го упатуваше,беше разорувачки.

    Таа симпатична,на нозете некои штиклички недефинирани и не толку опуштена во играта како тој.Низ нејзините движења можев да ги насетам нејзините пеперутки во стомакот.

    Ме воодушеви тоа спознавање на среќа,провод и заљубеност во еден друг сосема понаков,тажен ладен свет.

    Ете ,колку и да немале можност за трајна среќа,за скапа гардероба,створија момент за паметење,а тој момент не може никој да им го одземе..
     
    На NoellePage, Elennaa, la-chicka и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.181
    Допаѓања:
    156.675
    Се зјаам со шоља кафе, со полни очи среќа дека ќе го ескивирам цел ден! Да!
    Живеам со премисата - живеј во изобилство дури и кога немаш во задниве 6 месеци...па да ви кажам, више одморот ми е заштеден (ако го има), а се откорнав од фрлање пари за ништо и нешто и сешто и се потребно. Па чудно ми е кога луѓе со исти примања ќе ми речат на сред месец ЛЕЛЕ СЕ СЕ ИСТРОШИВ ДЕНАР НЕМАМ! :^)
    Аутлуков се мрдна од мејлови, викендов, ни повеќе ни помалку, вкупно 100. Фаќју!
    Сон 0,01 посто!
    Карта резервирана! Е сега може не е Ирска, ама Скандинавска држава е, не е исто, ама па што? Како го нападнав северот, тамам, ќе стане топол како југ. Ова потсвеста тактички ми ги реди работите. Америка замрзнува, половите ќе се изместат, оп, молим лепо! :D
    Испозаљубена до уши!
    Плус, среќна од една вест, од дно на душа. Вчера почнав да павтам со рацете и не знаев како да објаснам за што се работи, ќе си помислат дека сум шизофреничар и зборувам за луѓе кои не постојат! :D И реков дека Пу ми напреднал-конечно... :D А он ми вика, ај не лажи, го запоставуваш син ти, па јас ти го ранам и чувам... Некако грижа на совест ме сојаде. :lol:
    Зреам еј! Уште бели влакна што немам и скроз зрела лејка ќе бидам. Абе... уф колку имам да си кажам, ама ај нема да си кажам.
    А сега СЕКСО уште за добро утро! Веќерас ќе се лови втората париЌка!
    http://www.youtube.com/watch?v=hFAEYWQl1eM#t=1m35s


    Ох мај гад, уај? Не ви е срам да кршите пити со парички по штабови на партии? И тоа почна да излегува на фб...тагнати по слики. Уште за пофалба сте.
     
    На SparkyAngel и LilBaby им се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Добро утро - Добар ден на сите :)
    И денес бидете полни со енергија,среќни и оптимистички расположени...
    А оние кои се уште се наоѓаат во состојба меѓу сонот и јавето нека го започнат денот со филџан кафе со карамел.Почувствувајте го интезивниот мирис на карамелот и погледот ќе ви овозможи широки хоризонти.

    [​IMG]

    Повелете
     
  17. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Само храбро! Да издржам да бидам искулирана цела работна недела!
     
  18. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Моментално се лакирам....цел месец со црна боја и сипки..незнам што ми стана??
     
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    Секојдневниот џез и рутината на пиење кафе + мандарина станува модус вивенди и после тоа копнееш за море, смајлиња со прст во песок, исончан грб, морнарство и школки што те водат во длабочините на водата. Па замолкнуваш, си се прашуваш дали маглата ќе се крене, настинатите ќе оздрават, глупавите ќе се опаметат, злите ќе се подобрат и баналноста ќе стане вистина.
    Нема. Никогаш ништо не е како што треба. Песимизмот се храни со нашите очекувања, најчесто. Во моментов немам причина да бидам негативна, ниту ја барам, но просто не сакам да се лажам дека нештата ќе се сменат. Барем не наредниве 1-- години. По избор.
    Во генезата ни е напластен синдром на уништување и самоуништување. И да речам дека е тажно, зарем ќе му биде некому важно?
    Очи да се ископаат, да не се види бел ден. Нели. И потоа објаснувања надолж и попреку дека секому според заслуга. Гледај си во својот двор и таму виреј си пиреј.
    Петре М. Андреевски добро не’ опиша и не’ запиша. И зарем се има сменето, драги мои, нешто од тогаш?

    Не.

    Жалам што вакво расположение секаде владее. И не е од сега. Не е од вчера. Сами го одгледуваме, како бацилче, како вирувче што се претвора во монструозна дупка што ќе голта се’ повеќе ентузијазам, енергија, ум, чистота. Жалам што и мене сега ме лула и не ми се пишуваат блескави глетки и виножита. Зошто надвор гледам сивила. Гледам тага, омаж на 22 годишната бедотија што САМИ ја приредувавме, потпомогнати од заслепеноста и ѓоамити жилавоста да се изедат сите можни стапови, вака еуфемистички речено.
    Никој не е виновен. Секој е виновен.
    Улици со гадост, скратена младост. Кич еуфорија и лажна историја. Стоиме а постоиме. Се мразиме и газиме. Онаа ретка нишка Љубов што ја наоѓам по сокаци и одредени срца, ја чувам како енергенс за да преживеам, зошто навистина... Навистина е реткост, денес да најдеш Луѓе.
    Аплауз, за 2014.
    Колку ни треба нова (р)еволуција! И за тоа сме неспремни. Родени такви.
    Сакав да кажам многу помалку, нешто поубаво. Не ми доаѓа. Некогаш, не ти доаѓа.
    Па си одиш на пластичарската улица со сестра ти и си купувате аван и отварач за вино... И слични ситници што живот значат. Оној, веројатно оптимистичниот, со музичка кутија во него.
     
    На Ariel, Peppermint, lunicka и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    836
    Допаѓања:
    9.399
    Кога дистрибуираа паника,јас бев таму уште од претходната вечер да чекам ред од страв да не закаснам |(
     
    На Elennaa, mili4ka123, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.